Со оглед на тоа во каква држава и со каков народ живееме, изненадена сум од делумната победа. Ама не треба тука да биде крајот.
@Emotional123 еден чекор напред е во нашево општество... А големите промени започнуваат од "малите" нешта..
Абе и порака е до сите што ќе се дрзнат да објавуваат јавно, туѓи приватни информации и материјали. Ќе се подзамислат, ако знат дека ќе бидат тужени и осудени.
Реално ова е ништо и срам за судството, условна казна затвор од 1 година која нема да се изврши доколку сторителот не стори ново кривично дело во рок од 1 година од правосилноста на пресудата. Ни некој ќе се плаши од осуда после ова ни ништо, од шупливо во празно.
Не би рекла дека е така, но ајде да видиме дали истото нема да продолжи истото лице по истекот на условната и дали ќе влијае позитивно и врз други лица да не вршат такво кривично дело или се ќе си продолжи по старо дури и во поголеми размери знаеќи дека некој се извлекол со условна осуда.
Јас мислам дека ќе плати казна човекот, а за затвор е условна. Секако дека ова е убава вест, не можеме да бидеме негативни, верувам дека и олеснило и на девојката и на многу други девојки во слична позиција. Чекор е ова, јас дури и не би го нарекла мал чекор. Единствено ми е криво што прочитав дека не сакале да сведочат за девојката, многу патиме од тоа „што има јас да се мешам“, многу себично, ниско, за жал. Ама адвокатката се гледа дека е феноменална.
Србија ја тресе скандал ист како кај нас. Се инфилтрираа активистки од Србија за да го расветлат случајот, наидоа на страшни, изопачени работи. 35.000 членови. Во барањата препраќања на малолетничка порнографија, голи слики од малолетни девојчиња, барања за инцест и слично. Исто така ги препорадаваат сликите за по 50 евра. Во пораката се праќаат слики кои се земени скришно, без жената да знае, а многу често се фотографирани сестри, роднини, пријателки скршино. Исто ко кај нас што беше, истата ситуација, цревата ми се превртија, ми се повраќа цел ден. Дно ми се овие мажи, тоа нема дискусија тука, ова не се мажи, ова се пропалици, пробисвети, сељачишта. Ама на подеднакво ниво, дно дна ми се и оние кои ги бранат, ги правдаат или ми ја пукаат дундата со муабети ама не се сите мажи исти, да не ги ставаме во ист кош. 35.000 мажи.
Тој што го фатиле во 2021 дека е администратор пуштен е на слобода. Со образложение дека тој само ја создал групата, а не споделувал слики. Си ужива, му е гајле. И што се случи после тоа? Нова група, со уште повеќе членови. Ми се повраќа, буквално сакам да повратам од што ми е гадно.
Ги жалам дури колку се очајни , болни ,и психички пореметени сите членови на тие групи .... Гревота за девојките чии слики се нашле во тие групи ... којзнае какви стресови имаат сега ... се надевам сите ке добијат подршка о блиските ...
Мизерија, страшно и поразително е фактот колку е ова раширено, и после толку "разоткриени" скандали не престанува Пострашно е што верувам дека голем дел од машката популација го оправдува ова со размислување во стилот "е де де ништо страшно"
Колку треба да се неисполнети во животот, колку несреќни луѓе има на светов.. Никој кој е исполнет, кој има квалитетен живот и хоби не би посегнал ниту да е член на таква група а камо ли да тргува со фотографии (особено од блиски членови). 80% од интернет страните се со порнографски содржини, изгледа и тоа им е малку на непроживеаните, кои од досада се занимаваат со вакви групи и фотографии..
Ја не сакам да верувам дека никој здраворазумен човек би правдал вакво нешто. На форумов темава доживува најголема осуда од сите членови, без разлика каков пол се. Иначе баш дискутиравме во темата за Педофилија како во Германија го сменија законот и ставија некои смешни казни за делење и поседување на порнографски слики од деца, затвор од 6 месеци до 1 година. Со добри адвокати се отвора можност педофили да добиваат многу мали или никакви казни затвор. За жал промовирањето на педофилијата преку разни центри, невладини организации и групи зема замав во последно време. Дали преку суптилно менување на олеснителни закони, јавни паради каде што деца сексуално се експлоатираат преку облека, или пак деца кои се изложени на сексуална содржина. Страшно е она што доаѓа и се турка на мала врата, а не смее обичниот народ ниту да зборува, ниту да дигне глас. Вакви групи ќе никнуваат уште повеќе и ќе се делат слики од ќерки, синови, браќа, сестри кои сеуште се малолетни и никој нема да одговара за тоа.
Здраворазумен не би требало точно но очигледно има многу "нездраворазумни", што кога се работи за девојки од 15г па нагоре не го ни сметаат ова за педофилија, само не го кажуваат гласно. Во ситуацијава и за полнолетни девојки и повозрасни жени да се работи не е во ред и е незаконски и треба да се казнува и да се искорени.
Секако, се сложувам со тебе. Но, тоа што пробуваат да ги намалат казните за педофили помалку да одговараат и да можат да се извлечат во такви случаи кога се работи за деца, може да се замисли која правда ќе ја добијат другите. Наместо да имаме прогрес на подобро и законски да се заштитени оштетените страни, они ги олеснуваат условите за педофилите. Во каков свет живееме.
Живееме во свет на патријархат и мизогинија, каде мажите се научени дека телата на жените и девојчињата се нивна сопственост и дека им се олеснети условите при секаква злоупотреба на нашата автономија. Кажувајте ги работите какви што се. Ова е случај на родово базирано сексуално насилство, и возрасните жени чии слики се споделуваат без согласност се жртви. Само агресивен феминизам е решението.
Јасно дека не се сите мажи исти, ама баш тие што не се вакви треба да се најгласни против ваквите. А погнасни од маживе ми се само жените што оправдуваат и ги линчуваат "курвите". Јас би кастрација, за памет на другите. Ама тоа не било цивилизирано...