https://www.instagram.com/tv/CL37NrVlXDW/?igshid=jfevsva6qu6c Да ви се плукнам во полицајците со петто одделение завршено, недовршено. Овие ќе не бранеле, како па да не. Вријам.
Види ги фотографиите и уште толку ќе ти се слоши. „Да се пле*неме, па ќе средиме“ , ова го вика џандарот. „Фино ти било кога те частел пијачка“... Во „Феминизам“ имам ставено линк.
Има некој што сака да иде на 8ми Март на протест? Пак ќе се организира, овој пат во 3 часот. Јас не знам како ќе имам работа во Понеделник ама би сакала и на овој да присуствувам. Другиве како сте?
Ми се згрози животот! Слично и мене ми се има случено. За џабе ги плаќаме од наш џеб. Јас секако ќе одам.
И јас се канам секоја година да одам и конечно се одлучив оваа да одам дефинитвно. Претходно ми беше глупо да одам сама бидејќи никој не сакаше да дојде со мене, но што да правам ако нив не им е битно ова, мене ми е. Се надевам ќе запознаам бар некој со исти размислувања.
Во поглед на празникот, што се случи со „јавна соба“ после сите повици и организиран протест. Освен тоа што мрднати го иситнија отпорот со тоа што најдоа СЕКАКВА причина не само да не ги поддржат, туку и да ги замолчат?! Со менување на законот нешто, оној кој го ветуваа? Државава оди како Y со развивањето: од една страна имаме партии како што од програма имаат само албански национализам, од друга страна имаме партии што ветуваат мед и млеко, а кога ќе се овластат - не смеат ништо од тоа да направат зошто се во коалиција со првите. Реалноста е дека само народот стагнира на сметка на нивните полни џебови пари и празен и ситен популизам! Никогаш не плеткам политика ама овојпат заради гнев морав да измешам зошто од партии си патиме! Буквално се тие оние кои можат да направат промени ама ги кријат зад цвеќенце за 8-ми март. Фала за цвеќето, а измени на закони кога? Цвеќето ќе се исуши, законите ќе си останат празни ветувања (ако и тоа).
Мислам дека само четворица приведоа колку да ѝ замачкаат очи на јавноста. Мислам дека не казнија никого со оглед на тоа дека во групата имало и полицајци.
Ај честит 8ми март https://www.slobodenpecat.mk/otkrie...spodeluvale-ekspliczitni-fotografii-od-zheni/ ...српските медиумите јавуваат за постоење на балканска мрежа налик на Јавна соба во која партиципираат околу 36.000 мажи од Балканот и кои споделуваат експлицитни фотографии, снимки, но и адреси од жени од регионот. ...Што се однесува до случајот „Јавна соба 2“ до овој момент од социјалната мрежа Телеграм не е добиен одговор на барањето од Обвинителството да ги идентификува креаторите, администраторите и членовите на групата, така што останува во предистражна постапка...
Дечки, два-три пати досега ми стига порака со код од Телеграм, а ниту сум симнала некаква апликација, ниту ништо. Дали тоа некој го шерува мојот приватен тел. број?
Го има утнато бројот. Имате ваљда сличен. Јас со другар само една бројка не дели. И то 076 и 075. Сите останати бројки се апсолутно исти. Ми се има случено и му се има случено грешен број упорно да пишиме и пошто знајме чиј е бројот ќе си дајме повик да се потсетиме дека сме утнале.
Ама како воопшто може да се регистрира со погрешен број? Кај мене стига код, а и без код упорно влегува.