1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

На „Телеграм“ се шират интимни фотографии

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од black-angel, 26 јануари 2020.

  1. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.796
    Допаѓања:
    65.514
    Пол:
    Женски
    Уште една ситуација каде се криви припадничките на женскиот пол. Што барале да се сликаат и да праќаат, кај им бил паметот, сами си го барале...
    За машките не се оправдува, ама тоа се подразбира, нема потреба да се кажува, туку што си мислеле женските што праќале? И да не праќале женските, машките ќе немале од кај да споделуваат слики. Логично, нели?
    За гревови сме, све комплет.
     
    На ivi1987, candy.cane, WildMk и 34 други им се допаѓа ова.
  2. Shugarspice

    Shugarspice Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2017
    Пораки:
    151
    Допаѓања:
    1.770
    Пол:
    Женски
    Види повеќето од сликите се украдени,и патем твое право си е ако сакаш да се сликаш и си зачуваш за тебе а и да пратиш во доверба е твое право исто.И најголем процент се само делови од тело.Пак криви девојчињата?
     
  3. Marina*F

    Marina*F Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2019
    Пораки:
    304
    Допаѓања:
    266
    Пол:
    Женски
  4. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.796
    Допаѓања:
    65.514
    Пол:
    Женски
    Пак се криви. Нема ни да се сликаат воопшто, што бараат и делови од телото да си сликаат, дури и за себе?
    Ич бре, слика не смее да стои од нив. Најубаво е женскиот пол да е ко вампирите, во огледало да немаат одраз, а исто така и да не испаѓаат на слики.

    Сарказам беше постот погоре. И овој исто.
     
    На Biljarkata, ivi1987, candy.cane и 18 други им се допаѓа ова.
  5. BayernKa

    BayernKa Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    691
    Допаѓања:
    1.079
    Пол:
    Женски
    Подеднакво се виновни двете страни овде, и едни и други треба да се казнат за ширење порнографија, без разлика дали некој споделил сопствени или туѓи слики, и двете ситуации се ширење на порнографија. Праќањето и препраќање на вакви слики е мизерно.
     
    На RosettaStone и IRBBB им се допаѓа ова.
  6. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.582
    Допаѓања:
    171.564
    Пол:
    Женски
    Добро тие мажите се секако криви, туку како не ги наоѓате ни малку криви девојките не ми е јасно..
    Ако овие ширеле порнографски содржини, девојките помогнале во тоа со тоа што се сликале.. АКО има голи слики..
    А се што е ставено на фб инста или некоја слична мрежа од самото лице, па трето го сподели..нема никаква вина поради споделувањето јавно на соц.мрежа

    Во вакви ситуации никогаш не е крива само едната страна, ако немало девојки што ќе се сликаат голи, немало ни да постои порнографијата.
    Знам дека е женски форум и ќе ми се с'снете сите жени, ама размислете малку со своја глава.. ако имате 5 грама мозок, никогаш нема голи да се сликате и да ги пратите сликите на друго лице, макар и дечко да ви е..
    Денес едното на другото око не верува, а вие ли ќе верувате на некој ојле дојле што го знаете некој месец?!
    И маж да ви е, па да нема такви слики... утре може и бивш маж да ви стане..
     
    На mssuniquee, VDT2906, elenaxbbg и 18 други им се допаѓа ова.
  7. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.184
    Пол:
    Женски
    Ништо ново, вакви шерувања има откако Интернетот стана достапен. И така толку години, никој да земе предвид нарушување на јавниот морал и кон што води. Манијаците не верувам дека ќе се истребат некогаш, Интернетот само го помогна ширењето на дегенеризмот и тој добива епидемични размери.
     
    На candy.cane и Sejfullai им се допаѓа ова.
  8. faye

    faye Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2011
    Пораки:
    220
    Допаѓања:
    648
    Мене не ми е јасно зошто при толку слики на интернет од секакви голи жени, луѓе створиле апликација затоа што сакаат да гледаат голи фотографии од малолетнички кои им се потенцијални познаници. Зарем не се плашат тие кои гледаат, или праќаат таму слики, дека може да си ја видат сестрата, ќерката, внуката, братучедката?
     
    На Herrera, WildMk и Stressed Out им се допаѓа ова.
  9. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.289
    Пол:
    Женски
    Ова уште пред неколку години се случуваше, само можеби не толку масовно ко сега, да се направи до толку група и кој стигне да споделува слики...
    Паметам уште основно кога бевме и на некои девојчиња им вртеа вака слики по нет, само не се објавуваа јавно, туку од еден чет на друг и се оговараше така “поприватно“. Уште тогаш ми беше гревно, не разбирав што има толку јако што сите ги исмеваа тие што им излегле вакви фотографии. Машкото што ќе ги споделеше беше фраер, таа каква се не беше нели. Брука, днодна. Да се чудиш просто како уште толку млади, толку омраза и желба за врсничко насилство и омаловажување постои.
    Ама гледам уште побетер и побетер станува... Страшна работа.

    Ја само не знам кои се ропациве шо бараат нјудс, па уште после и ги шернуваат јавно, сељаци неиживеани бре. Па и види ги ти, на 16г јаки фраеришта, нјудс имале од бившата што им е 15г, браво еј, ајде сега јавно да споделам, ќе бидам уште пофраер. Мене никој ми нема ни побарано, немам ни пратено. Не знам дали сум имала среќа да налетам на такви момци или пак многу строго се имам поставено, па ми се плашеле уопште да спомнат нешто такво зашо знаеле како ќе завршат, со блок. 8-| Ќе речам фала богу што го пројдов тој средношколски и пубертетски период без вакви ситуации, успешно преживеав, кога гледам што се се случува, ужас.

    И брат ми е сега во тој период, баш на влез пред пубертет. Цело време го учам да се однесува со почит кон девојчињата и моиве исто. Да дознаам дека споделувал во иднина јавно од некое девојче слики само за да глуми фраер, дома има убаво лекција да си добие, не само од мене и од моите. Секогаш му кажувам, пред да постапиш према некое девојче некако, размисли дали би сакал некое момче така и кон сестра ти да однесува, дали би сакал мене да ме видиш тажна и расплакана поради некое машко... Епа така и некое девојче е нечива сестра, значи истото е, затоа секогаш размисли пред да постапиш дали некој ќе биде повреден од тоа.
    И од него слушам баш што се случува во негова генерација, навистина треба многу претпазливо со сите што дома имаат деца тинејџери и во тој период што е доста ризичен.

    А, лесно е да излажеш девојченца во основно и во 1-2ра средно, фала богу. Закани, уцени, малку треба.
    Имавме соученичка, во 1ва еден и се заканувал дека ќе и раскине ако не му прати нјудс, му пратила нјудс, после и се заканувал дека ако му раскине ќе ги објави насекаде, до 4та имаше уште страв од него...

    И не знам зошто слушам/читам коментари „си го барала, па кога споделувала, така и треба“. Брзо проаѓаат годините, ако не сум се нашла јас/ти во таква ситуација, не значи дека во иднина кога ќе имам/е деца, не е можно да им се случи нешто вакво, недај боже. За своите деца би ги болело да се во ваква ситуација.
    Или на овие сељациве што споделуваат, да се работи за нивна блиска особа, одма друго ќе биде. Вака за бивша не е битно нели.

    Не знам зошто спие полицијата, не се свесни какви последици врз некого може ова да остави.
    Не е играчка ова. Воопшто не е.

    Ве молам, сите што имате дома деца во тој период пред пубертет, во пубертет, во средно, на време кажувајте им за се. Не се плашете од разговори, подобро да спречиме вакви ситуации, отколку еве како сега вака да се случува. За доброто на сите нас.
     
    На candy.cane, teddi, темјанушка и 23 други им се допаѓа ова.
  10. INEEDLOVE

    INEEDLOVE Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2020
    Пораки:
    127
    Допаѓања:
    189
    Пол:
    Машки
    Сега има уште една група нова направено
     
  11. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.185
    Допаѓања:
    57.714
    Пол:
    Женски
    Освен драконски казни за администраторот и за тие што ја промовирале групава се друго е недоволна санкција. Не смее да се дозволи така да пројде ова.

    Не знам кај веќе да напишам дека лесно може да се злоупотребат и да стапат во погрешни раце. Еве резултат.

    Гледам спас барате во родителите да ги воспитуваат децата. Од истиве ли 45+ мажишта што коментираат во групата, од нив ли барате памет и good parenting? Од умрен душа барате само тоа ќе ви кажам. Не може говедо што се пушта на млади девојки и коментира во ваква група да е добар родител.

    Пред неколку месеци имаше целосна акција каде исто вака преку некоја апликација ги уапсија над 100 души за детска порнографија, со биткоини што плаќале. Може и кај нас одма да се види кој е мозокот зад ова.

    А на сите девојчиња кои го читаат ова би им препорачала да учат од туѓи грешки и да не дозволат во ваква ситуација да се доведат. Кога дечковците ви бараат вакви слики знајте дека огромна е шансата на вакво нешто да завршат.
     
    На Harper, ivi1987, candy.cane и 21 други им се допаѓа ова.
  12. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.289
    Пол:
    Женски
    Точно. Најдобро е да не се праќаат воопшто вакви слики.
    Но, ете, во тие години и самите знаеме дека не размислуваме баш толку на последици и иднината. Секако со исклучоци, но пак. Не е исто на 20г и на 14г да потпаднеш на вакви работи...

    Најдобро е да се зборува јавно за ова, очигледно е голем проблем, чим толкав број на слики јавно излегле, ова ќе да е честа појава.
    Колку и да некој им ветува дека тие слики за него само ќе се, да не веруваат.
    Треба да се преземе нешто за ова... Барем од некаде да се почне.
     
    На senjorita-v, Moon.Girl, MrenaRiba и 6 други им се допаѓа ова.
  13. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.185
    Допаѓања:
    57.714
    Пол:
    Женски
    @Dust извини вака колку години имаш?
     
    На WildMk и 1209 им се допаѓа ова.
  14. BayernKa

    BayernKa Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    691
    Допаѓања:
    1.079
    Пол:
    Женски
    Знаеме во ситуацијава што е незаконски и тие што правеле нешто незаконско треба да се казнат, никој не го оспорува тоа, ама сериозни сте дека девојчињата ги оправдувате да праќаат порнографски слики и видеа? Демек тоа е ок, морално, кул .... Позитивно зборува за нив тоа? Ако ви е ок вас, тогаш го сфаќам вашиот став ама мене не ми е ок, напротив мизерно ми е. И не е оправдување и се заканувал ќе и се скарал, немој со што се заканувал живи се... Голем дел од нив доброволно праќаат.
     
    На Peperutce1115, ElenaOfRivendell, Dennings и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.289
    Пол:
    Женски
    Никој не кажа дека е оправдување, туку дека во тие години лесно е да се излажат поради такви банални причини.
    Ај, еве нека ми/ни рече некој така, ќе му пратиме слики само зошто ни се заканил? Јас не би, верувам ни другиве.
    Ама, читаме и на форумот, не можам без него, ќе умрам, прва љубов ми е, ова она, толку треба тогаш, осетливи години се...
    Лесно е тука да пишеме дека било глупо и неморално, но не треба вакво нешто да поддржиме.

    Жена на жена најголем непријател испадна работава...
     
    На senjorita-v, Moon.Girl, Peperutce1115 и 12 други им се допаѓа ова.
  16. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.582
    Допаѓања:
    171.564
    Пол:
    Женски
    Не мора да се извинуваш, 29 имам.

    И на 29 го имам и на 59 ќе го имам а и на 19 кога бев зелена тинејџерка пак го имав истото мислење за тие што праќаат голи слики на дечковци и мувачи.

    Да се случело јас да пратам таква глупост на дечко, а моите да дознаеле (затоа што во мое време телефонот не беше заклучен за родителите, туку си имаа увид во тоа што праќам) ќе ме седнеле на 100 часовно предавање, па ќе ме казнеле со неизлегување со месеци и на крај и џепарац немаше да добијам..
    Модерниве родители уво ги боли дали децата им се дрогираат или се курваат за ич пари..
    Затоа што голем дел и од родителите се буквално исти како и децата.. и машки и женски, без разлика.

    Зошто така паметно девојче како @Dream-Girl на пример, не би испратила никогаш голи слики на дечко? Како што гледам домашното воспитување кај неа е изразено и нема шанса да се изглупира со такво нешто

    Патем, никаде не пишав - ако им е, така им треба..во случај да сакаш да ми накалемиш такво мислење. На никоја така не и треба, само и треба пресадување на мозок и попаметни родители..
    Жалосно е да страдаат девојчиња на тие години и да бидат обележани и со прст покажувани поради некои перверзњаци, ама уште пожално е што тие девојки не научиле што е самопочит па се спуштиле толку ниско..
     
    На mssuniquee, Harper, Offspring и 26 други им се допаѓа ова.
  17. BayernKa

    BayernKa Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    691
    Допаѓања:
    1.079
    Пол:
    Женски
    Овде на темава јас само осуда за едната страна читам и тоа ми смета, двете страни се за осуда, и од двете страни има малолетни во тие години. Ама годините не се оправдување за вакви мизерни работи.
     
    На Dust му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.459
    Никој нема кривично да одговара. Ќе се избришат фотографиите и случајот ќе се затвори.
    Мојата чудесна Северна. :)
     
    На Harper, candy.cane, RainbowButterfly и 4 други им се допаѓа ова.
  19. INEEDLOVE

    INEEDLOVE Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2020
    Пораки:
    127
    Допаѓања:
    189
    Пол:
    Машки
    Јас во средно го имав истиот проблем со мојата бивша девојка кога дечкото со кој што ме изневеруваше ги прати сликите и се вртеа низ школо за на крај да биде исмеана од сите да падне во депресии и да не сака да излага од дома.. на крај дозна мајкаи по што ме молеше се да направам да не дознае таткои ( он возеше камион надвор од МК ) застанав на нејзина страна и се заканив на секој што го имаше дека ќе ги дадам на суд и дека имам докази дека сликите се кај нив и дека се препраќани сликите ги снема за помалку од 5 дена и девојчето денес си има дечко и си функционира најнормално и мило ми е што до негде сум и помогнал.. ова е само мал дел од моето искуство со ова зошто не можам да пишувам толкави реферати!
     
    На WildMk и eliesaab им се допаѓа ова.
  20. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.459
    Се казнуваат мажите со сечење прст или рака. Жените со смрт.
    Ептен еднакво и праведно. Одличен пример за презентација.
     
    На WildMk, Mrs. Lovett, theowndemon и 1 друга личност им се допаѓа ова.