Како што велат старите.. кучињата лаат, каравот си оди ... Овде и да има закон е само на папир и згора на се виновен/а излегува жртвата ...
Оваа далеку е да се нарече држава, ниту закон ниту бутур се почитува браво за храброста на жените/девојките што повеќе не се срамат од што ќе речат луѓето туку јавно споделуваат вакви грозни вознимирувања, ама све е џабе во оваа држава
Како што гласи мотото: Не сте сами. А тоа треба да го разбере и секој од овие умоболниве. Ова треба се помасовно да биде,треба да се стави крај еднаш и засекогаш. Но не само жени,треба и ние машките да го кренеме гласот. Зошто сите имаме некој како вас што се потенцијални жртви на вакви торковци. Еве го торкото... Сликата е направена скриншот од некој што ја објавил на фб. Нема закон за овој? А ќе има закон за таткото,братот на девојчето ако го почешаат малку. Епа затоа сме тука кај што сме,самиот закон ги штити и тоа е тоа. Јажето е најдобар закон за ваквите.
Преѓеска имаше и како 15годишник се обидел да силува 13годишно девојче, ама ми избега објавата... Секој ден се повеќе се зголемува број на педофил или малолетни силувачи. Па и мене искрено не ме чуди, кога живееме во "држава" со закон на хартија само, каде ништо до сега не се превзело, некоја построга мерка за ваквите.
И јас баш за тоа ќе коментирав, скоро и во Струга мислам чичкото/вујкото си ја силувал внуката, во Струмица мислам беше пред неколку дена силувана 28 годишна девојка од 55+ години маж... и бројни примери кои се зачестија во последниве месеци. Мојата улица не е многу прометна и работам од дома, но бидејќи често пешачам и возам велосипед во планина, моите ме предупредија барем солзавец да носам. Мои блиски носат, и јас носев за во случај да ми излезе некое животно, но сега повторно ќе го вратам во ранец. Истотака мислам дека тука прочитав, клучеви сите носиме, секогаш во рака доколку се почуствуваме загрозени меѓу прсти. Веќе почнав да се плашам.
Ne mi e jasno vo drzavickata zaso mora nesto da stane ultra popularno za da se minimalno kazne? I kade ke bide utre ovoj vo kafic...
Ma kakvo odgovaranje on e maz i negovata biologija odgovara da napaga vo negoviot Dnk se krie toa da bide napagac- ova go imam i vo skolo slusnato vo sredno od profesor i sto ocekuvame?
ќе кажам дека не се сите машки исти, и дека народов во последно е побудален и не верувам дека нешто ке се опорави освен ако се превземат драстични мерки
Таквите луѓе се бунат што емисијата посветена на ЛГБТ+ заедницата е во „ударен“ термин. И јас сум сигурна дека и овој бил еден од членовите на „Јавна соба“. Зошто? Затоа што таа група е збирштина на педофили, потенцијални силувачи и импотентни мажиња. Верувам дека бил таму. Се буниме за ЛГБТ+ заедницата и емисиите за неа, обратни се, не за друго, но не ги обвинуваме имбецилите од имбецилската група, напротив, тоа е идеално место за да се знае која е чесна, а која е „мераклика“ (читај: ороспија). А жртвите, ма какви жртви, кој ги терал да праќаат? Не ги обвинуваме силувачите, туку „таа го испровоцирала со облеката“. Понекогаш не ги обвинуваме ни педофилите, па не се баш педофили кога девојчињата на 15 години се шминкаат како „тетки“. Кога ние ќе застанеме до нив, ние ќе изгледаме помладо. Не ги обвинуваме мажите што ги тепаат своите партнерки, па жените беснеат, многу лаат. Кога се работи за маж, тогаш - друга приказна. Но неретко и тој е навредуван и етикетиран со вулгарни зборови. Поддржуваме физички казни и ако видиме дека некој родител си го млати детето, неми сме. Всушност не сме неми, напротив, велиме дека треба и повеќе да се тепа, во спротивно ќе биде невоспитано, народски кажано „како пуштено од ланец“. Не поддржуваме крвничко тепање, никој нормален не поддржува, ама „малку по газе или раче“, или по некоја шлаканица не е ништо страшно. Дури и корисно е. Немаме емпатија за луѓето што се борат со депресија, анксиозност и слично на ова. Каква депресија, каква анксиозност, што им е на луѓетo денес, сѐ ќе најдат само за да си ја оправдаат мрзата. Не поддржуваме сексуално образование, како така, срамота е. Веронаука треба да се воведе. Затоа предаторите и насилниците се котат наместо да се намалат. Затоа групите од типот на „Јавна соба“ се затвораат, па по некое време повторно се активираат. Се злоупотребуваат нечии податоци, а неретко се нуди и малолетничка порнографија. Од овие причини расте и бројот на луѓе што се убивани од своите партнери, правопропорционално и на убијците. Особено расте бројот на фемицидите. Денес сѐ повеќе луѓе имаат ниска самодоверба, а воедно се борат со депресија, анксиозност и друго, а со тоа и сѐ повеќе самоубиства или обиди за нив. Особено кај младите. Затоа имаме девијантно однесување. Не дека во другите земји нема, но кај нас е многу позастапено. Затоа имаме луѓе што имаат секс без заштита без да се информираат за последиците, а со тоа и зголемен број на болни од СПБ и малолетнички бремености. Ах, да имаме и луѓе што сметаат дека кандидата се ЗАКАЧУВА, а се сексуално активни. Затоа има врсничко насилство. Затоа имаме нетолеранција кон одредени групи луѓе. И мноогу други работи. На што се должат сите овие работи? Тие работи се последица на претходно набројаните работи. Едно ќе кажам: Не да прашаш, срамота е да не знаеш и да не сакаш да научиш. На оние што проповедаат морал им порачувам: Денес ги обвинувате жртвите, но утре вашите деца можат да бидат дел од срамот. Размислете дали ќе ви биде сеедно доколку вашиот син бара податоци од девојки и ги нарекува со погрдни зборови? Дали ќе ви биде сеедно доколку фотографија на вашата ќерка се најде таму? Затоа добро размислете пред да кажете нешто. Се извинувам за огромното мислење, но морав да опфатам сè. Знам дека избегав од темата, но сите овие работи се некако поврзани.
На Инстаграм тие што ги следам почнаа да го малтретираат дури и бројот му го нашле и му вртеле од скриени. Многу изненадувачки ми дојде како сите без разлика на политичка настроеност го направија партал!
Да ја запалевме тогаш државата да открие кој ги пишуваше тие одвратни пораки дека 15 годишните се зрело градени за ебење досега уште неколку вакви ќе имаа фатено. Ама не тогаш сајбер тимот беше со врзани раце, не можел ништо да направи а за 5 минути го викнаа дечкото што ја направи ваксајн.мк А на темава уште се расправавме дека 15 годишните биле "предвреме пораснати", имало проститутки што си барале клиенти, имало девојчиња сами што си го барале пошто пратиле слика некому итн итн... А уствари се пикираа вака девојчиња и во инбокс со вакви одвратни пораки им пишуваа огромна багра. Буквално истите муабети и на девојчиња што ништо не направиле туку некој ете им се запнал. Уште нервоза ми се прави кога ќе ми текне, напади на агресија добивам. Место да ја запалиме државата, за глупости се расправавме, а вриеше вакви. Пак да дремите.
Сепак родителите не е лошо да се заинтересираат малку за профилите на своите деца, кои по социјалните мрежи и разно - разни апликации, најчесто заради популарност, објавуваат фотографии кои понекогаш се недолични за нивна возраст. Типови, како овој шупак погоре, во земјичево наше ги има со лопата да ги риеш...за жал.
Во право си, само што ете истите луѓе тогаш што ги правдаа тие во јавна соба, сега го напаѓаат овој. А за исто се работи. Сега е еден човек конкретно објавен и лесно им е да го осудат и обвинат. Тие не се тој, не се пронаоѓаат и не го знаат. Овој сигурно го имаат осудено и некои од тие кои и самите биле приклучени во Јавна соба. Член на Јавна соба: Абе кој ги терал да постираат такви слики, па сега се жалат кога им праќаат пораки. Очигледно за внимание ги ставале сликите, па сега не им чини. Исто така член на Јавна соба: Одвратен човек! Овој на плоштад жив да го запалат! Мене не ми е тешко да замислам дека ова го изјавуваат во друштво кога коментираат настани. Народот секогаш ќе биде спремен да плука вака индивидуалци, ама се прави слеп кога се зборува за масовноста на оваа појава.
Како не! Сликите може да ти бидат најнормални и пак да добиваш вакви пораки. А дури и да бидат во костим за капење, фустанче, деколте, мое/нивно право. Со овој коментар пак дојдовме да тоа "сама си е крива".
"Сама си е крива" само со поќе фил. То е то. И бикини слика да клам онлајн, нема никој право да ме вознемирва. Особено ако сум малолетна оти веќе се вклучва и педофилија во миксот предаторство.