Леле, како не ни текна дека проблемот лежел во тоа што се исфрли веронаука од школите. Туф смотани. Фала што не продухови. Кога имаше веронаука во школите порнографијата запре.
Така да, сите се криви. И певаљки и транџи и активисти и тие што укинале веронаука. Само 7400 господа кои го направиле злоделото не се. Кога ќе направат хомосексуалци ваков чет и ќе споделуваат слики од дечковците или геј девојки од партнерките тогаш овој муабет. Дотогаш покриј се и покажи со прст кон вистинските виновници господине Златев.
Косми, вообичаено инцијатори на секстингот се мажите. Не велам дека на жените им е лошо, или секогаш прифаќаат за ќејфот на мажите, иако не е исклучено и тоа. Сепак, биолошки сме предиспонирани различно. Мажите повеќе се фокусираат на визуелното во сексот, додека жените кон психологијата и енергијата која ја носи самиот секс. Околу второто прашање..Зад голите фотографии кај девојчиња најчесто се крие несигурност и желба за афирмација. Потврда дека се доволно физички убави и згодни за да бидат прифатени и посакувани кај машкиот пол. Жените се свесни дека да се биде атрактивна носи повеќе шанси и успеси, па затоа неретко потклекнуваат кон вакви барања иако тие истите се косат со нивните увервања. Кај мажите пак, овие фотографии претставуваат потреба за истакнување и гордост на својот маскулинитет и големина на пенисот со која располагаат. Генерално е вака, не го земајте ова веднаш како острица на меч. Бидејки постои и доброволен секстинг, и меѓу геј и меѓу стрејт парови.
Да имавме нормален однос кон сексуалноста и за мажи и за жени немаше да е вака. А не девојките уште од мали да се учат на понизност и срам додека на машки им се наметнува дека треба да им биде за фалење со колку легнале. Исто така, нeкој кој пораснал во семејство кај што редовно слушал и бил сведок на деградација на жената после нема да има нормален однос кон нејзе.Поретки се тие кои го надминале тоа што го интернализирале уште ко мали. И на крај, кога цела култура се врти околу тоа дека жртвата си го бара и е крива , нормално дека на насилниците нема да им е гајле.Единствени нормални коментари прочитав само од вас на форумов , на фејсбук се изначитав осуди и коментари од типот heheh pa uste od mali kurvicki. Сексуална едукација ни треба и тоа многу.
7 najpopularen veb sajt vo SAD e pornhub.Kade se spodeluvaat amaterski videa i sliki.Ima i eden kup homoseksualni veb platformi kade spodeluvaat sekakvi sliki i videa.Se i sesto ima na internet.No tamu FBI ne se zamara so gluposti.Nema goli sliki=nema problemi.Policija reagira vo slucaj na pedofilija i maloletnicka prostitucija ili uceni.Se drugo e tvoj problem i ti si snosis posledici za akciite.
Љупчо Златев, имаш ли матка? Ако не, тогаш абортусот како тема воопшто не треба да те занима. А и оние кои имаат матка, повторно одлучуваат само за нивната и ничија друга. @Dust ама довербата на девојката која пратила слика повторно е изиграна. Треба да го критикуваме тоа. Стои фактот дека сите треба да внимаваме на многу работи, ама децата прават грешки.
А наместо да се дебатира толку многу, ајде да превземеме нешто, дајте на ФБ да се направи отворен настан, да се објави протест, еднаш неделно, се додека не се казнат. Да се постават барања, на пример, да се едуцираат младите дека не треба да се обвинува жртвата, што е жртва, како се станува жртва, да се оди по школите и да се врши едукација на часовите, да се бараат високи казни, затворски за полнолетните и високи парични за родителите на малолетните, како и нивно исклучување од образовниот систем, нека полагаат испити преку лето, преку едукација да се стави крај на гледањето на жените како сексуален објект, тоа не е нешто што може преку ноќ да се постигне, но вреди да се обидеме. Да се направат рестрикции на ниво на држава за интернет пристап до порнографски содржини, нека си кријат списанија од Памели под кревет ко на времето, поздраво е за психата а и фантазијата повеќе ќе ја развијат. И уште куп други барања, сега на брзина не ми текнува, блок ми е мозокот, ќе би пишам подоцна.
Ете проблемот бил дека исфрлиле веронаука од училиштата, дотогаш сите светци безгрешни. После ѓаволот навлегол и ги натерал на блуд и разврат. Сексуална едукација фали, луѓе. И тоа многу. Треба да биде задолжителна во средните училишта (ако ме прашувате мене и при крајот на основно). Има и серија таква, барем неа погледнете ја, се учат некои работи.
https://www.slobodenpecat.mk/zhrtva...da-gi-kazni-tie-shto-mi-go-narushija-ugledot/ Значи биле превземани фотографии од Инста
Пред некој ден отворив тема за Новинарството во која меѓу другото спомнав дека новинарите имаат привилегии кои ако поажурно ги користат многу случаи би се забрзало да имаат правна разрешница. Ама некако ретко кој ја поферма темата. Да медиумите имаат моќ, но дали сакаат да застанат зад ова и да одат до крај без да имаат интерес зоглемување на рејтинг туку целта да им е јавна осуда кон ова срамно дело и спроведување на казнени мерки? Да и ние имаме моќ но дали ќе ја покажеме на протести на дело или ќе се јачаме само на збор и тастатура?
Да све и свашта има. Наидов и на слики мои од инстаграм, на ниедна не сум гола. Понуди за follow од секакви мажи од 18-50 години и пораки непристојни.
Добро, смее да се влезе во групава, чисто да видиме што има и што се случува? Ќе има правни последици?