Како мислиш слобода на говор? Според тебе во ред е да се пишуваат такви работи? И велиш не правиме муабет за најнормалните фотографии, ама посочувам пример дека може да има и таков случај, може и имало. На Фејсбук имаше порано групи, слики од девојки во фустанчиња, а сите во групата ги гледаат како... што не треба. Само затоа што се претставени на таков начин. Всушност, верувам дека повеќето слики во ,,Јавна соба" и не биле којзнае колку провокативни. Само ете, манијак не разликува многу... И воопшто немав намера да те нападнам, баш со разбирање те цитирам и прашувам.
Да се разбереме за последен пат. Реалноста е дека социјалните мрежи не се играчка и затоа и повеќето бараат нивните корисници да бидат полнолетни личности или над 16 години. Факт е дека на запад имаат регулирано законски и подзаконски акти во однос на поголемиот дел од активностите на социјалните медиуми, така да точно се знае која постапка го прекршува кој закон и која е казната за тоа, и потоа таа казна ја носат доживотно жигосани со себе. Додека на Балканот во поголемиот дел од земјите не се знае кој јаде, а кој пие за сите закони, а камо ли за социјални мрежи. Реалноста е и дека трендовите доаѓаат од USA, а сите млади личности за да се вклопат во денешниот life style и да бидат trendy, несвесно превземаат одредени активности, незнаејќи дека тука нема држава да застане зад нив, а и општеството прво ќе ги етикетира. Ќе ги етикетираат и родените мајки. А жртви ќе бидат едниствено тие. Во никој случај не оправдувам испраќање на одредени слики или видео материјали само и само да се задоволи другата страна. Јас како млада индивидуа знаејќи во која заостаната средина живее не ни имам социјални мрежи, а уште помалку се дрзнувам да испратам некакви слики или снимки. Но не се дрзнувам нити да осудувам личности кои го направиле тоа, бидејќи не патам од комплекс на богиња. Имале доверба, биле во долга врска, брак или било која друга неважна причина. Проблемот е што другата страна ја изневерила нивната доверба, и ги споделила сликите или снимките. Или уште полошо ги направиле истите без знаење на синманата личност. А најлошо е што во "Јавна Соба" беа споделени имиња, презимиња, телефонски броеви и адреси на личности кои немаат воопшто недолични слики или снимки заради банални причини и желба за одмаздољубие. А најлошо во најлошото е што беа споделувани лични податоци, слики или снимки од малолетни лица. Како е сето ова нормално за вас? Притоа, креаторите и учесниците на групата "Јавна Соба" од платформа за бизнис и деловна соработка направија дарк порно сајт за педофили и изроди на општеството. Да бевме нормална држава ама не сме, креаторите, админите и оние кои учествувале и споделувале содржини на групата ќе беа осудени за педофилија, недозволено превземање и објавување на сензитивни материјали и ред други прекршоци. А сите останати учесници на "Јавна Соба" ќе имаа едно мало знакче во нивните Лични карти, Пасоши и на нивните социјални мрежи, кое на останатите корисници ќе им укажуваше каде и во која мера тие го прекршиле законот. За во иднина ако некоја сака да се состане/излегува/има врска/склопи брак да знае со која личност ќе ги превземе тие активности. Државата превзела одговорност и ја заштитила, останатото е на нејзина глава. А и во иднина ако на прекршителите им текне дека сакаат да работат одредена професија или да мигрираат во западна земја да бидат спречени. Тоа се тие причинско-последични реакции. Ама нема. Се надевам дека ако ништо друго креаторот и администраторот ќе ги осудат, и нема да им извадат потврди за луди, па да си седат дома и пак по старо. Се надевам и дека сите припаднички на женскиот пол извлекле соодветни поуки од кои мажи и жени да бегаат. Јас лично прекинав пријателства со сите оние лица за кои дознав или сами се пофалија дека биле во групата или едноставно преку разговор ги поддржуваа и им се поклонуваа на креаторите. Прекинав и контакт со сите жени кои имаа комплекс на светици. Се надевам и дека сите родители извлекоја поука како да не ги воспитуваат своите синови, и кои се последиците од таквите постапки. А се надевам и дека сите родители на девојки, не ги осудија жртвите на "Јавна соба" и ги подучија своите деца да си ги кренат критериумите за својот иден партнер. И да резимирам, она што јас и личностите во мојата околина го извлековме како поука е: - Внимавајте кого избирате за партнер и обидете се да го ''прочитате'' пред да сакате да имате било што со истиот, па макар бил и само однос. - Ако ви бара било што, а вие не сакате да го направите тоа, не го правете. Ќе најдете некој друг со кој желбите и интересите ќе ви бидат компатибилни. - Не испраќајте слики/снимки само за да ја задоволите другата страна, а притоа се чувствувате несигурни или не сакате. - Не бидете во врска со некого само за да не бидете сами. Напротив ќе научите повеќе за себе и ќе знаете што сакате. - Не останувајте во врска/брак, со личности кои ве изневериле, сте изгубиле доверба, пишуваат и бараат слики од малолетнички (не го прават сите мажи тоа, само педофилите), ви се закануваат, се насилни, сакаат да правите работи кои не ви се допаѓаат, ама сепак ги правите затоа што и Трајанка така направила за да го задржи. Ако сака да си оди, слободно. Ќе дојде секогаш некој друг, подобар. - А ако на некоја блиска, роднина или пак познаничка и се случи горенаведеното, поддржете ја и охрабрете ја да излезе од токсичната околина. А не да седете од страна и да осудувате. И за крај, многу убаво рече една членка, наместо да ја запалиме државата, мнозинството избра да седи од страна, да гледа сеир и да се воздигнува дека е светец/светица. Со такво размислување може само да ги привлечеш личностите кои учествуваа во "Јавна соба", а не здраворазумни личности.
Од кај им се броевите? Еве јас ќе ти кажам, заедно учат во клас, на пример. Сега ти да ми одговориш на тоа што те прашав.
Членката е или машко, или живее во некој свој свет каде секој го добива заслуженото. Без осет и во двата случаи. Она не сфаќа дека има такви, и тоа многу ги има, кои се полни со злоба и на неа гледаат како на сексуален објект, потчинето битие, само затоа што е жена и притоа не им е важно каков човек е таа, какви навики има или како е воспитана. Ним тоа ништо не им значи, бидејќи се закочени во примитивен простотилак, при прва прилика/неприлика би и наштетиле. Мислам, ако си од земја беззаконија (македонија) и се уште не ти е јасно колку погани луѓе постојат....со среќа.
Случаите се бивши дечковци, поранешни другарки, деца од клас. Сигурно не нашле нејзина слика и број на пазар3.
Ниту јас ниту ти сме и ги одбирале бившите дечковци и другарки, секој си прави избор во животот и мора да живее со последиците од таквиот избор. Види се нема основно домашно воспитување па потоа се по ред, незамисливо било девојка да се слика гола уште помалку да направи или испраќа експлицитни фотографии и видеа. Манијачишта дркаџии од секогаш постоеле и ќе постојат, едно ме научи животов прво дека се е според заслуга што си сеел тоа и ќе жнееш второ дека никој од чиста мира не прави нешто на некого. Се фативте овде со мене како јас да сум ја креирала групата на телеграм иако неколку пати кажав дека нити ја оправдувам истата нити членовите на истата. Само се обидов малку од поинаков агол да ги погледнам работите, сега некој членки си ја имаат мувата на капата и си ја ишкаат, нивни проблем.
Ако не знаеш што значи 'приватност', кажи ни го пинот од картичката. Не им ги пратиле на цел свет, на еден човек им пратиле. Криминалецот е виновен, жртвата никогаш. Точка!
Добро ти објасни ми што значи приватност. Ах да ЖРТВА и WOKE култура ми ту движење Испраќај ти голи фотографии на колку што е можно повеќе машки и биди сигурна дека тие нема да ги споделат со никого, поентата е дека никој со сила не им ги изнудил тие фотографии и видеа.
Во моментот кога ќе споделат, стануваат криминалци. Како ние жените не објавуваме дик-пикс наоколу? Да почнам ако не и јас да ги објавувам, со име со презиме? Па нека им видат родителите, сопругите, децата, роднините, пријателите, колегите.. цел свет! Нормално е за тебе ова?
Ако имаш слободно споделувај, тоа дека некој во моментот споделил станал криминалец само во твојата глава, има закон за тоа и законот вели нешто друго. Мене друго ме мачи како тоа толку паметна личност како тебе не гледа проблем во правењето и испраќањето на такви експлицитни содржини ама наоѓа проблем во споделувањето на истите.
Замисли не вика така, туку во ред е да испраќаш експлицитни содржини ? А за дик пик алал да ти е штом имаш цели колекции со имиња и презимиња, замисли мене никој не ми пратил таква фотографија
Очигледно не знаеш воопшто што имаше во групата штом си толку игнорантна. Еве ја ќе ти кажам. Имаше барања од членови од типот "дајте бројче од младо пиче од пример Влае"? Имаше барања од повеќе населби и градови јас колку што видов, па како одговор :повели брат, оваа и ставена најобична слика од профил со лични податоци. Само жртвите си знаат колку мораше да сменат броеви за да не ги вознемируваат секакви манијаци. Што ќе се случи ако некоја беше силувана или нападната? Пак ли они ќе бидат криви? Може и твоја слика ставиле и пишале оваа се *** добро, никогаш може да не дознаеш.
Споделување приватни информации и материјали, без согласност на лицето чии податоци се споделуваат. Сексуално вознемирување. Дистрибуција на малолетничка порнографија. Шо мислиш, зошто е последново дел од обвинението? Оти најдолго се лежи во затвор за тоа.