Па Јуле мислам дека треба да има еден закон таков, па макар и само на хартија да е. Ќе дојдат избори, ќе си изгласаме нова Власт чим оваа уво не ги боли за жени. Мислам, 21ви век е, нели? Се бара закон и поголем прогрес да има во сајбер одделот малку да се модернизираме. Ете што убав закон си имаат во Германија, зошто да не и ние? Секако дека има закони за педофили и силување.
Јас не гледам како борба за подобрување на правата на жените им штети на машкиот пол, па мора да бидат вклучени во секоја дискусија. Не се правата бурек, па ако случајно едниот добие повеќе одма да му се крати на другиот. Пуштете не да си се бориме за женски права, и слободно формирајте движење за поделба на правата меѓу половите. Стварно не знам што е потребата цело време да се потенцира "а мажите, што е со нив?" Се зборува за жени, аман, не можат жените едно движење да си имаат, една борба за права, барем нешто само свое? Мора и во феминизмот за мажи да се зборува? Како подобрување на положбата на жените им штети на мажите, како?
Контактиравме со „Медуза“ во врска со протестниот марш, а поконкретно за тоа дека времето во кое е закажан е проблематичен фактор за помасовно присуство. Во продолжение е одговорот во кој објаснуваат дека претстојниот протест е насочен кон институциите, па затоа е планиран да трае во рамките на работното време на истите. Исто така, оставаат простор за иден настан. „Разбираме дека не сите можат да стигнат во работно време и ова беше земено предвид при организирање на протестот, но, главната цел ни беше да го адресираме непостапувањето на институциите па затоа и решивме протестот да биде во склоп на нивното работно време (МВР и Јавно обвинителство). Колку од вас и да можат да дојдат мислам дека ќе биде одлично, а во секој случај од Медуза сме на располагање да поддржиме и да помогнеме доколку има инцијатива од страна на форумот да се организира нешто вон работно време. Ви стоиме на располагање и голем поздрав“
@WildMk гледам дека ти си поупатена. Не знам колку е изводливо, бидејќи не верувам 50 000 души да присуствуваат, но сепак да прашам. Дали е можно да има организирани превози, не мора од секој посебно, туку еден превоз да речеме да тргнува од Струга или Охрид, па да земе патници од градовите што ќе поминува, пример Тетово, Гостивар? Многу од нас што сме од други градови и сакаме да присуствуваме немаме превоз... Или ако имаме, не е редовен, заради коронава не се пуштени сите линии, па може да заглавиме Скопје. Исто така подобро е и од финансиски аспект, цените ќе бидат помали, а можеби не сите можат да си дозволат пример по 1 000 денари за карта. Вака организирано мислам дека би имало поголема заинтересираност, а ако сакаме да е помасивно, треба да им дозволиме да присуствуваат на сите што се заинтересирани, како што прават за митинзите на пример. Не знам колку е изводливо, само предлог.
Изводливо е, на локално ниво соберете се и организирајте се. Друг нема да ви организира. Или направете локално протест за поддршка.
https://www.facebook.com/events/250332166499763/ February 3, 2021 at 2:30 PM UTC+01 Next Week · 3–14°C Ministerstvo Za Vnatrešni Raboti
Дали е вистина дека еден од нив живее во Малта, и дека македонската полиција бара помош од Малтешките власти за пронаоѓање на истиот?! Не ги разбирам, си го комплицираат животот на полош начин.
Зборев со еден психолог на темата и ми кажа само дека секое чудо трае три дена. Подобар совет не можев да добијам.
Кажи го со име и презиме, да не види пациент пациентов Шо статус прочитав сега од женско, магистер ми се А истата таа секојдневно селфиња објавува.
Според мене ако од Телеграм не ја забранат групата, а не ги забрануваат бидејќи сакаат да ја задржат анонимноста - тоа им е бизнис моделот, апсењето на администраторот нема да смени ништо. Ќе го замени некој друг. Јас сум апсолутно за администраторот да биде уапсен, само потенцирам дека главната работа треба да биде забранување на групата. Да се убедат сопствениците од Телеграм да ги блокираат таквите групи, бидејќи прават голема штета особено врз женскиот пол. Да не зборуваме за траумите кои можат да им останат цел живот.
Јавно обвинителство работи до 3:30, додека да стигнат до таму ќе им биде завршено работното време, така да планот им е секако за џабе. И онака ме дека некој од МВР или обвинителство баш во тој момент ќе излезе да им обрати внимание. Наместо да одат на масовност, бираат привидни "симболики". Без врска
Па затоа посочувам каде треба да биде фокусот. Апсењето на администраторот е и повеќе од потребно, но не го решава проблемот со ваквите групи. Тие и понатаму ќе траат.
Отишол во Малта за подобар живот и од гнидата наша држава.. за штоо, да уште да се замара со албум со сликички.
Тоа е она- можеш да го извадиш сељакот од село, ама не можеш селото да го извадиш од него Мислам може он и од град да биде, да не се разбереме погрешно
Затоа што тука се е дозволено освен порнографија. Не знаете како се однесуваат овде луѓето од third countries. Они може искочиле од селото ама селото од нив воопшто.
Ама за сосема друго зборувам. Инаку постои едно здружение, женско, и супер функционира. Не можам повеќе да се расправам. Подржувам се, од петиција до протест.