^ скроз си во право. Се подисплашиле. Не ми ни текна дека може заради тоа да им се сите негирања на ова.
"Некако многу наоблечени протестанткиве денес, изгледа само на инстаграм знаат да си ги тртат голите газови, ку*ви во одбрана на ку*ви, нудат некој попуст? " итн итн... И ај после да не ти пукни душата од мака во колку мизерно општество живејме, со уште помизерни едноклеточни амеби во него. Добиваш нагон да ги стрелаш сите со ред и ич да не ти е жал.
Човеков ова го споредуе со јавна соба,како девојкиве таму за продажба да се. Ми се згади искрено кога прочитав. Дно од луѓе.
Ова на пример не е срамота Ништо срамотно не кажа, мислење си кажува. Демократија. И мува не го лази. И жена му/мајка му може му аплаудираат
Затоа преголема почит кон Путин, кратко и јасно кажа човекот дека секоја жена/девојка, која ќе биде нападната, обид за силување, навредувана и малтретирана од страна на секое машко битие, има право да го убие и да не одговара кривично воопшто.
@OmniaVanitas види, не те рачунам дека не си истомисленик, ама не ми беше јасно твоето прашање. Колумна пишува Румена, во многу колумни не е ни наведена професијата на колумнистот. И Венко Андоновски пишува колумни. И Трендо. Пишуваат новинари, писатели, па и астролози, на најразлични теми кои не се поврзани со сферата на нивната професија. И тоа се само нивни ставови и мислења. Проблемот со Румена беше што дирна некои на социјалниве мрежи со мислењето,па одма побрзаа да ја исмеваат. Заслужи ли? Ете тие беа тригрд што би се рекло, мене ме интересираше зошто ти прашуваш. Не мораш да ми одговараш, искрено не ме интересира повеќе
И ќе си дозволиш некое животно да ти го смени животот за 360 степени и да те направи убиец? Ќе ме нападне некој социопат, ќе го убијам и ќе продолжам со животот. Па може и некоја улица да се преименува по мене. Путин
Сама одговори на прашањето кое мене ми го поставуваш. И го одговорив, на неколку наврати. Навистина немам што повеќе да додадам, ако претхоните два мои постови не беа доволно јасни.
Затоа јас веќе не читам коментари. Реакциите ми кажуваат се`. Поголемиот дел реагирале со „Ха-ха-ха“, а тоа јасно кажува какви се коментарите. Начекав еден коментар кај Ана кој гласеше вака: „Сликај се ти пак во бикини, па после плачи“. Аха, ми текна и на уште еден: „Убаво рекле старите, покриениот газ никој не го плука. Иако не ги отворив, сепак ми се појавија два коментари. Посебно ми се повраќа од жени кои имаат вакви размислувања. Таквите како едвај да чекале да се случи вакво нешто, па фрлаат камења на „неморалните“ жени, а и се удираат во гради како се тие најдомаќинки, најчесни, жени на место...
Во Русија да, во Македонија НЕ. Ти ќе бидеш убиец, а другиот жртвата, со оглед на нашиот правен систем како функционира.
Некаде прочитав текст дека потеклото на Public room започнало во Италија и дека Анонимус откриле дека голема мафија стои зад таа соба. Голем број на слики на деца и девојки биле најдени на тој сајт како и нивни инстаграм профили. Кога и како траело не знам, но сајтовиве малку знаат да испревртат и мислат дека од таму почнало па се проширило. Пишуваше дека се почнало од формирањето на самата апликација и откривање на истата за постоењето од страна на народот. Ако пак ми излезе, ќе го постирам баш. Од друга страна,не е ништо стивнато и завршено.
Искрено, не би сакала да е мртов тој што ме силува, уште помалку, би сакала јас да го убијам. Се' што сакам е да знаат луѓе дека е силувач. И тие што ме знаат и мене и него, ги предупредувам да внимаваат.
^ во право е honey.11 Во македонија дури и во сопствен дом ако нападнеш насилник, крадец, ти можеш да одговараш дури и оштета да му плаќаш ако го повредиш. Многу, многу има да се работи на овие теми...
Читам на Фејсбук коментари за случајов и за протестот, страшно, трагично и неверојатно е какви работи пишуваат мажите. Само два или три коментари прочитав саглам. Тие луѓе се нечии сопрузи и родители. Како ги гледаат своите жени и како ги воспитуваат своите деца? Не ми се верува значи. Разочарувачки.
Нема врска. И ние имаме закони за самоодбрана. Понатаму зависи од адвокатот каков ти е. Единствено што знам, во САД правото е порелаксирано: дека можеш да убиеш натрапник дури и да не претставува смртна закана.
Пред некое време поставив прашање дали некој се заангажирал да постапи со адвокат по случајов и пошто не добив ниеден одговор тоа го сфатив како “не”. Но, еве што се случува кога токму адвокат е жртвата. https://a1on.mk/macedonia/video-protest-za-javna-soba-mi-go-spodeluvaa-telefonskiot-broj-i-mi-baraa-diskretni-sredbichki/ Значи има решение, може да се најдат сторителите, ако се потрудиш доволно. Сите жртви да постапеа вака, немаше да дојде до ова дереџе.
Во другите земји постојат transition houses каде што може женски од насилни бракови/врски да живеат 30дена дури да се снајдат. Зборот ми е кон што треба да целиме, некое подолгорочно решение. Кај нас едвај пријателка ќе ти отвори врата, ако е некоја постабилна личност, а такви се бројат на прсти.