Ne gi chitame podolgite postovi Na televizija kazhaa deka imalo dve grupi proizlezeni, ednata bila na viber za drugata zaboraviv, dva dena si stojat.
Аман бе луѓе на една страна ставани слики од македонски девојки сосема рандом слики од купачи ејјј од купачи???
Интернет не е за секој дефинитивно. Болни мозоци, болесници се ова и им треба салам лечење на овие ваквите. И сосема пристојна слика да имаш на профилна каде што ти се гледа ликот само, ако ти се закачат тешко вас. А полицијата колку ни е ажурна за вакви работи, тоа е друга приказна. Некој ќе го откријат и фатат, ама уште колку вакви болесници ќе си се шетаат слободно. Бидете внимателни девојки и чувајте си ја приватноста најдобро што можете. Крај краева и без социјални мрежи се живее.
Почнале да го споделуваат ѓубрето по фб. Има флаери со неговиов гнасен лик да испринтам, секој да го знае.
^ овој нема 40 години.... И е од скопје север... е сеа и меѓу време може се оженил и сменил адреса. Тој е тој што го знам и веднаш на него помислив. Макс е колку мене 32, ама помлад е. Го имам и лично видено на собиранки од форум. Имам и на мсн зборено, си има проблеми човекот. Ама јас лично сум немала проблеми со него. Досаден и нападен е доста, си јаде трици.... Едино некој друг психопат да се претставува како него. Или лаже сега, или лажел порано... не знам што да кажам. Иначе го знам преку другар.
Ама не е тоа решение бе луѓе. Ај да немаме социјални мрежи и да не споделуваме слики од нас само затоа што на некое говедо му текнало дека фрустрациите ќе си ги намали со тоа што на порно сајт ќе опне слика од девојка. Сакаме да сме убави, сакаме да ја покажеме некогаш таа убавина, фустан, комбинација или што и да е. И не треба да ни е срам или страв дека некој тоа ќе го злоупотреби. Те сфаќам што сакаш да кажеш ама не си ти виновна и не треба да бидеш покажана со прст пошто некој сака да ти се одмазди за било што (има случаи им удираат корпи па неславно завршуваат на страниците) Така почнав на темава - така и ќе продолжам - дека треба да им лупнат вртоглава казна. Да се врати регистерот на педофили и сите што споделувале слики да бидат објавени. Секогаш кога ќе се случи нешто вакво имаш лавина на експерти што една просто проширена реченица не можат да склопат, ама мозокот им е програмиран од една изгребана ЈНА плоча и муабетот е тој (a stomajka barala da se slika, ahahah brad ubooo i bila ko se lupala, so se maskite krivi zenive se kurvi) итн итн. Мизерија, сите кои учествувале во ова, ама секоја солза од девојчињата е и на раце што куцкаат на форумов за да ги окриват, токму нив - жртвите. Викаат срам да им е што се сликале - ама реалноста е срам да ви е вас. А да, гледам рипнале одма вчера да ги бранат мажите дека не биле сите исти. Апсолутно се согласувам. Ама уште нешто - не сите мажи се педофили, ама сите педофили се мажи.
неможи тело да замениш со фотографија ...многу ти е глупава споредбата стварно смисла нема што со напишала ...како што сфатив мислиш дека се во право девојките што праќале слики ,а момците се криви оти ги праќале АМА девојко се работи за малолетни девојки тоа во ред е ? да се сликаат голи,во какви личности тие ќе пораснат? одвратно е
А веќе коа почнав да rant-ам, да дозавршам. Тоа дека треба затвор веќе е кажано и повторено. Со самото нивно ставање на регистер кој ќе биде контролиран од МВР, автоматски да губат можност за вадење на Европски пасош а и со самото тоа секој работодавец да биде предупреден каков човек ќе вработува. Ако може жигови да удирате на малолетни девојчиња кои ради туѓи хирови и мозочни пореметувања кои не се никако виновни, насочете ја вашата енергија за шејминг на тој кој вистина го заслужува тоа. Дури да проверува работодавецот дали некоја била на Јавна соба, нека проверува дали некој педофил ја ставил таму. Кога нема да може пасош да извади и да работи нормална работа ќе видите дали ќе се дрзнуваат овие работи да ги прават. 7500 говеда се анонимни и заштитени како бели мечки ама ние овде 40 страници тупиме дали треба или не треба девојчиња смартфони да имаат. Пренасочете си ја енергијата на правилно место.
Во какви личности ќе пораснат? Да не бидат Lisa Ann или Mia Khalifa? Дај ти се молам. Треба да бидеш загрижена дека ова ќе им влијае на психолошкиот развој и на самодовербата. Треба да работат со психолог малку после овој настан. Не ги дотолчувај со вакви коментари.
НЕКА НЕ ВЕ ЗАСЕГААТ ВО КАКВИ ЛИЧНОСТИ ЌЕ ПОРАСНАТ ДЕВОЈЧИЊАТА КОИ СЕ ЖРТВИ ТУКА, НЕКА ВЕ ЗАСЕГА МОМЕНТАЛНИОТ ПРОБЛЕМ - КАКВИ ЛИЧНОСТИ ШИРАТ ИНТИМНИ ФОТОГРАФИИ! Пошто после ваква траума не знам во какви личности би пораснале. Не ради споделените интимни фотографии од страна на девојчињата, туку поради пренасочувањето на тие интимни фотографии од мажјациве.
Така е, од Скопје Север е, 1988 годиште, женет, и има бебе од неколку месеци. Е сеа замислете, тазе татко, наместо да ужива со бебето, роварел по интернет да бара и прикачува голи девојчиња?!
Абе со психички проблеми не можеме да очекуваме да мисли како нас нели... Не може нормален човек да го прави тоа...
Знам дека не е решение, но јас сум помирна откако избришав се. Пред десетина години и јас бев мета на еден лудак. Не е баш ист случај, ама нешто слично. Отвораше дупли профили со моја слика, со мои податоци. Тоа време бев во странство, оттука моите беа во полиција ништо не се презеде. Јас побарав помош во македонската амбасада во земјата во која што бев и оттаму ништо помош. А добивав и закани по СМС. Се избришаа профилите со моја помош и помош на моите пријатели, постојано пријавувавме. Остана еден лажен профил неизбришан, уште си стои, случајно видов пред некое време. Тогаш немав 15год, имав 23год. Тешко ми беше, најмногу дека сето тоа се случи кога бев на подолг престој во странство. Вистински ужас, никогаш не открив кој стои зад тоа.
немам намера да ги дотолчам девојко ама неможам да го оправдам тоа што праќале голи фотографии ТОЛКУ ако вас ви е во ред ваше мислење е тоа
Значи не се сите голи слики што ги пракале разбираш 60 посто од сликие се од обични девојчиња средно школо