Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

На „Телеграм“ се шират интимни фотографии

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од black-angel, 26 јануари 2020.

  1. Ugly Duckling

    Ugly Duckling Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 август 2018
    Пораки:
    3.613
    Допаѓања:
    43.214
    Пол:
    Женски
    Јас барав, еве добив.
    Како поединец сум неспособна многу и врска немав шо се' треба за еден протест, така да арно шо се ангажираја.

    Греота ми е да коментирам ама лошо е ова со работниот ден. Не е поентата пак истите 10 жени. Знајте шо ќе биди? Ќе ни се посмеат истите батиња, ќе фрлат по некој мајтап по нас, ќе остани незабележително и ќе добиеме можи 2 секунди на вести. Поентата беше да се напрај нешто впечатливо, да сфатат дека сме сериозни и дека не ќутиме.

    Исто и слоганот можеше малку по општ да биди, вака само јавна соба иди до израз, а не вистинскиот проблем. И голем дел нема да се појават од срам да не помислат дека и тие се нашле во групата.

    Песимист сум и извинете ако грешам. Јас со слики од дрва шо сигурно не завршиле во јавната соба, ќе ве поддржам.

    Не сум неписмена, ме мрзи сега за литературно.
     
    На smooch, eliesaab, noteforself и 23 други им се допаѓа ова.
  2. John Snow

    John Snow Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2016
    Пораки:
    4.940
    Допаѓања:
    53.155
    Пол:
    Машки
    Масовноста е најмал проблем, дали ќе има 500 или 5000. Најважна е пораката што ќе се пренесе и конечно еднаш засекогаш да се стави крај на овие работи.
    А да, и конечно да почне институционална борба за донесување закони за заштита. Оние пратеничкине од Вмро и Сдсм место да губат време препукувајќи се една со друга за небитни ствари да седнат и да дискутираат за вистинските проблеми од ваков тип.
     
    На Konfetka, eliesaab, Ketchup и 11 други им се допаѓа ова.
  3. Ugly Duckling

    Ugly Duckling Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 август 2018
    Пораки:
    3.613
    Допаѓања:
    43.214
    Пол:
    Женски
    Само слушни ја изјавата на Мила за средношколците. Мала група биле, имало училишта никој кај шо не протестира. Настрана од власта, и нас другите ова ни го праеја ко протестиравме пред некоја година.
     
    На eliesaab, cresa-jagoda, Biljarkata и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Purplelilac

    Purplelilac Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 септември 2016
    Пораки:
    2.417
    Допаѓања:
    34.776
    Пол:
    Женски
    Се отепавме пишувајќи на форумов, па мајку му стара треба Михајло и компанија да побараат протестот да се одложи за друг термин во име на цел форум и сите кои сакаат да присуствуваат, а во работен ден се спречени. Не е работава Вајлд да ги контактира, зошто испаѓа еден човек бара одложување и да сигурно тие ќе излезат во пресрет за тој еден. Не може Вајлд да гарантира масовно појавување во викенд во име на сите.

    Дајте @Femina @Mihajlo @RainBow , нека се контактираат невладиниве за цел форум.
    Барем толку како членови сме придонеле за постоењето, да ни се помогне за вакво нешто.
     
    На WildMk, Konfetka, smooch и 23 други им се допаѓа ова.
  5. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.932
    Пишете им сите на фб, на ивентот моќе да се пише да се одложи. Таман ќе може да добиете и поддршка од други луѓе од надвор од фемина.
     
    На cresa-jagoda, Biljarkata, Bezimenka90 и 3 други им се допаѓа ова.
  6. edna_malecka

    edna_malecka Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2018
    Пораки:
    3.894
    Допаѓања:
    14.702
    Пол:
    Женски
  7. edna_malecka

    edna_malecka Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2018
    Пораки:
    3.894
    Допаѓања:
    14.702
    Пол:
    Женски
    Кај ќе има без мене протест?
    Ако читам назад ќе се изнервирам.
    Кога ќе се договорите официјално тагнете ме да знам.
     
  8. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.267
    Ако сакате масовност, излезете.
     
    На Summerbaby му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Purplelilac

    Purplelilac Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 септември 2016
    Пораки:
    2.417
    Допаѓања:
    34.776
    Пол:
    Женски
    Јас секако ќе доаѓам било да е во среда, било да е друг ден. Ќе најдам начин и ќе бидам таму. Ама јасно ми е дека не може секој, а не е исто дали ќе сме двајца без тројца или пет пати по тоа. Затоа сакам барем еднаш да се направи нешто за сите да имаат можност да се вклучат.
     
    На RoseRain, WildMk, smooch и 14 други им се допаѓа ова.
  10. Kanya

    Kanya Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2015
    Пораки:
    424
    Допаѓања:
    4.509
    Пол:
    Женски
    Предобро напишано и објаснето. Не само овој текст туку и предходните. Ги прочитав сите во еден здив.

    Само сакам да ти се заблагодарам за исцрпните објаснувања и да ти посочам дека мене како на една млада индивидуа која навлегува и допрва треба да навлегува во светот на возрасните многу ми значи да знам дека има некој кој не разбира и со кој може да се комуницира. Баш така ги разбрав текстовите, како еден вид на комуникација со професионално лице, особено кога не можеш отворено да разговараш на овие теми, а во општеството постои стигма да се посети псохолог, и/или да се разговара на "експлицитни теми" особено во кругот на семејството.

    Истотака, со текстовите им одржуваш лекција на многу постари личности кои не само тука, туку и на останатите мрежи се истрчаа со навреди и недолични зборови за девојките. Жално, само се потврди дека жена на жена е волк. Но ти девојко, а и многу други девојчиња и момчиња од форумот ме израдувавте со ставовите баш кога се разочарав и мислев дека нема излез од амбисов.

    Големо браво девојко и продолжи да пишуваш и понатаму верувам дека не само јас туку и многу други млади лица се заинтересирани за блогот.
     
    Последна измена: 29 јануари 2021
    На WildMk, Purplelilac, MacaMarchy и 8 други им се допаѓа ова.
  11. SandStorm

    SandStorm Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2020
    Пораки:
    89
    Допаѓања:
    193
    Пол:
    Женски
    Ќе се самоцитирам да видите како е уредено законски во Германија и најважно решено е прашањето "Што со експлицитните слики после завршување на врската“.


    ЗА ВАКВО НЕШТО МОРА ДА СЕ БОРИМЕ!

    Тоа значи доколку дечко и се заканува на девојка со која бил во врска дека ќе објави компромитирачки материјал да одговара. Само затоа што му текнало да се ЗАКАНИ, а не да чекаме да ОБЈАВИ па да кршиме глава после.
     
    На WildMk, Konfetka, Purplelilac и 12 други им се допаѓа ова.
  12. spacegirl92

    spacegirl92 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2016
    Пораки:
    551
    Допаѓања:
    2.949
    Пол:
    Женски
  13. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    15.673
    Допаѓања:
    173.997
    само да ве исправам не е полицајка т.е немаат таква кошула нашите мк полицајки
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  14. RespectAndObey

    RespectAndObey Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 мај 2019
    Пораки:
    959
    Допаѓања:
    266
    Пол:
    Машки
    Мене ме изненадува што барем ваков закон имаме за споделување приватни содржини. Мислев дека само на запад го имале.
     
  15. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.355
    Допаѓања:
    182.355
    Со години има таков закон, можеби веќе деценија.
    Шо би рекла @WildMk не си ги знаете ни правата ни обврските, затоа некој неписмен од мвр може да ве вози.
    Ништо лично, општа забелешка:)
     
    На WildMk, Purplelilac, eliesaab и 7 други им се допаѓа ова.
  16. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.720
    Допаѓања:
    253.585
    Цела јавна соба е за одмазда? Ок!
    Е токму ова го зборувам, одвлекување на вниманието од вистинските жртви на насилство.
    Ангел по 100 пат, никој овие жртви не ги негира, баш напротив мене ми е за нив што пак ќе останат без правдата, без да бидат сослушани, оти овие кога ги виде јавноста, ќе се перат дека заради одмазда ги споделуваат.
    Не сакате да сфатете или не можете.

    Јас гледам и голем проблем што доста девојки си го продаваат продаваат телото, праќаат слики кај што стигнат, па потоа стануваат мета на напади, се споделуваат насекаде. Јавна соба е дел од ова. Момчиња растат во психопати, во вакви бесрамници. Групата е само последица на она што ни се случува во општеството.
    Жените ќе продолжат да бида угнетувани, злоупотребувани, жртвите ќе останат неслушнати.
    Проблем е се', не ми зборувајте дека е нормално младо девојче да се продава кај што стигне, да се снима и праќа слики од својата интима на лица кои не и се дечковци.
    Не е нормално момчиња да споделуваат вакви работи, да креираат вакви групи и да се претвараат во манијаци и педофили.

    Доста веќе со тој исфорсиран феминизам, оти и тие момчиња се деца кои за жал, прераснеле во вакви личности.
    Трагедија е и едното и другото. И како најтрагично, покрај тоа се злоупотребуваат рандом деца, малолетници и се дистибуира детска порнографија.
    Ама запнавте, жените па жените.
    Гледајте пошироко на проблемот, да се залагаме за поголема улога на сите институции, родители, да се преиспита и истресе секој еден кој допуштил еден малолетник да биде вклучен во вакви дела.
    Податоците, за кои запнавте, чисто информативно ги има насекаде, лесно се доаѓа до нив, а добар дел од наводните жртви сами си ги даваат.

    Ќе протестирате, ќе се направи притисок, ќе се смени некој член, ќе осудат некого и после некое време, пак истото.
    Исто како што никогаш не престанало силувањето, убиството, нема да престане и ова.

    Затоа е клучна едукацијата, превенцијата и менувањето на функционирањето на секој еден во оваа општеството. За пред се, да се заштитеме себе и нашите деца, машки, женски, сеедно оти да ве потсетам и мажи може да бидат злоставувани.

    И да, воспитувајте ги и синовите и ќерките, менувајте им ги навиките, размислувањата, едуцирајте дека е лошо да го продаваш сопственото тело и дека е лошо да си сексуален манијак.

    Мислам дека бев јасна, ви посакувам успешна борба во правата на жените, јас мојата ќе ја наосочам кон борба за подобро општество и секое дете, тинејџер, возрасен да добие соодветна едукација, помош, поддршка.
    Се надевам дека настанот ќе ни биде лекција на сите нас како родители и идни родители, повеќе да учествуваме во воспитување на нашите деца, без разлика на пол.
     
    На Lilit, Оленка*, SURF и 8 други им се допаѓа ова.
  17. Kanya

    Kanya Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2015
    Пораки:
    424
    Допаѓања:
    4.509
    Пол:
    Женски
    Те молам престани со "вистински" и "лажни" жртви. Во ситуацијава нема вистински и лажни жртви, СИТЕ СЕ ЖРТВИ. ДУРИ И ОНИЕ КОИ СПОРЕД СЕ "ПРОСТИТУТКИ". А ти не би требало да ги осудуваш. А ги осудуваш и тоа многу. Од каде знаеш некој/некоја каков е. Ти понудила лично услуга или е тоа од рекла казала разговори? Па и да ти понудила, која си ти да се дрзнуваш да осудуваш?
    Дали тебе сакаш некого да те осудува, да погодам не. Ама тука во проклетијава секој се дрзнува да осудува и за се, ама баш за се.

    Еве јас лично ме осудуваа зошто сум се запишала во средно образование од постарите генерации кои немаа ни основно, па ме осудуваа зошто тоа средно зошто не друго. Па зошто сум се запишала на фах, жена сум била, сум требала да раѓам... па зошто на тој фах, зошто сум се вработила, зошто сум бркала кариера...итн да не набројувам. И знаеш од каде доаѓаа тие осуди, од Балканци, зошто не слушнав осуди од другата страна каде што живеев и учев.
    А во земјата каде што бев и проституција, и ЛГБТ беа дозволени т.е. легализирани. И јас сум преблагодарна на Бога што имав можност да живеам во такво општество. Затоа што ме научи никого, ама баш никогаш да не осудувам за ништо. Ме научија дека ако сакаш можеш и марсовец да бидеш, да од МАРС се додека не им штетиш на другите или пак на себе си.
    Научив дека секој има свој живот и треба да го живее така како што си замислил и сака, да греши и да научи од грешките. Секако тоа е легално се додека не му штети на некој друг. Моментот кога ќе им наштети таа индивидуа одговара пред законот. Никој не е совршен, сите сме правеле грешки кој поголеми кој помали, ама престанете да осудувате. Никој не е светец, не сум ни јас не сте ни вие.

    Ако не сакате да ве осудуваат не осудувајте ни вие. Немате право да кажувате кој што треба и кога треба да прави. Никој нема право. Не знаете кој каков живот има и какви одлуки требало да донеси.

    И на крајот, не беше ништо лично против тебе напишаново, нити пак сакам да те навредам и однапред се извинувам ако те навредувам на било кој начин. Ама ти ме навреди мене и тоа многу со тоа што ме ОСУДИ како жена. А да бидеж ЖЕНА од секогаш не било воопшто лесно.
     
    Последна измена: 29 јануари 2021
    На WildMk, Konfetka, 6th sense и 6 други им се допаѓа ова.
  18. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.720
    Допаѓања:
    253.585
    Не те ни дочитав, лечи фрустрации на друго место.
    Не ме ни читате, извинете, ама јас си имам сопствен став и си го искажувам.
    Не осудувам, мене воопшто не ми смета кој што работи и што прави со својата сексуалност, дали се продава или не.
    Јас само си дискутирам за тоа што јас мислам за состојбата.
    Рабоата е што вие не може да препознаете некои работи и целата борба ја водете кон поделба на полови, а зборувате за родова еднаквост.
    Проблемот, неколку пати го елаборирав, кој сака нека ме прочита.
    Друго нема што да додадам и да се повторувам по 100 пат.
     
    На Lilit, SURF, tina2018 и 2 други им се допаѓа ова.
  19. VDT2906

    VDT2906 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 август 2017
    Пораки:
    4.319
    Допаѓања:
    19.695
    Пол:
    Женски
    Цел град закочен протести за "Монструм" за да ослободат убијци, а ние не можеме 10 души да се собереме за нешто....
     
    На RoseRain, marija305, WildMk и 18 други им се допаѓа ова.
  20. Zaljubena26

    Zaljubena26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2017
    Пораки:
    2.253
    Допаѓања:
    31.205
    Пол:
    Женски
    Мизерии. До кој степен треба да ти е досаден животот па да се радуваш на разголени фотографии од рандом девојки во некоја група. Очигледно не виделе женска со очи во живо штом вакво нешто може да им е интересно. Друго логично оправдување не гледам. Сигурно голем дел од членовите се од оние експертите за вакцини, чипови и 5G што сметаат дека женско во минич си го бара самата. Не ми се верува дека нормален човек може да го исполнуваат вакви глупости. :x Кога надлежните институции не мрдаат со прст, нека почнат и нека силуваат по улици.
     
    На WildMk, Limpan и spacegirl92 им се допаѓа ова.