Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

На „Телеграм“ се шират интимни фотографии

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од black-angel, 26 јануари 2020.

  1. OmniaVanitas

    OmniaVanitas Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2012
    Пораки:
    1.456
    Допаѓања:
    1.478
    Ако може да не ми вадите од контекст претходно напишана целина. Пишав што имав. Не планирам да ги повторувам истите работи.
     
  2. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.094
    Пол:
    Женски
    Не ти вадиме од контекст претходно напишана целина.
    Кога ќе ти кажат повеќе луѓе дека целината не ти е на место, не може никој да не ти ја разбрал твојата целина и сите да ти вадат од контекст.
    Може до целината е, односно си се пронајде во текстот па ти треба време да го прифатиш фактот дека можеби си шовинист, а деновиве сите околу тебе се против шовинисти?
    Ајде, првата фаза е негирање, после доаѓа прифаќањето па дај боже и менување на крај.
    А за повторување, се согласувам, не ги повторувај.
     
  3. OmniaVanitas

    OmniaVanitas Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2012
    Пораки:
    1.456
    Допаѓања:
    1.478
    Чекај малку, кој тоа сите? Ти ми реплицираше и уште една членка која ме праша нешто друго.
    Вкупно: еден. Значи ли ова дека твоето мислење е најдобро? Немам право да мислам дека толку сериозни теми не треба да бидат предмет на вакво задлабочување од лаици?
    Каде виде дека се препознав? Од кога тоа се најдов пред психијатар па го прочитав мислењето за мене од ЧНМ?

    Темата се полни со непотребни офтопици. Страни наназад имам мислење за оваа тема. Можев и јас да го испратам до весник ама замисли, јас сум лаик и го пишав на форум, за разлика од дотичната која како преведувачка се нашла повикана да напише цела колумна.

    П.С. Дури откако имаше многу реакции, медиумот конечно под текстот, во заграда и со мали букви појаснил дека се работи за писателка.
     
  4. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.346
    Допаѓања:
    182.278
    За тие што не читале книги, па не знаат дека Румена е писателка:D
    И јас да бев истакнат член на општеството, ќе пишев колумна, и ќе ме објавеа. И истакната виолинистка да беше и оперска пеачка, ќе имаше право да пишува што е шовинизам и ќе ја објавеа. Камо среќа повеќе истакнати жени да беа гласни, сите би ги објавила.
     
    На LovelyGirl3, cresa-jagoda, Annath и 5 други им се допаѓа ова.
  5. OmniaVanitas

    OmniaVanitas Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2012
    Пораки:
    1.456
    Допаѓања:
    1.478
    Тотално промашувате која ми е поентата. Ова не е музика, ова не се ноти и песни, ова е толку тешка и сериозна тема која не смее да биде обработувана од лаици. Да дадат мислење? Секако. Да биде објавувано како стручно мислење - не смее.
    Навистина не сфаќам како не можете да се согледа како е ова проблем.

    Ова со читањето книги беше као обид за шејмање? :lol:
    Мора да биде наведено што е по професија, мора малку да си ги дигнете стандардите за тоа како треба да изгледа професиопнално новинарство.
     
  6. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.346
    Допаѓања:
    182.278
    Абе какво стручно мислење, која професионална квалификација треба да ја имаш за да зборуваш за шовинизам?
    И стручно мислење се објавува во стручно списание, не во дневен весник;). На пример во international journal of phyloshopy.
     
    На sweet-cherry, winnie02, WildMk и 4 други им се допаѓа ова.
  7. OmniaVanitas

    OmniaVanitas Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2012
    Пораки:
    1.456
    Допаѓања:
    1.478
    Стручно мислење се објавува секаде, не само во специјализирани списанија, не знам од каде таква информација.

    Уште еднаш:
    И дури после реакциите, ова беше додадено
    што е веќе прифатливо, а и самите треба да се борите за ова. Не може само кога ви одговара нешто, да преминувате преку недозволиви работи зошто пред вакви текстови:
    Без разлика дали сакале или не или ќе коментирате со хехенца у стил на „па ако не си читал книги нема да знаеш“.

    Немам како подобро да го соџвакам без да го извадите од контекст. Кој сфати, сфати.
    П.С. Како за преведувачка и писателка, доста правописни грешки има направено.


    Ако веќе сакате да линчувате некој, ете, линчувајте ја Jelena Veljača која го осудува тој пристап на анализирање на работите. Личност која е лаик ама со огромно познавање на темата, без да има потреба да ги обвинува тие кои не треба, ниту има потреба да се претставува како професионалец туку потенцира дека не е тоа.

    Патем, за сите (особено мажи) кои ја посетуваат оваа тема, нека го погледаат ова видео барем од 36-тата минута до 48 минута. 12 минути. Објаснува многу работи кои можеби не се јасни, обаснува зошто постари женски личности не препознаваат некои акти како насилство. Објаснува зошто не треба да ги обвинуваме туку да ги сфатиме и обидеме да им објасниме, што пак е од особено значење за поставување на темелите за идните генерации.
     
  8. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.267
    Зошто да не излезеш од дома?
    Ти е страв да не те нападне некој?
    Излези со друштво... родители, сиблингс, роднини, пријатели.

    И главата горе!
    Не си направила ништо погрешно.
    Си имала секс.
    Сите имаме секс.

    :hug:

    Тие треба да се срамат.
    Не ти!
     
    На buba4e89, crimson, mode-kristina и 8 други им се допаѓа ова.
  9. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.973
    Секако дека е многу важно која е жената што се осмелила да напише кој све тоа е шовинист. За жените се пишувани и ќе бидат пишувани милиони работи, вклучително и за нивниот “неморал“, ама за тие писатели, колумнисти, новинари штодасе, не мора да знаеме ништо. Ако жена се осмели вакво нешто да напише, мора, значи мора да има 10 дипломи за завршено образование од областа за која пишува. Поинаку, неприфатливо. Па кога ќе ја дознаеме, ќе почнеме и да ја напаѓаме на лична основа. Ако е не толку привлечна за око, не била никогаш е*ена, за тоа зборува така за мажите. Па можеби е и лезбејка, ги мрази мажите. Или којзнае кој и раскинал, ја заебал па сега лечи фрустрации. И слично... :)

    @OmniaVanitas Румена е писателка и професорка, феминист и активист. Основач е и креатор на Пич Прич, настан кој можеби веќе 10години се организира во земјава и на кој жени и трансродови лица зборуваат за разни “женски“ работи кои општеството некако не потиснало да не ги зборуваме гласно, оти биле ’срамотни“. Настан кој има огромна посетеност патем, со полни сали.
    Ај сега кажи кој дел од текстот точно те погоди
     
    На Mishela, LovelyGirl3, sweet-cherry и 14 други им се допаѓа ова.
  10. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.267
    И на 40ка кога реков дека сите во фамилија имаме некој сексист.
    И јас имам.
     
    На crimson, mode-kristina, Annath и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.346
    Допаѓања:
    182.278
    Сакам да знам, кој факултет треба да завршам за да бидам стручна за шовинизам8-|
    И магистерски ќе завршам за да бидам релевантна8)
     
    На mode-kristina, Annath, noteforself и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.267
    Не можам да си поверувам што прочитав!!
    Се тресам цела!!

    01.jpg
    02.jpg
    03.jpg
    04.jpg
    05.jpg
    06.jpg

    После ова, го сменал името на профилот и напишал пост, дека некој му го хакирал профилот.
    Абе идиот е или каков е?
    За 1 минута ќе видат од каде и кога се испратени постовите!!

    07.jpg
     
    На buba4e89, winnie02, Just.do.it и 4 други им се допаѓа ова.
  13. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.973
    Растени во патријархално општество, како што и Омниа погоре пишува од видеото, кое искрено не го гледав, повеќето не можат да препознаат акт на родово базирано насилство. Знаеш, boys will be boys. А ние останатите ќе треба да се прилагодиме на нив. И кога ќе сторат нешто, дома нивните мајки се првите тие кои ќе речат, сине не се секирај, знам дека таа била ваква и онаква, не си ти крив. Факт е, дека тоа се случува.

    Ќе бидам искрена, не го гледав видеото на Ана. И сите мои мислења на темава немаат никаква поврзаност со нејзината исповед. Не сум симпатизер на “инфлуенсери“, всушност и одбивни ми се, мислам дека не е фер луѓе со напор и труд да не можат да заработат ни малку од она што некој го заработува снимајќи видеа на социјални мрежи. Доста често тоа го прават и мајки со своите мали деца. Јутјуб каналите направија милионери од никој и ништо. Можеби треба да имаш и некој шарм за да успееш во тоа, ама лично не е нешто што ми се допаѓа. Сепак, секое зборување на темава за инфлуенсери, слики на социјални мрежи, начини на кои заработуваат, ми е само дефокусирање од проблемот. Тие се гласни, тие кажаа, не потсетија дека групава уште постои. Ама тие се жртви, и не се единствените жртви.
    Доста често во последно време е актуелно она, за слава кажала. Се случуваше и со познати светски личности. Еве не знам, која жена на долг рок имала посебна придобивка од тоа што била жртва на некаква злоупотреба? Особено во мало место како нашава земја. Сите знаеме како сме обележани, и го носиме тоа цел живот. Имам пишувано и претходно на темава. Ќе се омажи и деца ќе роди, а тие пак кога ќе се спомне ќе речат “да бе таа што беше во групата, и ги виде ли ти сликите?“
    А ние уште ќе расправаме овде, дали била сама крива и дали си го барала. Затоа што системот во кој сме растени ни вели, така било отсекогаш и така треба да биде. Се изначитав исповеди на медуза, и читајќи си велам, ова да го читаат некои од девојките од фемина што “што се сликала полугола“ коментираа, ќе си речат, и мене ми се има случено, не е тоа ништо, нема кој не поминал низ такво. И за жал, нема да го идентификуваат како насилство.
    Натрупани ми се мисливе, со прекин пишувам веќе и заборавив што сакав да кажам. За крај, а зошто тоа жените се сликаат полуголи? Дали утре на насловна на весниците ќе излезе вест дека имале протест жените против насилство? Не. Дали утре на насловна на весниците ќе излезе вест дека имале протест жените против насилство, ако некоја крене маица и си ги покаже градите?

    @WildMk тагни го Мвр, Оливер Спасовски и фирмава во која што работи под неговиот коментар каде пишува дека силувал
     
    На Mishela, ALISA0000, Ambitious и 8 други им се допаѓа ова.
  14. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.267
    Веќе се тагнати.
    Од вчера се вртеле на Твитер принт-скриновите, сега дури ги видов на ФБ во пост.
    Не ги направив јас.

    Со маж ми пред малку разговаравме...
    Читал некаде деновиве, девојка пријавила дека била силувана од нејзиниот вереник и имало коментар од возрасна жена:
    'Па маж ќе и' биде'
    И си мислам:
    “Како таа возрасна жена го доживува светот?“
    “Може и сама била жртва на насилство, а не ни знаела да го идентификува како такво?“

    Жалосно е што е до толку нормализирано наислството во нашево општество.
     
    На Mishela, buba4e89, sparklie и 12 други им се допаѓа ова.
  15. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.845
    Допаѓања:
    39.609
    Ги има или избришано или бара да ги избришат веќе каде што се скриншотс.
    Па и се правда на една девојка: татко му умрел пред неколку дена, полуден бил, а пред тоа и се заканува во болница ќе ја прати...
    Па нема докази и слично.
    Се е зачувано , но без изјави на жртвата негова ниеден обвинител не би почнувал судски процес, ниту пак мвр би процесуирал.
    Е сега....да објавеше на фб дека ке линчува некој политичар, одма ќе му беше полиција на врат.
    Колку се само приоритети изместени, страшно..
     
    На Осе, Miss666, Ambrosia и 8 други им се допаѓа ова.
  16. Bezimenka90

    Bezimenka90 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.839
    Допаѓања:
    17.698
    Пол:
    Женски
    Како што тргнале работиве кај нас, фали уште дома да почнат да влегуваат да не силуваат. И пак ќе се најдат жени да кажат дека сигурно сами сме си го барале, сме провоцирале. Можда глуждот ми го видел и се напалил.

    Ако некој тестира нуклеарки, дај од овде нека почне. (wtf)
     
    На inna.22, Осе, dayla и 13 други им се допаѓа ова.
  17. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.267
    Секаде во 'напредниот' свет е така.
    Жртвата мора да се согласи да пријави, не смее да ја присилува никој, зошто додатно ќе ја трауматизира.

    Ама мене ми се допаѓа и пристапов на таа што ги направила принт скриновите.
    Од сега и јас вака ќе правам.
    Со име-со презиме ќе објавувам јавни постови и коментари во кои има кршење на закон, или индикација за прекршен закон.
     
    На mode-kristina, cresa-jagoda, Summerbaby и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.845
    Допаѓања:
    39.609
    Не станува збор за присилување. Никој во функционален систем не би присилувал, но јасна е тежината на зборот на една или повеќе жртви. Верувам имаат методи низ светот, па и заштитени сведоци и слично, што сепак нема смисла многу кај силување.
    Дури и да проговори жртвата ако нема материјален доказ земен одма после чинот, на суд е нејзиниот збор против неговиот.
    А за силувачите од калибарот на Вајнстин , сепак силата беше во бројките на жени кои исто зборуваа плус снимки и други сведоштва. Тој секако е помоќен и со повеќе пари од идиотов и начини да замолчи жртва.
    Насекаде има девојки кои молчат што им се случило. Можеби еден ден свесноста ќе е на повисоко ниво во смисол системот да ги упати како да се борат а после и да ги заштити,и покрај презумпција за невиност за силувачот.
     
    На inna.22, mode-kristina, cresa-jagoda и 2 други им се допаѓа ова.
  19. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.267
  20. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.267
    Ама сепак, одлуката е на жртвата, на никој друг.

    И воедно, треба да ги охрабруваме што повеќе да пријавуваат, со тоа што ќе ги поддржуваме, нема да ги осудуваме, ќе им пружаме морална поддршка, а државата ќе им обезбеди правна, социјална, психолошка поддршка итн.. итн...

    Ако не сите, мнозинството од оштеството треба да биде вклучено во носењето промени, дали на еден, или на друг начин.
     
    На deskarada, LadyD, mode-kristina и 4 други им се допаѓа ова.