Пото зошто не не сакале во ЕУ.Па ваквите луѓе се за да се избришат од мапа.Не за ЕУ. Се надевам таму законот ке го пикне во дупка човекот бел ден да не види...
Ама затоа како попарени се, од Австралии, од Германии... замисли молимте, жена му се развела од него, он морал алиментација да плаќа, искварени западни вредности, уу, буу
Па сите отидоа нанапред ама нашиве се вечно не сфатени.Објавува слики од девојки вика ама вие нас не не разбирате, ја удира ама вие нас не не разбирате, ја вара пак не сме ги разбирале.Кога ке помислам дедовците наши помодерни биле од овие 20-40 годишни глупи мажишта.Наместо напред ние 200 години наназад.
Нашите дедовци и татковци биле џентлемени, нашите баби и мајки биле шетани,сакани,облекувани со еден збор биле почитувани. Денес што? Врзал патики на женско - папучар бил. И отворил врата од југо - сељак бил. Девојка му била грда (а истите тие радо би ја имале ) - глуп бил. Младо мевце повеќе се цени. Невина мора да биде, друго се е к*рви. Ова ли се машки?! Ова се чудовишта за мене, ни м од маж немаат.
Лесно е да се каже да внимаваме какви слики ставаме, ама и забулени да сме, мислите посигурни и позаштитени сме? Не сме. Лесно е да се каже да си ги заклучиме профилите на Фејсбук и Инстаграм, ама ни со тоа не сме ништо позаштитени. Манијачиштава ставале скриншоти и од заклучени профили. Никоја не „си го барала“, макар била и целосно гола. Никоја не „си го барала“, било да е нејзиниот профил јавен, било да е заклучен. На манијациве едноставно им е врежано дека ние сме само сексуални објекти и ништо друго. Дека им должиме. Најлошо е што вакви сфаќања имаат девојки/жени кои го прават токму она што го прават тие на кои им се соли памет.
Долго време се мислев дали да шкртнам нешто, да напишам нешто, а да не се сфати погрешно. Имам некои нејаснотии, па ќе почнам од следново : 1. Категорично ДА за казнување на лица коишто злоупотребиле слики, давање адреси и броеви на малолетнички. Казна заслужуваат затоа што тие сепак се невини девојчиња коишто не ја сфаќаат тежината на овој проблем и сметаат дека со некои фотографии ќе бидат повеќе сакани и ценети. Не сфаќаат во каква мрежа западнале со самото инсталирање на некои социјални мрежи како што се telegram, tik-tok па и instagram. 2. Во однос на полнолетните девојки и возрасни жени. Тука се поставува целата дилема дали да се одбранат и зошто !? Во денешно време 70% од сликите на девојчињата се полу голи. Во ред ставај слики, но со самото прифаќање на public profile тоа автоматски значи дека истите треба да се свесни дека секогаш постои опасност од злоупотреба на сликите. Ако не нa telegram, тогаш на некоја друга соц.мрежа. Колку пати сум видела како девојчиња праат репорт за нивни отворен лажен профил. И тука постои злоупотреба. Ќе речете си се сакаат такви какви што се и имаат право што сакаат да прават - нивни живот. Да, нивни живот, епа зошто сега се правдаат м ? Зошто сега излегоа жртви (дел навистина се), но има девојки кои свесно прикачуваа слики на тие соц мрежи, а инстаграмот не им е нешто поарен. Зошто тука да се залагам за нив !? Кога они пиеја полу-голи мохито по баровите, нас не гледаа како загреота. Зошто сега правдање !? 3. Последно, но исто така за мене доста значајно е прашањето во врска со протестот. Дел спомнаа одењето во црква за празници. Вие тогаш се буневте корона, па сме биле несовесни, што морало да се оди кога секоја година постои...абе не оцрнивте. Испадна стварно да изгледаме како ние да сме единствени виновни за порастот на бројките. И нас верниците тоа не болеше што вие не не разбиравте во врска со одењето во црква според сите протоколи. Како сега може да се организира протест ? Нема корона ? Јас сум за рамноправност на половите, но исто така сум и за праведност, ама во некои ситуации истата ја немаше. Двојни аршини.
Ок немој ти да се чуствуваш воопшто крива, само немој после и ти како Ана да давиш цела јавност како ти нарушиле приватност и како си била жртва.Вие сами не си берите гајле, а тоа го очекувате од некој друг. Еве од тие вистинските жртви уште никоја не излегла да проговори во јавност,се надевам дека психички ке бидат јаки да ја издржат оваа тортура и неправда. А овие што размислуваат како тебе се жртви на сопствениот мозок, промовирате вредност која што никогаш не била прифатлива до сега, така ли ве учеле од дома или такви сте се разбудиле некое утро?Кога нешто давате на изволте треба да бидеш спремен на се и сешто. Слика од голо тело не е страшно да се гледа од некој уметнички аспект, но да се промовира голотија и да ги учите младите кои ве следат на изопачени вредности?? Вие феминистите сте изгубиле разум веке, од многу ''едицираност'' сигурно, Кардашијанки не ви се рамни.
Ова ме здоболи. Поарно да не знаев зошто ко ќе знам дека има жени шо обвинуваат жртви онака, срце ми се пара.
За тоа што барале слики и податочи од малолетнички,за тоа што се собрале ниски и бедни луѓе,морално дно..тоа треба да се санкционира,нема збор.Тоа што барале слики од четиринаесетгодишни е болно и перверзно,криминал.Треба да се најдат,јавно да се објават и да бидат казнети. Али ова со Ана,па и изјавава-утре можеш да бидиш ти.Епа извини,нема да бидам јас.Како што е таа убедена дека можи да бидам јас,уште посигурна сум дека нема да бидам јас.Има тука дел воспитание,дел едукација,лични преференци кон приватност или безбедност или мега популарност,што одредуваат колку се изложуваш и ризикуваш.Со отворени профили,со прифаќање непознати.И во поглед на изневерената доверба,не оправдувам што ја изиграле,ама па треба да превреме лична одоворност..Не знам,секому му се случило и може да му се случи да му биде злоупотребена довербата,ама за ова баш и не.Не мислам дека не ѝ текнало дека постои ризик со такви слики.
Еве 113-та страница и уште не стана јасно дека сликите не се само од "невоспитаните", разголени, никакви девојки туку таму се нашле и деца како и полнолетни девојки/жени со приватни профили и слики на кои што се облечени и закопчани до гуша.
Не полу голи ако сакаат и голи нека се сликаат. Работата е освен слика на полнолетни девојки има и број и адреса. Ако сакаат голи нека шетаат и нека се ебат со 200 луѓе, мене не ме интересира тоа, туку она ненормално нешто шо се случува и шо имаат земено ненормална сила и ако не се превземи нешто, ќе биди полошо. Инаку освен голи слики, имало и слики од девојки нормално облечени. Во држави има закон каде друг не смее да објави твоја слика гола, полу гола. А не пак група манијаци, педофили од 8000 души. А сама ти шо сакаш објавувај, има разлика. Зошто за денешниот протест за Монструм никој не се буни? Зошто кога влегоа во светско кога се славеше во Скопје како да нема корона никој не се бунеше? Во други држави нон стоп гледаме протести, таму нема корона? Не можи корона да биди вечно изговор, а изговор секогаш можи да се најди.
Еве мене ми текна дека може да ти се случи. Не си ни свесна колку си сликана на плажа додека си ја местиш лежалката, ти или било која
Не мора на никој лично да му се случи за да се има емпатија. Ни мене ме нема во групата можеби нема ни да ме има можеби ќе има тоа не е поентата. Не треба да чекам мене да ми се случи нешто или на некоја моја блиска за да почнам да сакам правда. Времето за правда е секогаш денес и сега, а не утре и некогаш. Ве читам во мислењата и многу е очигледно дека имате некои фрустрации, како да ви е мило што некои девојки кои послободно си го живееле животот сега им се случуваат грди работи и се небезбедни, ама ако зато шо вас ве мислеле заостанати. Исклучете ги фрустрациите и гневот, не ви се други жени криви за тоа туку криво е општеството и како тоа не' третира нас жените. Секоја заслужуваме безбедност, никоја какви слики и да имала не заслужува да и' биде адресата, бројот и личните податоци во рацете на манијаци и дркаџии. Разбудете се, сакаме богат живот, сакаме висок стандард, заштита, фер правен систем како што имаат западните европски земји, но ние не одиме по нивните размислувања туку звучите како за Сирија да би ви било супер да живеете. Во скоро секоја западна земја има закон против revenge porn, ние се жалиме од државата, но ние сме државата. Времето за правда е секогаш сега, не утре не некогаш, не кога нешто лично ќе ми се случи. Не ми се верува дека 2021,а уште треба да се дебатира, и тоа со жени, која дали си го барала.