Мене лично Цветковиќ не ми се допаѓала (извини ако си на форумов Иренке) ама знам дека не е од вчера и се што е напишано како резиме држи вода. Видеото ќе го гледам утре https://360stepeni.mk/video-tsvetko...-soba-nema-pozitivno-iskustvo-so-politsijata/
Почнаа да се блокираат и бришат фб профили на лица што ги напаѓаат дебиливе од Јавна соба, и таквите како нив. Лиса Баута Шаќири, како голем поборник на женските права имаше скоцкано баш добар статус, да речам без влакна на јазикот, против сите манијаци, педофили општо, што беше на големо споделуван, па и го блокираа Фејсбукот. Оние 6та класа луѓе што се дел и поддржувачи на Јавна соба, почнале да ги пријавуваат сите профили што споделуваат поддршка и ги напаѓаат. На крај, пак ние ќе сме тие што се замолчени, тие ќе ,,победат", нема да остане ни трага од жртвите што јавно проговориле. Абе малце е еден протест, треба скроз да се блокираат институцииве! Стока народ, банана држава, ако не можат ова да го средат барем документи нека ни средуваат за да можеме да избегаме од овде.
До мислењето на девојката дека треба да сме заштитени и да пазиме како облечени излегуваме надвор, замисли и девојки во бурки се силувани. Тој што е манијак, злоставувач мислиш дека твојата облека навистина нешто му менува? Ако он ти се намерачил ти што сакаш облечи, нема да му смени. Не ми се верува дека проблемот го дислоцирате и го насочувате кон тоа како девојката се облекувала, а не дека постојат манијаци, педофили, сексуални злоставувачи и дека тоа е проблемот. Срам ми е, жими се ми е срам со кого делам воздух веќе.
Во Индија имаше случај каде девојче беше силувано од двајца мажи, облечена најнормално. Од сто силувања на ден (толку им е статистиката), собрала некако храброст да пријави, ги пикнале ѓубрињата една вечер во станица и ги пуштиле, за потоа да соберат другарчиња, да ја полеат со безин и да ја запалат затоа што се дрзнала да ги пријави. Се дејтала со тој едниот, не било тоа силување, ако тој другарот си го викнал. Еве ви ја приказната ако не се сеќавате, солзи ми течеа кога читав. Читајте ја цела статија, како девојки кои се облечени најнормално групно ги силуваат и после ги убиваат и ги палат телата. И ич не ми е гајле што ќе си помислите, дали ме мислите за злобна или не, ама вие што за силување барате изговор во тоа како е девојката облечена сте едни бездушни монструми, без грам емпатија во вас. Тука сте ми негде на ниво на гадење со истите тие што го прават тоа.
Кога на друга тема реков дека жените во Полска сами се криви што дошло до тоа дереџе, баш на ова мислев: Не дека не заслужуваат право на абортус и дека не заслужуваме и ние законски промени во МК, туку дека ваквите размислувања се причината заради која сме влечени надолу како општество. Зошто би очекувале 30 мажи на високи позиции да се грижат повеќе за нашите права, од нас самите? Вие самите ги овозможувате ваквите случаи. Сами си работите против себе. Не знам како да објаснам, за луѓе како цитираниве, да разберат дека криминалот е криминал, жртвата е жртва. Јас ако испратам некому експлицитна фотографија, не ја загрозувам нечија безбедност, но тој ако ја објави таа фотографија со број и адреса, ја загрозува мојата. И тука е целиот проблем. Многу е едноставно.
А јас ТВРДАМ, дека утре може да бидеш и ти, и јас, и таа до тебе, и другарка ти, и мајка ти, и сестра ти, и братучетка ти и секоја, ама секоја е потенцијална жртва. Затоа што статистиката го поткрепува тоа тврдење, а не оти 'јас така мислам'. Не мора ни експлицитна слика да објават, не мора ни по бикини, може да си со ролка и со шалвари, ама ако до сликата стои: “Курвава се еба добро, јавете се на 07* *** *** или можете да ја најдете на таа-и таа адреса“ - тогаш е проблем.
Леле какви коментари има по фб Посебно од жени, само шо прочитав неколку нервата ми ја крена Знаев дека сме прост народ, ама до толку затупени, ограничени не!
Некој твој близок објавил твои лични податоци во Јавна Соба со твоја фотографија? - Сами сте си криви што имате такви луѓе околу вас. Истово важи и за "маж ми ме тепа"? Си објавила слика во купаќи на плажа, па таа слика се нашла во погоре споменатата група? - Сликата ти е објавена со таква цел, кој ти е крив? Истово важи и за силување? Затоа што не знам дали сте свесни ама никој не може да гарантира 100% дека дечкото/сопругот/пријателката се такви ко што се претставуваат. Ниту пак дека од проширување на слика со податоци нема да ескалира во нешто полошо. И не, не е целта да се затвориме дома или да се движиме само со друга личност навечер. Уште помалку да се облекуваме од стапало до врат само за да не провоцираме. Не е ни поентата да се препуштиме на тоа - никој нема право да ме допре затоа што е факт дека демнеат монструми наоколу. Ама еве еден пример: лудаци возат пребрзо кај што не треба, не застануваат на црвено или возат под дејство на алкохол. При судир, да не сум случајно јас крива што сум возела по истата улица или што сум го претекнала па се испровоцирал и решил да ми врати? Или можеби не треба да возам кола за да се заштитам? Можеби не треба ни да преминувам улица на пешачки?
Институциите се соучесници во јавна соба Дел од текстот- секој збор на место Што научија помладите и што им се потврди на постарите од случајот Јавна соба и од непостапувањето на институциите?! Дека навредите, сексизмот, мачоизмот, мизогинијата, споделувањето на интимни фотографии, изнудувањето, уценувањето и сексуалното вознемирување, преку социјалните мрежи или личните и групните комуникации на која било апликација, поминуваат неказнето повеќе од година дена. Дека во таа култура на неказнивост, проблемот и маката, некултурата и насилството квалитативно и квантитативно растат и се влошуваат. Дека жртвите остануваат нечуени и заборавени, додека насилниците остануваат неказнети и невидливи. Дека ако си жртва, не само што твоето достоинство ќе биде погазено еднаш, туку и дека кога евентуално жртвата ќе одлучи да истапи (а тоа не е често, ниту пак лесно), таа станува мета на двојна виктимизација и стигматизација. Дека насилниците не само што не се каат и не ја разбираат сериозноста на своите (не)дела, туку и дека добиваат на сила, па дури преоѓаат и кон вербални и физички закани. Дека како што директно забележува Калиа Димитрова на феминистичката платформа Медуза: „Институциите ни праќаат недвосмислена порака дека нашите трауми поврзани со сексуално насилство и вознемирување се неважни, непостоечки и невидливи“. Дека „живееме во систем кој одобрува и поттикнува насилство и ги заштитува предаторите, не жртвите. Истиот тој систем активно ги обесхрабрува жртвите да бараат заштита и да пријават насилство“. Или како што ќе забележи активистката и феминистка Сара Миленковска: „МВР не само што не реагира туку е и почесен член на групата Јавна соба, а загрижени наши сограѓани се први во коментари да објаснат дека сами си го барале и заслужиле понижувањето и вознемирувањето“. Поинаку кажано, помладите научија и на постарите им се потврди, дека ваквото однесување и насилие е дозволено, дека лесно проаѓа, дека цената која треба да се плати е премала. И конечно, дека насилниците не само што уживаат заштита од државата и институциите кои ништо не преземаат, туку и ќе најдат засолниште во токсичните и релативизаторски коментари на голем дел од јавноста, која наместо да го осуди криминалот, морализаторски ќе се бави со жртвите...
Сакам да верувам дека ќе се смени нешто. Барем заради тоа што претседателот и министерот за правда не се сељаци, не се од улица собрани, не се од планина донесени. Дека мизогинијата е нормализирана- е, и тоа на највисоки нивоа, и инфилтрирана, интернализирана ... Ама насилството не смее да се нормализира, не смее. Затоа мора да се крене глас. Затоа мора спроведување на закон и казни. Далеку од тоа дека сите ќе ги стигне казна, такви илузии ни во најлудите соништа немам, ама од негде мора да се почне. Поинаку просто не може.
Само позитивно нека не ве кочат простите агресини коментари тие се јаки само зад тастатура, правдата секогаш победува, колку сакаат нека правам членовите куростресници на јавна соба лажни профили на фб и да коментираат глупости.
По „Јавна соба”, се воведува кривично дело „демнење“, затвор до 3 години https://fokus.mk/po-javna-soba-se-voveduva-krivichno-delo-demnene-zatvor-do-3-godini/
Ај да видиме... “Заедно ќе се бориме додека не создадеме општество во кое ваквите појави ќе бидат целосно отфрлени и строго осудени“, напиша Маричиќ.
Гледам дека ќе има протест во среда па ме интересира зошто не беше организиран за денес или вчера (викенд) туку се чекало да помине време и да се изгуби моментот + се организира во ниедно време кога сите се на работа итн.
Оти не успеавме ние од форумов да се организираме. Односно, од толку изреволтирани, никој не се пријави да ја истераме процедурата со организирање.