Секој со свој избор и од моментот кога гледаме/те дека не се продолжува во активизам за проблемот, нема потреба повеќе да се пишува, не е во контекстот на темава. Се стишија малку собите или којзнае. Доволно беа осудени, да кажеме дека убав аларм беше за совест. Секој ден има нови вести за насилства, којзнае колку и непријавени. Многу фактори играат зошто некој го трпи тоа. Немање плата или прибежиште е мислам најголем. Во денешниот свет, многу е тешко да се обезбедат елементарни услови, тргнете ги привилигираните очила и погледнете некоја жена што врзува крај со крај. Можеби поактивно вклучување во женски здруженија и помагање едни со други би донело некој ефект, еве не знам. Само нафрлам идеи што ми доаѓаат. За да коментираме и навлеземе во проблематиката што повеќе. Затоа што магично стапче нема, а со зборување. барањето решение со здружени сили е на добар пат. Ако мислите коментариве натаму, може да се префрлат во Феминизам.
https://www.slobodenpecat.mk/pronaj...na-telegram-mu-se-zakanuvaat-8-godini-zatvor/ И тие години му се малку.
За ова зборував, сега излезе протестите против Јавна соба дека се некој заговор и приказна. Не ми е јасно што се случува, кои се овие организации кои ги повикуваат и обвинуваат дека правеле хајка со Јавна соба? https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=10224276341312612&id=1125772258
Случајот на женава не бара женски активизам, бара човечки активизам. Секој може да биде оштетен од доктор во помала или поголема мера. Ама нема врска со Јавна соба. Дали јавна соба имаше некаква разрешница- ај донт тинк соу. Дали некој си го подзема случајот за свои агенди- можеби. Ама јавна соба го разбирам како случај за интервенција во регулативата, женава нема проблем со регулативата, има проблем со недопирливоста на докторските и политичките елити. Единствено решение е да тужи индивидуално и да добие правда по многу години од меѓународен суд. Инаку за јавна соба, ако некој воопшто го јаде стапот, сигурно ќе биде далеку од политичка елита. Тоа е.
Истото мислење го делам и јас, но ова е мал сегмент од се што прочитав оваа недела каде се прави некој заговор и се наметнува агенда од страна на организаторите на протестот, а никој не знае да посочи кои се тие феминистички организации што го смислиле сето ова. Ја поврзаа Ана со СДСМ кога излезе на трибината, се молчело за родилката и кој е кривецот? Пак жените, нормално.
Јас за ништо не молчам -еве за родилката, да не бидеме оф топик. https://forum.femina.mk/threads/Грешки-од-вработениот-здравствен-персонал.30108/page-2
Факт е дека беше жртва на сексуално вознемирување. Факт е и дека било која друга немаше да го добие тоа внимание затоа што нема поддршка од партија зад неа. Факт е и дека невладините ни се тотално партизирани.
Значи, како си ги извртувате работите, алал. Ама кој да разбере дека не беше, не е, и нема да биде само она. Треба сега да молчиме сите? Со релативизирањето имаат полза само манијаците, ама на кој да му текне, затоа што мора да се плука по некој.
Каква врска има партија, ич не те сфаќам? Сите видовме видео кое сама го објави. Не беше објавено од некоја партија. Реакцијата која ја предизвика беше човечка, не партиска. Или сочувствуваш со жртва, или не? Доста со изговори за се'.
Тоа што невладините го направија беше само фама Вајлд, курназ од протестче во работно време, и осми март и сега штама до јануари догодина. Не викам за девојката, туку дека ја искористија невладините и владеачката партија оти им е блиска. Да не им беше немаше да бидат толку "удобни" за да ја искористат, па ќе ја изигнорираа. Со месеци назад се збори дека групата на телеграм не е декативирана, дека има нова, се постираат скриншотови, се проба да се дигне галама. Не биле вистински личности тие што пробале, требало вистинска личност да дојде.
На жената и извадија 3 органи во Струга. Невладините ги нема да писнат. Ништо не е чудно докторот да е партиски кадар на ДУИ, па им е наредено да молчат. Партиски активистки на батерии. Ај, уште малку, па ќе капне платичка за дремење во Дебар Маало по кафанчињата и глумење „граЏанство“.
Оти некој треба процедурата за пријавување на протест да ја истера, некој треба како организатор во полиција да се води, некој мора да стои зад тој протест. Затоа служат независни организации.
После сите алудирања и обвинувања дека не се дејствувало за еден случај, а за друг се правело фама од невладини организации, платени од власта, никој не се прашува, зошто власта би плаќала за протести против сама себе и пак да остане случајот нерешен?Зошто моментално се шири хистерија по социјалните мрежи дека случајов е приказна?
Вниманието не ѝ го реши проблемот, ниту пак го реши случајот, сите се фатиле за нејзиното внимание што го добила, пред некое време беше распната затоа што стекнала популарност на Инстаграм. Толку ако пречи она и се тригернуваат сите, замислете што би било барем третина од жртвите да излезат јавно?