Малку е тоа,но сепак добро е и толку. Казната ја кажав: Бесилка. Па да видиме во иднина дали некој ќе го направи истото,или ќе ја чукне главата. За почеток е доволно да разберат дека никоја девојка,жена не е предмет,па тие да си играат со нејзе.
Се лажеш, ептен се лажеш. Прво да, машко сум. И иако сум машко, жртва сум на сексуално вознемирувањето на детска возраст од страна на возрасен маж. Веднаш пријавено... Така да зборам од МОЕ искуство. И незнам колку се знае, ама ама прилично голем процент од вознемирувањата се и врз машки деца, а се претпоставува дека е уште поголем, поради срамот машките да пријават вознемирување. Токму од ТАА причина, од МОЕТО искуство, не делам на машки и женски туку цело време пишувам ДЕЦА кога станува збор за ПЕДОФИЛИЈА! И да, останувам сепак на ставот дека треба да се воспитуваат децата за да не станат ниту предатори ниту жртви. А општество може да го смениме само преку воспитување на идните генерации, и тешки казни за сегашните изроди.
Што убав репрезентативен примерок си да доловам поента. Добро де не е збор за збор. Ама како рече во темата за силување? Девојките да имаат памет во глава? Ете сега пак истото го кажуваш. Силувачи болни умови, ама и девојките да не си го бараат многу.
Пак вртиш. Зборуваме за деца без разлика на полот. Деца од машки пол се многу често жртви на педофили, ептен често. Ама темава е за социјалните мрежи и онлајн малтретирањето на жените и девојчињата, кое е воглавно женки проблем и ќе остане женски проблем. Фино што сакаш да збориш за педофилија друже, во погрешна тема си. Ова не е тема во која се игнорира женското искуство - ова е баш тема за тоа.
Децата немаат способност правилно да расудуваат. Затоа и не можат да носат легални одлуки до 18 или да гласаат. Дете е дете, во период кога греши, учи и се развива. Друго е возрасен човек кој треба да ја препознае дека тоа е дете и дека треба или да го остави на мир или да разговара со родител. А не ами не и чинеа сликите што да правам. Ако дете го возбудува некој тој е педофил и треба кривично да се гони.
Овие шо викаат као децава се криви пошо ределе слики, свесни се дека оправдуваат пореметен ум кој сексуално се возбудува на деца кои сеуште не се ни развиени целосно?
Мора да се воведе посебен предмет во Училиштата каде децата ке бидат образувани ке бидат сексуални образовано тоа не страшно. Пострашно е ако не знае или сл. Сметам дека тие Манијаци или кои да се што споделуваат Фотографии невластено треба и кривично да одговара. А пропо темавасум и за построго казни Кривични особеноза тој што тепа жена ја малтретира и сл. Да биде соодветно казнет.
Тогаш кој е според тебе проблемот со сликите? Може без дозвола биле издадени од негде, може биле злоупотребени, се може да се случи, па и да е само грешка зашто се уште деца. Што има врска тоа воопшто? Не треба ни да се спомнува, зашто кога се спомнува се алудира дека штом се ставаат такви слики тогаш... Ете, вакви гнасни работи се случуваат. Ме разбираш?
Meanwhile во соседството... Еве колку е лесно некој да се најде на мета на манијаци. Земени ѝ се слики од инста, направен профил на Баду и го дава нејзиниот број. Сеа шо оправдување имаме за ова?
Неговиот логички сооднос е деца > жени жртви на насилство. Децата се само битни, жените не се - повторно според него, заклучно сите мислења кои ги прочитав. Џабе му реплицирате.
Еве, по година и нешто, поднесено обвинение за Јавна Соба1. За Јавна соба 2 ваљда 2 години ќе почекаме. https://360stepeni.mk/podneseno-obv...ot-sluchaj-se-bara-megunarodna-pravna-pomosh/ Во меѓувреме уште 16 јавни соби ќе се појават а овој тип однесување ќе се нормализира, јер нормално е, он да проба, све што ќе му текне. Ебате не*баните
Малку чудно мерило и размислување, особено од аспект на тоа дека веќе си била и ти самата жртва на насилство во зрели години, но во ред.
И кај жени без оглед на возраста - со или без сексуално искуство. Сечија психа е различна. Возраста често не е обусловена од годините, а ниту трауматичното искуство.
Не е исто влијанието кај мозок што се развива и мозок кој е целосно оформен. Децата се како глина... практично ги моделираме низ детството. Не дека е за занемарување траумата кај возрасни...