А зошто не ги каже со име и презиме? Или ако некој ги дознае, нека ги објави јавно на фб. Заслужуваат да ги знае секој.
По една година, да се мрднело дури сега од мртва точка, ама важно почна Триесетдневен притвор за креаторот и за администраторот на „Јавна соба“ (makfax.com.mk)
На вестите на Сител не ни пишува иницијали, а секогаш сите се со иницијали, за сообраќајка, убиство... Се уште ништо не е завршено. Секогаш се започнува со 30 дневен притвор и тука и завршува.
По иницијалите незнам дали Вирус е еден ид двајцата @Feminka22 заборавив де посети ме оој Д беше Вирус???
Јас па ич не сум зачудена. Дури и очекував да има некој толку млад. Приказ каква ни е младината, 90%. Епа не може со ваква младина да правиме подобра држава, не иде.. За овој па 32 годишниов.. се е сувишно што и да се каже. Наместо да биде зрел возрасен човек, тој на ниво на напален 15 годишник... А ова 30 дена притвор.. и после? Секој по дома? Такво нешто очекувам од нашава полиција и судство и правда.
21 веројатно сега. Во 2019 - 19. Ништо чудно на шега да ја отворил групата, па сега од играчка-плачка. А најголемите манјаци што демнеле таму без ништо ќе си поминат ..
Ако редно е да некој наебе да видат другите дека не е толку едноставно шо сакаш на нет да правиш оти никој ништо не ти може
СЕДУМ МЕСЕЦИ МОЈОТ ЖИВОТ И МОЈАТА ТРАУМА ЛЕЖАТ ВО ФИОКА ВО ОБВИНИТЕЛСТВО, А ЗЛОСТОРНИКОТ МИ СЕ СМЕЕ, СВЕДОЧИ ГЕВГЕЛИЧАНКА ЧИИ ФОТОГРАФИИ СЕ СПОДЕЛУВАЛЕ НА „ГЕВГЕЛИЈАХАБ“ - Сакам Да Кажам (sdk.mk)
Дали ви е јасно дека девојчињата се охрабриле после скорашните случувања? После протестот, после целата фама и осудување на сторителите. Браво за сите овде што секојдневно тупат да се мрдне, браво за нив што се охрабриле, браво за сите што излегоја да кажат збор-два.. Во моментов некоја друга жртва го чита ова и размислува. Сите да си кажат, ич да не им чуе. Да си ги кажат насилниците и казнат за се што претрпеле. Дур е почнато, заеднички да го истераме до крај. Сега е моментот кога треба да се збијат обвинувања за да можеме да бидеме погласни во барањата!
Да споделам со вас, ако некој не гледа вести на Алфа. Не е на Телеграм ама сепак. https://alfa.mk/32-godishen-mazh-tv...te-mediumi-zhivotot-mu-se-pretvoril-vo-pekol/
Здраво, нова сум на форумот. Следам дискусии уште многу одамна , но никогапш не чуствував потреба да напишам некој коментар. Сакам да споделам нешто со вас и да побарам ваше мислење за ситуацијата. Испразнет ми беше телефонот, го оклучувам ми стигнува порака пропуштени повици 4 и плус говорна порака од истиот број. Бројот не го знам, проверив на Вибер немаше и се јавив. Ми рече ,, АЛО ( името мое), јас велам јас сум ме бара? И тој ми вика да се запознаеме прво, викам не сакам само ми кажи од каде мојот број? Тој ми вика не можам да ти кажам се додека не се запознаеме не ти кажувам почна да се лигави и јас исклучив. После тоа јас ја слушам говорната порака, додека ми звонел а телефонот ми бил недостапен, слушнав два гласа претпоставувам двајца се и едниот му вика на тој што ми звони ПРАШАЈ ЈА КОЛКУ ПАРИ БАРА , 3000 ИЛИ ПОВЕЌЕ? Не немаше никакво значење да му дадам на повикот од непозната особа се додека не ги слушнав овие зборови. Се запрашувам дали јас сум жртва на некое објавување на моја слика со приватен мој број по некои социјални мрежи, баш ме изнервира помислата што пред една недела беше актуелна темата за јавна соба и девојката чии фотографии биле објавени. Дали да одам во полиција, да видиме кој звони и од каде мојот број , дали ќе ми помогне воопшто полицијата? Стварно сум во шок после овие зборови прашај ја колку пари бара, тоа го слушнав на говорната порака мене лично кога вртев не ми го кажа тоа не сепак зошто од каде мојот број за вакви муабети? Сакам да слушнам ваше мислење, можеби е постот малку подолг се надевам ќе го прочитате.
Ако се плашиш за својата безбедност, пријави во полиција, без разлика како стасал до бројот. По бројот би требало да можат да го најдат. Не знам дали би постапиле, ама нема зијан да пробаш.
И да не бидам само погрешно разберена не се плашам да немам нешто објавено, затоа што јас никогаш во мојот телефон сум немала гола слика, а не пак праќано на некој. Се мислам од инстаграм да нема некој преземено мои слики па да ги има праќано некаде. Како и да е не се плашам за безбедноста, туку едноставно се осетив многу долно во тој момент кога слушнав прашај ја колку пари бара, да се јавиш на некоја што поставија негде оглас да ја бараат океј, но зошто мене ми се јави, зошто ако сум некаде објавена со некои мои фотографии од инстаграм јас да се срамувам да излезам надвор а не тие?
Нема за што да се срамиш, па и гола да си се сликала. Тој што објавува треба да се срами. Тој прави криминал, не ти.
Немам голи слики никогаш еве реално ви кажувам, но ме навреди самата постапка ми се јавува некој за да ме праша колку пари барам? Баш тоа ме интересира дали сум некаде објавена со некоја фотографија од инстаграм или на некој друг начин е дознаен мојот број не знам, но сметам дека ни една девојка не заслужува вака да биде омаловажувана колку пари бара, а нема никаков повод за да ми биде поставено тоа прашање. И ќе дојде ден ваквите што се јавуваат по телефони ќе те исмеваат во град и ќе шират лажни муабети за тебе, а ти ќе ја ведиш главата пред народот.Затоа сакам да пријавам, но не знам дали ќе помогнат воопшто нешто.