Здраво на сите. Имам една голема несоумица во врска со дечко ми. Случајно додека ми покажуваше слика на телефон видов дека има цел албум со наслов телеграм и експлицитна почетна слика на албумот и тоа ми влеа некаков страв од тогаш. Инаку не му претурам по телефонот и не знам за што се работи па сакам да прашам дали ако има некаков профил сликите автоматски се слегнуваат или тој самиот ги презема. Некако од тогаш имам некоја грутка и нелагодност кога сум со него. Се надевам ќе ми одговори некој што знае за да знам какви чекори да преземам во иднина. Ви благодарам.
@Shy&Glam значи или си бил тој во овие ваквите групи или па му препраќале другари или некој друг. Не да му претуруваш, туку фино лепо ќе си го прашаш од кај му се, ако е искрен ќе одговори ко што треба. Нормално е што не ти е сеедно, заедно си со него, утре може фамилија ќе сакате да основате, а ти појма да немаш што он прави во слободно време и со какви гнасотии се занимава. У секој случај, заебано е и добро што си видела.
Ми беше голем шок и да не излезеше да видам случајно никогаш не би му го зела телефонот и немаше да знам. Сега знам дека ќе ми биде тешко ама немам друго освен да се соочам со него и ако правел такви работи раскинување е единствена опција за мене. Ме чуди тоа што со мене и со сите мои е прекрасен и имавме големи планови, но не би можела повеќе да планирам ништо со таков човек.
Ајде вака на кратко, моментално телеграм го користат голем број на сексуални работнички и покрај тоа скандалот што беше кај нас, обично затоа што русинките немаат пристап до оние ППВ сервиси како онлифенс и останатите амерички, идат преку телеграм и договараат во директна комуникација или трети сајтови кои не се под америчка капа. Значи може само плаќа за порниќи, ама сами од себе не се симнуваат, башка што телеграм профилите се многу непроверени и многу лесно и не-консензуални содржини може да завршат таму. Еве чиста статистика Порнхаб 70000 содржини пријавени минатата година, Онлифенс 10, и првите и вторите имаат верификација за возраст и идентитет. Иако Онлифенс имаат многу поагресивна верификација. Телеграм верификација нема, а дополнително и многу shady луѓе го користат за дрога/услуги/дип веб ствари. Ама се согласувам со Гош, треба да го остаиш, пошто ако е стигнат до тоа да си ги чува у галерија, тежок дркаџија е у најдобар случај, у најлош случај си ги чува од скандалот до сега. Само немој да си глупа да паѓаш на првиот изговор шо ќе ти го каже, мажи лажат, сушат.
Најбезболно ти е да му влезеш и да видиш шо праи на Телеграм, дали е у промо каналите на сексуални работнички па си симиња куродрвки, ако не е или ако нема телеграм е тогаш големата.
Ех, па така лесно и умешно знаат некои да се прикриваат и намерно да глумат фини дека се, нека не те чуди тоа. А во позадина да прават гадни работи. Глупо е што ништо не ти кажал, значи криел, а ти сосема случајно си дознала. Чим крие од тебе, не е добро тоа. А си има причина поради која крие.
Јас од тогаш како да се сменив. Не можам да го поврзам човекот што го познавам со тој човек. Не знам ни дали би можела да бидам со него повеќе ако излезе дека прави нешто повеќе од симнување слики. Дури и тоа ми е проблем.
Никогаш не сум му претурала по телефонот. Мислам дека ако го прашам дури и да се обиде да ме излаже изразот на лицето ќе го издаде. Само се чувствувам многу повредено.
Времево е дојдено во никого доверба. Затоа и многу луѓе остануваат сами и толку многу разводи има меѓу паровите.
Само така мислиш, знам луѓе што лажат ко да им е последно, другар имаше 4 швалерки и девојка, и никоја не знаеше за никоја...
Исто мислам. Јас никогаш не сум испратила никому експлицитно делче од фотографија и дури и да не се ни обиде да направи такво нешто, мене ми е доволно што воопшто учествува во такви работи за да ме одврати од него.
Ако учествува, а веројатно учествува во најмала рака како пасивен посматрач, нема да разбере баш што е суштински проблемот. Ќе мисли дека си љубоморна и слично. Искрено, објасни му со 2 реченици што е проблемот, ама не очекувај разбирање. На сите тие по групите им треба сериозна психолошка помош. И да, остави го. Ужасно е тоа што го прават, со ужасен џган од мажи делиме простор, за жал.
Знма дека колку и да ми е тешко ќе морам да се соочам со него. Знам дека ќе ми се распадне целата слика за него, но тоа е. Подобро порано отколку да биде предоцна.