Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

На „Телеграм“ се шират интимни фотографии

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од black-angel, 26 јануари 2020.

  1. 6th sense

    6th sense Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 август 2020
    Пораки:
    121
    Допаѓања:
    370
    Пол:
    Женски
    Читам некои сами се нудат пуштаат слики, ило се рекламираат на по профили. Па постои кај нас се казнува проституцијата. Проституција е вршење на полово општење или други полови односи со неопределен круг лица од ист или спротовен пол за определена парична или друга корист. Па нека се казнат тие што се занимаваат со проституција, сеедно мажи или жени. Па сега како што постои интернет трговија за се, постои и за тоа. Доколку се казнат нема да доаѓа до ваквп мешање на баби и жаби, забуни за што е исправно што не. Ќе се знае што е злоупотребно што не е
     
  2. Purplelilac

    Purplelilac Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 септември 2016
    Пораки:
    2.417
    Допаѓања:
    34.776
    Пол:
    Женски
    Јас уште сум во очекување на денот кога жени ќе споделуваат слики од дик пикс од бившите дечковци, со име, презиме, адреса и телефонски броеви од господата, а тогаш едниот ќе му рече на другиот „Тоа е брат, сам си крив што си пратил. Сега немој овде да ми изиграваш жртва“.

    Знаете ова кога ќе се случи?
    Никогаш, зошто ќе ја запалат државава сосе сите жени заедно да им се задеси нешто такво.
    А ние еве уште овде се расправаме за зОшТо СеГа ПрОтЕсТ мОжЕ, а За ПрАзНиЦи Не НаПаЃаВтЕ, тРеБаЛа Да Си МиСлИ пРеД дА сТаВа СлИкИ, нЕ сЕ сИтЕ жРтВи ВиСтИнСкИ, мЕнЕ оВа НиКоГаШ НеМа Да Ми Се СлУчИ, мНоГу МаШкИ нЕ сЕ тАкВи, Ги ПоДдРжУвАм ЖрТвИтЕ, АмА ....

    Најискрено понекогаш се прашувам што точно правите на овој форум.

    .
    .
    .

    За протестот, се надевам сепак дека ќе има одзив.
    Како што гледам се зголемува бројката на одговори и на ивентот, а и на петицијата.
    Ако се решиме да преземеме иницијатива за повторно понатака уште некој марш, јас сум повторно ЗА.
    Исто така сакам да кажам до сите девојки кои минуваат низ сра*ево, ве молам не обраќајте внимание на коментари кои ве обвинуваат. Знајте дека нема зошто вие да веднете глава или да сте засрамени.
    Поддршката е голема и допрва уште ќе расте.
     
    На Stephen Amell, sparklie, Nausicaa и 43 други им се допаѓа ова.
  3. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.845
    Допаѓања:
    39.609
    Точно. И на други начини кои изопачени типчиња ке ги искористат.
    Па во муслимански земји и гол глужд е безобразие, да била членкава таму родена цитираната од тебе, и самата ќе осудувала глуждови.
    Аман, едноставно замислете дека се работи еве не за вас ами за ваши ќерки или внуки. И не, никогаш не вели никогаш.
    Доволно е светот небезбеден и без сите преподобни поштени светци и светици на кои плунка им прска од усти дур проповедаат поштење.
     
    На Nausicaa, WildMk, Annath и 10 други им се допаѓа ова.
  4. СуперДевојка

    СуперДевојка Популарен член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    2.849
    Допаѓања:
    17.190
    Пол:
    Женски
    Нема шанси да бидеш ти, а?
    Ни на крај памет не ти е дека во групата може да те стави и колешката со која вчера се погледна на криво или бивша другарка или идната девојка на бившиот? Не си помислила дека слика може да ти украде и “online prodazba” профил? Или дека некој дечко кој некогаш си го одбила, па му се повредило егото и му текнало да ти се одмазди? Или дури и дечко на кој не си му вратила на неговото “ zdr kukle kakosi?”
    И да, на сликата можеш да бидеш во капут и шал завиткана...
    дај боже никогаш да не бидеш следната ТИ.
     
    На Stephen Amell, neno0o, Nausicaa и 29 други им се допаѓа ова.
  5. Bezimenka90

    Bezimenka90 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.839
    Допаѓања:
    17.698
    Пол:
    Женски
    Сите или барем најголем дел од нас тука сфаќаме дека е потребна претпазливост на интернет. Се сложувам со сите постови кои убаво беа напишани дека девојките треба да се воспитуваат да се ценат самите себе и да не праќаат ништо само поради страв и притисок да не бидат оставени.
    Проблемот е во бирање вистинско време за тоа. Сега не е моментот за тој разговор.

    Се одвлекува вниманието од главната цел - протестот, за да мрднеме од мртва точка и некој да одговара дебело за ова.
    Што дека ќе пишеме требало ова, требало она? На големо се делат слики и податоци, како тоа ќе им помогне на тие девојки и жени?

    Она што сега треба да бараме се високи парични и затворски казни. Од кога ќе профункционираат казните, тогаш може да правиме муабет за воспитувањето и да објаснуваме како и зошто се казнети.
     
    На WildMk, mkdvesna, Summerbaby и 10 други им се допаѓа ова.
  6. renata77

    renata77 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2009
    Пораки:
    1.770
    Допаѓања:
    8.605
    Пол:
    Женски
    Апсолутно сум сигурна и затоа пишав.

    Добро,гледам дека замина муабетов во друга насока.Не реков дека така треба да прават и дека ги оправдувам.
    Можи некој утре по улица додека да одам да ме слика,и да ја сподели таму сликата.Тоа не е моја одговорност.Сакав да кажам малку да се стори и напор да се најдат начини да се справи некој со ова,да превенира и да го заштити.Еве не мора јас,најсупериорната особа,знам многу полнолетни Х особи што знаат да се заштитат,барем на социјланиве мрежи да не бидат изманипулирани.
     
  7. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.918
    Допаѓања:
    171.786
    Пол:
    Женски
    Прво да не се сликаме како шо сакаме. Сами сме криви дека ни злоупотребуваат сликите. Сами си гк бараме.
    После нема да смеј да шетаме сами. Се знај, шетала сама. Немаше кој да ја заштити. Клуч на врата, ти реков ми рече.
    После да не излегваме со кој сакаме. Каква е та слобода? Сексуална и тоа? Срамота. Нема зошто. Само срамота.
    После не смејме ние да сме сексуални битија и мора да одиме против своите нагони. Оти жената е за дома. Се знај то. Нежна. Добра. Курвите се за в кревет, жените за сакање.
    После да не се шминкаме како шо сакаме. Шминката не е за нас и за наш ќеф. Неее, неее. За мажите било и то.
    После ќе биди дека облеката не е "пристојна". Се познава дека имаме гради и колкови? Нешто шо природата ни го дала? Ооо не. Грев. Мора попристојна облека.
    После ќе мора цело време да сме преоблечени дур евентуално не се забулиме. Зошто да едуцираме синојте да не се насилници кога можиме да кратиме постепено слободата на жените? Полесно е. Навикнати сме.
    Ама и то нема да е доволно. После само дома ќе седиме. Како сум смеела да излезам од дома и некој да ме види? Па то е доволно за да ме нападни. Девојка шо шета. Ужас.
    Ама и само дома не е доволно. Само во своја соба, никој да не те гледа. Дојде гостин и ме виде. Остај уште лошо се осеќам. В соба јадење. В соба мисионерска со мажот шо го запозна после свадбата пошто да бидиме реални како инаку ќе запознај жена некој? И така. Живот полн рози. Конечно ќе бидиме заштитени. Конечно нема да сме криви ако некој не нападни и ни дофрла! Шојма врска дека мањаците се шетаат слободно, се разбира дека девојката мора да се смени.

    За оперираните од иронија, она горе е сликање на иднина и како ништо не е доволно благодарение на вашето "ама..." И судење на жртвите.

    Секој момент шо ќе осудите жена дека прај шо сака со себе без да повреди некој друг, придонесвате да се движиме кон сценариото напишано погоре каде уствари има жртви.

    Ах шуба инспирација пред спиење. Ај добра ноќ. :d:
     
    На inna.22, SexiLy, Stephen Amell и 62 други им се допаѓа ова.
  8. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.094
    Пол:
    Женски
    Јас мислам и да не излегуваме од дома за да сме заштитени максимално, што викаш ти?
     
    На Nausicaa, glosipgirl, eliesaab и 13 други им се допаѓа ова.
  9. mode-kristina

    mode-kristina Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2014
    Пораки:
    1.155
    Допаѓања:
    4.093
    Пол:
    Женски
    На други теми имам пишувано дека бев вознемирувана по интернетов, иако на речиси сите слики сум облечена до гуша. Од кошула максимум две копчиња откопчувам, деколте и голи раменици ретко носам. Имам слики со кратки сукњи (не мислам на мини, туку на тие што се малку над колена), маици по прерамки, по кратки ракави, па лето беше кога ги ставив тие слики. Сигурно нема во лето, на 40 степени да се варам во фармерки. И една слика во бикини имам, на одмор бев. Исто така кажав дека мајка ми ми има кажано дека ако излезам сама и така облечена ќе сум била лесна мета на манијаци. Со други зборови ми рече дека ако излезам со сукњичка или фустанче на лето, ќе си го барам. Не сум светица и не планирам да бидам.
     
    Последна измена: 29 јануари 2021
    На neno0o, Nausicaa, WildMk и 14 други им се допаѓа ова.
  10. renata77

    renata77 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2009
    Пораки:
    1.770
    Допаѓања:
    8.605
    Пол:
    Женски
    Jaс викам да излегуваме.
    Максимално заштитени не подразбира забулени да шетаме,ама ај добро...
     
  11. friendy

    friendy Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    4.338
    Допаѓања:
    51.771
    Пол:
    Женски
    “Една” девојка обвини дека слика од нејзин профил и телефонски број се објавени во Јавна соба без дозвола, со намера навреда на чест и углед.
    Колку се објавени само со слика без да знаат?!
    Колку се објавени и им е срам и страв да споделат?!
    Секоја жена може да стане жртва на ваков вид етикетирање, кое доколку не се санкционира може да ескалира и поттикне уште пострашни дејствија.
    Многу ми е жал што сеуште постојат луѓе т.е жени што се водат под мото “глеј си на тебе да ти е арно” притоа неразмислувајќи дека тоа што може да му се случи некому денес може да ти се случи тебе утре.
    Една е доволно.
    “Една” сме сите ние.
     
    На Stephen Amell, Nausicaa, Purplelilac и 25 други им се допаѓа ова.
  12. ivi1987

    ivi1987 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    4.114
    Допаѓања:
    77.327
    Пол:
    Женски
    Се дур нема масовни протести постојано дур не се прекине хаосот со манијачкава гнасна група ќе има дркаџии, манијаци, педофили и амеби што ќе крадат слики од профили на девојки, ДЕЦА и жени по социјални мрежи и ќе лечат фрустрации и ќе фрлаат гадости у јавна соба.
    Тука со натегање дал се криви или не ЖРТВИТЕ ама баш ништо нема да смени.

    Искрено, туга ме фаќа кога гледам каде си ги растам децава. Сакам само што подалеку да отидам од менталитетов, толку.
     
    На Stephen Amell, Nausicaa, Касија и 22 други им се допаѓа ова.
  13. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.845
    Допаѓања:
    39.609
    Бидуваат силувани и најслоевито облечени жени.
     
    На Purplelilac, WildMk, ivi1987 и 6 други им се допаѓа ова.
  14. Priroden

    Priroden Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2015
    Пораки:
    796
    Допаѓања:
    2.949
    Пол:
    Машки
    Види го човечево :rofl:
    Па дали е реален, гледам го одраа жениве во коментари, му бараат групи за машки без маици и фотошоп на сликата му направија. Напиша толкав пост, како имало манијаци и секогаш ќе имало ко да е нешто најнормално. Арно ама, женскиве требало да пазат како се сликаат.
    А неговиот број да го пуштат и да му извадат муабет да е геј и да добива 50 пораки и повици дневно?

    Имав еден професор на факс, така вртеше одоколу како не било природно да има геј луѓе, а по очи му се чита дека во секој момент може да добие "излив" и на сред предавање да извика смрт за...
    Така и овој, машкиве вакви, женскиве онакви и на најмала реплика на твитер постот шо го сподели кримсон подолу, се покажува.
     
    На WildMk и crimson им се допаѓа ова.
  15. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.348
    Допаѓања:
    182.303
    Пошто гледам некои неупатени, ај да потсетиме што се дешаваше вчера во соседната јавна соба
    Сигурно некоја комисија за проверка на факти го напраила именикот:x
     
    На Purplelilac, WildMk, theowndemon и 2 други им се допаѓа ова.
  16. СуперДевојка

    СуперДевојка Популарен член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    2.849
    Допаѓања:
    17.190
    Пол:
    Женски
    Ама сами се криви. Наместо максимално да се заштитат тие.отишле купиле мобилен телефон, па уште и сим картичка. И капак на сѐ го кажале тој број на блиски луѓе, другари, другарки, роднини, колеги, колешки, во ЦВ-то го напишале... И после курвк, епа курви. Шо ќе ти е мобилен? Треба да знаеш да се заштитиш, да си седиш дома, да не комуницираш со никого. Па жена си да му се сневиди. 10век сме, накај 11ти...
     
    На inna.22, Nausicaa, Purplelilac и 14 други им се допаѓа ова.
  17. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.145
    Допаѓања:
    67.344
    Пол:
    Женски
    Мислењево треба да се закачи негде, да може секој да го прочита кој вика, не ги оправдувам, АМА...
    Повистинито и поубаво срочено нешто мислам дека нема во целава тема.:bow:
    Не можам уште да го разберам разводнувањето на темава никако, на тоа колку е страшно ова што се случува, на тоа дека барале слики од деца, на тоа дека споделуваат рандом слика и бараат број.
    Ужасно, одвратно, гнасно, само такви зборови треба да се употребуваат, без АМА, без никакви други додатоци.
    Една сме сите ние, една може да бидат и нашите ќерки.

    Да се каже дека ова не може на мене да ми се случи е исто ко да се каже мене нема да ми свиркаат на улица, одам пристојно облечена, мене никогаш нема никој да ме силува, не сум дала повод...
    За вакво нешто кога станува збор можеме, требаме и мораме да сме сите сплотени. Една.
     
    На inna.22, Stephen Amell, neno0o и 29 други им се допаѓа ова.
  18. 6th sense

    6th sense Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 август 2020
    Пораки:
    121
    Допаѓања:
    370
    Пол:
    Женски
    Ако не се сопре ова ќе дојде и денот кога ќе почнат да кружат и слики од мажи, со коментари добро го прима, па ќе им биде појасно што е поентата.
     
    На WildMk, deskarada, Priroden и 2 други им се допаѓа ова.
  19. 6th sense

    6th sense Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 август 2020
    Пораки:
    121
    Допаѓања:
    370
    Пол:
    Женски
    Проблемот ни е што не разликуваме што е туѓо што е свое. Тоа што е туѓо не смее да се чепка па макар било ставено на послужавник. Тоа се туѓи податоци туѓ живот туѓа слика. Но ние сме народ што секогаш туѓо гајле береме и мислиме дека ако осудиме некого му најдеме мана или го оговараме ќе се издигнеме над тој. Толку сме си простички што уште гледаме кај комшивката дали е чистено, што значи дека е домаќинка. Уште сакаме да се пикнеме во туѓа куќа само да видиме дали е подобро средена од нашата, во туѓ живот само за да го оцрниме. Сеуште прашуваме колкава ти е платата ( исто така многу приватно прашање), па и успеваме да цирнеме во туѓите изводи за плата иако тоа е личен податок. Па така сеуште ќе користиме и зборови како курва, сама си го барала како изговор за нашето чепкање по туѓо.
    Погоре го спомнав има поим се вика проституција и тоа е казниво. Се останато сакало се сликало голо, сакало било забулено, цело истетовирано и со просови во денешницава е негова лична работа и никој нема право заради тоа да го оценува, осудува, да му го краде животот и да го уништува.
    Или како што е речено: нека го фрли каменот тој што е безгрешен.
     
    На Nausicaa, WildMk, СуперДевојка и 7 други им се допаѓа ова.
  20. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.329
    Пол:
    Женски
    Денеска со другарка ми облечени во јакна, завиткан шал околу врат, капа на глава, маска, се најде еден да ни застане, да ни свирка од мотор и да не зјапа.
    Сме си го барале? Со што?
    Што да праиме, дома да се затвориме за ова да не се случува? Манијак е манијак, до гуша да си облечен, пак е џабе. Аман веќе со тоа полуголи се сликале и шетале, си го барале.

    Полагав испити и немав време да навлезам у дискусијата ама ве читав деновиве колку можев.
    Страшно е ова што се дешава, мора да се изреагира сега масовно да бараме закон да не заштитат нас жените и малолетни и полнолетни, не може туку така која сака будала да споделува информации од девојки и слики и ништо да не му биде. Ако се заташка и сега, ќе добијат уште повеќе на сила. Не смееме тоа да го дозволиме во 21век.
     
    На inna.22, Stephen Amell, neno0o и 23 други им се допаѓа ова.