Ај еден поздрав до твитерџиите тука, бидејќи многу сакаат да читаат на фемина потајно, за јавно да не хејтаат Дојдете де, не сме мажомразачи, а и нема да ве поткажеме дека сте на фемина, анонимно ќе биде Ако сте се пронашле во некоја од спомнатите категории, знајте, сами сте се ставиле таму, никој не ве посочил Дојдете, образложете ни кој ќе ни го менува уљето во кола, дали е само провокација, или самите само толкава улога си давате себеси во машко-женските односи?
Пратиш и Твитер ле? И јас имам акаунт, ама не сум го користела со години... а и тогаш, заради протести го направив
Многу се напнав искрено периодов. И со Србија случаевите, и кај нас со Прилеп случајот, со јавна соба, со сите исповеди на медуза, за крај тазе еве и Еван Рејчел Вуд излезе конечно за Мерлин Менсон. Емотивно се исцрпив, ужасната сум, зошто цело време се чувствувам како да сум во некоја стега, затоа што зборуваш зборуваш зборуваш и пак како за џабе да зборуваш. Ти зборуваш за едно, тие се запнале јас јас јас. Како пиштол да им вперивме и да им викаме признај! А си зборуваме за жртви, за страдањата од тоа да бидеш жена. Они пак ама јас, јас... Еве ќе земеме медали да им доделиме зошто не биле злоставувачи на жени, затоа што во моментов тоа е најбитното на свет. Да ги изолираме тие мажи што не се злоставувачи прво, па после ќе зборуваме што да правиме со жениве што се злоставувани. Зборуваме како е да бидеш жена, со што се соочуваш, тие пак јас. Како да е само насочено кон мажи. Барем јас бев крајно револтирана од жени. Како викаат, не очекувај да те разбере некој што не газел во твоите чевли, или што не носел штикли
Смеешш .. и многу тешко ќе ти биде првите денови.. ќе плачеш ќе гледаш луѓе како ти вртат грб,како некој зборува одрстрана (луѓе кои лечат комплакси). Ќе бидеш бесна,ќе се срамиш,на моменти ке полудуваш. Ама ќе ојакнеш.Ќе сфатиш кои луѓе се вистински со тебе и во добро и во зло. И за неполн месец ќе излезеш од тоа многу посилна,ќе знаеш на кого да му веруваш, ќе се заврти тркалото со некоја работа ќе те облеее среќа. Секое лошо за добро ее, што и да е ќе помине. Како што кажав и претходниот пат што и да ти е потребно можеш слободно да напишеш ќе те сослушаме и ќе те охрабриме. Можеш и во ЛП. Овде сме со тебе. ТИ НЕ СИ ВИНОВНА <--- запомни го !
Те разбирам потполно... ако ти е за утеха. Не можам да се запрам да се шокирам. Иако 'знам' каква е ситуацијата, и кој е очекуваниот отпор, и кои се вообичаените обиди за релативизирање, и пак и пак се вчудоневидувам секој пат кога ќе се соочам со некоја небулоза. На моменти се осеќам скроз беспомошно... Од друга страна пак, сеуште имам надеж дека може да се подобри ситуацијата. Може не веднаш, може не драматично, ама мора да изодиме барем чекор напред. ... си велам... Ми е жал за младите, ним барем да ги едуцираме.
Готово мина и ова нема веке вести за овоа ке се забра за 2 месеци и пак ке се отвори група, како кога беше лани кога ја тепаа девојката оние дивјаците пак се на слобода ги пуштија, овде само во Македонија станува сензација за народо да има што да си праве маабет, во меѓувреме го наоѓаат полицаецот кој вршел семејно насилство и убил дете, банана држава.
Не е ништо поминато за жал. Постои српска група во која се споделуваат девојки од кај нас, зашто манијаците се префрлија во таа група, која брои повеќе од 20.000 членови, ако не и повеќе. А мислам дека се паралелно и на други мрежи, особено на dark web.
И што постигнуваат со тие слики, глупаци, вверувам дека се или 50 годишни или 14 годишни, омаложивање на женскиот род ништо друго. Досадно и е на децата дома изгледа што имат онлајн настана..
+1 Секогаш на овие теми се напнував сега сакам само да избегам и да не читам, да не знам ама знам дека не е добра опција то. Па уште увреџени ради парола. Преку веќе.
Те гушкам, за муабет сме сите овде, издржи девојко, не се срами. Глава горе. Да не ти е гајле што зборуваат за тебе, луѓето и без тоа ќе зборуваат, ако не за тебе тогаш за други ке зборуваат. Тоа што го прават, не кажува за тебе каква личност си, туку за нив. Барај помош од психолог, и запомни, не си сама.
Биди силна, сите сме тука за тебе. Ти не си виновна за тоа што се случило, виновни се оние кои споделувале слики од тебе.
kravce ако и после претходниот одговор требаше повторно да ме прашаш „кој дел ме погоди“...огромно разочарување. Не смее да се прави муабет на теми освен ако не си истомисленик, не смее да се протестира за некои работи освен ако не си согласен, зошто пак ако не си согласен, ќе те погодува текстот, ако те погодува текстот по автоматизам си шовинист...... Навистина дојдовме до вакво нешто? Мене не треба да ми кажуваш што е, тоа треба да го пишува. Џабе е што јас знам дека Ландолфи е мајстор, ако обичниот читател нема поим, а впрочем, текстот не беше наменет за мене или тебе, туку за читателот кој има право да знае дали чита анализа на таква тема од стручно лице или од лаик. Па тука имаш вадење „а што треба јас да имам за да пишувам против шовинизам“, па не знам што со тотално промашување на поентата. Од мислење до психоанализа има разлика. Ама не мора да се бориме за исправно, тоа никако. Смее само да се каже она со кое сите би се согласувале. Дури и ќе се преминува преку недозволиви работи само затоа што оди во прилот. Тоа што прави поголема штета зошто сите оние кон кои беше наменето го извадија од контекст токму затоа што немаат поим која е, тоа нема врска. Битно ние да си се лајкаме... Пристапот е многу важен. Патем, после реакциите, пак ќе повторам дека е пишано барем што е. Чекор напред. Тоа што ми беше поента делумно е направено.
Малку се запрепастив читајќи некои работи. Убедени луѓе дека е почеток на некоја нова сорос организација или дека опозицијата била вмешана, дека приказната на ана е измислена за да дојде до..не знам што.. Безброј теории на заговор прочитав. Не сакам да верувам дека ни за ова не излегле само заради партии.... Не е можно....
Ми се приповрати од коментарите на мажињата на социјалните мрежи по повод настанот а и протестот кој се случи денес. Тие мажи се нечии сопрузи, татковци, синови.. Јас би се срамела мој близок такви коментари да пишува.