праќај слики на еден некој на ДОВЕРБА ? девојче од 12 години стекнува доверба во момчиња од 15 години? Или па постари сеедно браво,верувајте на секој
Не прашав што би направила ти или јас туку кога веќе тргна со осуди кон деца што се сликале голи, зошто не ги осудуваш и машките што им ги барале сликите?Ако не е во ред да се сликаат тие голи не е во ред ни некој врсник да им бара(не оправдувам пак ќе повторам).
Пак се враќаш на причината зашто пратиле. Мал милион причини може да има. Не е тоа поентата. Во секој случај е предадена, изневерена, злоупотребена во моментот кога дебилот од другата страна стиснал копче forward. ЖРТВА Е.
Абе жено, мада не си жена по коментариве девојче си уште, ама сепак, не се праќаат слики за да те злоупотребат, ако сум пратила на маж слики во кој сум имала доверба и со кој сум се разделила после, па он од одмазда праќа слики, не е затоа што јас сум проста и сум се сликала туку зошто он е ѓубре, сфаќаш? Ние не поттикнувме девојчиња да се сликаат, и секако секој родител се стреми да го воспита своето дете, ама сепак тоа се деца, не се доволно зрели и сепак не е правилно ни фер да научат лекција на ваков начин, значи да сумираме и да ти врежиме во главата, ако се сликале и пратиле слика на некој во ДОВЕРБА значи не очекувале да се прати на 7400 други мажишта, грешката и воспитувањето не е во нив туку во тие 7400 мажишта оти не знаат што е правилно, оти дете може не знае што е ок, а што не , ама маж од 40 год и како треба да знае.
тие што бараат му фали нешто тоа е ,нормално не ги оправдувам ама ако ти бара и ако пратиш епа си крива колку сакајте осудувајте ме за мене да праќаш голи фотографии на некој што така ќе му текне да ти побара е не здрава работа
https://m.off.net.mk/off-cafe/ne-e-razgolenoto-devojche-ona-shto-go-pravi-svetot-opasen-za-zhiveenje За сите оние кои вината ја бараат во жртвите...
мал милион причина да праќаш голи фотографии? јас се отепав од пишење тука сакам и ти да ми набројш десетина причини за голи слики да праќаш? една е причината уште од 13 години влегуваат во врски и имаат односи и многу пратат светски старлети наместо да земат лектира да читаат.Со дечко во кој се 2 месеци врска му праќаат слики од која потреба?Кое задоволство е ?
Да ти е страв женско дете да добиеш од пештерскиве размислувања, утре некој ќе ја искористи па кај искористена и крива ќе излезе на крај. Пуу ебати Балканот затуцан и заостанат
Не знам на кој јазик треба да се објасни, за да се сфати правилно. Значи место логичното прашање, зошто сликите се препраќани на други и злоупотребени, прашањето е зошто девојките се сликале така. Никаде не одиме со вакво размислување.
Ова испаѓа као, па он е машко, мора да и го пикне ако му се соблече, оти ќе му падне во спротивно. Ај да ја утешам малку, и јас сум против праќање голи слики, па не сум му пратила ни на маж ми, зошто знам дека иако тој не ја сподели може некој да злоупотреби, да го изгуби тел, некој да го украде и слично... ама, ама во ниеден случај нема да обвинам некоја за тоа што го прави со сопственото тело... Стварно сум против зошто мислам дека не е начин да привлечеш некој... Ама како да кажам криви се кога не знам која била нивната цел со сликата и пд каде дошла сликата? Или и оној гинекологот што објавувал снимки не е крив, пошо они дошле сами кај него и се соблекле.
не одговарам повеќе на сите посебно,не сум жена девојче сум и сум воспитана да не давам материјал на некој да ме злоупотреби,таа доверба во машко со кој се знаеш 2 месеци не ти треба,немај доверба во никој.И не ги читајте коментарите каде солат памет демек јас сакам да пратам слика па што тој ако ја испрати е идиот.Идиот е ама ти си навредена,ти ќе има психолошки последици како што кажавте ( иако не треба),а не тој.Тој ќе добие казна каква што ќе му одредат и толку.Силовање и злоупотреба на голи фотографии се многу многуу различни поими не ги мешајте.Ако некој од овде вика заслужи девојката за биде силована провоцира тоа не е мое мислење.Силовачите се болни умој ,а исто и овие педофилите на интернет.Интересно е што не е прв пат ова да излезат фотографии од голи девојки ама кога да видите таква вест која се шири со брзина на светлината на месинџер викате еј оваа па к**** е,знам јас такви девојки и знам за такви случаи кога девојката имаше психички проблеми и знам дека тоа е лошо искуство за неа,но грешката ја правиш ги сносуваш последиците и важно е да не ја повториш.Девојчињата не се виновни што се злоупотребени нивните фотографии туку грешка направиле што пратиле на некој неписмени типој.Секој може да побара да се сликаш ама нема од секој да добиеш тоа е тоа.... И фала секако за навредите за мене јас сум втора личност виновна после педофилите во овај случај оти кажав кој каде згреши,од некои феминки кога гледам колку години се се изненадувам искрено ...не знам од кој град сте,од кое место ама култура 0 (има исклучоци секако)
Еве сме и денес. Сосе име и презиме, си стојат коментарите на објавата на скопјеинфо. Може да отидете и сами да ги погледнете. Од овие очекувате примерни, културни и воспитани деца?
Лелеее, баш се сеќавам на коментаров. Имаше многу бурни реакции. За да биде трагедијата поголема, напишан е од жена. Ама лошото е што има уште мал милион како неа со такви размислувања. Затоа растеме деца со погрешни сфаќања. Од нас доаѓа. Страшно.
На ова што се случува ќе нема крај,туку е само почеток. По ова што видовме секоја слика објавена може да се злоупотреби од манијаци. Ке решиш двајца со пријави ,а се ствараат нови и нови манијаци. Денеска во школото кај што учи ќерка ми,била снимана наставничка,од деца.Основно школо. Телефони инаку не смеат да користат. Психолози и педагози место да бидат инвентар во школо,време е да почнат со работа. Ова ќе биде бетер и бетер. И под итно треба да се забрани носење на телефони во училиште. Не носење ама да го остават или да не се вклучени,не им требаат мобилни до14 год.во школо. Истите овие за некоја година,ке бидат истиве овие манијаци. Голем проблем имаме ,огромен.
@Iva9612 абе од кај знаеш дека тие слики се пратени на некој кој го знаеле два месеци? Мислам и да се, не е оправдано, не е оправдано ниту во еден случај и не оправдуваме што ти мислиш дека поради тоа што згрешиле- заслужиле. Твоето првично мислење беше тоа и ние се трудиме да ти укажеме како повозрасни што е правилно и дека ниту во еден момент не треба да помислиш дека се криви оти згрешиле, ама ете и ти си девојче и како на повеќето тинејџери што е тешко да му укажеш нешто, така им е тешко на тие девојчиња да согледаат дека згрешиле па наше е да се бориме да немаат последици ради тоа и да научат лекција на правилен начин, а не на овој. Децата треба да се воспитуваат и децата ќе грешат и ќе прават најлоши избори, ама не е начин да ги поправиш со казнување или со муабет сама си го барала! Ок?
Сега гледав дебатата на телевизија 24. Освен психологот Билјана Николовска, другите слабо, многу слабо. Драги Зминајац и Љубомир Ѓурчевски со традиционалните вредности, жити се... На нерви ми шетаа... Калиа Димитрова... очекував повеќе, неиздржани и беа репликите. Онаа девојката со "А шТо Е сО мАжиВе шТо можЕ Ќе се СамоУбијАт", џисз факинг крајст.
точно и јас знам случај кога деца од основно сликаат наставничка и му прават иснтаграм профил и во кој е вината? Пак да ги браниме малите слатки дечиња оти се мали немаат искуство Факт е дека воспитувањето во школите е многу ниско,психолозите се вработени со врски исто како и некои професори па знаење немаат никакво,воспитување никакво,култура не постои плус и родителите (не сите) ги бранат нивните деца до крај како тие се во право секогаш криви се наставниците и другите деца само нивните не.Повеќето овде не знаат што се случува во школите каква е состојбата,насилство,омаложување,како се облечени учениците со голи стомаци и деколтиња,од 5то одделение зборуваат само са Сек* и за дечковци/девојки,не постои повеќе убавината на тинејџерските години,невиност како порано сега се се сведува на голем задник и следачи на инстаграм тоа е.
Пред некој месец гинеколог кој малтретирал и злоставувал пациентка помина неказнето. Коментарите и тогаш беа - Измислува, како може доктор со не знам какви признанија и години искуство да е манијак... А и тогаш се работеше за млада девојка. @lovestoneddd имаш инфо како заврши случајот?
Дај доста кењате, безвезе муабети... ако девојката пратила слика во доверба користејќи ја модерната технологија, дечкото е тој што или ќе биде џентлмен и ќе си молчи или ќе биде бараба. Ако одлучи да биде бараба, знајте дека психички таков лик е не стабилен. Еве пример што го прочитав на жолтиот форум(цитирам) и сметам е на место: "Еден ден си фаќаш девојка. Станувате интимни, се опуштате. Како дел од сексуалната игра, користите новата технологија ти праќа слика што ќе имаш вечер за работа и праќаш и ти исто. Раскинувате, ти си викаш шо и ебам матер и тие слики ги ставаш на нет. А она продолжила со животот, се омажила, има и дете. И сега мажот и, а и поширока јавност мисло дека е дроља. Се заради тоа што она ти верувала дека во тебе постои џентлменскиот код" Ја на таквите бараби, таквото размислување ќе им го истерам со ќотек низ нос. Не промовирам насилство, и демократијата не треба да се гради врз насилство, но на таквите треба да им се одговори соодветно.