Па и јас викам дека казната треба и мора да биде иста. Не е нормално и да се лаже и да се краде, па луѓе го прават тоа. Не е нормално ни да се изневерува, па 50% од тие што изневеруваат се жени. Освен ако некој што изневерува не е педер. Не е нормално, ама постои.
Ако се вратеше и отвореше тема, може ќе добиеше поддршка од јавноста, може дури ќе имаше протести, ќе се извршеше јавен притисок и ќе се превземеше нешто. Имаше и кај нас јавна соба, ама по притисокот на јавноста, имаше луѓе кои одговараа со високи казни затвор, дури и двоцифрени. Е од тогаш никој не се осмелува да отвори нова. Може ќе никне некоја тек тук, ама брзо згаснува. И во Србија да им извршат неколку рации и да испозатворат неколку, ќе згаснат групите. Не дека ќе се сузбие скроз, ама ќе се намали и маргинализира.
Гледам на темава се крева доста прашина од моја гледна точка да крајно е неморално и неетички да се споделуваат нечии експлицитни фотографии без одобрување на другата страна и според мене треба да има строги казни за овие дела. Но знаете што исто така секојдневно се споделуваат скриншотови од гревови и очајни машки што незнаат да се изразат, се бламираат по социјални мрежи и добро ви доаѓа кога се исмејувате на нивна сметка дури имате и инстаграм група каде што ги споделувате ко бајаги со скриен идентитет ама зад кулиса таквите типови завршуваат со име и презиме во еден куп женски чатови и се предмет на исмејување на пошироката јавност. Дали и ова го осудувате или само кога сте вие оштетени? До кога со двојни стандарди?
Тоа што ти не разбираш е дека жените, научно, потврдено од многу дисциплини, се жртви на насилство неспоредливо повеќе од мажите. Жртви на физичко насилство, жртви на сексуално насилство, жртви на психичко насилство. Сам дојде до заклучокот дека ако тебе ти пратам експлицитна слика и ме пријавиш, ќе те сметаат за "педер". Односно, во прашање е твојата машкост, твојот интегритет и слика за тебе во општеството. Ти си мажиштето, јас сум "курвата". Не е исто, ние ни приближно не сме насилни кон мажите колку тие кон нас. И во партнерски односи, и рандом мажи на рандом места и рандом односи (на работа, на пример), и општествено сте насилни кон нас дури и кога не сте свесни дека сте. Еден сосема "глуп" пример од пред нецела недела. Во еден наш салон за техника, доаѓа средовечен маж и се расправа со вработената за нешто што нема допирна точка со салонот воопшто. Жената 10 минути културно му објаснуваше, овој се' повеќе земаше сила, прејде во закани. Кога таа го повика колегата, маж, овој првиот се смири и си замина, а вработениот маж му го кажа ИСТОТО што и жената. АМА господинот се осеќаше слободно да ја малтретира жената, да ја преиспитува нејзината компетенција, да се заканува, е ама не беше баш толку слободен со колегата. Вие мислите дека не' поседувате и дека имате моќ да управувате со нас, нашите тела, нашите животи - и ти го правиш тоа овде. Бараш вина во жртвите - еве јас ноќе одам пешки сама до бензинска, на 300м од дома ми е. Ако некој ме повреди, јас сум крива што одам, или тој некој што ме напаѓа?
Кои се девојчињава за кои збориш? Од осмо-г ли се? Какви швалеришта, какви стомачни, какви бед бојс? Буквално на ниедна порасната девојка не и е гајле за ова. И нема што тука ние да се докажуваме дали требало или не требало некој да се слика. Треба само затворска казна. Исто затоа што не крадат, убиваат оти се плашат од затвор, така треба и за ова. Не овие го фаќаат администраторот и го пуштаат пак на слобода.
И жени да направеа вакви дркаџиски групи кај што се праќаат пениси ќе ги осудев, немаше да пишам кој им е крив што сликале небричени јајца. Така да, не морате да пишете нешто колку да го дефокусирате проблемот и да испаднете жртви и онаму кај што не сте.
Па еве, овие имале доверба, да имаат дечко, маж, брат Доверба-Не фала. Уствари само го парафразирав твоето-заштитете се Буквално ова испаѓа Тугооо, мизеријо. На толку порно на интернет, јас стварно не ја разбирам потребава. Освен намера- да се повреди жена (позната) и да се билда его (сељачко).
Сите сте у право апсолутно дека не смееле дегенерициве ни да помислат да препраќаат вакви интимни слики кои се пратени во доверба, не пак да ги споделуваат со огромен број на исти такви куртони ко нив, дури и да ги продаваат. За тие пак, психијатриските случаеви што во тајност ги сликале мајките и сестрите... Плачат стварно за кастрација. Но го разбирам и членов која му беше поентата. Со оглед на тоа со какви изроди си иаме работа и свесни сте дека се помалку се наоѓаат луѓе од доверба денес, треба крајно претпазливи да сме. Страшно е ова што се дешава. Еве мене не ми е океј да се поседуваат такви слики, ниту го нормализирам праќањето. Не само моментот поради имањето или немањето доверба туку и ради други причини, али небитно, само мој став е тоа. Жртвите секако се жртви и се надевам ќе си добијат ригорозни казни овие безкичмењациве. Па да, таа и целта им била, се одмаздувале манијациве.. Притоа и „заработувале“ курварите.
https://www.instagram.com/mazhite.se.smeshni?igsh=d2I4a2h2MWZ1anps https://www.instagram.com/softboismk?igsh=MTVsMzRka2JiZmhpMg== Еве 2 женски групи на инстаграм кои служат за повредување и јавен линч на мажи( и ова некако доста познато) И билдање на его женско селјачко. Ама ова претпоставувам ќе го релативизирате како што правите со се останато што не ви одговара
Мене не ми е фора праќање експлицитна содржина, ете на некои луѓе им е. Мислам прост пример и многу јавен е снимката на Северина, личнот кон неа не е ни приближен како линчот кон партнерот со кого е снимено видеото и тоа е околу 2002, значи МНОГУ пред сајбер сексот да е тоа што е денес. Ако гледаме кој е понеморален, тогаш е тој - таа е слободна 32 годишна жена, а тој е женет. АМА, неа до ден денес пробуваат да ја понижуваат. И кој е крив? Таа што е еднаков учесник во видеото, или кој и да е тој што го дистрибуирал со единствена цел да се изживува со неа? Целта зад овие групи НЕ Е секс. Како што мотив за силување НЕ Е секс. Целта е надмоќност, поседување и насилство, а не задоволување на сексуални потреби. Садистичките потреби не се исто што и сексуалните - само е тоа начин на кој жртвата најдлабоко може да се повреди, не само физички, туку психички и емотивно најмногу.
Стварно, за жалење маживе. Ова е сексуално вознемирување, арно што им се смеат, за во полиција се. Кои инцели човече.
Па не ги оправдувам. Мислам скраја да е. Тешки умоболни пациенти се тоа, манијачишта и изроди. Затоа пошо се изроди, не да не праќаат, туку внимателни сите да се, 4 очи отворени. Се нема доверба едноставно, не знаеш со кого работа си имаш.
Откриен е идентитетот тука на некој маж? Споделени се голи слики од маж? Споделени се лични информации достапни за секој да може да ги вознемирува? Боже Господе колку сте глупи, нека ме бришат, гајле ми е.
Досега жени немаат направено група со сексуално вознемирувачки содржини. А за групите што ги сподели, уште поубаво што постојат за да се објават идиотите кои вознемируваат во пораки.
Правиш замена на тези ова е исто подмукло, расипано и неморално како и објавувањето на експлицитни слики по групи. Инаку да поголем процент од пораките се непристојни и вулгарни но има добар дел што не се ниту непристојни ниту вулгарни туку се работи за дечки што незнаат да се изразат, се неумесни, неискусни во пишувањето и сепак биднуваат споделени во овие групи кадешто јавно сите ги исмејуваат и шиканираат. Мислам дека е доста со двојни стандарди поентата ми е колку што има гнасни и расипани мажи има исто толку и жени и не е во ред да се генерализира како што тоа го прават одредени членки погоре и ги ставаат сите мажи во ист кош
Па ако на моја другарка искочат слики од неа, споделени од некој нејзин бивш или сегашен дечко, прво на него ќе му ги искршам рацете, а после ќе преиспитам дали е нормална што до тој степен му верувала.