Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

На „Телеграм“ се шират интимни фотографии

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од black-angel, 26 јануари 2020.

  1. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.932
    @JuLleE што продаваат кога ништо не добиваат назад? Мислиш раздаваат? Гледаш тука продажба и размена на стоки?

    За "привидниот феминизам", имаш таму во ланската дискусија па види го моето мислење за момчињата и девојчињата, па после ќе збориме.
    Точно, и момчињата и девојчињата се жртви на патријархатор во овој случај, ама:
    1. Момчињата не се подложни на двојна виктимизација, не ги никој тормози додатно и не им нанесува штета, свесно избрале да бидат тие што некому ќе нанесат штета, како што девојчињата свесно избрале да пратат слики
    2. Во јавна соба имаш и возрасни мажи, високи функционери и "угледни" личности. И на нив треба да мислиме зошто не се заштитени и што општеството ги оштетило? Тие луѓе се коренот на групи како јавна соба, не момчињата и девојчињата.
     
    На WildMk, mimiiiii, violetblue и 9 други им се допаѓа ова.
  2. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.716
    Допаѓања:
    253.576
    Па тие некогаш биле деца, нели?
    А за размена на стоки и услуги, постои и го има.
    Види таму несомнено има жртви, ама мене ми сметаат оние кои глумаат. Аман мислам ме сфати на кои мислам. Во се друго го делам твоето мислење.
     
    На Lilit му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.355
    Допаѓања:
    182.355
    Каков е тој исфорсиран феминизам?
    Не знам како да ти објаснам, ако ти во ова не гледаш омраза и одмазда.
    За принцип зборувам. Ако ме читаш убаво и сегде, ќе знаеш и дека и во случајот со Фросе, стоев и стојам на ставот дека немала право да објавува лични податоци. И сеедно ми е што таа е жена а овие наводно се мажи (пошто нели, не ги знаеме, откајзнам дека некоја не си ја постирала другарката оти ја мрази). Не ме интересира пол на извршителот на прекршокот/криминалот, ме интересира истиот да не се случува, па против кој сака нека биде насочено.
     
    На WildMk, mkdvesna, mimiiiii и 9 други им се допаѓа ова.
  4. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.463
    Допаѓања:
    60.961
    Пол:
    Женски
    Над 1000 луѓе стиснаа going или interested за протестот, 5000 има за петицијата потпишано. Не губете надеж луѓе. Не се откажувајте од нештото пред уште да почне.

    И она што секогаш го повторувам, дека нема позаебано нешто од жена кога ќе спизди. А со мал број на исклучоци жениве збеснаа.
     
    На glosipgirl, WildMk, mimiiiii и 13 други им се допаѓа ова.
  5. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.716
    Допаѓања:
    253.576
    Исто и мене, не знам што не е јасно.
    Ама доколку споделиш сам и после глумиш жртва, чекај малку, што ќе правиме со останатите?
    Вие воопшто не ме читате туку како вам ви одговара така си толкувате.
    Толку во е тешко да сфатете дека има и ЖЕНИ кои по сопствена волја си праќаат лични податоци и не се злоупотребувани, туку искористија моментот, во јавноста да се оправдат како жртви?
    Али види, и ова појава е загрижувачка и ептен ескалира во последните години. Вас тоа не ве загрижува или битно е само телефон што бил споделен?
    Си кажав што имав. Сериозно, вртам во круг.
    А лажниот феминизам не се однесува само на форумот.
     
    На Lilit, SURF, Veta и 2 други им се допаѓа ова.
  6. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.716
    Допаѓања:
    253.576
    Само толку?
    Браво.
    Инаку меѓу првите се потпишав;)
     
  7. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.355
    Допаѓања:
    182.355
    Немој мене лажен феминизам, јас ниту се фарбам ниту слика на интернет имам:!: :D
    Не сум ни феминист, хуманист сум понекогаш.;)
     
    На WildMk и JuLleE им се допаѓа ова.
  8. Phoenix 1618

    Phoenix 1618 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 септември 2019
    Пораки:
    67
    Допаѓања:
    64
    Пол:
    Машки
    Однесувањето на институциите е навистина срамно. Друга работа е што ова е светски феномен, не е само во Македонија. Групи како Јавна Соба има насекаде на интернет. Според мене главен виновник за вакви грозни појави е порнографската индустрија и нејзината лесна достапност. Кога ќе видиш дека најпопуларна категорија на порнографските сајтови е инцестот се гледа колку далеку се отидени работиве.

    Главниот проблем со порнографската индустрија е што 90% од порно филмовите како објект ја имаат жената. Таа во порно филмовите се прикажува само како суштество што е тука за да биде ебено, каде мажот е доминантен, каде сексот се прикажува нереално. Некои порнографски куќи верувале или не прават повеќе профит на годишно ниво и од некои холивудски продуцентски куќи.

    Науката од друга страна ги има утврдено негативните последици од претераното гледање порно филмови. Според мене време е порнографската индустрија да биде повеќе регулирана.

    Инаку ова појава не се случува само кај машката популација. На пример сајтот Only Fans доживува бум. Тоа е сајт каде девојки продаваат свои слики и видеа за пари. Еден вид online проституција. Таквото изложување на сопственото тело според мене не е морално и ја создава перцепцијата дека жената е суштество кое треба да задоволува разни фантазии и перверзии. Можете да замислите како сето ова влијае на машката популација врз нивната перцепција на жените кои постојано се изложени на објективизирањето на жената во порнографијата.

    Ова е глобален проблем и редно е нешто повеќе да се направи, ова е светски здравствен проблем.
     
    На glosipgirl, SURF, tina2018 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. sweet-cherry

    sweet-cherry Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 јануари 2011
    Пораки:
    3.661
    Допаѓања:
    29.393
    Пол:
    Женски
    Читам некои коментари, демек што може да направиме, во секое општество е така. Хм, епа не баш. Имам блиска другарка се пресели во Јужна Кореа и ми раскажуваше за таму. Имено, кај нив исто така имаа голем проблем со тајно снимање на девојки, сликање, имаше илјадници случаеви каде во метроата при гужвата им ги пикаа машките телефоните под сукњите и им ги сликаа гзовите. Имаше и еден познат случај, ми се чини некоја к-поп пејачка се самоуби, зошто било тајно снимана. Ама разликата е што девојките добија поддршка и заштита со закон. Дојде до тој степен што таму веќе на телефоните кога се фотографира мора да има звук од камерата, нема опција да биде silent, беа банирани сите апликации со кои што ќе можаат да сликаат без звук. Сега еве читав и они имале некој вебсајт каде што ги споделувале сликите, имало повеќе од милион корисници и имало еден куп видеа и слики од девојки. Има повеќе инфо подоле, ама ете корејците успеале да се справат до некаде.
    https://www.upi.com/Science_News/Te...ay-no-more-silent-camera-apps/46721364588057/
    https://www.bbc.com/news/world-asia-45040968
     
    Последна измена: 29 јануари 2021
    На glosipgirl, WildMk, Bezimenka90 и 5 други им се допаѓа ова.
  10. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.932
    И педофилите некогаш биле деца нели?

    Поентата Јуле, не е да се направи некое привремено решение. Поентата е нашите деца, моето и твоето, или децата на нашите деца, еден ден да растат во свет во кој нема да биде нормално и општествено прифатливо да понижуваш и повредуваш друго човечко суштество само затоа што е друг пол.
    За нашата генерација е касно, ама за генерации напред не е. Само ние треба да бидеме таа промена за идните генерации, оти ако не е од нас - ќе мора тие да почнат за своите деца.
    Поентата е еден ден да не е твоето или моето дете тоа чие слики ќе бидат на порно сајтови, или тоа кое ќе споделува туѓи слики на порно сајтови.
    Тоа е целата поента. За нас е прекасно, буквално за иднината се работи.
     
    На glosipgirl, WildMk, Konfetka и 15 други им се допаѓа ова.
  11. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.330
    Допаѓања:
    29.151
    Пол:
    Женски
    @JuLleE Единствената во темава што одвлекува внимание од вистинските жртви си ти што не ги вадиш од уста замислените проститутки.
     
    На glosipgirl, WildMk, mkdvesna и 19 други им се допаѓа ова.
  12. edna_malecka

    edna_malecka Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2018
    Пораки:
    3.894
    Допаѓања:
    14.702
    Пол:
    Женски
    Само мене ми личи дека забегавте од темава?
     
    На 6th sense и eliesaab им се допаѓа ова.
  13. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.716
    Допаѓања:
    253.576
    Јас ви порачувам да излезете малку во реалниот свет и да видете што се случува околу вас.
    Оти животот е и надвор од форумот.
    Е така.
    И насочете ја вашата борба кон вистински цели и бидете вака активни и надвор од форумот, па може тогаш ќе ги видете замислените работи.
     
    На SURF, AngIv, Bratot и 2 други им се допаѓа ова.
  14. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.716
    Допаѓања:
    253.576
    Па истото го зборувам, а она што вие го барате е законски измени, а нам ни требаат коренети промени за да не се случуваат вакви работи.
    И тоа промени од сите.
     
  15. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.330
    Допаѓања:
    29.151
    Пол:
    Женски
    Ма немој. Се испишаа во темава страници и страници со недоразбирања само бидејќи тебе ти текна генијалната реализација дека имало такви што доброволно се рекламирале во јавна соба. Ноу шит. Што сакаат нека прават тие, битно има такви што се злоупотребени и не се една и две. А и една жртва да има само е one too many. Ама ти слободно уште повеќе потенцирај ги доброволците и уште повеќе разводенувај го проблемов.
     
    На glosipgirl, WildMk, mkdvesna и 14 други им се допаѓа ова.
  16. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.716
    Допаѓања:
    253.576
    FB_IMG_1611943023725.jpg
    Еве жртва. И да читајте тоа што пишувам. А не да ми вадете од контекст муабети. Се она што вие го наведувате како жртва, го наведувам и јас.
    Што последно сте направиле за некоја жртва на насилство, освен што продавте овде на форум загриженост? Мрднавте подалеку од тестатурата?
    Не.
    Ама мене ќе ме развлечувате овде како јас не подржувам жртви или слично.
     
    На Lilit, SURF, tina2018 и 2 други им се допаѓа ова.
  17. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.932
    Ни една законска измена без коренета промена нема да ја постигне целта, ама државата е единка како и народот. Ако сакаме народот да не толерира насилство на кое се потенцијални жртви 50% од населението само заради нивниот пол, треба и државата да не го толерира истото.
     
    На WildMk, Bezimenka90, Biljarkata и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. Ugly Duckling

    Ugly Duckling Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 август 2018
    Пораки:
    3.613
    Допаѓања:
    43.214
    Пол:
    Женски
    Во право си за тоа, но тие измени ќе имаат ефект во далечна иднина, не можиме во еден ден да смениме цело општество. За сега треба други мерки да се превземат, ете закон. Не можи сега да помини туку така и да се надеваме дека некоја идна генерација ќе биде доволно едуцирана. Едното не го исклучува другото.
     
    На WildMk, mkdvesna и Biljarkata им се допаѓа ова.
  19. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.716
    Допаѓања:
    253.576
    И пак, цело општество треба да биде вклучено, почнувајќи од родителите па се до ЦСР, МВР...Сите.
    Ама за секоја една појава. И за двата пола.
     
  20. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.716
    Допаѓања:
    253.576
    Закони има. Не сфаќате дека проблем се луѓето кои треба да го спроведат.
     
    На SURF му/ѝ се допаѓа ова.