Абе друштво, keep it simple. Не треба да имаш коифициент на интелигенција повеќе од 70 за да го скужиш вредносниот систем. За да во твојата ебена глава укопчаш дека навреда кон нечиј изглед, достоинство и интегритет е погрешен етички модел на дејствување, и не треба да го правиш. Поготово кон малолетно девојче ебате... Значи, за ова дефакто не ти треба никаква претходна едукација, ниту воспитание, туку психијатар за да ти посочи каде грешиш, и индиректно да ти каже дека си изопачен идиот кој треба да биде ставен под медикаменти и надзор. (Ова особено важи за мажи со преку 25 кои заглавуваат на вакви апликации). Тие објективно знаат дека треба да им следуваат низа консеквенции, но истовремено исто толку добро знаат и дека живееме во вукојебина каде законот е на нивна страна. За сајбер криминал ли ќе одговараат админите? Ова звучи вака..Некоја си IP aдреса, прекриена со илјада proxy заштити зад седум мориња и океани, чие регистарско име води во теле шоп на далечното Зимбабве...А сега земајки го ова предвид, знаете ли колку закони се применуваат практично за ваков тип криминал во Северна? Ниту еден. Освен ако не си дебела риба во океанот, па некој те ,,нападнал" вербално преку куцкање па да главиш на суд. Каков што е случајот со Јанко, Миленко, Саше (и онаа новинарска фела за која иаме зборено претходно). Башка, да не пишувам само колку е џабе што заминале тие 600-800 души од групата денес, бидејки од сликите на голите тинејџерки се веќе направени брдо копии. Не сакам да ве демотивирам и разочарам..повеќето од вас имаат мила душа и веруваат дека стварите може да се решат транспарентно и херојски преку чесни иницијативи, но, во пракса работите не стојат така. Овде минимум уште пет години (и ова оптимистички), треба да поминат за новите генерации да почувствуваат подобрување во правниот систем и искусат сексуална интеграција. До тогаш останува вака како што е. Никој нема да сноси правна одговорност пред кривичен, и секое чудо за три дена.
За жал ова е victim blaming. Баш ми е жал што така размислуваш ама погоди што, не е тоа единствена заштита. Не е ни заштита.
За вакво нешто ако не добијат казни на западот се протестира или да објавеме сите голи слики да и докажеме дека не ни можат ништо и не се плашеме од предрасуди друго нема ако не добијат казни утре пак ке се случи исто
Не ми ги извртувај зборовите. Да, на заштита треба да се учиме. Не да се облече до гуша, ама да знае дека не е безбедно да отиде во опасна и неосветлена улица. Не е тоа виктим блејминг, основна заштита е. Затоа што и јас многу пати сум заборавила дека по мрак не е безбедно да залутам по паркингот, ама делумно од навика, делумно од неразмислување знам да залутам и крвта ми се смрзне кога крене некој по мене, кога ми подвикне, кога почне да ме следи. Не е тоа виктим блејминг. Реален ризик е да се праќаат голи фотографии и потребно е да бидат запознаени девојките со тоа. Ќерка имаш, што ќе и кажеш: "праќај мамино слободно, ако утре излезат не се секирај." Психолошка траума е на девојките тоа. Не се тие криви, општеството е. Ама некои работи мора тие да ги направат за самите себе. Ако му се гледа гола нека дојде во живо да ја види, а не да ја манипулира за да извлече слика што ќе ја споделува после.
Треба да се замараш зошто темната улица не е безбедна, а не што мајка бараше да се пикаш по улички, сама си го барала.
Не е виктим блејминг. Мора да се соочат девојките со ризикот. Не знам во кој свет живеете вие, ама овде кај што јас живеам општеството не се оснесува исто спрема девојките и спрема машките. Апсолутно е заштита да бидат запознаени девојките со ризикот. Немој да ми кажеш дека сама никогаш не преземаш работи за да се заштитиш од ризик. Знам девојки што без pepper spray не ислегуваат од дома. Стиснати клучевите меѓу прсти за да можат да се обранат за ако притреба. Ова виктим блејминг е? Озбилно, не сте нормални ако мислите дека мажите и жените се соочуваат секојдневно со исти ризици.
Се сеќаваш на темата што ја отворив за сама си го барала? Сфаќаш дека сега викаш дека сама е крива што ја убиле комичарката? Зашто била сама ноќе и не се заштитила, баш како што рекла полицијата?
Мене друго ме шокира , не препознавате психолошки проблем што девојчиња на 14-16 праќаат слики од своето тело. И што се крие зад тоа праќање.
О верувај дека ако се организираме за протест прва ќе ме видиш таму. Затоа и сакам да се пишува за ова, да се оди преку невладини, да се акцентира правилно ова се и да се направи нешто кое ќе биде успешно организирано и со јасна и гласна цел. Верувам во моќта на медиумите, земам паралела кога се запали цел интернет кога беше донесен предлог законот за операции на трансродовите лица. Уште наредниот ден Филипче под притисок го повлече тоа. Ама очигледно трансродови лица се проблем, говеда што споделуват порнографски содржини на малолетнички не се единствени виновници за крахов. Еден куп правници имаме на форумов, еве нека дадат правен совет за како можеме да организираме валидно нешто и да продолжиме со ситуацијава. Се бориме неколку души против мизогинија активно на форум, ама не е доволно. Еве и на протест ќе искочам. Ама за правни работи не знам како затоа барам помош и од други. Тебе те тагнав пошто на вакви сензитивни теми имаме секогаш исто мислење и сакав да видам како и што може ние на овој форум да направиме плус. Уште прсти ќе кршам и уште ќе бидам гласна против манијачишта ама ако има уште нешто што може да се направи, било петиција или протест I'm in.
Видипш, тебе ти лета мозокот дека сами си го барале. А јас зборувам дека треба да се едуцираат за ризиците кои ги носи праќањето слики. Мислам, озбилно. Оправдувате машка забава. За критика е постоењето на порнографија, ама со куражење на девојките да ја прифатат и пречекаат со отворени раце нема да помогнете во нејзино контролирање. Нема што да кажам на темата. Ви фали анализа, живеете во илузии. Чил аут. Не, не викам дека сама си го барала. Не знам, во различни светови живееме изгледа. Запознавање со ризици е една работа, виктим блејминг е друга. Не знам во кој свет живееш ти, кај што праќањето на интимни фотографии по интернет не носи ризик. Секоја девојка треба да е запознаена со тој ризик. Едукација вклучува и тоа. Од некои работи може самите да се заштитиме. Од силување не можеме, ама од ова и тоа како. Не викам да и кажеш на ќерка ти да не праќа, туку фино да и кажеш дека не може да верува никому со материјал кој во секој момент може да го искористи против неа. Ќе и се налути утре психопатот и нема ни да размисли два пати за како тоа што ќе ги сподели нејзините слики ќе влијае на нејзе. Стварно мешате виктим блејминг со едноствани механизми за заштита. Со ширење на porn culture нема да се смалат ваквите групи, напротив. И не постојат безопасни голи фотографии во туѓи раце. Сексуалноста е сосема нормална работа. Посебно во 14-16 години, хормоните до врв, ихааааа... Нема потреба од психолошки анализи на девојките, добри си се тие. Психолошки анализи на оние што мислат дека сексуализација на девојчиња е добра работа, е тие, онака еден по еден во Бардовци. Милион пати сум зборела против порно, this is why.
Не сме ние стручни лица за да препознаваме психолошки проблеми. Не потпаѓајте на балкански "експерти за се" менталитет.
Каков психолошки проблем? Па и ние кога бевме на тие години можеби ќе сме ги правеле истиве работи ако беше развиена технологијата како сега ама тогаш не знаевме што се nudes и ризикот од нив. И не знам зашо ги напаѓате девојчињата, вината не е нивна. Криви се тие што ги шеруваат понатаму во вакви мањачки групи.
Не гледам психолошки проблем во девојка што во доверба му праќа интимна фотографија на дечкото, или тој неа. И тоа не значи дека тој мора да ја сподели ако се скараат за да ѝ се одмаздува. Не си го барала таа што му пратила него. Проблем има кога му праќа на некој што не го знае, или сосема малку го знае. Исто ко машкиве што праќаат dick pics на рандом девојки. Само тоа е "понормално" во нашево општество јер машки се.
Denesen Facebook status na Ljupcho Zlatev (novinar vo web portalot Lider). Околу телеграм групата "Јавна Соба", јас само ќе прашам: Па добро луѓе, што очекувавте? Политичките елити систематски ги уништија семејните вредности. Со државни пари носите турбо-фолк пејачи во чии песни се слави промискуитетот како врвна вредност. На националните телевизии се емитуваат фарми, задруги и серии кои промовираат блуд, разврат и пороци. Од абортусот направивте медицински зафат рамен на пломбирање на заб. Младите не ги научивте колку им вреди приватноста, не ги научивте дека интернет се користи за комуникација и образование а не за да се најде партнер за секс. Создадовте атмосфера во која не е фраер оној кој направил иновација или добил стипендија да студира во странство, туку оној кој почастил повеќе бело во диско... Зарем не сте виделе како изгледаат омилените пејачки на нашата омладина? Дека нив им процуруваат вака фотографии стално... ова е само следење на тренд! Добиле ли наставниците и психолозите директива на децата да им кажат дека не е нормално се сликаат целосно голи и во сексуална активност? Сте им го кажале ли тоа на вашите деца дома? Од црквата направивте бизнис-политички апарат. Исфрливте веронаука од образованието. На транџите им дадовте на државна сметка да менуваат пол... На ЛГБТ активистите им дозволивте да ставаат пенис во устата на Исус и тоа да го наречат перформанс. Министри им аплаудираа на перформансот кој го гледаа и деца. Добро, што очекувате? Што очекувате да произлезе од вашиот апашки либерализам? Ова е единствениот продукт на тие вредности. Верувајте уште пострашно ќе биде...