Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

На „Телеграм“ се шират интимни фотографии

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од black-angel, 26 јануари 2020.

  1. BraBru

    BraBru Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2023
    Пораки:
    404
    Допаѓања:
    917
    Никогаш нема да оправдам вакви групи, разменување слики или уценување, и треба сериозно да се казнува, и да важи законот за сите исто ама верувајте дека значително ќе се намалат ваквите работи, и нема ни да бидат актуелни овие групи, ако жените знаат со какви будали си имаат работа. Ако женското, или машкото не сака да биде споделувано, едноставно, не ги прави тие слики во интимни моменти. Сѐ што е слика, видео, па дури и чет пораки, е подложно на крадење и злоупотреба. И не го оправдувам, туку велам дека треба да сме сите попретпазливи со довербата, споделување тајни, информации и слично. Ако не сакате никој да знае, не треба ниту да кажувате, ниту да покажувате. Тајна е кога знае само еден. Кога знаат двајца, 95% се шансите дека на некој ќе му се испушти муабетот или на некој ќе каже намерно.

    И за кражби, и за тепачки, и за било какви работи, треба да бидеме претпазливи. Да, знам дека не е ниту фер, ниту законски, ниту морално и етички, но се дешават еден куп ствари.

    За оние кои се снимани без нивна согласност, односно скришно или под присила, треба да им се даде максимална поддршка и да се одбранат по секоја цена од предаторите. Ама оние кои свесно имаат цели албуми со голи слики од нив, партнерот, секс снимки и слично, сами си ја бараат бељата. Или па оние кои си праќаат голи слики, снепови од к*рот, пичката на чет и слично, да не мислите дека само вие и соговорникот ги гледате тие слики?

    Крадци, тепачи и луѓе што злоупотребуваат други, постоеле и секогаш ќе постојат. Затоа прво треба да се заштитиме самите како индивидуи, а потоа како заедница, без разлика на пол, вера, националност и слично.

    Гола слика од девојче или машко што се нема сликано никогаш во животот, нема да најдете ни за милион долари, затоа што не постои. Едноставно е.
     
    На Iva2020 и Bitter-Sweet им се допаѓа ова.
  2. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.487
    Допаѓања:
    7.912
    Пол:
    Женски
    Секој може да се слика како сака. Ако некој таа слика ја пушти во јавност БЕЗ СОГЛАСНОСТ од личноста на која припаѓа сликата е кривично дело. Се надевам појасно ти е сега.
    И да, престанете да ги напаѓате жртвите.
     
    На staycalm, elenaa0805, crimson и 15 други им се допаѓа ова.
  3. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.113
    Допаѓања:
    269.099
    @BraBru малце слабо ти оди сфаќањево зошто некој/а се слика сам/а себе и како доаѓа до истото.

    Најчесто се премлади, наивни и неискусни, подложни на тешка манипулација, без силен систем на поддршка (на пример, дисфункционално семејство, каде манипулациите и насилството се нормализирани).

    НИКОГАШ не е жртвата крива, НИКОГАШ. Ова твоево е само покултурно кажано "сама си го барала".
     
    На see.emily.play, Mucika, An-na и 17 други им се допаѓа ова.
  4. BraBru

    BraBru Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2023
    Пораки:
    404
    Допаѓања:
    917
    Дали станува збор за било каква фотографија, или само онаа која експлицитна? Значи го разбирам тој дел, ама разбери и ти дека секогаш ќе има луѓе што ќе злоупотребат.

    Утре ако го оставам телефонот на клупа, НЕ Е ЗАКОНСКИ ДА ГО УКРАДАТ, ама сепак се случува. Ти ќе ми речеш - Епа што к*р си го оставил телефонот на клупа? Или ќе го бркаш и напаѓаш крадецот?
     
  5. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.113
    Допаѓања:
    269.099
    Точно.
    Возрасна сум, па бивш партнер буквално ми украде релативно експлицитна слика од телефон мој. Грешката моја е што не сменив пин на тел. а не што сум се сликала.
     
    На theowndemon, senjorita-v и Just.do.it им се допаѓа ова.
  6. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.113
    Допаѓања:
    269.099
    Ќе го бркаш крадецот, ако дома немаш блиндор врата и 24/7 билдери да ти чуваат куќа, сам си бараш да те ограбат? Што мајка си купил тв од 2000 евра?
     
    На An-na, 1209, theowndemon и 5 други им се допаѓа ова.
  7. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.487
    Допаѓања:
    7.912
    Пол:
    Женски
    Сериозно споредуваш личности чии фотографии биле БЕЗ НИВНА ДОЗВОЛА ЗЛОУПОТРЕБЕНИ, со кражба на телефон?! Значи ако е така можеш да најдеш оправдување и за силување и за педофили и за се.
     
    На theowndemon, Gosh, Lianna Anna и 5 други им се допаѓа ова.
  8. BraBru

    BraBru Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2023
    Пораки:
    404
    Допаѓања:
    917
    Епа добро, ако утре некој ти испрати слика од половиот орган во инбокс и ако без негова согласност го покажеш на пријателка, пријател, маж, или пријавиш во полиција да го видат и други, тогаш тој тебе треба да те пријави за споделување на експлицитни, приватни слики?

    Пишав погоре, оние кои се жртви, треба да се одбранат. Оние кои сами се сликаат голи со цицките или к*рот изваден, и го пратат на 10 луѓе одеднаш, не може да очекуваат дека тоа ќе бидат единствените 10 луѓе што ја виделе таа слика.

    Ако јас ти го пратам тебе матичниот број во инбокс, нормално е дека треба да стравувам за моите податоци, затоа што ако ти не го пратиш намерно, може некој друг да влезе во твојот инбокс и да ги злоупотреби моите податоци. Ми е гајле дали ќе лежи затвор, ќе плати казна или едноставно ќе умре - штетата е веќе направена.
     
  9. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.269
    Допаѓања:
    40.211
    Пол:
    Машки
    Не ти е добра аналогијата. Ова е исто како да го дадеш телефонот во доверба на другар ти, а он го даде на трети, пети лица и никогаш не ти го врати.
    Дали тогаш ти си крив што си му го дал во доверба, или тој што ти го УКРАЛ?
    Ја мислам дека во таква ситуација нема ниту да чекаш суд/полиција да ти го бара мобилниот, туку ќе му е*еш се живо и диво.
     
    На theowndemon, Waverly Raven, Amellie13 и 5 други им се допаѓа ова.
  10. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.487
    Допаѓања:
    7.912
    Пол:
    Женски
    Ти навистина ништо не знаеш.
    Ако некој праќа такви слики без да ме праша, е сексуално вознемирување.
    Едуцирај се.
     
    На theowndemon и CameliaMiller им се допаѓа ова.
  11. BraBru

    BraBru Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2023
    Пораки:
    404
    Допаѓања:
    917
    Па ако јас му го дадам телефонот во доверба, спремен сум да изгубам телефон, бидејќи сум свесен за риизкот. Исто е и кога позајмуваш пари или кога правиш услуга на некого. Нивната постапка е погрешна, ама сепак ја прават.

    Не ми мешајте баби и жаби. Ако Х личност се плаши да биде фатена како пуши цигари или се коцка - едноставно е - треба да престане со истото. Секоја слика пратена на мобилен има ризик да биде злоупотребена на еден или на друг начин - макар тоа било и слика од мало бебе, возрасна личност и слично. Тоа што јас го објавувам на социјални мрежи, може да биде во секој момент злоупотребено. Дали е правилно? - Не. Дали ќе ми направат штета и ќе ми го оцрнат образот? - Да. Епа има до која граница ризикувам.

    Не ја оправдувам злоупотребата, ама сакам да кажам бидејќи законот не нѐ штити, треба да се заштитиме ние самите. Ако знам дека во Арачиново ќе јадам ќутек или ќе бидам избоден до смрт - едноставно е, не одам.

    Адреналинот, напаленоста од праќањето на голи слики во чет си носи и свој одреден ризик.

    Ако женско мене ми прати гола слика без јас да барам, и јас одам да ја пријавам во полиција или да се пожалам на форум, ќе ме направите педер.
     
    Последна измена од модератор: 13 јуни 2024
  12. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.113
    Допаѓања:
    269.099
    Ако некој ми прати пенис на форумов, ќе пријавам на администратор оти е забрането. На фб и инста ги блокирам, ми праќаат. Ако личност која што ја познавам или е некој физички во земјава, ќе го пријавам за сексуално вознемирување.

    Интересно е што мажи праќаат, ама чудно бе како на нас жениве не ни текнува на телеграм да си разменуваме пениси, или да си сликаме мажи, дечковци, татковци, браќа, внуци, деца...

    Па тоа збориме, токсична машкост и примитивизам на најјако.
     
    Последна измена од модератор: 13 јуни 2024
    На piglet1, Amellie13, senjorita-v и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.487
    Допаѓања:
    7.912
    Пол:
    Женски
    Место вината да ја бараш во ненормални мажи кои притоа и некои се женети, ти велиш зошто така се сликале девојките.
    Вклучи го мозокот.
     
    На Mumoftwo30, Lianna Anna, CameliaMiller и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.137
    Допаѓања:
    67.281
    Пол:
    Женски
    Ама, изгледа ништо не ти е јасно, за жал.
     
    На staycalm, crimson, theowndemon и 10 други им се допаѓа ова.
  15. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.269
    Допаѓања:
    40.211
    Пол:
    Машки
    Се има ризик во животот. Седнуваш во автомобил да возиш и имаш ризик да убиеш некого на улица, самиот себе да се убиеш, или сопатниците да ги убиеш.

    И ако се случи такво нешто, тогаш ќе си одговараш ако си крив, иако на улица тој што преминувал знаел дека има ризик да го удри кола.

    Ти не му викаш на никого да не излезе на улица поради ризикот, исто не му викаш на некого да не се слика и да не праќа. Туку го казнуваш тој што го прекршува законот.
     
    На Angie1432, Waverly Raven, piglet1 и 7 други им се допаѓа ова.
  16. BraBru

    BraBru Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2023
    Пораки:
    404
    Допаѓања:
    917
    Абе па можеш во живо, приватно да му се соблакаш, и да правиш што сакаш со соговорникот. Сакам да кажам дека и да не ја сподели лично тој фотографијата, може некој да ви влезе на ФБ/ИГ, да ви го украде телефонот и да ги злоупотреби сите тие информации и фотографии.*

    Морам вака, не читате кога е напишано уредно.

    ТОА НЕ Е ЗАКОНСКИ
    НЕ Е ЕТИЧКИ
    НЕ Е МОРАЛНО
    НЕ Е ФЕР

    Па сепак го прават. Исто како кражбите, исто како убиствата, измамите, неверствата, силувањата и слично. Не зборам за оној кој е жртва, туку зборам на оние кои свесно си споделуваат таков тип на фотографии. Една блесава на инстаграм стори имаше по грешка ставено видео од дечко и како му го онади таквото додека се возат у кола. Значи за да ставиш по грешка такво видео, треба да имаш такво видео. Намерно или не, штетата е направена.

    Системот одамна не функционира, и кога знаеме дека е така, треба да се заштитиме ние сами. А не да напаѓате тука врз основа на пол, како што го праите на форумов. Мажите вакви, мажите онакви, а дома имате татковци и браќа, па и синови. Значи вие ги стварате такви :)
     
  17. fbaby

    fbaby Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2022
    Пораки:
    1.461
    Допаѓања:
    12.375
    Пол:
    Женски
    Пред да почнете со тие булшит муабети дека девојките не требале да се сликаат, само да знаете дека таму има жени што се сликани скришно, без дозвола.
    Тие слики биле пратени на една особа, во доверба, а не на 35.000 мажи. Ако гледаме вака тогаш не треба ни партнер да имаме, ни секс, пошто секако може некој да не злоупотреби, да не слика скришно и тоа да заврши во група.
     
    На Angie1432, Lianna Anna, Amellie13 и 5 други им се допаѓа ова.
  18. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.487
    Допаѓања:
    7.912
    Пол:
    Женски
    Па системот нема да профункционира ако девојките не се сликаат. Би профукнционирал ако идиотите добијат дебели казни и по можност ваквите како тебе да не се размножуваат.
     
    На Angie1432, Lianna Anna и CameliaMiller им се допаѓа ова.
  19. BraBru

    BraBru Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2023
    Пораки:
    404
    Допаѓања:
    917
    За тие што реков дека се сликани скришно и без дозвола - треба најстрога казна и да се осудат како што треба. Финансиски и со казна затвор и сѐ по ред. Ама ова некако не ви се чита.

    За оние другите кои свесно споделуваат фотографии, постои ризик истите тие да бидат злоупотребени. Пак ќе речам, може да е и слика од матурско табло, па да биде злоупотребена за исмејување или било каков друг на напад. Злоупотребата не ја измислив јас или овие по групиве, таа постои од кога постоеле Адам и Ева.
     
    На Bitter-Sweet му/ѝ се допаѓа ова.
  20. fbaby

    fbaby Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2022
    Пораки:
    1.461
    Допаѓања:
    12.375
    Пол:
    Женски
    Јас убаво читам, ти неубаво разбираш.
    Верувам дека обострано праќале слики повеќето. Ама зошто жениве не прават групи и не ги постираат пенисите што им биле пратени во доверба?
    Законот треба да ги штити сите, а не само поединци, пошто ако е така тогаш е дискриминација.
    Пак ќе речам, ако некој сака и без слики ќе те злоупотреби.
     
    На Lianna Anna, noteforself, Just.do.it и 1 друга личност им се допаѓа ова.