Ѝ пишав на Снежана на фб, Ќе ѝ пратам сѐ што имам доколку е волна да соработува ѝ јавно да го обелодени. Ја сметам за многу чесна и влијателна жена и сметам дека би можела да помогне
Да, и посериозни закани добив упатени кон семејство, ама јас неам со никого од форумот споделено која сум, така да, оттука ништо не дознале, евентуално ако некои копаат по ИП адреси. Кога реков дека ќе се обратам во полиција, прекина сето тоа, испадна као напразно било пишувано.
Ама дали?!???!!?! Леле ова ако го остават така да се заташка и не ги затворат, женска револуција треба да кренеме. Најсериозна сум.
Кој да крене? Јас Стојна, ти Митра и единаесетте девојки од форумот кои пишаа дека треба да се излезе на собир? Да бидам искрена, најсилниот женски одзив го имаме единствено писмено, на фемина форумот и на ниту едно друго место во Северна. Драгана Дрндаревска, Барбара и ,,феминистичка" екипа уво не ги лази, а тие треба да бидат на чело на организација за марш.
Сакаш да кажеш дека форумов не ги обезбедува личните податоци на членовите и дека не е безбеден и не се обрати на администраторите и во полиција за сајбер булинг?
Проверив на xhamster, стварно ставале слики. Има и од порано ама има и од пред некој ден. Некои албуми се со слики од фб и инста, онака слики од плажа или нормални слики и пишано наслов к**ви од мк или ск или како и да е. Значи, не знам што да кажам. Кои кривични лежат тука само.
Какви црни ај пи адреси какви бакрачи хахахахха. Како прво динамички се и нема никој да те најде,дури ни од интернет провајдерот неможат толку лесно хах , филмој се гледаат од холивуд многу. Никој не може да те хакне на форумов, а ако некој мисли дека може еве повелете мојов профил хахаа! и кажете пуканки да земам!
Што е ова бре луѓе, како вака телефонски броеви од жени споделува некој , ужас Жално е што пак најголемиот дел од луѓето пак се исмејуваат и ги навредуваат жртвите во случајов. Сега со цел памет отворив коментари на линкот за таа девојката/жената која се нашла меѓу сликите. Еден ама буквално ниту еден коментар немаше со подршка кон неа, само навреди и плукања, и тоа не само од мажи туку и од жени, какви гадости се изначитав ми се слоши
Се разбира дека на форумов разговарав со соодветно лице, а колку е безбедно овде тие си знаат. Јас бев уверувана дека е. Булинг-култура на форумот цути, да земе некој да пријавува, тек тогаш ќе биде од играчки-плачки. Да де стандардното оправдување со динамичките адреси. Седи жити сѐ, не можеле да те најдат од провајдерот. Кога веќе спомна хакнати профили на форумов, се сеќавам читав и за такви случаи пред неколку години.
@sjdgo Преку динамички можат да те најдат ако направат анализа на сообраќајот на одредена ip адреса што правела во одредено време и каква активност вршела, и кој уред ј користел со геолокација. Може се да се најде, во мвр имаат опрема каква што неможете да замилсите, а тие што работат со неа се обучувани надвор од нашите граници . Но неможе се да се пласира во медиумите, не е страешки. На форумов си безбедна тоа го тврдам. Освен ако не си преземала од тука фајлови на пц кои биле инфицирани со вируси.
Ја да имав татко што посветил ваква песна на мене ќе поднесев барање до Социјално да ми дадат нов старател.
Рачунај дека копиљаците од групана се палат на вакви песни. И сакаш после морал и нормална младеж. Иди бре се е отидено.
Не се плашам од никого, нека повели да се осмели нешто да стори. Се начна дискусијата, па напоменав какви сѐ ги има низ интернет и дека форумот не е исклучок. Не гледам што е лошо да се има предвид, некои членови и овде пружаат доверба на други.