Јас би излегол на протест за женски права. За мајка ми, за сестра ми и за ако еден ден имам ќерка, да не треба да поминува низ тоа што го поминувале и поминуваат жените сега.
Не мора да ме собираш, ќе си дојдам со 5-ка. Не е иронија тоа што ве поддржувам. И јас имам мајка, баба, тетка, внука, вујна...
Манџа брат, утре ако има атак против вас, на пример карикирам - да ве регрутираат во војска или присилно да ве тераат да извршувате некоја ,,машка" должност, немој да очекувате женско крило на ваша страна. Можеби тогаш ќе го сфатите значењето на подршката. А ќе дојдат тие времиња, само не сега. Гушки и до тебе.
Ќе размислам, зошто математиката е следна: 7 000 педофили и манијаци со неконтролиран тестостеронски набој има во државава (за кои знаеме). Два мали града, а Северна мала.
Отсекогаш сум мислел дека не треба туку така да дадеш телефон на твое дете, треба и да го едуцираш што и како и последици. А за споделувањето треба строго да се казни, ако може да се изолира кој носи највеќе вина.
Се сомневам Алиса. Иако, многу сакам да си во право. На другарка утрово и фотошопирале фотографија, и анимирале гради и вагина со број, име/презиме. Не можам никако да ја смирам, многу лошо чувство.
Ситуацијата е уште полоша зашто, ние жените сме кокошки со зрнце мозок. не можеме да се собереме ни за еден нормален протест, пола се чесни сестри, скоро па калуѓерки, а пола се распуштеници и блудници ист калибар од тие на фотографиите. За мажите и нема што да се прави муабет. Кога на темава жени со жени се напаѓаат, не можеме да очекуваме мажи да не поддржат. Жално.