Работен е ама обично жените во повеќето компании ги ослободуваат некој час порано за прослава. Сега со коронава незнам ..
Добро е што се решија пак за марш, без разлика на време и место. Пак ми боди очи фокусираноста само на Јавна соба, тие што пред година не ја разбраја суштината, нема ни сега. Сметам дека треба да се најди некоја не толку конкретна цел, во која повеќе жени, па и мажи ќе се пронајдат и нема да се кријат од страв да не бидат етикетитрани "амии шо бараја во јавна соба". Идеја за таква цел, немам, ама некој поискусен и попаметен може да ја дефинира.
И да ги ослободат порано, прашањето е што ќе одберат да прават со слободното време? Не верувам дека ќе одат на марш за 'нечии' права. Оти како што рече @Ugly Duckling , повеќето не можат да се поистоветат со жртвите на Телеграм. За лични проблеми поврзани со родовата еднаквост им е страв да се изјаснат, не пак за 'некои си таму' што не ги познаваат и воошто не ја разбираат проблематиката.
Да додадам дека многу од жените се прават светици и како едвај да чекале да се случи такво нешто за да можат да проповедаат морал.
Јас ни една жена што знам не е ослободена порано за на прослава. Обично навечер се собираат. Ние па не ни славевме. Не можеш на сред пладне да ставиш протест. Пак ќе си го организираат за нив.
Нормално. И секогаш е на пладне, за разлика од сите нормални држави кај што маршовите за осми март се прават или навечер или попладне. На македонските жени им останува претстави на НВО да гледаат на ТВ после работа.
Истото го мислам, ама знаејќи дека форумот е читан, можда на секое мрчење и некоја препорака не им е на одмет. Премногу е фокусирано на јавна соба, а систематски е проблемот. Нека се опфати и дискриминација на жена на работно место, и помали плати за иста позиција, и товарот да чува деца,готви и чисти дур оди на работа, а мажот еднаш у месец да помогни. Нека се активираат меѓу возрасните жени, знам дека младината е двигател ама Светле подолго време го трпи ова. Да не прочитав овде, немаше да знам дека има марш, дајте бе некоја радио реклама или тв, некој статус или колумна од организаторите, како ќе добие на глас ако само е настан ставен? Може да има некој кодекс на облекување, примеер во бело, да добие на видик убава слика. Може да се поканат произведувачи на женски продукти, со свој претставник, да поддржат и воедно си направат реклама со некој free sample на толкава женска група. Секако неопходно е добри фотографи. За да има слики што ќе се чујат далеку. Луѓе што сакаат за своето портфолио да имаат добра фотка сами ќе дојдат, ако побарате.
Ќе ти велев да им пишеш, да им предложиш... ама не верувам дека ќе прифатат нешто. Пошто унапред аплицираат за грантови и парите им се веќе броени за што ќе бидат дадени. Ептен нестранспарентно работат невладините Шо викаш... да чуеме на форумов дека марш се организирало. Треба да трешти веста по медиуми и по социјални мрежи.
Не можеме да знаеме како функционира, верувам дека не е така лесно и си има свои предизвици, ме радува и мене фактот што се актуелизира темава. Се збори почесто, емисии се прават, дел од весниците самоволно пишуваат така да, не е мртва точка како што беше. Секогаш може повеќе и подобро, муабетот ми беше да не критикуваме само, ако се каже нешто корисно можда ќе биде земено во предвид. Сепак супер е се што се прави повеќе од ништо. Забележувам дека и размислувањата на луѓето така се менуваат, ќе почнат да го вперуваат прстот кон насилникот, а не кон жртвата што ако успее да се смени склопката на типичниот македонец е далеку повеќе од успех. Претходниот протест беше целно за Јавна соба, овој опфаќа убав датум, па нека биде поопширен.
Абе уште не се организирало, ова е јамб во најава Ако ништо не напраите до 8ми март, ние на 8-ми ќе протестираме. Шо треба да напраат властите не ми е познато, ваљда е тешко да се ажурира сајт на организацијата која со тоа се занимава. Така што-тејк ит изи, ќе бидете известени на 7-ми март Сајтот на хелсиншки не сум го проверила, за име на вистината.
Освен што приведоа двајца, немам слушнато некој да е казнет. Ако не е таа, сигурно имаат други групи. Не знам што да кажам. Се е одамна отидено во к***ц во земјава.
Како се приклучува на прес конференција, публика одозада да си им додека се рекламираат? Ќе направат нешто вон работно време?
Марш за 8 март: Држава што не постапува е држава што силува Маршот ќе започне во 15:00 часот пред МВР (ул. Димче Мирчев бр.9, главен влез), а ќе заврши во Парк Жена Борец. И на двете локации ќе се обратиме до јавноста и институциите.