Се додека профилот ти е јавен, може да ти коментира било кој. Од Бил Гејтс, до некој рандом од Африка. Дали ти ќе ги прифатиш или игнорираш тие коментари, зависи од самата себе. Едноставно е. Јавен пост на социјални медиуми не е твоја сопственост. Секој има право да лајкне, да коментира дека чини или не чини, и длично. Твое е дали ќе им дозволиш или не.
Абе јас не мислев дека се сите исти, ама читајќи ве овде, ќе почнам да мислам. Мислам после вашиве муабети денес, да бев сингл женска ќе си барав, жими се. А, и друго. Имам брат. Да беше така глуп ко овие погоре, ќе го научев да не биде глуп. Јер глупоча е срамота. Вие дали имате нешто женско у фамилија, сестра, мајка, па да пробате да смените перспектива -не знам. Ама тоа си е ваше.
Е како бе така? Па за тоа стои direct message, за да ти пишам порака. Од кај да знам дали сакаш или не сакаш да ти пишам? Ако ми вратиш - добро, ако не - пак добро. Затоа стигаат во request, и имаш да прифатиш, одбиеш или пријавиш. Ако го прифаќаш, тогаш му даваш согласност да продолжи да те замара. Тоа се основни принципи на социјалните медиуми, а не ти како ќе ги толкуваш. Значи, ако јас објавам слика на Инстаграм, таа слика може да ја исмеваат или фалат, да ја коментираат и да ја споделуваат. Ако не сакам да го прават тоа, не објавувам.
Да ги имам сите пораки од една до последна прочитано и на двата профили се согласувам дека голем дел се некултурни, вулгарни манијачишта ама има добар дел од нив што се чоечиња што се едноставно смотани,не знаат како да се изразат, смешни се да се согласувам и јас ама ако некој делува смешно дали е тоа коректно да биде исмејуван на социјална мрежа јавно и за каква анонимност зборуваш кога типките што проследуваат вакви пораки на јавни платформи да бидат објавени претходно сигурно истиот скриншот сигурно е споделен уште кај 50 луѓе и згора. И нема ама, осудувам и машки што објавуваат женски експлицитни слики и треба да бидат казнети само ме нервира кога се генерализира. Тоа со скриншотовите е исто така подмолно и расипано како и споделувањето на експлицитни слики, и во двата случаи се работи за луѓе со ниска свест и морален компас и нема мажи или жени и меѓу жените како и мажите има подеднакво злобни и расипани индивидуи не генерализирајте
Под пишување и замарање мислев како горенаведените примери! И не, ако профилот ти е приватен, сликите се твоја сопственост и НЕ СМЕЕ НИКОЈ НИШТО ДА ПРАВИ СО НИВ.
Кој ти кажа тоа? Ти мислиш дека заклучен профил значи безбедност и приватност? По закон можеби, во пракса не е така и лесно се злоупотребува.
Oние кои го оправдуваат овој чин .... или посочуваат во стилот сама си го барала .. многу ме потсеќа на тоа носела минич па има право да ја силува муабетот
профилот доби повеќе внимание од што е потребно од сите нас.... светци и светици на секој агол а реалноста е друга
❗ Колку и лесно да се провнува, темата сепак е за ширење интимни, експлицитни слики од девојчиња и жени (од страна на мажи). Ве молам држете се до то. За социјални мрежи и шо е соодветно или не е, можи да е и засебна тема. Thanks.
Некоја ако прифати риквест, ќе прифати со очекување за нормален муабет, не да биде замарана и исмејувана.
споделување на интимни слики на една жена може целосно да ѝ го уништи животот, споделување на смотано текстче што ќе го види админот на страната нема да го убие мажот што ја пратил пораката ниту па некој ќе се замара со него. престани да изиграваш жртва и да споредуваш работи што се светлосни години едни од други и кои се кривично дело наспроти заебанција
Сите тие кои ставаат прст на девојките кои се сликале , кои помалку кои повеќе БИ ВЕ ЗАМОЛИЛА ДА РАЗМИСЛИТЕ ЗА ОВА: ----: Позади профилите кои споделуваат или се во групата стои Учител кој ке ти го учи детето утре, Доктор кој ке го лекува , Писхолог кој ке советува , Судија кој ке суди , Механичар кој ја поправа колата ,Забар кој прави заби и итн... и замисли да на днаш знаеш дека за нив се работи ???
Развојот на вештачка интелигенција и реалистични монтажи, паралелен со агресивната мизогина пропаганда на Ендру Тејт и сличните, го прави уште пострашен проблемов околу дигитално сексуално насилство. Замислете кое ниво на апсурд би достигнале victim blaming наративите. Треба ли и обични селфиња да престанеме да објавуваме и праќаме, или уште „подобро“ – да се забулиме во јавност за секој случај? Крајната цел на овие злоупотреби е да се всее страв во жените и да се ограничи нашето присуство во јавниот простор. Секако дека е паметна и безбедна одлука никому воопшто да не испраќате 18+ фотографии, но не смее фокусот во вакви случаи да биде на мудрување кон жртвите, особено не мажи да си го дозволуваат тоа.
@BraBru те разбирам што пишуваш и се согласувам со тебе дека прво ние самите треба да имаме ум во глава пред нешто да пратиме на некој или објавиме, но - има и нешто друго. Добиваш многу реплики, па и напади, затоа што велиш дека и жртвата е виновна. Да, се согласувам дека треба да бидеме и внимателни и паметни што правиме и на кого веруваме, но тоа не може да не заштити секогаш. Не, ако има болен ум кој решил да најде жртва. • Не е секогаш само за испратени слики на некој. (А кога е, секогаш виновен е тој што ја изневерил довербата и испаднал кретен, а не тој што имал доверба.) • Некогаш скришно сликаат или снимаат. Да отидам на плажа и некој да ме слика и објави без мое знаење и дозвола, за тоа јас не сум виновна, туку тој. На плажа нормално е да се појавам повеќе соблечена отколку облечена, не е нормално некој да ме објавува некаде со описи ко да сум ороспија што сум се соблекла за на плажа. • Некоја ако ги практикува меркиве на претпазливост што ги предлагаш, тоа сепак нема да му смени ништо на болниот ум, тој ќе најде друга жртва вака или онака. Значи, пак, проблемот сепак е во тој што го прави нештото. Зошто да го прави? Проблемот е што мажите сакаат да злоупотребуваат жени, а жените не ги прават тие работи на мажите. Ниту пак пишуваат или вознемируваат со онакви фори како што беа споделени поназад. @Bouncing Joy неспоредливо е едното со другото, за осуда се двете, не се во ред, ама да објавиш нечија порака без име и без лик не е страшно како да објавиш нечија слика со секакви недолични описи, коментари, етикети па и информации за личноста.
Светот се менува. Порано жените биле третирани ко стока, ко ѓубриња, немале право да гласаат, немале право на ништо. Ќе дојде време ќе лежат ваквите. И ќе ги прават решетка у затвор. А со нив женска нема да допрат ни мажите како тебе, најс гајс што ги криват жените за сите несреќи што ги снаоѓаат од мажи. Поздрав.
Маќе, мое лично искуство не е ни промил од ова што им се случува на девојките, па ми се чудат зошто мачки За да примам дома маж пак, само на писмено од бившата зошто му е бивша и што се' не е во ред со него. @Gosh потполно те разбирам. Имам прекрасни другари кои свесно не би наштетиле на ниедна жена, па во некои ситуации знаат да кажат работи или да им е смешно нешто што ич не е смешно, само затоа што општествено е прифатено "такво" и немале прилика да размислат подлабоко. Среќа па не се алергични на критика и не се понашаат ко господава погоре, најчесто сфаќаат што е проблемот во мислењето/советот/шегата. Побогу татко ми на 60+ разбира кога ќе му укажам ако тресне глупост, срамота е млади мажи да "не разбираат". Само со слушање и разбирање на тоа што го збориме "тие што не се такви" можат да докажат дека стварно "не се сите исти". Релативизирања, обвинувања на жртви и сама си го барала муабети, само прави мечката сепак да е подобар избор. Знаеш што е најтрагично? И "забулените" не се помалку жртви на насилство, без оглед физичко, сексуално, психичко. Независно од наш изглед и однесување, од некоја страна некој демне. Камо среќа да бев само параноична, ама статистички само последниве 5 години фемицидот на Балканов е во пораст. @BraBru во однос на критериумиве поназад, всушност грешка си и тоа многу. Сериозно не ми е гајле за критериумите што си ги опишал (скроз звучат како од инцел сајт прибрани), напротив. Од се' што гледам кај маж, најмалку ми е гајле дали е низок, проќељав, со стомак, со средно итн. И "најгрдиот" може да биде препривлечен, и "најубавиот" одбивен, зависно од "муабетот".
Кај дојдов во оваа тема, кај се запустив.... Ај тие манијачиштата шо го праат тоа го праат, али овие најс гајс шо ми глумат тука жртви и ги бранат..... Сакам да кажам, @Gosh у право си....
А на кого му припаѓа мојот пост на мој профил? Точно, може да лајкне секој, па и да пише, но има разлика од здраво, не враќаш и си продолжува типот, до еве ти слика од мојот стап, колку пари бараш, многу си слатка сакам да те е***. Колку што знам ова спаѓа во сексуално вознемирување. Аналогно на тоа, да сум надвор на јавна површина и егзистирам во просторот, значи по твоево, може секој да ми каже што сака, бара што сака, прави што сака. Пошто не сум дома заклучена и припаѓам на државен или приватен јавен простор.
Зошто ние да се прилагодуваме и да пазиме што објавуваме, што праќаме, место тие мажи да престанат да бидат напалени глупи кретени што споделуваат слики без дозвола? Ете, после скандалот со Телеграм го направив инста профилот приватен и отстранив се од машко што ми беше сомнително и не го знаев. Сега имам 400+ риквести за следење од кои преку 90% се мажи што не ги знам, и онака чисто се прашувам што ќе беше ако го оставев јавен профилот и сите тие ме следеја, колку е голема шансата некој од нив да споделува мои слики некаде. Што пак не значи дека сум заштитена за жал. Како и сите други девојки и жени. Плус, тука не се работи само за слики споделувани на социјални мрежи и во доверба на партнери, туку и скришно сликање без да знае женската особа. Но сега постои и АИ така што не ни мораме да споделуваме слики за да не најдиме на интимна фотографија. Што и да направиме ние жените секогаш ќе сме чекор назад, секогаш тие што сами си го барале оти не сакаме да се затвориме меѓу 4 ѕида и да не знае светот дека постоиме.