До средината на 20тите... Ама на 18 законски е прифатено дека имаш доволно контрола врз импулсите, за разлика од способноста претходно. Не ги измислувам јас законите... за жал... или ваша среќа
Нема ништо дегутантно во желбата прво да се заштитат мали деца... Инстинкт имаме кој 'не тера' да се грижиме за мали деца, кученца и маченца... да ги заштитиме.
И тоа нема врска со споредување кој колку страдал и каква траума имал, посебно за жртви на некакво насилство. Се разбира дека секој кој доживеал нешто такво ќе носи нешто со себе до крајот на животот, не ни може да се спореди едноставно, секој човек или дете различно би се носел. И не зборувам за деца / жени, туку зборувам општо за сите луѓе. Не ми има никаква смисла дискусијава на која жртва и е полошо.
Има разлика. Детската психологија е поинаква од онаа на возрасните. Читај, ќе видиш. *Не на кој му е 'полошо', туку какво е влијанието кај малолетници, какво кај полнолетни.
Вакви слики се објавуваат на кајгана форум во темата тражам девојка за една вечер каде да ја најдам, јавна тема споделено слика од девојче со гаќи пред огледало со име и презиме..
Каква болест Лелее.. Скролав сега малку низ форумот, ми се згади шо видов, дувло на манијаци, педофили. Ни ми се верува каков форм постоел.
Кој има желба нека го изгледа видеово. Се разботи за 14годишно девојче од Канада, кое си одезеде животот поради случувања како овие на Јавна соба. *Напомена - видеото е вознемирувачко
Јас еднаш на фб видов споделена фотографија на девојка од Кочани, со име и презиме, број и дека се секса за пари. Така беше напишано. Девојката беше легната на кревет, и се гледа лицето, и дека е гола, а од мажот се гледа само виснатиот стомак додека има секс со неа, и по неговата фигура се забележува дека е некој што може татко да и биде. Кај нас да функционираше законот, ова немаше да се случува.
Вознемирувачки е и фактот дека делиме воздух со такви... ама не ми е чудно, на темава какви мислења прочитав од членки
Случајно поминував покрај ТВ додека се емитуваа вести на Сител. Започнало судењето за случајот Јавна соба, па седнав да слушнам до каде е постапката. За неколку минути се шокирав. Адвокатот на прво обвинетиот во случајот која патем е жена, да жена, изјави дека станува збор за сензитивна тема и немало доволно докази против нејзиниот клиент бара да се почитува правото на презумција на невиност. Ќе се трудела максимално за негова слобода. Ако не сте доволно шокирани адвокатот на второ обвинетиот изјави цитирам "подобро илјада злосторници на слобода отколку 1 невин во притвор". Во превод имале здравствени проблеми и бараат укинување на протворот. Прво, да, имаат здравствени проблеми со мозокот, ама се надевам дека нема да ги прогласуваат за луди за да не лежат во затвор туку дома. Второ што ми падна во очи е адвокатката, побогу жена на жена волк. Како не и е страм да се застрами што застапува педофили и изроди на општеството чија цел била јавно омаложување на 100ци ако не и повеќе девојки, со крајна цел омаловажување на сите жени како припаднички на тој пол. За која пара си ја продаде душата? Се надевам нити еден клиент нема да ти стапне во канцеларија. Како трето, што мислат адвокатите со изјавиве, свесни ли се? Нормални човечки суштества со здрав разум не би го изјавиле ова. И тука ќе застанам бидејќи сум страшно изнервирана и гневна, на сите, и на институциите и на изродите што застанаа и сеуште застануваат во нивна одбрана. Изгледа време е да се самораспуштиме како држава. Кога не бива, не бива не може со сила.
Адвокат мора да има за секого, па дури и за ѓаволот. Се надевам ќе ги осудат, за памет за други, за адвокатот мање битно.
Знам дека треба за секого да има и за тужителот и за обвинетиот. Ако не се нафати никого државата доделува. И секако дека ќе ја штити странката која ја застапува, ама и тоа има граница кога се работи за очигледен виновник. Поентата ми беше дека адвокаткава изгледаше горда што го застапува, насмеана како да и се паднала 7ка на лото, а не како да брани очигледен злосторник. И со цел разум бара да се почитува правотп на презумција на невиност се додека не се докаже спротивното. Ок, почитувам, ама нејзиниот клиент е администраторот т.е. креаторот на групата јавна соба. Ако не му била целта споделување на незаконски објавени содржини и јавно омаловажување на девојките, што не ги одстранел тие што започнале со истото или уште подобро самиот да ги пријавел. Целта му била дружба, жити се? Каква дружба? Јас знам дека за тешки случаи адвокатите добиваат екстра credits, ама се си има мера, а и 2та адвокати ги поминаа границите на нормалното со самото однесување во судницата и надвор од неа кога го даваа изјавите. Неможам да најдам целосна снимка ама ако пребарате на Google "Јавна соба" сигурно ќе излезат исечоци. А да, како тргнало ќе им извадат од болница потврди дека се луди, и ќе си седат неколку месеци во домашен притвор и пак по старо. Ни нуклеарка не не оправа веќе.
Истото си го помислив и јас. Нема пари на светов што би ме натерале да бранам такво створење , премногу се изнервирав кога ја видов уште па окезена .
Адвокатот е должен да го брани својот клиент или да го одбие случајот кога ќе му се понуди. Платени се да ги бранат, шо очекувате? И оние кои убиваат човек се застапувани од адвокат кој исто така е човек и може да биде убиен, па ете… На крајот на денот, сите бираме професија со која можеме да се носиме.
Од каде очигледен виновник? Зарем човек не е невин се додека не се докаже спротивното? Имам многу за пишување на темата јавна соба но очигледно нема да поминам добро на форумов ако го направам тоа. Да ни нуклеарка не не оправа сите морални вредности се испревртени затоа нема да не биде не поради некој лузери кој маструбуираат по такви групи, Па и една од "жртвите" до министер стигна и даваше изјави по телевизии како животот и кариерата и биле уништени ( трагедијата е дека не излажале ништо за неа ). Не златна со таа јавна соба излегоа други проблеми на виделина, домашното воспитување немањето на скрупули, ниту некакви морални вредности. Тебе дали те имало во јавна соба ? И ако те имало зошто те имало ?