А извини ти која си па да кажуваш дали треба јас да се размножувам или не? Гледаш кое е лицемерието? Си даваш за право да ме навредуваш, а не ме ни познаваш, ниту па те навредив. Тоа што имам различен став од твојот, не значи дека ти си во право. Системот секако нема да функционира, па сакам девојче ТИ да се заштитиш, за утре ТИ да не кукаш како си била злоупотребена, дали во администрација, јавна установа, болница, или на социјални мрежи. ТИ треба да дадеш сѐ од себе, да се заштитиш како индивидуа, а потоа да помогнеш на заедницата. Светот и системот нема да ги оправиме.
И со поголеми букви напиши, реториката ти е "сама си го барала", што е одвратна и мизогиничка реторика. Аналогно да не носиме миничи, оти сами си бараме да не' силуваат.
Ако знам дека во било кој момент на опуштеност со партнер, може да бидам сликана, споделувана- едноставно е... мобилниот во трезор, секс само кај мене, тој со лисици на раце Да, све ми е смислено
Па не можам таква аналогија за машко да ти дадам. Еве дај ти пример за машко каде сам си го бара, не мора да е за сексуална злоупотреба, нека е нешто друго. Силување само ненормален може да оправда. Ама силувачи постојат. Крадци постојат, Убијци постојат. Жени манипулатори постојат, мажи манипулатори и насилници уште повеќе. Пробуваш да го подобриш системот - не оди. Тогаш се подобруваш ти, или се заштитуваш. Затоа според мене, жени кои не се чувствуваат безбедно на улица, во такси или било каде, треба да носат средства за самоодбрана и да ги користат кога тоа е потребно. Исто е и за мажи, иако се многу помалку загрозени.
Само со маски... добродошли другови . 35 000 луѓе, мажи не се мал број. Не се сеќавам во нашата колку беа. После мечка сме бирале, па логично, сите мажи сте сомнителни, сори нат сори.
Наместо само ние жените да превземаме мерки за да се заштитиме, мажите треба да се цивилизираат и унормалат. Еј, колку треба да си мизерен за да скришно сликаш жена во обични панталони и да ја постираш во дркаџиски групи, и да продаваш туѓи слики за 50 евра. Што не земат нивни слики да продаваат, или нивните муда ни 5 центи не вредат?
Има и девојки и жени што не ни знаат дека се сликани. Синовите си ги сликаат мајките и сестрите наведнати. Во листата има категории ко силување, -18, sleeping, што значи дека ги сликаат кога спијат. Ама не, ќе го дрвиме курот тука за све освен за тоа што е битно, дека има огромен број на мажи што го прават тоа и слободно се шетаат меѓу нас.
Значи место жените да живеат слободно и дебиливе да добијат соодветни казни, се прави обратна психологија, жените се виновни ако се силувани, а мажите што прават кривични дела не се виновни.
Ако ти имаш секс со човек во кој немаш доволно доверба, тогаш не знам дали имањето секс со таков човек е најразумното решение, колку и да е добар во кревет. Исто и за мажите. Тоа што луѓе имаат почесто секс наместо "добро утро", доволно кажува на какво ниво е доведен таков чин.
Човече, буквално праќаат слики од своите БИВШИ ДЕВОЈКИ/СОПРУГИ кои не ни знаат дека се сликани. Еве ако со некого сум во врска, брак, што да правам? Очобол ти се мислењава.
А каде не се прави обратна психологија? Зошто заклучуваш дома кога си легнувате да спиете? За да се заштитиш, така? Зошто не одиш сама во ниедно време по автопат или некое запустено место? За да се заштитиш. Зошто не пиеш алкохол и не се дрогираш со кого стигнеш? За да се заштитиш. Зошто не го даваш бројот од телефонот или името и презимето на кој стигнеш? За да се заштитиш. Епа исто е и ова. Ако знаеш дека светот е отиден у курац, и дека некој ќе те злоупотреби, се заштитуваш првин сама себе - а ако тоа не е доволно, бараш помош од најблиските па и полицијата. Во Македонија, полицијата и институциите ти се за украс, па затоа треба да не се надеваме на нив. 2-3 мислења пред твоето. БЕЗ ДОЗВОЛА И СКРИШНО - најстрога казна, затворска и финансиска СВОЕВОЛНО И СО ДОЗВОЛА - исто најстрога казна, затворска и финансиска (притоа знаејќи кој е ризикот од споделување интимни фотографии или моменти).
Ризикот е тој, да си немаме работа со мажи, оти испаѓа секој втор скриен психопат. После се лутите што баш секој го гледаме како закана, и не сте биле сите исти... седи раат.
Абе исто е и за мене. Ако јас праќам на некоја било какви тајни информации или експлицитни фотографии, постои ризикот на таа будала од другата страна да им покаже на другарките или да ја сподели некаде јавно на форум. Без разлика дали е машко или женско, не знам како не го разбирате тоа.
Ја те разбирам тебе што сакаш да кажеш "боље спречити, него лечити". Ама не сфаќаш дека праќање голи слики на партнер е нормализирано како одење надвор на улица. Сите го прават денес. И ниту е срамно, ниту страшно, ниту погрешно. Тоа не значи дека секому праќаш слики, туку на тој во кој имаш доверба. И тој законски нема право да ги дели, спротивно ќе одговара. Ти можеш да едуцираш поготово малолетни лица за ризиците од праќање сексуални слики, за како да се претпазливи, ама не може да забраниш никому да праќа. Сфаќаш? Твоево е параноја и не е ефективно. Не можеш ти на цел колектив да му наметнеш нешто да не го прави, иако е исправно и не прекршува никаков закон, затоа што постои ризик да биде злоупотребено. Она што треба да направиш е да го намалиш ризикот од злоупотреба така што ќе ги спроведуваш законите ефективно, и тој што си е одговорен ќе си превземе парична или кривична одговорност, или со други зборови ќе го јаде. Е така го сузбиваш нештото, а не со тоа што на другите им наметнуваш да не го прават оти имало ризик. Се има ризик.
Најчесто оние кои се со етичко и морално однесување, не се ваш тип, не се доволно високи, немале стомачни имале клемпави уши, мало куре или пак биле само со средно. Секое второ девојче си замислува врска и брак со мангуп, бед бој, лепотан, швалериште. Секое второ девојче плаче после тоа од истите. И машки се горат со секакви девојчиња, кои им носат само проблеми. Женските се повеќе жртви, не го негирам тоа и ми е жал за истото. Па затоа заштитете се, а постојат и машки кои сакаат да ве заштитат.
Ама што е битно дали се пратени своеволно или не? Казната треба да е иста. Ете имале доверба во дечковците / сопрузите, се сликале и пратиле, исто ко што имале и секс. Тоа се нормални и природни работи во една врска. Не е нормално да ја споделува сликата со уште 35.000 мажи или да ја продава за 50 евра.
Точно, ама тоа можеби во Швајцарија, Шведска или Норвешка, или друга асална земја. Ама во вакви држави како нашава, ако воопшто може ова на Балканов да се наречат држави, тоа не проаѓа и треба ние да се заштитиме. Имав пред месец - два ситуација да барам помош од полициска станица. Ми рекоа, ние немаме надлежност за тоа, тешко дека ќе ти завршиме работа. Земав, сам си ја средив работата, со помош на пријатели кои не беа полиција. А требаше да се вратам на форум, и да кукам како полицијата не си ја врши работата. Тогаш ќе бев пичка
Никогаш не сум слушнала жени да направат ваква група и да си праќаат интимни слики од партнерите. Ниту па да учествуваат во вакви групи. Еве и бисексуални и геј жени сакаат жени, па не влегуваат во вакви групи, ниту па сум видела/чула некоја девојка да сподели слика од девојката. Ова го прават мажи, и се дури не почнат да ги пикаат у затвор, не се оправаме.