Toчно така. Да ти кажам размислував за уште една радикална варијанта, што веќе наназад некое девојче форумџиче ја спомена, а тоа е риверзивна психологија. Враќање по идентична аналогија на ударот преку креирање група, постирање фотографии од голи момци и исмевање на формата на нивните тела и пениси. Потполна, нај соголена објектификација од типот ,,еј види, на овој пенисот му личи на круша/печурка" и коментари од типот ,,ау сестро колку е овој ружен/мрсен/ковчест, ја никад не би го ебела". Или да им ги зумираме тие четири стрии во близина на колкот и да се исмеваме. Штета што жените се учени на понизност култура и почит кон ,,посилниот" пол, инаку ова ќе беше еден квалитетен поучен удар. Обвинете ме слободно, но во вакви незрели општества само ова суштински би помогнало. Учење лекции силум.
Против кого ке протестираме Вајлд? Кај кого е грешката? Прво се виновни родителите. Децата се препуштени сами на себе,не се разговара со нив,не се воспитуваат,секој на своја страна, странци,никаква подршка во развој на самопочитување,самодоверба,ништо.Само формални родители кои даваат пари за во град.И за машки и за женски деца. Нема комуникација,нема контрола ни колку време поминуваат на социјани мрежи од деца,а не па да седне родител да збори на керка дека не е во ред и е непочитување на нејзиниот физички интегритет да праќа експлицитни слики или на машко да ги злоупотребува. Второ,наплив на секакви социјални мрежи и нивното влијание. Без контрола. Децава знаат да зборат само виртуелен јазик. И сега ние против држава ке протестираме. Многу фактори го креирале ова. Државата ке исчисти една уште 100 ке се појават кога проблемот е многу подлабок.
Кога ќе си направиш акаунт на Телеграм, на сите што го имаат твојот број, а воедно ја имаат апликацијата, им стига нотификација дека си се зачленил. Исто ко на Вибер. Бар вака беше до пред некој месец кога јас ја имав. Сега знам дека отпосле може да смениш број и други информации за тебе, но не е дека нема начин да те дознаат кој си.
Ама ИП нели се динамични ? Може да седнам во кафич да се приклучам на телеграм со пасс на кафичот, па после во Сити Мол (на пример) на нивниот пасс и се така... Плус тоа разбрав дека самиот Телеграм штител податоци за членовите со тоа што малтене секој ден се менувале ИП адресите (наводно Даблин, Москва...фигурирале разни).
Точно! Проблемот е во колективниот мајндсет кој го "наследивме" и некои се' уште "од колено на колено" го предаваат на идните генерации дека само жените можат да бидат предмет на исмејавање и понижување. Као кул е мажите ако праќаат нудс, а кај жените тоа не е морално? Јас лично не ги сакам социјалните мрежи и гледам да ги користам минимално, не сум за праќање на голи фотогорафии коа 2д не може да биде исто со реален живот, едноставно не ми се допаѓа тој начин, но тоа не значи дека ќе осудам некој ако веќе решил тоа да го прави. За малолетните не би го оправдала тоа затоа што сепак се деца и не ги сфаќаат последиците. ** Но сум голем противник за оваа стигма врз жените. Мажите ако се у брак и имаат швалерки е кул, жената ќе прости, ако е обратно е курва. Аман више до кога? Не верувам дека девојките пратиле таква фотографија ако дечкото им нема пратено претходно. Као нивните полови органи се совршени, а на девојките може да се предмет на исмејување? Кога ќе се воспитуваат девојките да се ценат себеси нека се додаде и тоа дека мажите не се оние кои "ја водат играта". Мажите одма се бранат себеси, а жените одма ќе почнат да се препукаваат која е "поголема курва". Сите се фаќаат зошто девојките пуштале голи слики, а никоја не рече ќе разговарам со синот на таа тема што е у реду што не. "Пушти го машко е ти си попаметна" принцип уште тера? Девојките ќе бидат криви коа ќе го прават истово како овие одрони што се' уште не еволуирале! Психологијата во многу наврати го докажа фактот дека однесувањето на мажите е олицетворение на воспитување и односот од страната на мајката! Затоа жени доста со тие муабети остај го машко е и оправдување по секоја цена! Има исклучоци секако.
за ова да не заврше вака неказнет мора да се створе притисок од јавноста до мвр а притисокот ке се постигне само ако се испадне надвор
Неизживеани копилиња, гнаси со супериорен комплекс. И вие што ги обвинувате девојчињата да си ставите прст на чело малку. Сликите се праќани во ДОВЕРБА, без дозвола да бидат препраќани наоколу. Ако јас му пратам интимна слика на дм од мене значи "си го барам"?! Овие јакиве "мужишта" за да се одмаздат на некоја ги препраќаат во група за сите да ги гледаат, манијаци да се самозадоволуваат на нив и да им ѕвонат на телефон. Уште колку жените ќе бидат понижувани во ова патријархално општество? И тоа не само од мажи, туку пострашно и од други жени. Арно некој погоре рече, жена на жената ѝ е волк. Чисто за споредба да ви кажам еден случај од порано во нашава околина. Откако една девојка се скара со дечко ѝ, тој објави видео во кое има секс со неа. Добро се гледаат и двајцата разголени. Ама претпоставувате кој си го доби од тоа. Девојката беше нарекувана "к*рва", "ороспија", "лесна", "се е*и со кој ќе стигни". А дечкото не ни беше спомнат, иако и него му се гледаше на видеото половиот орган! Е тоа е нашиот прост, сексистички менталитет во патријархалново општество. Мажите си бараат оти се мажи, жените даваат оти се к*рви. Се надевам сите гнаси од таа група ќе си добијат казна. И сите да ги знаат, во животот женска да не допрат повеќе.
Треба. Имам многу курој кои не сакав да ги видам ама ми се нашле во сандаче. Не само шо споделуват туѓи интимни слики, и нивните курој ги пуштаат на сегде без да им ги побараме.
И мене така ми пратија dick pic што нејќев да видам и пратив на цела негова фамилија на мајка му на татко му на вујко му па нека се чуди копилето за нив само така треба.
Коментарите "ај да се собериме и да праќаме dick pics" ич не ви се на место. Ниту коментарите за ќотек и убивања дури прочитав, страшно. Не се решаваат проблеми вакви со правење понасилник од насилникот. Убаво рече Вајлд, спонтани граѓански движења, нула а за лаење по форуми најгласни. Ко ќе прочитам за какви работи протестираат луѓе во свет, очите ми се отвораат колку сме заспани.
Џабе се и да ги објавиме сите курови од тие 7400 души, нема да се реши проблемот така. Проблемот е менталниот склоп кој ги катапултира сите девојчиња жртви на порнографски булинг. Чекајте прво да се искорени victim blaming и да се тргне стигмата дека девојчињата си се сами криви и дека немале мозок. И да се објават машки полови органи, глорифицирање им следи, ебачишта се тоа не заборавајте. Нема да ме чуди и одма да им рипнат во одбрана. Решение е да се објават со име и презиме администраторите, казна колку што им следува по закон и ставање во јавно достапна база да ги гледа цел свет. Шејмингот што се прави кон девојчињата да се пренасочи кон секој злосторник и да се инсистира на што поголема едукација на младината. Јас имам уште една идеја а тоа е да се направи јавна петиција на некоја платформа, организирана од некоја од невладиниве или пак ние како најголем женски форум да ја почнеме со една цел: одговорните да одговараат. Ќе те тагнам тебе @RainBow и ќе те замолам да разговараш со админите и да видиме што може ние од тука да помогнеме.
Никако! Исто ќе бидете одговорни како и нив. Се решава ова, има правни инстанци. Државата има обврска да санкционира криминал, а не виџеланте правда да тера народот.
Тогаш, треба и да ги учиме да не одат премногу разголени зашто може да предизвикаат некој да ги силува, треба да ги учиме да бидат понизни и послушни, за некој да не ги натепа, треба да ги учиме жените ако мажот ги тепа дома да му бидат секогаш покорни за да не го провоцираат да ги тепа. Тоа е проблемот кога се учат жртвите да се заштитат, наместо да се спроведат казните за насилниците. Се враќаме само назад, ништо друго не правиме. И да се направи група во која мажите ќе се деградираат, пак тоа некако ќе биде искористено против жените, ете ги тие кутрите не виделе к*р, па сега се собрале грдите да зборат против мажите. Знаете дека така ќе биде. Пренесено е, ама што ќе се направи со петиција? Ништо нема да се постигне во ваква држава зашто е лесно да се распушти такво нешто. Ако навистина се сака нешто да се направи тогаш треба да се излезе. Како што вели @WildMk . И мене само тоа ми изгледа како опција. Или, можеби и тоа не би помогнало, во земјава ништо чудно.