Фино што споредувате споделување слики на еден по своја иницијатива. И споделување на слики без дозвола на 7000+ луѓе. Тоа што се деца во прашање е уште полошо пошто се декларира како детска порнографија. И едно се сликите, ама сосем друго е што се објавени лично инфо како број, име, презиме, адреса.
Ич не е нормално, таа и самата ќе сфати покасно. Родителите не можат 24/7 да ги контролираат. Дома се едни надвор други. Зависи какво друштво итн. Јас кога имав имав 13 немаше ни Фејсбук ни ништо. Затоа не можам да разберам не знам што да речам.
Можеби дел се слики со злоупотребена доверба. Лично познавам девојче кое сега има 15 год.,а експлицитни фотографии поставува од 12 на Инстаграм,мајка и вели тоа е, пубертет, многу е атрактивна,многу дечковци и пишуваат. Ако објавува тоа дете на инста отворен профил јавно полуголи слики ,што е проблем да ги пушти истите по порака на 100,? Тоа сакав да кажам,имаме голем проблем,не сакам да барам вина во девојчињата. Од дрвјата шумата не ја гледаме. Во родителството е проблемот. Немање време за децата,не пренесување никакви вредности, некомуникација не донесе до ова. Ова е последица на неуспех кај родителите и образованието. Сме пораснале деца кои немаат почитување, емпатија па злоупотребуваат и не почитуваат туѓ интегритет,од друга страна деца без никаква самодоверба,самопочитување,кои за самопотврда ќе испраќаат свои разголени слики,за да се почувствуваат важно. Се е тоа наш неуспех. Ова е типичен пример за недостаток на самопочитување и самодоверба. Тука треба да го решаваме проблемот. Нема тој право да споделува туѓи слики,апсолутно. Но и тој што праќа треба да се цени себе си , да внимава на можните последици. Доколку би се случило на мое малолетно дете, би барала вина во моето воспитување и пропуст во надгледување на детето.
Ми доаѓа да ти реплицирам на секоја реченица зашто искрено ми се слоши, ама стварно го немам тоа време. Ја сфаќаш ли разликата помеѓу согласност и несогласност? Ако таа девојка пишувала гордо, значи се согласувала со тоа да тоа видео е објавено јавно. Согласност. Толку. Не навлегувам понатаму. Ако некој прати видео ил слика во доверба, и потоа тој материјал почне на циркулира наоколу, и БЕЗ нејзина согласност рандом ликови си го дркаат на неа, е гадно и за секоја осуда. Ја сфаќаш ли разликата? Дефинитивно сметам дека треба повеќе свест и едукација, и кај машки а посебно кај женските кои се жртвите, но никогаш нема да речам во нив лежи вината. Дали сфаќаш дека веројатноста е ОГРОМНА дека тоа што си го видела е дело и резултат на педофилија, затоа што седумгодишно девојче нема перцепција дека нејзиното тело е сексуално, на било кој начин? Која и да е причината, тоа во нормална држава е случај за социјални служби и не гледам никаква поврзаност на темава. Само грозно е што тоа ти е асоцијација за конкретниов случај. Па уште погоре прочитав која била разликата дали се сликите во групата, или пратени на еден, што може на другари препраќал. И двете опции се ужасни, само што во групава членуваат со сигурност ПЕДОФИЛИ, и којзнае кој добил достап до неа. Илјадници. И немало разлика бе, стварно не ми се верува што читам. Па и ова упорно и упорно форсирање на "мирно девојче беше, прибрана, фина, зошто @Xрандомособа што е сексуална ко секоја друга ја нема во групата" муабети, а живееме во свет каде што бивши сопрузи објавуваат материјали пратени во доверба, сосе цела плејада искомлексирани мажи која само ја користат приликата дека живеат во патријахално општество каде самото постоење на телото на жената е срамно само по себе. Не е решение да се забулиме, туку и машки и женски да добијат правилна сексуална едукација, и вакви однесувања да се казнат.
Не е вистина...не виде дека на крај од пораката стои globfone.com....односно апликација за фејк смс..
Пред се, задолжително треба едукација на машките деца за тоа дека треба да се почитуваат девојките, а не да се поддржува однесувањето дека тоа машко е, за него е во ред, во ред е девојките да ги гледа како да не се личности. Пак ќе кажам, никаква вина немаат девојките. Вината е во идиотите кои мислат дека достигнале нешто многу во животот ако се однесуваат на ваков начин. Многу добро беше објаснето во неколку постови тука. Ако некоја девојка пратила слика на некој дечко, во приватна порака, таа слика смее само тој да ја види. Во спротивно, ако тој се фали по другари со сликата тоа е насилство и повлекува последици. Значи проблемот е во насилниците, а не во жртвите. Но доколку девојката ја споделила сликата на социјалните мрежи јавно, тогаш не е проблем сликата да ја гледаат сите. Но сепак и ова не оправдува пишување на недолични коментари и навреди кон неа. Досега не сум споделила никому вакви фотографии, но знам примери кадешто девојка настрада од ваков идиот.
Ти што пратиле и барале треба да бидат казнети, бидејќи се знаат телефонските броеви, а не да ги осудуваат и линчуваат девојките кои во доверба пратиле слики или како што се шпекулираше имало и монтирани. Дефинитивно осудата паѓа врз тие копиљаци кои бараа и споделуваа фотографии.
Изгледа дека не ме сфати добро или лошо се изразив, мислев дека секое женско не е жртва, некои свесно се вовлекуваат во тоа, и по некој период глумат жртви, а не се, па дури и со согласност од нејзина страна, таа подоцна глумеше и кукаше како била засрамена па сега е преку три држави го избрука семејството, сакав да кажам дека сешто се прави на интернет. Во некои лежи вината, таа е виновна што го дозволи тоа, девојчето од мојот пример, што се согласи да биде објавена, подоцна нејзините ја испратија во туѓина, а таа немаше друг избор па да глуми како била излажана а всушност вистината сите ја знаеа. Се извинувам што погрешно се изјаснив но сите беа изненадени од нејзиниот потег затоа што важеше за една мирна девојка од фамилија која ја држеа строго, како мала се дружев со нејзе и брат и така што останав занемена кога дознав се правдаше со - Ама тој ме излажа, вака и онака беше, ватевр. Друго, на 13 годишна возраст, јас немав интернет и мобилен ниту компјутер, добив малку подоцна поради училишни обврски ама немав приклучено интернет. Денес, од 6 -7 годишна возраст имаат мобилен, со интернет, купени од родителите за да го откачат што поскоро а родителите немаат поим што се' се прави на интернет. И да има едукација, тоа нема скроз да се искорени, секогаш ќе има некој кој ќе се истакнува. Инаку за мојот последен пример и седумгодишното девојче, посакував да беше поинаку ама не беше. Прашав моја другарка која беше пријателка на фб со неа, роднини беа нешто, не знам и не е важно, ја известив за профилот, ми потврди дека е нејзин, отпрвин не ми се веруваше но се уверив со тоа што ми прати нивен заеднички разговор. Сега одамна немам фб, не знам што се случило со профилот, а и не ме интересира. Јас и на дечко не би испраќала слики, не поради селфреспектот кон себе туку и поради страв.
Освен ако девојчето не кажало: да, сакам сликава да ја пратиш и споделиш со други, не гледам како може да биде обвинето. Толку е едноставно. А дури и да пратила со цел некој да ја стави во група со 7000 членови, никој со здрав разум не треба да се согласи и да ја сподели фотографијата, ширејќи детска порнографија.
Мене ми запнаа пораки ми праќаат слика од гола девојка демек сум била јас Wtf Што да правам сега не се нормални бе
Гарантирам дека ова е дело на искомплексирани, неспособни мамини синчиња со цел да си го нахранат егото. Не разбирам како секогаш мора да ги посочуваме жртвите како главни кривци. Дно. Се да им се одбие од глава еден ден!
Дури вие дискутирате за моралот и паметот на 13 годишни девојчиња, ова ви се случува: Продолжете пак со напади на малолетни девојчиња, уште 20 страни ќе дебатираме околу тоа, овие како и по обичај никаде не се спомнуваат. Топ сте, терајте.
^ И после некој ќе рече родителите да посветат повеќе внимание на своите деца.Кои, овие ли ќе воспитуваат деца? Изгледа дека нормалниве кај нас се во помал процент.
Ај кочите малце имаме работена во А1 или космофон вип небитно да го проверме бројот на тој сое администратор? @Feminka22 шо бидна со информациите? администраторот ке биде најден и дебело ке го јаде да бидите сигурни у тоа затоа и побегнал од групата изконтактиран е од мвр по се изгледа