Значи колку пати и да се напише, да им се издроби не разбираат дека БИЛО КОЈ може да се најде таму. Милион пати кажав дека таму има девојчиња најнормално облечени и опис подолу со најпогрдни зборови и телефонски број и адреса. Не разбираат и НЕ! Пак се водат по истото 'мене не може да ми се случи'. И пак жената е крива. Не можам да ги разберам што сакаат да докажат? Дека се многу чесни и како сите околу нив се најдобрите? Ми се лоши. Фала му на Бога што во моето блиско опкружување немам личности со вакви размислувања, инаку ќе размислев со кого и зошто се дружам. Родители, роднини што се веќе во пензија немаат вакви закоравени мислења, млади личности по 20, 30 години размислуваат вака. Срамно!
Подобро да не го прочитав... Значи ако кажиш дека си била жртва јавно по дифолт си желна за внимание, ок.
Колку пати посебно во средно 1 2ра година имало некоја кога се сликала и ајде цел град ја руга? Институциите не реагират бидејки ова е нормализирано, не дај боже цицка да и се види одма е курва на 15 години и роспија, а машките на тие години и да злоставуваат во школо ке бидат фраери, секаде е вака не само во Мк само што има на страна повеќе закони.
Oд тој па поголема евтина алапача во државама нема. Он и Миа Костовска - тие се. Уостало, не ни сакам да знам што имал да каже, особено после онаа негова јавна брука со body shaming.
Панчо ќе направи се живо и диво да остане релевантен. А, уствари врска си нема дечкото. Дај да не му даваме толку голема значајност една обична нула е.
Ако некој сака да ги прочита неговите ,,мудрости" Spoiler Ве молам сите машки да внимавате со вашите девојки со кои сте во подолги врски, за да не испадне кога ќе раскинете дека сте имале обид за злоставување. Или доколку сте во пократка врска пред секој дејт да идете да потпишете нотарски договор на партнерска согласност со точки и под точки најпрецизно. Денес социјалните мрежи и желбата за внимание прави чуда па чисто да ви кажам да внимавате ако не сте го размислиле ова и имале на ум. Како машки, сите ние треба да имаме ОГРОМНА почит кон понежниот пол и да се поставуваме заштитнички ама не и кон оние кои на своите инстаграм и ФБ профили сакаат да освојат поени за разлика од оние вистинските жртви на кои им е потребна безрезервна поддршка и помош. Чекај да размислам Хммм мислам дека пред едно 5-6 години и јас кажав ‘НЕ’ во неалкохолизирана состојба ама понежниот пол беше под дејство на алкохол па ме злостави, а јас се плашев и не знаев на кого да се обратам за да не бидам погрешно сфатен ☹️ Значи вие желните за внимание ( знаеме кои сте ) ПРЕКИНЕТЕ да се бламирате и собирате поени на нечии грб кој навистина прошол низ ПЕКОЛ!! И да, сите жени не сте сами во ова ама оние вистински жртви, а вие другите прекинете да ширите квази феминизам од кои сакате да извадите корист за вас, а не за подобрување на општеството. #НеСтеСами ❤️ ПС - Јавна соба е кривично дело и оние кои ја направиле треба најстрого да се сакнционираат и казнат!!!
Сега па корона кога дојде нема настапи и се ке направе да не го забравват хахахахах така беше и со плажата летото.
Го прочитав сега и само едно ќе кажам. Тој и подлизурката Адриана се исти. И на сторињата на Инстаграм видов што става. И двајцата напишаа слични статуси за жените со прекумерна тежина како тоа било болест и не знам што. Знам дека темава не е за тоа, ама и тоа им беше заедничко. Имам кажано дека глупавите никогаш нема да станат паметни, па така и овие двајца. Едниот си кажа со последниот статус дека е шовинист, а другава става повеќе разголени фотограгии отколку жртвите, а им соли памет како не смееле да ставаат.
Едно нешто што не ми се свиѓа е што таа инфлуенсерката која меѓу првите се пожали ја избришала сликата од Инстаграм. Со тоа ја праќа погрешната порака дека нешто не е во ред што се сликала така.
Се ова што го читам погоре ми е толку бедно и ниско од нашиот ни пејач Панчо ДНК. Па добро бе со цел ум велите дека девојчињата се желни за внимание??? Дали со цел ум?? Јас не познавам никаков човек што би сакал утре други ден да биди покажуван со прст и исмеван од народот да му е срам да излези од дома од вратата надвор, не дај бог да си му во кожата на тие девојчиња, кој страв и кој срам го имат претрпено ни криви ни должни, сигурно си имале некоја причина поради што сево ова си го држеле во себе, и јас да би се нашла во ваква ситуација, што реално гледано секој можи да се најди во ваква ситуација и јас сметам дека не би кажала одма, Патиме за едни манијаци собрани по социјални мрежи, од што женска неможат да си фатат па морат да дркат на нечија си слика. Очај. Уште се чудам зошто ние жените сме криви во секоја ситуација? Клај слика со цицка желна си за внимание па затоа те силувале, Окс извини ама силувачот ќе биди најголемиот фраер у маало и ќе се гордеете со него, а нашата ни државичка не прави ништо за таквите. Жално, жално до кој степен спаѓаме, ми е срам да кажам од какви луѓе сме предводени и што се не очекува во иднина, утре други ден деца ќе треба да пуштиме на школо и нормално да ги израстиме, и на нив можи се ова да им се деси, наместо да земат да ја затворат таа групата, да ги пикнат в притвор тие скапаните или јавно да ги стават на плоштад, па да можиме да ги исплукаме сите ние и ние да им пресудиме, ништо не се направи како и по обичај, али се е под контрола. Браво, а утре думај се како да сјодиш дома од работа и врти се позади тебе и лево десно да не ти рипни некој од некаде, Очај, в казан да горат сите до еден кој што дркал и ќе дрка во сите такви групи!!!!!
Јас не гледам некој проблем овде !! Знаете вие дека една кумановка има отворено невладина организација за злоставување со лажење дека вујкои и татко и ја силувале а тоа не било вистина , родена мајка се откажала од неа заради нејзините лаги и клевети ,само заради да дрпа европски фондови ! Жал ми е за девојката со сликата ,нема ништо спорно во костум за капење е ,и јас сум за голотија ,но очигледно се работи за некоја одмазда од некој што ја познава штом имаше и нејзини лични податоци оставено , ми смета што го искорости ова да биде популарна , секаде ја има ,следбениците и се покачија до плафон како во задруга да била !! Вистински жртви постојат ...заплашувани се со такви слики и принудувани на насилен секс , проблемот е тоа што нема некоја организација или институција каде да се обратат без да ги разбере пола македонија , бидејки не секого го интересира публицитет , каде што ќе им се обезбеди законска заштита и психијатриска помош Жалосно е што имаме жени политичарки а ниту една не е феминитска и не ги интересира ваквиот проблем !
Дали сакаш да кажеш дека девојката не е вистинска жртва? И сама велиш дека некој што ја познава сака да и наштети давајќи и нејзини лични податоци. Значи не е само сликата споделена, туку споделени се и лични податоци и затоа не можеш да кажеш дека девојката не е вистинска жртва. Зарем вистинска жртва ќе биде само ако биде принудена на насилен секс? А тоа што секакви манијаци можат да и вртат на телефон преку цел ден и сè и сешто да и зборат и да ја вознемируваат, тоа ништо страшно нели? Беа споделувани и нечии лични адреси, кој ужас!! И за ова не треба да се молчи. Девојката имаше храброст и јавно зборуваше. Ако е убава и згодна не значи дека бара внимание кажувајќи го јавно тоа со кое се соочила и што го доживеала.
А што требало да направи, да се деактивира од мрежата? Да го затвори профилот Еве, стварно не знам кој е правилниот потег, за да нема вакви замерки
Да го пријави во институциите , и ние како општество да излезиме на протести да има построги казни , но и институција што ќе ги заштитува жртвите , на пример да се организира некоја фондација и институција каде што може секоја жена жртва да се обрати , на пример мене да ми се случи вакво нешто не сакам цела македонија да ме разбере !! Сакам самата држава да ме заштити и да ми помогне Не!
Ги ваѓаш работите од контекст , прочитај го повторно мојот пост ! Не реков дека ниту е убава ниту грда ниту било што такво нешто не спомнав , во сликата нема ништо спорно, ,единствено за публицитетот кажав!Не ја обвинив јас дека она е крива! Боже сачувај како ги испреврти работите! Навикнати сте да ги ваѓате работите од контекст само за вие да сте секогаш во право !