Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

На „Телеграм“ се шират интимни фотографии

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од black-angel, 26 јануари 2020.

  1. queen19

    queen19 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2015
    Пораки:
    580
    Допаѓања:
    1.830
    Пол:
    Женски
    Како може жена на жена волк?
    Што не зборел за телото на Ким Кардашиан еве? Или што не кажал таа и таа порно актерка се ебе добро, туку има потреба да се збори за некоја непозната личност со која можеби никогаш немал ништо дека била курва, се ебела и не знам што? Тоа е домашно невоспитување! Која е потребата да се збори за малолетници или еве Ана, ја видел на плажа во костим за капење значи на плажа смее да ја гледа и да не и се доближи, а во некои си соби да збори за истата таа Ана која ставила слика на инстаграм. Не знам еве нешто поразлично е ако ја видам Ана на плажа или на слика на инста?
    И како тоа јас имам ниски морални вредности ако ставам слика на инстаграм во бикини, а на плажа ме виделе 20 дечки, 100 деца и 50 чичковци? Тие истите можат да ме гледаат на плажа колку што сакаат ама на инстаграм не.
     
    На inna.22, WildMk, Мачкетина и 7 други им се допаѓа ова.
  2. mode-kristina

    mode-kristina Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2014
    Пораки:
    1.155
    Допаѓања:
    4.093
    Пол:
    Женски
    Библијата се чита, ама часот по предметот Информатика за бонтон на социјалните мрежи очигледно е преспан. Иако не е противзаконски за полнолетни лица, за жал, сепак не смее да се преземаат туѓи податоци како: слики, мобилен и што било друго, макар биле и на тацна дадени. Порано во моралните вредности спаѓаше и дека жената треба да му биде покорна на мажот. Би го прифатиле ли тоа? Не, нели? Тогаш не солете памет и не се правете безгрешни. Девојките што се нашле таму се ЖРТВИ! Ж Р Т В И! Било да биле сликани по бикини, било да биле цели покриени. Да, таму имало и покриени. Да повторам, секој на својот профил има право да се слика како што сака и никој, ама никој нема право да напаѓа некого за неговата фотографија, а уште помалку да му злоупотребува слики.
     
    Последна измена: 2 февруари 2021
    На spacegirl92, glosipgirl, Annath и 4 други им се допаѓа ова.
  3. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.346
    Допаѓања:
    182.278
    Ама Е против-законски- Злоупотреба на лични податоци, чл.149, Кривичен законик
    Пример
    Кривична пријава против 29-годишна охриѓанка поради злоупотреба на лични податоци...
    Според информациите, во периодот од октомври 2018 до 12.2.2019 пријавената на социјалните мрежи „Фејсбук“ и „Инстаграм“ креирала профили со лични податоци од С.Д. од Охрид, без претходна согласност од него, по што од тие профили комуницирала со негови пријатели и роднини.:^)

    ...здруженијата кои се занимаат со сексуално насилство велат дека групата всушност никогаш не ни згаснала. Се појавиле повеќе групи со исто или слично име и со иста цел, објавување фотографии од девојки и споделување нивни лични податоци. „Јавна соба“ е кривично дело кое до сега има повеќе од 100 жртви...
    ...„Целиот проблем со Јавна соба е токму непостапувањето на институциите. Јавна соба е кривично дело кое брои над 100 жртви. Кој било друг тип на кривично дело со над 100 жртви ќе беше фокус на целата држава. (…) На овој начин жртвите се обесхрабруваат да проговорат, да побараат правда во институциите, да имаат доверба во системот и на тој начин да го јакнеме системот од една страна. Од друга страна се мотивираат идни насилници и злосторници коишто гледаат дека неказнето многу лесно поминуваат овие кривични дела“
     
    Последна измена: 2 февруари 2021
    На WildMk, cresa-jagoda, Ева33 и 11 други им се допаѓа ова.
  4. mode-kristina

    mode-kristina Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2014
    Пораки:
    1.155
    Допаѓања:
    4.093
    Пол:
    Женски
    Во ред, моја грешка. Ако жртвите се полнолетни, им се вели дека не е противзаконски, т.е дека законот важел само за малолетниците. И дека полнолетните си се сами оодговорни за тоа. Затоа така напишав. Кај нас законите важат само на хартија, за жал.
     
    На Bezimenka90 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.346
    Допаѓања:
    182.278
    Еве ви уште нешто- страшно многу ме мрзи да го читам, колку е сувопарно, ама да не речете дека на Марс живеете и никој со вакви фамозни права не се занимавал.

    Анализа на пресуда
    ...тужителката претрпела нематеријална штета поради повреда на нејзините лични права, бидејќи била изложена на срам и непријатности не само во семејството, поблиската средина туку и во општеството воопшто, а кои резултирале и со нарушување на нејзината здравствена состојба...
    Законската рамка која е применета во конкретната ситуација ги опфаќа: член 8 став 1 од Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета-за клевета одговара тој што за друго лице со утврден или очевиден идентитет, со намера да наштети на неговата чест и углед, пред трето лице изнесува или пронесува невистинити факти што се штетни за неговата чест и углед, а знае или бил должен и може да знае дека се невистинити; и, во поширок контекст, член 25 од Уставот на РСМ[iv]- на секој граѓанин му се гарантира почитување и заштита на приватноста на неговиот личен и семеен живот, на достоинството и угледот; како и член 8 став 1 од Европската Конвенција за заштита на човековите права[v]-секој човек има право на почитување на неговиот приватен и семеен живот, домот и преписката
    .

    За жал, многу неписменост владее, ретко кој новинарски текст правилно посочува кој член за што се однесува.
    И треба да си ги знаете правата, оти како да ви кажам, нема таму некој Мушмул во МВР да ви ги каже:|
    • Чл.149- злоупотреба на лични податоци (на возрасни, малолетни, црни, бели, секакви- без исклучок)
    • За детска порнографија - член 193-а став 3 од Кривичниот законик
    https://www.facebook.com/permalink.php?id=379156826110&story_fbid=10159260180731111
     
    Последна измена: 2 февруари 2021
    На WildMk, 6th sense, winnie02 и 3 други им се допаѓа ова.
  6. couple9

    couple9 Активен член

    Се зачлени на:
    8 декември 2020
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    7
    Има ли уште некоја група? Како да се влезе, знае некој? Не ме напаѓајте одма сакам само да дознаам дали ме има некаде затоа што добивам некоректни повици.
     
    На Arjanit2021 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. ☆P!nselsp!tze☆

    ☆P!nselsp!tze☆ Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 декември 2020
    Пораки:
    249
    Допаѓања:
    814
    Пол:
    Женски
    Зарем и машки имаат објавувано во групата? Или прашуваш во име на бившата?
     
    На cresa-jagoda и mode-kristina им се допаѓа ова.
  8. monibejbi

    monibejbi Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2010
    Пораки:
    1.930
    Допаѓања:
    2.152
    Сум против дискредитација на жена , девојка и слично.
    Да Институциите треба да донесат закон иза Оваа проблематика,каде ако некој злоупотребува мои приватнислики без мое одобрение треба кривично да одговара,
    За секој после понатаку ке биде потешјо вака да прави.
    Но закон мора да има за вакви ситуации,
    Жената мора да биде заштитена од државата, и секоја може да си објавува какви дсака слики.
    Тоа е нејзино право.
    Но никој нема право да злоупотребува зада наштети.
     
    На mode-kristina му/ѝ се допаѓа ова.
  9. 6th sense

    6th sense Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 август 2020
    Пораки:
    121
    Допаѓања:
    370
    Пол:
    Женски
    Да се надоврзам... Според Кривичниот законик како кривично дело против личните права е неовластено снимање во член 152. Според овој член тој што неовластено ќе направи фотогорафски, филмски или видео снимки на друго лице или на неговите лични простории без негова согласност, повредувајќи ја неговата приватност или тој што таквите снимки непосредно ги пренесува на трето лице или му ги покажува или на друг начин му овозможува со нив да се запознае, ќе се казни со парична казна или со затвор до една година.

    Како отежителна околност, е доколку неовластеното снимање го стори службено лице, во тој случај се предвидени казни затвор од три месеци до три години.

    За неовластеното прислушкување и тонско снимање предвидена е парична казна или затвор до една година, а доколку неовластеното прислушкување и тонско снимање го извршило службено лице тогаш е предвидена казна затвор од 3 месеци до 3 години.

    Заштитата на овој облик на дело е пред се за заштита на приватниот живот, и спречување таквите снмки да бидат злоупотребувани од сторителот за различни цели, како што се уцена, нарушување на углед, изнуда и слично.
     
    На Che Guevara, WildMk и Biljarkata им се допаѓа ова.
  10. spacegirl92

    spacegirl92 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2016
    Пораки:
    551
    Допаѓања:
    2.949
    Пол:
    Женски
    Се случи тоа од што најмногу се плашев. Цел град кај мене дозна и не само тоа туку и во српската група споделувале. Не можам веќе луѓе, има ли крај на ова лудило веќе.. Не смеам ни од дома да излезам веќе
     
  11. mode-kristina

    mode-kristina Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2014
    Пораки:
    1.155
    Допаѓања:
    4.093
    Пол:
    Женски
    Миличка, те гушкам, со тебе сум. Знам дека ти е тешко и има причина да ти е, злоупотребувале твои лични работи. Ти не си виновна за ова што ти се случило. Единствени виновници се мажјаците што те споделувале. Само едно ќе ти кажам, а тоа е да се бориш за твојата правда и да одиш исправено. Не вреди да одиш со наведната глава заради некои што не вредат ни колку изметот во ВЦ-школката. Бори се до крај. Гушки до тебе :hug::hug::hug:
     
    На Milobebence, staycalm, buba4e89 и 14 други им се допаѓа ова.
  12. Purplelilac

    Purplelilac Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 септември 2016
    Пораки:
    2.417
    Допаѓања:
    34.776
    Пол:
    Женски
    Токму сега не треба да се криеш.
    Ќе си излегуваш кога и да посакаш, каде и да посакаш.
    Само вака ќе покажеш дека некој друг треба да се срами од своите постапки, а не ти.
    Исправено и со крената глава, без да се размислуваш кој како те погледнал или што си мислел.

    Доколку имаш потреба, може и да поразговараш со стручно лице.
    Исто така сите кои ќе се осмелат било каков лош збор да ти кажат во врска со ова, ќе си ги тргнеш од животот зошто такви пријатели/роднини не ти се ни потребни. Знам дека е тешко, но обиди се да не минуваш многу време во размислување за ова. Исполни си го секојдневието со нешта кои те охрабруваат, ти даваат самодоверба, ти предизвикуваат оптимизам.

    За поддршка тука сме, кога и да треба пиши. :hug:
     
    На Milobebence, staycalm, Glowy и 20 други им се допаѓа ова.
  13. ☆P!nselsp!tze☆

    ☆P!nselsp!tze☆ Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 декември 2020
    Пораки:
    249
    Допаѓања:
    814
    Пол:
    Женски
    Има ли некоја група за жртвите од јавна соба? На пример затворена фб група во која треба да одговориш на неколку прашања ако сакаш да бидеш член. На пример: прво прашање: Дали сте жртва на јавна соба? Второ: Дали сакате да станете член на групата затоа што ви е потребна помош? Трето: Дали нема да ја злоупотребите групата?
    Целта би било жртвите меѓу себе да си помогнат без да ги осудува некој.
    Еве некоја жртва или некоја што не е или се уште не е жртва нека отвори таква група на фб или не знам уште каде може да се отвори ама мора да не е јавна! Ако е на фемина пак ќе се најде некој идиот, кретен, а очигледно и идиотка, кретенка.

    Уште да почнат и од темава на сите што сме пишале да не пронајдат и да не стават во некоја соба.

    Јас за почеток би деинсталирала фб и инста, број и онака не ми знае и би продолжила напред. Секој што ќе ми се најде како пречка на патот без разлика дали е брат сестра роднина пријател ќе е избришан засекогаш.
    Којзнае дали ме има и мене, број никој не ми знае и на фб и инста нема ништо необично. Ама се е можно. Групата јавна е може секој да види или мора да се зачлени?
     
    На Milobebence, noteforself, Biljarkata и 3 други им се допаѓа ова.
  14. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.346
    Допаѓања:
    182.278
    Парпл, пиши и лп, помлада си, поблиску со искуствата...
    Не знам, баш треба група за поддршка, многу работи се погрешни во тоа општество...:(
     
    На Purplelilac му/ѝ се допаѓа ова.
  15. OmniaVanitas

    OmniaVanitas Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2012
    Пораки:
    1.456
    Допаѓања:
    1.478
    Текстот претходно објавен од „независен“ ниту е пишан од соодветна стручна личност ниту пак од некој кој се разбира на темата. Векви теми кои носат огромна тежина не смеат да бидат обработувани од лаици, кои не ја познаваат проблематиката. Мислење е едно, ама очигледно сака да го прикаже како многу повеќе.
    Многу е важно тоа колку е стручна да пишува вакви колумни. Кога се пишува на вакви теми, во странски медимуи после името стои и професијата за да може читателот да процени колку сериозно да го земе напишаното. Со ова не прави никому добро, само повеќе штети.
    Според тој текст, дури и да не си, си шовинист. Прави проблем и таму каде што го нема.
    Затоа одбрав да не го прочитам. Видов само некои извадоци на кои аплаудираат квази феминистки.
     
  16. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.346
    Допаѓања:
    182.278
    Румена е писател и како таква е потпишана. Што професија треба да имаш, за да смееш да пишеш мислење?
     
    На Purplelilac, kravce, Bezimenka90 и 2 други им се допаѓа ова.
  17. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.094
    Пол:
    Женски
    Не, според тој текст си шовинист ако си шовинист, е сега ако си мислел за себе дека не си шовинист и си се сметал себе си за најс гај, ама си се пронашол во 99 посто од текстот, не ти е крив текстот.
     
    На Annath, Purplelilac, kravce и 2 други им се допаѓа ова.
  18. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.913
    Допаѓања:
    171.761
    Пол:
    Женски
    Текстот нејзин, е муабетот од пред некој ден со релативизирање. Се одбива да се вели „не сите мажи“ не дека сите мажи се силувачи и насилници. Побогу, не. Туку да не се трга фокусот од она шо е важно во моментот. Дека најголем % од најсилствата извршени врз жени - се од мажи. Дека жртвите на јавна соба се жени. И со то шо некој сака да се оправда дека тој не е таков, или дека сите мажи не се такви - го тргате фокусот од то шо е важно во моментов. Од таму, текстот на место е. Само изгледа чепна на места каде шо луѓето се кревки. Или можи само не разбират шо е парола. Исто како она со „едуцирај го син ти“ муабетот. Треба чувства да предизвика, да насочи кон акција. Не да се релативизира и разводнува. Во моментов то не е релевантно. Нешто како со ''black lives matter'' vs ''all lives matter''. Дали другите шо не беа црни беа помалку важни? Не. Напротив. Едноставно во тој момент фокусот требаше да биди на жртвите. И се истакнува тоа. Се преточува во чувство. Така и тука. То е се. Зато и текстот е напишан како шо е напишан.
     
    На sweet-cherry, LadyD, Annath и 12 други им се допаѓа ова.
  19. OmniaVanitas

    OmniaVanitas Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2012
    Пораки:
    1.456
    Допаѓања:
    1.478
    spacegirl92 ќе почнам со најголемото клише - секое чудо за 3 дена. Со оглед на тоа колку брзо се менуваат темите, ќе помине и ова. Purplelilac ти има пишано најубаво, ова ќе ти пречи онолку колку што ќе дозволиш да ти пречи. Не знам како е да се биде сега ти, само претпоставувам дека е многу тешко. Имаш поддршка за било што.

    Biljarkata веќе пишав, писател на белетристика не е исто со психијатар или стручно лице кое цел живот обработува ваква тема.
     
    На Milobebence му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.094
    Пол:
    Женски
    Психијатар треба да си за да препознаваш шовинисти? :rofl:
     
    На WildMk, Biljarkata и theowndemon им се допаѓа ова.