Очигледен затоа што тој е креаторот, а другиот админот на групата. А целата на групата е јасна како ден. За кој каде стигнал до министер или незнам што не ме занима ама ич. Уште помалку се интересирам. И кого ти нарекуваш Slut? По што заклучи дека јас сум slut? И како заклучи дека девојките објавени во Јавна соба се sluts? За тоа што коментирав за случајот? Треба само жени што биле објавени и чии информации и слики биле злоупотребени да реагираат, а ние останатите да си свиркаме од страна, или уште полошо како тебе да фаќаме сеир и да се правиме светици? Девојко најдобронамерен совет преиспитај си ги вредностите, работи на подобрување на културата и речникот, а и однесувањето. Тоа што сакав да го објаснам во постот го објаснив, а за навредите кои не се наменети кон мене, туку кон сите припаднички на женскиот пол, твојот пост ќе биде пријавен.
Какво е домашното воспитување не само на жените на снимките, но и на тие што ги објавиле. Тие не се курви? Или бидејќи се мажи, ок е.
СДК дека манијаците најчесто не одбираат жртва според нејзиниот карактер и "вредностите" кои ги застапувала.
Да не се разбереме погрешно, не велам дека е во ред постоењето на такви групи или такви мажи. Јас велам дека кривица има на двете страни, ако јас сум се сликала гола и сум испратила на некого мој експлицитни фотографии, прво е моја вина зошто сум се сликала така второ е моја вина дека не сум знаела да проценам карактер и на кого што праќам. Верувала или не јас немам експлицитни видеа и фотографии.
За лајкови на инстаграм или фб се сликаат со градите извадени надвор до пупки, прекршени во грбот за да им се познава газето и со напрчени усни. Па после имало манијаци па споделувале слики, и тоа слики кој биле јавно објавени, или додека се добиваат лајкови и коментари од " фраери" се е ок не чини кога лузерите ќе поќнат да пишуваат и споделуваат
Да токму така, манијаците одбираат фино воспитани и културни девојчиња, без провокативни и експлицитни фотографии по социјални мрежи.
Да, одбираат и такви девојчиња. Некој манијак може да се опседне и со тебе, замисли, баш затоа што те доживува како конзервативна и "прибрана". Но обично тоа не им игра улога, бидејќи за мизогините стоки, жените општо се курви.
Споделување на приватни видеа и фотографии е незаконски. Браво за тебе што немаш такви, не знам каква врска има тоа со темата, да споредиме дека тие се курви, а ти светица? А што ако утре некој ја слика ќерка ти на час, во школо, во задникот, ја постира во "Јавна соба" и напише 'види ја како е задлабочена во книгата, како шо вчера ја бев задлабочен во нејзиното шупче'. Замисли, притоа ќерка ти не ни имала секс со типов, си измислува едноставно и после тоа очекувај такви како тебе да ја окарактеризираат како slut. После такви како тебе ќе пишуваат, 'е ако не е така зошто баш за нејзе нашол да пишува, ајде молим ти се'.
Се читаш ли што пишуваш? СЕ ЧИТАШ ЛИ ШТО ПИШУВАШ? Прво, со кое право ги нарекуваш девојките 'к***и? Свесна ли си што зборуваш? Второ, како може манијаците да НЕ се виновни кога се? Се фати за девојките како се сликале. Секој на својот профил на Фејсбук или на Инстаграм може да споделува што сака, сè додека не повредува никого. Знаеш ли зошто се виновни членовите на таа збирштина? Затоа што немаат право да препраќаат туѓи фотографии, броеви на телефони и адреси на живеење, а сепак го правеле тоа! Второ, имало и детска фотографија! Зарем тоа не е доволно за да бидат виновни? Последно прашање, што ако твоја слика се најде таму? Да, и јас ќе речам дека манијаците не бираат жртва. Јас немам слики какви што ти опишуваш дека се сликаат, а бев сексуално вознемирувана на социјалните мрежи. И свиркана кога бев наоблечена. Со што го заслужив ова, што мислиш? Со ништо. И тие со ништо не го заслужиле ова. Никоја не заслужува такво нешто, макар и сосема гола да е. И јас се надевам дека гнасиве ќе бидат казнети, а нивнава адвокатка посакувам да ја изгуби лиценцата. Размисли барем два пати пред да притиснеш 'Испрати одговор'.
Ми се нафрливте како јас да сум ја креирала групата Напишав дека не го оправдувам таквото однесување и групи, едноставно пишав дека и двете страни си сносат кривица. Да секој има право да прави што сака и секој треба да си ги сноси последиците од своите постапки.
Јас те разбирам, делумно, што сакаш да кажеш. Се согласувам дека се постираат секакви фотографии, но некогаш да си облечен и од глава до пети, да си најповлечена особа, може да бидеш мета, доколку некој реши да те таргетира. И мене не ми се допаѓа оваа појава, која е се повеќе застапена на социјалните мрежи. Особено кај малолетници. Зошто секогаш ја префрламе топката кај предаторот, а не оние кои првично треба да превенираат вакво однесување, како на пример родителите, за двата пола. Мрежите треба да служат за забава, а не себе промоција, барем јас така ги разбирам. Стореното дело, треба да се превенира, а не крајно да се гони кривично, затоа што во тој случај, повторно остава последици врз жртвата. Доколку не постоело појдовна точка, немало да дојде до постоењето на групата. Повторно говорам, обострано, за двата пола. Не навлагам дека во групата имало секаков тип на девојки, но има сигурно и како горенаведените. Друго, испраќање на експлицитни фотографии и видеа, не е во ред. Дали од страна на жртвата кон предаторот/ сеирџија, дали од истиот кон поширока маса на луѓе. Од секогаш имало педофилија, силување, но постоењето на мрежите, само ги олеснуваат тие девијации на човековата психа. Се станува подостапно. Сурово звучи, како што го имаш напишано, особено делот со курвите. Поим кој се користи за исплата на финансии врз база на сексуални услуги. А сигурна сум дека, барем 80% во таа група се рандом девојки чија професија не е како твојата декларација. Затоа што, некој ден, макар само си згрешила банално некому, може да те окарактеризираат со вакви зборови. Решението е поголема контрола врз животот на сопствените деца и едукација за последиците на таквото однесување, трет пат, за двата пола. Има и социјални мрежи, каде, ако немаш 18 години, не можеш ни да направиш профил, што за мене е сосема адекватно и морално. Понатака, секој е одговорен за своите постапки. Не ми ставајте свои зборови, вон мојот пост. Тоа што сум сакала да кажам, кажав. Не оправдувам постоење на Јавни соби, не оправдувам присуство на малолетници на социјални мрежи, не оправдувам споделување на фотографии без согласност од сопственикот на истите, не оправдувам голотија и позирање во екстремни пози, не оправдувам кривично дело.
Не беа само објавени слики, туку и место на живеење, адреси и нивни тел. броеви. Зошто треба да се во опасност само затоа што ставиле слика на интернет што не е по твои критериуми?
Јас те сфаќам што сакаш да кажеш. Донекаде се согласувам. Сакаш да кажеш дека станува збор за одговорност, дека секој е одговорен за своите постапки, во случајов објавување провокативни слики или праќање исто такви на некој во кого не би требало да имаат толкава доверба. Да немало такви слики, немало да бидат злоупотребени, тоа ти е поентата, нели? Ама... Во една таква група како ,,Јавна соба" може да биде објавена и најнормална, непровокативна слика и пак да пишат гадни работи за девојката. Тогаш кој е виновен? Сега го знаеш одговорот, нели?
Не се работи за мој критериуми, се работи за општи критериуми и стандарди. Од кај им се телефонските броеви? Зошто мој број или фотографија не ставиле таму? Ако сакаш да бидеш Кардашијан тогаш носисе со тоа до крај, не дома и блиските кога ќе те дознаат да плачеш како тоа немаш ни најмалку кривица. Не сакам да навлегувам повеќе во очигледно не продуктивна дискусија, многу нешта се испревртени наопаку. Влијателната од провинција целата ситуација си ја искористи за себе промоција на медиуми средба со министер две три интервјуа, од чиста радозналост и го отворив инстаграмот и има што да се види. За болдираното, постои нешто што се нарекува слобода на говор, впрочем не правиме муабет за оние нај со "најнормалните" фотографии Ок ајде сите сте во право, јас сум виновна
Не си виновна, само немаш осет. Ич, 0. Страници и страници се пишувани за сексуализација на женското тело, за злоупотреба на податоци, за споделување порнографски фотографии, за педофилија, за нарушување на мир кога ти ѕвонат 1000 души, за многу други работи, ама вие од некоја причина одлучувате да се фокусирате на тие неколку девојки што ставиле провокативни фотографии па тоа мажињата си го сфатиле како отворена врата за сите гадотии да им ги напишат. Притоа се игнорираат стотици други девојки чии слики биле украдени, премлади за да сфатат колку не треба да имаш доверба во машка особа за споделување на такви слики, жени кои не знаеле дека ги снимаат (имаше и ваков случај) итн итн. Ова е најголемата брука на државата, што уште креатор и админ ги кажува, што за разлика од жртвите каде нивните идентитети беа бесрамно споделувани, на овие се кријаат како не знам што да се, при тоа нивните адвокати повикувајќи се на тоа дека треба да се почитува нивната ПРИВАТНОСТ. Ти и сите кои покажуваат со прст кон девојчињата сте секогаш на погрешната страна на историјата. Секогаш. Нажалост.
Знам дека не се коментира само со смајли, ама нема друг коментар. Само ако е твој број се важи, иначе не се десило, така?
Најинтересно ми е што вакви што се топорат многу често нажалост знаат да ја видат вистинската страна на многу посуров начин (никогаш тоа не би му го посакала никому). И после тоа истите што ги брани ќе ја нарекуваат со погрдни имиња, а истите тие што ги смета за нетокму што коментираат против манијачишта пак ќе застанат на нејзина страна. Единствено нешто што ми е погрдо од манијак кој коментира во такви теми ми е жена што ги брани. Мислам дека ми умира дел од мозокот кога тоа го гледам.