Сега сум убедена дека си некој од нив и местото ти е зад решетки. Нема повеќе што да се дискутира, страници наназад ова е пишувано.
Не ти се блиски и ова го пишуваш? Навистина не ти е јасно кај грешеле тие што ги споделувале податоците?
Во мозокот твој и на сите кои размислуваат како тебе. Вие сте проблем. Лошотилаци од луѓе без грам емпатија во вас. Злоби што за момент на внимание душата би си ја продале. Среќа па се намалувате квантитативно, можеби и ќе исчезнете некогаш со вашите закрепостени ставови.
Ќерка ми ми има речено: 'Многу работи ќе се подобрат, кога вашата генерација и повозрасните ќе изумрат' *Со дисклејмер, не ко навреда
Види, знам дека не е лесно да се носиш со фактот дека брат ти, син ти, братучед ти, дечко ти е манијакална забеготина што при мало бебе дома си го троши времето на отварање такви групи...ама ова не е вистинскиот начин да се носиш со тоа. Побарај стручна помош, и за себе и за манијакот.
Замисли си @blue_lady поставиш слика на твојот инста или фб профил. У бикини еве рецимо. Профилот еве нека ти биде јавен. Ама и не мора у бикини, туку дотерана, за на свадба па и кејжуал. За тебе нормална слика за некој бивш дечко, соученик кој не те поднесувал у текот на школските години или некој што си го одбила, на чиче кое си го тинка на се шо мрда и носи суќна шанса да сподели што видел или па да се одмазди па ќе ги препраќа на тие у јавните групи. Како ќе се осеќаш?
Гледаш можеби затоа не можам да разберам, јас слики во бикини немам на фб нити на инстаграм и поголемиот дел од моите познанички немаат такви фотографии. Можеби и затоа не ми испраќаат дик пик во пораки
Абе ти рече и до врат да си запетлана, може некој да каже дека си најголемата 'курва' и да сподели твој број на тон дркачи. Ок ќе ти биде?
Добро еве, нормална слика нека биде. Дискрипшн одоздола - оваа да видиш како ми го д*ка. Се клецка за 1000че а нема блага веза. Твој бивши, или некој што си го одбила.
Година и пол пандемија не е објаснување зошто имаш тотално искривена перцепција за светот. "Што си сеел ќе си жнееш", кои ти се тие приказни за мали деца бре, или кажи у која утопија живееш, сакам и јас таму каде се е според заслуга.
Девојкава/дечково што и да се јас мислам дека со сила ги пишува овие глупости наназад, не си трошете време да и/му се објаснувате. Во спротивно вакви мислења се страшни