Форумџика на годината

На „Телеграм“ се шират интимни фотографии

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од black-angel, 26 јануари 2020.

  1. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    5.869
    Допаѓања:
    20.045
    Пол:
    Машки
    Колку одвратни и гнасни створења има то чудо нешто. Исто така неизживеани ко да не виделе вагина цел живот и можеби е така пошто се болни во умот. :)

    Се гадам понекогаш многу од машкиот пол.
     
    На sino.o.oka и eliesaab им се допаѓа ова.
  2. staycalm

    staycalm Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    4.703
    Допаѓања:
    25.614
    Пол:
    Машки
    За сѐ што правиш во животот постои некаков ризик. Ако возиш, постои ризик да удриш некого или да направиш сообраќајка.
    Ако јадеш благо постои ризик да добиеш дијабет.
    Ако пиеш алкохол често постои ризик да станеш зависник.
    Ако спортуваш постои ризик да се повредиш.

    Милион други вакви примери можам да ти посочам, каде одредена акција може да има некаков ризик, тоа не значи дека сѐ што правиме треба да престанеме да го правиме, оти има некаков ризик. Во принцип, треба да престанеме да живееме, бидејќи реално сега сѐ има некаков ризик.

    Ако некој се сликал и пратил фотографија некому, само затоа што постои ризик да биде злоупотребена, не значи дека злоупотребувањето е оправдано и треба да помине неказнето.

    И не постои АМА што може да оправда злоупотреба на голи слики пратени на личност во доверба.
     
    На Lianna Anna, sweet-cherry, CameliaMiller и 2 други им се допаѓа ова.
  3. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.113
    Допаѓања:
    269.096
    Воопшто не е до вагината, да знаеш.
    Постојат легални начини и места каде што жените сами, свесно и намерно продаваат свои експлицитни слики и видеа. Пример ми е онли фанс.

    Ама тука не станува збор за секс. Станува збор за садистички потреби за доминација и потчинување на жените во нивниот живот, понижување на истите, злоупотреба и одмазда.

    Само затвор, неколкумина поштено по деценија да си лежат, другите ќе се почешаат пред да направат нешто.

    И пак на крајот на денот, казната можеби ќе го намали ризикот од правење на делото, ама поважна е превенцијата.

    Не е превенција ние да не се сликаме некако, да не носиме одредена облека, да не шетаме сами итн. Превенција е начинот на кој ги воспитуваме сегашните мали машки деца, како ги учиме да се однесуваат кон жените. Ако суштински општествено не се превоспитаме, не ја промениме перцепцијата, казната како таква нема да спречи во иднина нешто да се промени сериозно, само ќе станат попаметни во избегнувањето на законот.

    А се' почнува од јавната и гласна осуда токму од мажите кои "не се такви" против мажите кои се, какви сте како партнери, другари и во крајна линија како си ги воспитувате синовите.
     
    На Angie1432, Tinaaa, KateKane и 2 други им се допаѓа ова.
  4. BraBru

    BraBru Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2023
    Пораки:
    404
    Допаѓања:
    917
    Женски, последен пат, со големи букви - НЕ ОПРАВДУВАМ СПОДЕЛУВАЊЕ НА БИЛО КАКВИ ИНФОРМАЦИИ ИЛИ СЛИКИ КОИ МОЖЕ ДА ЗАГРОЗАТ НЕКОЈА ИНДИВИДУА.

    Јас сакам ВИЕ да се заштитите, да бидете вие претпазливи од нас предаторите, силувачите или како и веќе да ги нарекувате истите оние суштества што ви се по некоја случајност татковци, мажи и браќа.

    Значи системот не функционира, институциите не работат како што треба, и тука останува ние да се заштитиме. Ако знам дека мои лични податоци може да бидат злоупотребени - не ги споделувам со секого, и не по секоја цена.

    Да, постои ризик да се задавиш додека јадеш, да те мавне гром или кола, или едноставно да те ограбат или убијат на улица. Па не се криеме дома - туку свесно го прифаќаме ризикот. Сфаќам дека сакате системот да биде перфектен и да ги казнува оние кои заслужуваат, ама тоа речиси не е возможно, а не верувам ни дека ќе биде. Затоа што законот и правдата ги создал човекот, па тој може да ги манипулира како сака.

    Ако некој отиде во фавела во Бразил и почне да снима наоколу, во најдобар случај ќе биде ограбен или само истепан. Е сега, треба ли да го тепаат? Не. Можеш ли да им објасниш на тие од гетото дека не треба да тепаат? Не. Што прави разумен човек? Не посетува фавела, или барем не снима.

    Исто е и ова.

    1. Не зборам за снимки од плажа, по купачи или било какво разголено тело.
    2. Не зборам за слики од собиранки, журки, настани каде што сте сликани без ваша дозвола.

    - Зборам за случаи каде што некое женско, свесно ги праќа тие слики, на било кого. Макар ги чувала само во телефон. Секогаш ќе постои некој што ќе го злоупотреби тоа - и тука не можеме многу да направиме. Можеме построги закони, ама за убиство не се применуваат како што треба, камоли за ова.

    Не оправдувам никого, само ги разгледувам и двете страни. Не пробувам да ги разберам манијаците и силувачите, ниту планирам.

    Мажите се понасилни према жените него обратно - и тоа е факт. Дали ќе се смени тоа во нашите животи? Не верувам. И не само насилството, многу други работи нема да се сменат, кои мажите им ги прават на жените, и обратно.

    Да ве чита тука некој, ќе си мисли само мажите тепаат и убиваат, само мажите изневеруваат, а пази - со жени.

    Нема врска, правете си што сакате и тоа е тоа. Ќе си пријавите во полиција, ќе ги гонат и фала пријатно.

    Зошто да не е превенција (барем дел) тоа? Кога е очигледно дека за жал нема друго решение. Решение се казните де, ама ете, не ги спроведуваат во пракса и тоа е. Во полиција, судство и законодавство има и мажи и жени. Зошто не спроведат? Не знам стварно.

    Мене жена судија пресуди против мене во случај (речиси чист кој требаше да го добијам) пред некоја година, затоа што беше потплатена и тој, и адвокатот, кој ете беше маж. Пресудата ја донесе судијата која беше жена. Дали ја мразам неа? Од дното на душата. Дали мразам жени генерално? Дефинитивно не.

    А инаку, секогаш сум за да се испрати женско до дома ако е доцна навечер, или околината не е безбедна.
    Да се контактира дали е стигната дома и слично...
    Да се одбрани кога треба од некој друг, вербално или физички.
    Да не се остава сама кога е пијана или друга несвесна состојба.

    Истово важи и за машки, ама особено за женски затоа што се поранливи.

    Значи и јас сакам да шетам во Арачиново со маичка ДА ЖИВЕЕ МАКЕДОНИЈА, ама знам дека тоа не е можно. Дали ќе пријавувам во полиција? Не. Туку нема да одам натака, ниту со таква маица. Глуп пример де, ама пробајте да ја сфатите поентата.
     
    Последна измена од модератор: 14 јуни 2024
  5. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.113
    Допаѓања:
    269.096
    Те цитирам само за болдот. Далеку од тоа дека жените не се способни за злодела, секако дека се - способни се да тепаат, да силуваат, да злоупотребуваат деца, да убиваат.
    Само науката нуди јасни и гласни податоци, кој е најчеста жртва, од чија рака. Не е нешто што јас вечерва го измислив, просто изгуглај за која сакаш земја во светов.

    Мажите се придодно посклони на насилство поради биолошки причини, на пример тестостеронот, елевирани вредности на истиот се фактор за агресија. Меѓутоа, тука доаѓаме до моментот на рационално човечко функционирање, каде што не постапуваме по инстинкт, туку РАЗМИСЛУВАМЕ што правиме.

    Сите оние посебни закони за жени, покрај основните човечки, не се случајно напишани. Не постојат посебни закони за заштита на мажите затоа што едноставно не се во опасност.

    Имаше некаде, одамна прочитав: сите правила (закони) се со крв напишани.

    Пред само 100 години жените немаа право на глас и беа имот на татковците, па мажите. Не добиваа имот, децата припаѓаа на таткото, жената беше само да ги роди потребна.

    Работите се менуваат, не треба ние да се покориме, напротив, треба да се бориме да продолжат промените.

    Инстанци на насилство ќе постојат засекогаш, целта е да се денормализира "ловењето" и поседувањето на жените.
     
    Последна измена од модератор: 14 јуни 2024
    На Adidas888, Tinaaa и Lianna Anna им се допаѓа ова.
  6. BraBru

    BraBru Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2023
    Пораки:
    404
    Допаѓања:
    917
    Во право си, пред фактите и боговите молчат. Не може да се негира ниту историја, ниту статистика која е докажана врз факти.
    Добро, и сега ти во твоите 100 години животен век (дај боже и повеќе да тераш), наместо да се заштитиш колку можеш, ќе чекаш на дисфункционалниот систем? Без разлика дали се штитиш од маж предатор, или друга жена комшика/колешка и слично. Тоа пробувам да ви објаснам од пред 12 саати.

    А што добив тука од вас генерално - етикети како манијак, насилник бла-бла-бла... Нит реков дека сте курви, нит дека не вредите да живеете, нит дека не треба да се размножувате и слични други навреди низ страниве поназад. Тоа го оставам за попростите и помалку едуцираните.

    Утре дете ќе ви закачаат во школо, вие ќе пријавувате на педагог и психолог? Да, ако живеете позападно и посеверно од Хрватска нагоре. Тука - очи во очи разговор со родителот, да му се стави до знаење до каде е границата. Ако и покрај разговорот продолжува насилството - тогаш и сами знаете кој е следниот чекор, сакале вие или не.

    Добро, вака кога ќе размислам држи вода и тоа е океј. Ама генералната слика е дека доста поедноставно да се заштитите вие, отколку да чекате системот кој е корумпиран, да казнува луѓе заслужено.
     
    Последна измена од модератор: 14 јуни 2024
  7. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.113
    Допаѓања:
    269.096
    Знаеш јас лично што направив кога дознав дека од мој телефон (непратена на него) ми е украдена слика? Не беше ништо толку трагична сликата, самата немав никаков проблем со неа, проблем имав со заканата од негова страна.

    Се договорив со професионален фотограф да ме слика и моја експлицитна слика (повеќе од украдената) беше дел од изложба во сред град.

    Му пратив линк од настанот. :)

    Јас не се срамам, ама јас. Јас не сум секоја жена на светот и потполно ги разбирам оние на кои ова би им било црно сценарио.
     
    На senjorita-v и BraBru им се допаѓа ова.
  8. BraBru

    BraBru Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2023
    Пораки:
    404
    Допаѓања:
    917
    Тоа е тоа, доста беше. Се објаснивме - мажите се насилни створења, манијаци, силувачи, тепачи, убијци и манипулатори. Жените се најдоброто нешто што може да му се случи на некој маж како единка.

    Абе јасно ми е дека е црно сценарио, ноќна мора, кошмар и не треба ниту едно женско да поминува непријатно во било која ситуација која не е нормална.

    Но, уште стојам на ставот дека ако постои можност вие лично да влијаете на исходот од некој немил настан, дека треба да ја искористите. Не викам дома да се затворите и да не излегувате. Но да не правите избрзани одлуки кога сте напалени, под дејство на алкохол или кога сте моментално среќни. Размислете за секоја постапка што ја правите. Треба и мажите многу повеќе да размислуваат. Дали го прават тоа? Не секогаш. Дали треба да се казнат? По стоти пат - ДА.
     
    Последна измена од модератор: 14 јуни 2024
  9. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.113
    Допаѓања:
    269.096
    Тоа пробувам да ти објаснам, не можеш да разбереш затоа што не си жена, не си воспитуван како жена, не си бил во позиција на жртва и срамотење итн. Едноставно немаш искуства на жена. Што е ок, не е ок што не ни веруваш.

    Претпазливи сме. Во секоја секунда секој ден надвор од дома сме. Онлајн сме. Цел живот поминуваме виктимизирани и ловени. И тие што праќаат се претпазливи. Праќаат на мажи кои им се дечковци, кои им се сопрузи. Се снимаат со сопрузите, долгогодишните партнери. Не е ни слично на рандом дик пик што ние добиваме.

    За жена да испрати експлицитна содржина или да се нафати на истата треба да има доверба во партнерот. Тоа што тој подоцна ја изневерува довербата не е нејзина вина.

    Повторно, сликања, снимања, не се за секого, но за некои луѓе се ете, дел од целата сексуална игра и тоа е сосема ок.

    За да се заштитам вистински, единствено да немам секс никогаш... ај и ти изгуглај грлс ду порн. Цел судски процес е. Тој контент бил на сите најголеми легални порно страници, само што на крај испадна дека девојките се силувани и присилени на снимање. Снимките изгледаат како да се согласни, ама не се.

    Мораш подлабоко да размислиш дали тоа нешто што ти личи некако е така, или не е. Дали таа е натерана да ја прати сликата? Дали некој и' се заканува? Дали е изманипулирана? Итн итн итн.
     
    На emiliana, Lianna Anna, Adidas888 и 3 други им се допаѓа ова.
  10. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.738
    Допаѓања:
    80.072
    Пол:
    Женски
    Бидејќи јас го пишав тоа поназад, еве да кажам, сликите споделувани во вакви групи не се слики праќани од девојки, тулу слики преземани од социјални мрежи и сликани без знаење. Можда има некоја праќана ама најголемот број не се испратени. Така да, не го ставај толку акцентот на зошто праќале и зошто верувале на тој на кој му пратиле.
     
    На CameliaMiller, Angie1432 и st-el им се допаѓа ова.
  11. ArabellaStarfall

    ArabellaStarfall Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2024
    Пораки:
    1.048
    Допаѓања:
    6.410
    Пол:
    Женски
    Единствено се согласувам за сликање на експлицитни фотографии на малолетнички и праќање на некој, макар и во доверба. Затоа што една малолетничка прво не треба да и текне да се слика експлицитно, уште помалку да праќа некому, за да задоволи некое око. Меѓутоа тоа не е нешто што може да се спречи во целост, затоа што не секогаш како родител знаеш што прави твојот малолетник. А сигурно нема ни да ти покаже. Но, колку толку да се настојува на едукација на своите деца, дека нивното тело е само за нив, дека телефоните не се безбедна направа. Затоа што во нив симнуваш апликации, кликаш на секакви линкови, притоа никој не чита ,,terms and conditions", а даваш согласност на секоја апликација да ти влага во албумот со слики и се додека седи во телефонот, може да ти ровари насекаде.

    Меѓутоа, никој не смее, без моја согласност да споделува мои слики на трети страни, без разлика на потеклото каде се добиени. Се уште е сива зона, сајбер криминалот. Има уште многу полиња за обработка. Кражба на идентитет, односно создавање на профили во твое име, превземање на сликите и препраќање за сексуални цели. Се е тоа нешто што во денешницава е голем проблем, а се уште нема одредени законитости.

    Ај размисли вака. Како жена, за да бидам безбедна, не треба навечер да шетам сама, ако се напијам да внимавам каде сум и со кој сум, да внимавам што носам и како се однесувам, да внимавам да не ми стави некој нешто во пијалокот и сега да внимавам како се сликам, каде се сликам, што објавувам, каде објавувам, кој ме слика скришно. Гледај ја поголемата слика, каде е жената безбедна тогаш, како треба да биде облечена, во чива околина треба да биде и до колку часот? Испаѓа, жената треба само дома да седи, облечена од глава до пети, да нема виртуелна комуникација, социјални мрежи и да чека домашните да договорат за мажачка.

    За мене нека не ти биде гајле, меѓутоа може да имаш ќерка, дали мислиш дека е во ред да го ограничиш нејзиното присуство на улица и социјални медиуми, притоа никогаш нема да направиш целосна безбедна средина или да си го впериш прстот во чело и да се запрашаш, каде е безбедно за една жена и зошто опциите се минимални? Насочи се према оној кој прави криминал, не према оној што по некоја среќа или несреќа се родил женско.
     
    На CameliaMiller, Lianna Anna и Angie1432 им се допаѓа ова.
  12. Ajronmen

    Ajronmen Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2021
    Пораки:
    2.207
    Допаѓања:
    8.948
    Пол:
    Машки
    Бурка а?
     
    На emiliana, Just.do.it, CameliaMiller и 4 други им се допаѓа ова.
  13. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.688
    Допаѓања:
    39.784
    Пол:
    Женски
    100% се согласувам дека внимавање на кого се праќаат сопствени слики е нешто кое треба да биде општа култура. Ама тие рандом слики не го сочинуваат мнозинството на сликите што се споделуваат....ние се "пазиме" откако сме родени зашто основата на воспитувањето на едно женско дете откако ќе стане свесно за своето постоење е да се пази на милион начини од мажите. Да беше до тоа проблемот, светот ќе беше многу побезбедно место за живеење и немаше ни да постои оваа тема.
     
    На sweet-cherry, CameliaMiller, Lianna Anna и 2 други им се допаѓа ова.
  14. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    4.351
    Допаѓања:
    13.529
    Пол:
    Женски
    Ќе искоментирам малку од друг агол.

    1) Машките често манипулираат и со ,,ама прати ми, зар немаш доверба во мене кога со години сме заедно?", поточно еве ви пример и за неубаво однесување дури и да е нешто подолго во прашање. Не осудувам никогаш жртви. Го судам моментот на незастанување и потсвесен страв во женскиот пол, поточно кажано потпаѓање да се прави нешто за кое длабоко во себе знае дека (со веројатност) би се искористило (некогаш).

    2) Кога беше тоа со тг, имав можност после х време да слушнам како се одвивал еден процес. Тужење, психолошки сеанси, додатни закани ииии..на крај исходот претпоставувам го знаете.

    3) Па и тука отворете во темата Смешни слики и ќе ги видете тие таквите, потенцијално во себе го поседуваат оној момент да биле/се/ќе бидат такви и со своите девојки/жени. Ова го заприметив и често сум во таа тема, па некогаш место да се расположам јас седам и размислувам каков шлајм е тој човек позади тастатура. Еве пак ќе кажам, не се сите машки исти, за да не бидам погрешно сфатена.
     
    На CameliaMiller, Lianna Anna, nextredstyle и 5 други им се допаѓа ова.
  15. Mrs. right

    Mrs. right Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    3.343
    Допаѓања:
    13.469
    Пол:
    Женски
    Е ова. (y) Треба мноооогу да се размисли пред да се дејствува. Зашто свесни треба да сме за ризиците. Свесни и какви све не луѓе има во наша близина. За жал довербата скоро и да ја нема. Многу ми е криво вака што морам да звучам ама тоа е реалноста.
    И ова. :|

    А, замисли и жени има таму кои се потсмеваат на „смешните“ досетки, а по други теми друг наратив.. :drunk:
     
    На nextredstyle и eliesaab им се допаѓа ова.
  16. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    4.351
    Допаѓања:
    13.529
    Пол:
    Женски
    @Mrs. right баш ги набљудувам и ме интересира дали имаат своја граница.
     
    На nextredstyle и Mrs. right им се допаѓа ова.
  17. Mrs. right

    Mrs. right Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    3.343
    Допаѓања:
    13.469
    Пол:
    Женски
    Не. Очигледно не. Јас не им го сфаќам дебилниот „хумор“ таму. Се претерува значи ептен, али никому ништо.
    А баш пораките на тие одвратни слики навидум смешнички, се јасни. Бедно.
     
    Последна измена: 14 јуни 2024
    На nextredstyle и eliesaab им се допаѓа ова.
  18. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.447
    Допаѓања:
    25.026
    Сама ќе си цитирам мое мислење од друга тема:
    Ете на сето ова ќе додадам: зошто немаат жени формирано вакви гнасни групи за да споделуваат голи мажи, малолетни, полнолетни, препратени слики, лично сликнати во јавност, со гадни коментари и перверзни муабети?

    Дефинитвно нешто пореметено има у генот на мажите, ме заболе кој ќе се навреди.
     
    На Ugly Duckling, CameliaMiller, Adidas888 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.094
    Допаѓања:
    179.258
    Пол:
    Женски
    Тоа значи ли дека ти сам за себе велиш дека не може никој 100% да ти верува само оти си маж? Дека не знаеш дали некогаш ќе искористиш нечија фотографија што кај тебе стасала во доверба? Дали ти сакаш да ни кажеш дека прво за себе не можеш да гарантираш дискреција па затоа се убедуваш дека ние жените треба да превенираме? :)

    10 години сум со маж ми од ден 1 си праќаме слики и ден денеска си праќаме и не планирам да престанам да праќам. Ако сум го одбрала во било која фаза од животов, прво да ми е дечко, а потоа и сопруг значи дека ќе имам целосна доверба во него, оти ако немав немаше да ми биде маж. Замисли, сите ние исто влегуваме во врски и бракови, верувајќи дека се она што и самите го нудиме во форма на своевидна почит ќе го добиеме назад. Излага дека не секогаш е така. Значи ли тоа да не се мажиме воопшто?


    Колку ти се глупи идеите за превенција веќе ти кажаа. Јас ќе додадам само не само што се екстремно глупи туку се и сива зона. Водат кон екстремизам. Што ќе биде следно, жените надвор само со машка пратња и забулени, превентивно, “за свое добро”, да не ги провоцираме оние што носат патлак меѓу нозе и за жал се физички посилни од нас? За наше добро де, ние сакаме да се заштитиме па ќе ставиме марамата.

    Следно нема спорт за жените. Чисто превентивно. Некој после тренинг може да ме сликне гола под туш. Следна превентива е следење часови исклучиво онлајн и пиење кафе во двор исклучиво ако е добро оградено со високи ѕидови ни ѕирка ни проѕирка? Следна превентива на плажа облечени. За наше добро. Никој тоа нејќе ништо да ни наметне, не не не! Самите сакаме да се заштитиме реторика. :fubar:
    Ќе си речеш ова се екстремни случаи, ама душо, патот до пеколот е поплочен со “добри намери”. И до екстремот се стасува преку најнеекстремните и најнаивни идеи. Прво ќе престанеме да се сликаме. После нема да одиме по таа патека оти повеќе мажи оделе, па не на тој базен ради нас де, не ради другите. И така тој зачаран круг ќе си се множи се додека мажите не почнат да се казнуваат за нивните криминали, а со тоа нас да ни се обезбеди сигурност и заштита и еднаков третман.
    Само затоа што системот не функционира не значи дека ние треба да се откажеме. Туку сите здраво свесни граѓани без разлика на пол треба да се борат за тоа криминалот да биде казнет, а секој да има еднакво право на движење, сигурност и заштита.


    Кој беше другата срцка со инстаграмот и двојните стандарди :drunk: не можам да го барам. Ајде да збориме за двојни стандарди. Зошто жените земаат сеуште значително пониски плати во комплетно исти сфери, од мажите? И зошто ниеден маж јавно не излага да ги поддржи жените за истото?
    Сакаш ли за “врата до врата” муабети? Зошто ти на утакмица можеш да извадиш маичка и да останеш гол ама јас ако го напраам тоа нема да добијам ист третман? Чак што више веројатно 100 камери ќе ме снимат и уште милион фотки ќе се напраат. Зошто ти во двор дур шишаш трева можеш да извадиш маица и притоа да се расшетаваш гол, ама ја ќе бидам сексуализурана и со кроп топ? И после овде плачеш за дегенерици што сексуално вознемируваат малолетнички оти овие пази молим те анонимно ги објавиле разговорите? Па ја сум да почнат со име и презиме и јавен линч да им праиме може ќе им провее малце памет во тоа шупките дегенериски.


    Е сеа, оние 35.000 се најниското од човек. Во таа смисла и најхомофобичното.
    Замислете, само замислете бившата девојка им прати нивна слика во геј група за мажи да го маваат на нив. Има револуции да се кренат и закони да се менуваат и затворите ќе ги преполнат. Ама пошто тие тоа го прават и ќе продолжат да го прават се додека не се донесат одредени измени во законите или нови регулации, се до тогаш ние ќе сме криви оти имаме пулс и ние ќе сме требале да превенираме.
     
    На sweet-cherry, CameliaMiller, Lianna Anna и 4 други им се допаѓа ова.
  20. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.461
    Допаѓања:
    60.953
    Пол:
    Женски
    Не се проблем само ваквите кретени што членуваат во групиве. Проблем се и тие што се innocent bystanders како овие во темава.

    Секогаш, секогаш при ваков скандал не застануваат рамо до рамо со нас, туку се котат ко бубашваби за да ни кажат дека не сите мажи се исти, небаре ние малоумни сме тука. Секогаш е значи истото, ама има таму лоши мажи, вие пазете се, а воедно сами сте си криви ако некој ве искористи.

    Gee, thanks шо ни кажавте дека не сите мажи се исти. Може некогаш и на протест да дојдете, како тој што беше за јавна соба, може да ги коментирате и осудувате креаторите, може на милион начини да им се помогне на жените врз борба со revenge porn.

    Ама не.
    Не биле сите мажи исти.
    Имало лоши.
    Да сме се пазеле.

    Е баш ви фала, не знаевме, ама еве сега ќе знаеме.
     
    На Priroden, sweet-cherry, CameliaMiller и 6 други им се допаѓа ова.