Па упорно мисли дека тој е негов број и не гледа грешката. Сигурно се нервира и пробва наново и наново.
Најдов познаник да провери, фигурира мојот број таму, моментот кога мене ми стигна порака за кодот, бројот минути покасно е онлајн таму. Пробаа да искомуницираат, демек на арапски враќа некој. Пробав јас да влезам, се регистирал со друг recovery мејл, нормално и кога сакам да деактивирам, тој упорно активира од друг уред. И така во круг.
Не разбирам мн, нека попрај некој ова шо зборам, ама дали ако ти напрајш телеграм акаунт со твојот број, дали тој нема да можи после да напрај со неговиот? Па после и за џабе така да ти седи акаунтот бар нема да ти досадва со кодојте.
Не. Групата не постои, са на српска некоја се приклучиле последно ко читав. Ама апликацијата ко апликација постои.
Мислам дека е исто ко WhatsApp, Viber и слично. Не знам дали му врши работа тој recovery mail зошто мислам исклучиво со телефонски број е врзано. @senza.parole Пробај инсталирај кај тебе и регистрирај го бројот, ако успееш нема шанса да има друг регистриран на тој број.
Видов слика од девојката која излезе со видео против јавна соба. Не знам точно за што е ама во моментот кога ја видов веднаш дојдов да напишам дека сите работи што ги прочитав - дека ќе осамне на некоја партија - се остварија. Па уште и убедував луѓе дека било искрено, не била заради корист... расправања, покољи за на крај да видам слика како дел од некој настан од партија. Не ми е ни гајле за што била таму, само знам дека крајно се разочарав. Слободна си е да си прави што сака ама не после сите бранења и после она за што беше главно лице. Сите по ист терк, ќе ги брани пар луѓе што останале да се замараат за промени, а тие ќе никнат во партија. Горе пишав за партиите од кои зависи иднината. Немам повеќе што да додадам. Заради вакви работи сега сите останати девојчиња нема да дојдат до правда и мирен сон. Само што им даде сила на оние кои не ја поддржуваа уште од почеток - да бидат уште погласни. И со право.
Не, скроз ми ја испушти поентата. Може и јас скроз лошо имам формулирано зошто многу се изнервирав кога видов. Партиите се државата....за жал. Кога некој како ана, што беше poster girl за сите кои беа злоупотребени во „јавна соба“ се обојува со партиски бои, им праќа порака на сите злоупотребени дека ако сакаат правда, треба да се зачленат во партија. Дека организациите и сите луѓе што застанаа како поддршка - нема да помогнат. Ги потцени сите тие кои застанаа зад нејзе. Со тоа им овозможи на сите кои всушност пишуваа „сега се претставува како жртва, а ќе видите дека за некој месец ќе биде дел од агенда на некоја партија“ да си се маваат во гради дека го предвиделе тоа и на тој начин да го омаловажат целиот напор кој се вложи.
Сакаш да кажеш секоја нејзина постапка влијае на борбата против малтретирање на сите жени, сега и во иднина? Јас мислам она направи што направи и има право да продолжи со нејзиниот живот како она ќе си одлучи. Знам за што зборуваш, дека некои предвиделе нешто во врска со неа, ја видов вчера нишката на твитер и искрено ми се згади. Истите профили откако излезе девојкава, ја убија во поим, буквално што и да направеше, од истите профили излегуваа коментари од типот си го барала, што има да се слика, се е**ла каде стигнала, се било за лајкови, итн., што е најпоразувачко ова доаѓа од жени. И сега трибинава каде се појавила девојката им дојде кец на десетка, изговор за уште повеќе да шират омраза. Демек им пречи партијата, непостапувањето, а сите прсти вперени во нејзе, како од неа да зависи нешто. Каква и да е, сигурна сум дека ѝ требало многу храброст, многу девојки попрво би трпеле отколку да излезат јавно, а колку повеќе ќе проговорат толку повеќе шанси има случајот да не помине туку-така. Мислам дека ова најмногу ќе се одрази на идни случувања и нема да биде на добро, учесниците на групата и ним слични ќе си земат повеќе слобода мислејќи дека е оправдано тоа што го прават, а девојки, жртви и потенцијални жртви нема ни да пријавуваат и ќе си молчат од страв да не бидат шиканирани јавно. Исто така, како она доби правда со тоа што оди по партиски трибини? Колку што знам ништо не е решено во врска со целиот случај. Баш напротив, ако ѝ ветуваат нешто, а не решат ништо, прашање на време е кога ќе се свести дека ја користат за евтин партиски ПР. Секако не е човечки булингот кој ѝ го прават по социјалните мрежи, камо таа омраза да беше насочена кон вистинските прекршители.
Секако дека ќе прави како сака, ама јас поинаку го сфатив ова. Најпрво револтот е од непостапувањето на МВР, до дупка законите кои не ги штитат жените, до дното од образование. А за тоа се знае кој е крив. Никој не е казнет за ова до ден денес. Никој не сносил одговорност. И наместо да е крајно револтирана од сето тоа, она...им се приклучува? Делува ептен неискрено.
Не сакам да мислите дека ја бранам неа или да тврдам кои се нејзините мотиви. Но сепак се одлучи да излезе јавно и да се жигоса за цел живот. Прашањето ми е зошто се дефокусира проблемот и сите прсти се вперени во неа наместо злосторниците? Ич не ми спорно што ќе прави она со животот, само да знаете и на трибина на вмро да одеше ќе се случеше истото, само од други профили овој пат. На крајот на денот жена мора да е крива и само на учесниците на Јавна Соба им одговара ова.
Те сфаќам што кажуваш и не е дека се фокусираме и ја обвинуваме. Бар не за мене. Повеќе се осеќам разочарано (не ни од неа конкретно, туку генерално од луѓето овде), бидејќи е како секој втор во земјава. Се продаде ефтино во политика. А со тоа ја поткопува борбата што и самата ја водеше до тогаш. Како и да е, се најдобро и нека не искуси повеќе осуди. Само јас лично сметам дека некои борби се водат до крај. Нема откажување кога ќе видиш малку лична корист, затоа што порано или подоцна се може пак да ти се повтори.
Види, може навистина мисли дека може да делува во полза на целиот случај преку партијата, впрочем на хартија така и се поставени работите и така треба да бидат, само што и партиите ни се заникаде. Дека се продала, останува да видиме, нема да биде ниту прва ни последна искористена од партија. Знам луѓе животот го потрошија по партии, а не добија ништо.
Многу е наивно да мислиме дека влегла за да направи промена зошто ќе биде првата што го направила тоа. Не влијае ама одвај еден месец помина од тоа. Ако сакаше да тера некоја правда, немаше да ја искористи првата прилика за корист и притоа да биде обоена партиски. Впрочем, со последното мислење си имаш и ти веќе исто напишано, стигна додека го пишував ова. Убаво има напишано, тоа што го мислам ама нерзова не ми дозволува убаво да го искажам зошто стварно се надевав на поразличен исход: Тоа и е проблемот овде: не само што не е решено туку со партија уште повеќе ќе се заташка. Ама партиски ја обои целата борба и мене тоа ми е проблем.
Нејзината борба си ја обои. Не целата. Целата останува на нас да ја водиме, зошто на крај краева женските права не засегаат сите нас. Се бориме првенствено за нас лично, за жените околу нас, не само за неа конкретно.
Разбирам сѐ, но јас повеќе навреди кон неа читам и анализи секакви, откако излезе јавно, а мислам дека само го продлабочуваат проблемот. Мене воопшто не ме интересира нејзиниот живот и мотивите зашто направила нешто, полнолетна е и сама носи избори, но ме интересира да можам слободно да се движам и јас и мојата ќерка во иднина, потребно ми е да знам дека не може некој туку-така да мисли дека може да ни прави што ќе му текне, а да помине без последици. Сум искусила како е да те демнат, и тоа во време кога немаше Фејсбук, чувството воопшто не е пријатно, да ти е страв да излезеш од дома затоа што некој неизбалансиран во главата, мисли дека ти му припаѓаш, а ти не знаеш и дека постои. Изгледа ќе треба да чекаме да ескалира ситуацијата, за некој да превземе нешто.
Абе вака мојте за се' да најте маана... ако сакате. Ич нека не ве интересира што друго прави во животот. Факт е дека беше жртва на сексуално вознемирување. И тука треба да заврши секој муабет. Затоа и не пријавуваат жртвите. Оти секој аспект од животот цела јавност ќе им ја анализира и нормално, нема на сите да ни се допадне секоја одлука која жртвата ја донела во животот. Фокусирајте се на конкретниот проблем. ... ко за промена...