Замисли ваков став имаше маж према жена. Сите жени се курви, додека не се докаже спротивното. Со дрва и камења по него. Фемина форум е, нормално е да сте полни со омраза кон мажот. Нема врска ајде, вие сте во право. Уште една победа за жените во борбата против најголемото зло на планетава земја, против дечкото, мажот, братот и таткото.
Случајно го отворив линкот со кој Кате ја реактивираше темава. Случајно, јер наведена како поттикнувач на мизандрија. Оу бој Али наше, са балкана Не бе, не постои психијатар што може да ми го објасни ова и тоа е. Исто така- девојчето од 11 години во Грција. Убиено од роднина, со сексуален подтекст. Истиов е осуден за силување на 14 годишно претходно, ама брзо се рехабилитирал ко што гледаме. Значи не регистар на педофили и силувачи, со жиг на чело да шетаат. Да ги одвоиме луѓето од стоката, ако сеуште има луѓе.
Со едина разлика шо "курва" не можи да ти го загрози животот. И во другата темата истата реторика. Најлошо за жена шо можите да кажите и од шо се плашите е дека била курва. Додека ние се плашиме дека некој ќе е насилен кон нас или ќе злоупотреби нешто споделено во интимен и доверлив момент. Курва бе.
Ова има и поинаква позадина. Се работи за Роми и во Грција Роми одат во затвор само во екстремни случаи кои веројатно ги дефинираат индивидуално што е екстремно, на пример сеа за убиството. Роми за силување не ги затвораат, протестираат грците за тоа, ама судството им е труло.
Ова тука е причината зошто ти и еден куп мажи и жени - со чест на исклучоци - сте проблемот. За тебе најголем проблем една жена е да биде наречена курва - жена што ќе ти го сруши егото, жена што ќе живее слободно, жена што не ѝ е гајле за твојот approval, жена што не се срами да биде сексуално битие....што и да ти пречи, само кажи курва. Сумирано, курва е женското постоење надвор од општата перцепција за што е пристојна патријархална жена. Не е никаква закана за твојот живот, ниту ти ја нарушува безбедноста, ниту треба да живееш во страв од нејзе. Само ти смета постоењето на курвата. Твоите мислења се последица на декади вкоренета мизогинија и затоа не ни сфаќаш зошто нештото што го кажуваш е проблематично и се осврнуваш на класичната навреда - курва - што баш поради немањето дефиниција повеќе не е ни навреда туку твоја проекција за што треба да е навреда за нас жените во рамки на патријархатот, па така мислиш дека преку таа тактика ќе нѐ натераш да го погледнеме и твојот поглед кој е сам по себе flawed. А уствари цело време ние сме ги разглобиле на долго и на широко сите страни и можни агли додека ти си тој единствениот кој не успева да го разбере ни првото скалило.
Не знам што мислите дека постигнувате со оној глупав и смешен "аргумент" за браќата и татковците, зошто многу жртви трпат семејно насилство и страдаат од братот или таткото. Премногу плитко и површно размислување, никаква емпатија кон жртвите.
Групата стигнала да собере 35 ИЛЈАДИ членови додека стигне да се пријави! Тоа е популација колку еден цел град. Поразително е колку вакви луѓе се околу нас.
Искрено, баш ме заболе какви ставови имате... Ја се водам по тоа што правите. Едит : Иначе, на темава. Татко ми е цел живот по скелиња, со мужи работено... Он лично ми има кажано со Балканец да не се зиам... Епа сеа удри ти есапот што мислат нормални мажи колку толку за другиве, па што треба ја да мислам, после се што сум видела, и доживеала. И да, курва сум. Баш ме заболе. Едит 1: А кое е иначе најголемото зло на Планетава, ај баш просветли ме?
Ама прејако ми е ова - ја нејќам оти е курва. Ќе почнам да идам на дејтови и да викам - јас сум курва, проблем? Бтв пробав сајбер секс со дечко ми и не е за мене ете. Не судам за кого е, ама ич. Сметам дека е скроз нормална работа. Исто така знам дека тој со бившата негова се имаат и снимано, ниту сум видела снимка, слика, ниту таа ни најмалку се чувствува загрозено од него, тоа со сигурност го знам. И да му побарам "материјал" 1000000% побрзо ќе раскинеме него и да има, ако има на некој клауд, да ми покаже. Гуес ват, ете мене ми е зелено знаменце што и' го штити достоинството, па 100 пати нека му е бивша. И таа на него исто така. Нормални луѓе раскинуваат и не шират revenge porn наоколу.
Затоа што женското тело од кад је света и века е предмет на сексуализација и тоа не само од мажи, имам пишувано за ова и во други теми биолошки сте понежен и поубав пол а за ова доволно ти е да влезеш во темата дали би имале секс со друга девојка овде на фемина ќе се изненадиш кога ќе видиш дека 50% од членките овде се исјаснале дека веќе пробале или дека би сакале да пробаат со жена, што повеќе да правиме муабет. Кога вие како жени меѓу себе сте фасцинирани од женската убавина и ви доаѓаат такви геј мисли, што останало за стрејт мажи што се привлечени од згодни жени особено ако се подоблечат малце попровокативно, пример типична ситуација ако згодна жена помине по улица по неа ќе се завртат 95% мажи додека со мажите тоа е малце поразлично маж колку и да е згоден, набилдан, скоцкан ќе биде неспоредбено од многу помалце жени "измеркан" од глава до пети одколку тоа што е кај жените. И нема тука двојни стандарди туку ова е основа на нештата и природата како сме создадени а пошто природата не се менува затоа се дефинираат закони и норми како да се спречат девијантни однесувања за што веќе се изјаснав конкретно за делот околу сликите дека треба да се казнуваат сторителите на такви дела и стојам на тоа
Човек жените сакаат секс со жени зашто се геј/би, не зашто женската убавина е толку длабока како предмет на фасцинирање и некои филозофии што ги пишуваш тука. А на улица сите жени гледаат убави мажи само што не сме сељаци.
Види брат, значи една работа е дека ќе се завртат, нормално очи се за гледање, кој не би се завртел, природно е тоа, ако е суптилно и цивилизирано, а друго е да вознемируваш и да се понашаш ко неандреталец. Тоа е разликата. Нормален чоек, да, би се фасцинирал од глетката но би останал културен и нормален.
100% од жените, меѓу кои и јас, се вртиме по други жени а и по мажи, ама не одиме да ги вознемируваме или силуваме,или да објавуваме слики од нив по социјални мрежи за да се палиме на нив.
Џабе пишувате реферати тука и се правдате, особено оној што пишувал дека ако жените не сакаат да бидат вознемирувани преку социјални мрежи не требале да ставаат слики. Па прво на анонимен форум добиваме секакви недолични пораки, понуди, слики од пениси, а пази немаме ни име, ни слика. Не е поентата само да се пријави пораката или да се блокира типот, поентата е првенствено да не се понашате манијакално и да праќате слики од пениси па дури и на анонимен форум, само затоа што под профилот ми пишува дека сум женско. Прекинете да им поставувате правила на жените и да ги "советувате" како да се "заштитат". Да ви било гајле за жената, прво ќе сте се преиспитале вие, а не да им давате упатства на жените како да се заштитат од мажи.
А буквално на некои од нас, ако не и на повеќето, машки роднини се причината и додатен доказ за тоа какви се мажите. Некогаш не се нашите татковци, браќа, чичковци исклучок, воопшто.
Ох боже! Во поинакви околности и јас би имала секс со жена, исто како што некој дечко има секс со друг дечко, исто како што и ти би имал секс со друг дечко. Тоа нема врска со жената туку со сексуалноста кај сите луѓе без разлика на пол, која е флуидна. Од света и века?! Let’s see, во Африка каде сеуште природата на нештата е во функција, сеуште имаш племиња каде жените од пупак нагоре се голи и никој не им ги сексуализира градите, оти се знае дека нивната главна функција според истата таа природа на нештата, е храна за новороденчето, ете вие уште не се биле таму да им кажете како треба. Пробуваш ли да нормализираш третирање на жените како предмет, само оти сме биле понежни? Па дури и тоа е дискутабилно, јас знам мажи што се понежни од жени дали и тие треба да се сексуализираат поради тоа? Дали сте нормални?? Ти немаш право да сексуализираш ниедна жена освен ако таа жена при сопствена воља не ти дозволи, во спална. Евентуално, исклучиво во твојата глава и никако другше и нигде другде. Ако една девојка објави на инста слика по купачи, ти единствено смееш да ја лајкнеш таа слика и тоа ако само ја имаш таа опција. Тоа никако повторувам никако не е отворена покана да ја замараш во пораки, да ја демнеш или пробаш нешто повеќе, само затоа што таа е понежна од тебе или боже пази објавила своја слика на свој профил. Не значи Не! И тука е крај на разговорот. Имам нешто да ти кажам сеа. Може треба да седнеш и да си земеш вода да имаш при рака. Веројатно е brand new information за повеќето ама ние жените (притоа зборам во име на сите жени во светот, имавме состанок претходно и сите сме согласни), никако ама никако не постоиме за примарно да ги задоволуваме вашите извитоперени машти и да ви служиме како објекти. Особено не постоиме за да бидеме деградирани, понижувани, злоставувани и нашето постоење на земјава да е дефинирано според нежњоча, па следствено на тоа, да е нормално било кој дегенерик да има повеќе права да дрка на мене, отколку јас да имам права да сум заштитена, и тоа само поради што сум облекла шорц, што сум објавила слика од плажа, што сум се нашла на погрешно место во погрешно време, само поради фактот што сум жена. Не е тоа природа на нештата. Нема ништо природно тука. Знам, шокирачки е. Остави да легне информацијава, па јави се на репорт.