Па рекоа на Телма демек знаеле кој е. Ама никад нема да го пишат со име и презиме.Мене ми е да се дознае копитото да не може женска да фати ни глава да крене.
Убаво викаше Цацко: "то треба да се убие". Никој ништо нема да превземе за случајов. Жртвите ќе си останат жртви, демначите и манијаците ќе си останат такви, ќе се заташка работава и ќе се заборави се од страна на народот. Како што се правеше до сега за сите проблеми. Народот заборави за се лошо што се направи, па така и за ова. Утре пак некоја ваква група ќе излезе и никому ништо. Ќе страдаат девојчиња.
Па пишав назад де. Шо рипате одма ако не сте прочитале. Пишав кој е, само да видиме дали бројот што беше во групата на Вибер е негов или не. Доста факти наведуваат на него ама дур не видам со бројов не можам да потврдам со сигурност пошто после мене ќе ме мавате со камења
Ве читам сите кои плукате по девојчиња. Кога некој врши полов напад велите девојчето провоцирало со изглед? Добро вие читате шо се е споделено во групата? Ќе ви пријавував мислењата со причина: "пријавувам оти е глуп/а" ама ни толку не вредите. На исто ниво со мањаците од групата сте.
Прашање е и дали некој им испратил нив такви пораки и дали воопшто нешто ебнале. Јас мислам од фрустрираност поради невиноста така прават, наоѓаат слики и се одмаздуваат зошто цицка освен така на слика, немаат видено.
Мене сите овие во групава ми изгледаат како воопшто во живо да немаат видено девојче, нити па пипнато. Напалено клошарски мизерно понашање. Мизерно, дно.
Ти си out of space дефинитивно. Најголемите професионалци не можеле викаш а? Секој коментар ти е нецелосен,неточен,безвеза нафрлан,ко од тетки на чешма.
Стапиле во контакт со Админот на групата кој сеуште е анонимен и таков ке остане бидејќи такви биле ,,правилата за игра,, на Телеграм, нема имиња, нема идентитет. Чудно е што сеуште функционирала групата, под друг назив и сеуште се разменувале екслицитни слики, видеа и понуди.
А уште почудно е што се уште има размислувања за тоа дека девојките се виновни. Во овој случај девојките немаат никаква вина. А за несозреаните идиоти мора под итно најстрога казна.
Викате "домашно воспитување". Не, не е домашно. Децата ги воспитува општеството и околината, никогаш воспитувањето на детето не е само од родителите. За жал, жените се ранлива категорија кога станува збор за порнографија и споделување порногравски материјал (без разлика дали е revenge porn или малолетничка порнографија). Да, тоа е порнографија. Ако мислите дека порнографијата може да биде контролирана, може случајот ќе ви послужи како newsflash. Сексуално образование, само тоа. Очајно ни фали сексуално образование. И да, да се учат мажите дека не треба да споделуваат, ама и жените да не праќаат. Не, не ги осудувам, само реално, тоа им е едиствена заштита. За жал, не е victim blaming. Треба да им се посочи на ризиците со кои се соочуваат кога пратат слика. И реално, кога прати, секоја девојка го презема тој ризик. Се додека се лажеме дека мажите и жените се еднакви, општеството еднакво гледа на нив и дека се соочуваат со исти ризици, постојано ќе се случуваат такви работи. Има многу добра причина зошто нема такви групи кај што се споделуваат слики од мажи.
Телма дознава: Тинејџер е креатор на групата „Јавна соба“, каде се споделувани клипови на малолетнички со интимна содржина Полицијата влезе во трагата на администраторот на групата Јавна соба но ги обезбедила и телефонските броеви на над седум илјади членови, дознава Телма од извори во МВР. Во групата формирана на социјалната мрежа Телеграф беа разменувани фотографии на малолетнички со речиси порнографска содржина. Средношколци но и возрасни споделуваа и коментираа интимни фотографии и видеа на малолетни девојчиња од земјава. Групата со над 7000 членови од синоќа е преименувана од Јавна соба во Група само за возрасни. Истрагата на полицијата е во тек, а информирано е и Јавното Обвинителство. Ескпертите велат дека ова е само една од десетината вакви групи кои циркулираат на интернет.
Ок.. експлицитни видеа и фотографии од малолетници спаѓа во детска порнографија! Имаат основа да ги акнат в затвор сопственикот, сите што постирале и сите што имаат во мобилен слика и/или видео со експлицитна содржина! Јас викам да напрајме протест, и то уште неделава, право пред Министерство за внатрешни! За шо кур постои полиција во државава!??! Е добро, чим има истрага... Ако нема обвиненија во најкраток можен рок, навистина, излегвам пред МВР, сама ако треба!
Епа зато треба да преземиме нешто, а не само да јајме лајна по интернет. Кога државата не си ја брка работата, народот е тука да ја корегира. А не кај нас, се научиле сите дека протести се само ако партија организира... или некоја НВО... Абе сами! Граѓанските движења треба да се спонтани и да се реакција на неправилности во функционирањето на една држава. Нели сме демократија?? Или нема кај нас некој шо го разбира терминот??
Од нас! Од мене! Од тебе! Од сите кои коментирале на темава! Ние сме народот! Кој сакате да ви ги решава проблемите? И не ми реплицирајте со излишни муабети. Нема оправдување за пасивност во неправда и криминал! Нема изговори! 200 ми е притисокот! А и правници има на темава, ебаго! За шо? Диплома за на ѕид! Срамота!
А да, уште ова да го напоменам. Ни еден нормален човек не би ја обвинил жртвата! Размислете дали сте во нормалните.
Општо не сум нормална али по ова прашање се рачунам во нормалните секако. Поготово што и јас сум им била мета на 2-3ца ама цврц нече мочи