Овој Столе погоре во сликата ме имаше мене додадено и ми имаше пишано "Здраво, срце слатка си." Уште сега овој тука ќе изиграва дрвен адвокат на пост. Фуј. Психопатска багра. А во однос на сликите кој што праќал и каде едноставно не треба да се злоупотребуваат. Јас пре би ги прашала тие родители на деца каде им е паметот што ги злоупотребувале сликите.
@RainBow Ако е женски форумов,тогаш зошто ти и администраторите дозволивте и машки да се зачленуваат? Реченицата ти е дискриминирачка. Аманте,луѓе,секој има право да става какви сака слики на свој профил. Битно е што друг не смее да ги презема без дозвола.
Мене веќе ништо не ме чуди. Како народ сме безнадежни. Не само песните на Тајзи, Два бона и незнам кои други. Имаме многу проста маса. Со такви луѓе кои ги има премногу, не можеме да очекуваме да излезе некоја паметна група на Телеграм.. Ова им е максимумот.. Ќе праќаат голи фотографии, ќе ги објавуваат на порно сајтови и ќе нарушуваат приватност. Кога видов и броеви и имиња и презимиња од девојки, се згрозив.. Не ми е јасно како може да се замижува на тие работи, да се објавуваат девојки со слика, име презиме и тел. број, а МВР да не објавува ништо за овие што треба да се казнат за тоа што споделувале работи без ничија дозвола??? Секој ден се гледа колку пропаѓаме.. Веќе тонеме. Се нервирам кога гледам вакви работи, а посебно непочитување на женскиот род. Збеснав кога на една бремена девојка, и поставија прашање во врска со полот на бебето кое го носи. Еден простак ја праша : “ е што носиш кажи, ќе ја ебат или ќе ебе?” Откачив во истиот момент, штета мене не ми го постави истото прашање ќе му одржев лекција, вака само седев и слушав.. Дури и сопругот на девојката се смееше и одговори со една од понудените опции...
Зошто Лилит? Ова се твоите круцијални пет минути. Да пишеш како минал судскиот процес (ако имало), зошто издркотината копучка не лежел затвор и дали барем платил соодветна глоба за стореното? Ако не, зошто законот не пресудил во твој интерес. Не сакам да те вознемирувам, вакви работи знам дека се болни, ама искрено, го имаш секое право и слобода да му оставиш траен белег јавно по сите основи. Во оваа држава заслужува секој оној кој сексуално или физички ве малтретирал да биде именуван со име и презиме наместо со иницијали, да биде публикувана неговата домашна адреса и телефонски број за да биде редовно вознемируван.
@Sarence Тогаш најдобро би било да не фаќаме дечковци воопшто и да бидеме безбедни оти нели, може да те слика или снима он без да знаеш. Јас на дечко ми сум му пратила 100 слики и видеа па не ги препратил.
Претпоставуваш работи. Не сакам едноставно. Зошто јавно да одговарам вакви распитнички прашања и чија љубопитност да задоволам? А она што го имам да го кажам ќе го кажам каде треба ако треба. Зошто реално, на целокупниот настан онанираат и навидум обични луѓе. Башка што вака не бев засегната, како што сега се случува.
Прашањата не се за да се задоволи ничија љубопитност, туку ги поставив со намера да се обележи агресорот, за да се исплашат идните потенцијални напаѓачи. Да сфатат дека не ги чека само судска туку и морална санкција. Судот го споменав хипотетички, зошто државата како правен субјект во најмала рака требала да биде инволвирана и на твоја страна. За крај - Немав лоши намери, се надевам не се лутиш, во ред е, твое право е.
Не бе, не се лутам. Жал ми е што тие биле експонирани па можда и чувствуваат вина дека како што ги осудуваат - си го барале. Не си го, им ја злоупотребиле довербата. Мене ништо не ми се случи, можда психичка траума која ја надминав. Ете некои праќале слики, муабетеле, ама фиксација се случува и од забележување на настан, од запознавање во група, од рандом места, ништо не правиш ама баш, баш ништо. Кажуваш здраво, подавап рака и следно те знае, ти доаѓа дома, ти дознал број. Човекот ќе се извади на психичка нестабилност, слушајте ми го зборот. Не ме цитирајте повеќе ве молам.
Верувам дека идејава за групиве кои само менувале платформа на која ќе се развиваат е во голем дел последица на како што веќе спомена некој, емисијата на Сергеј. Преземање слики од Инстаграм профили на девојки и коментирање на истите со фрази како „фрлена“, „збутана“ и не знам уште кои се' не фрази ги употребуваше, се доволна причина за поттикнување на храброст кај сите останати господа кои исто така се сметаат за супериорни, а не вредат ни пет пари. Токму затоа не можев да го оправдам постоењето на емисијата, ниту пак ми беше разбирлив фактот дека истата беше смешна за некои. Што има смешно бе луѓе во такво коментирање на туѓ физички изглед, па дури и на модни комбинации? Кој воопшто бараше негов коментар? Кој го праша за мислење? Кој му даде дозвола да им посветува минути на истите на тв пред целата македонска јавност? Знам дека некои ќе се пронајдат во тие кои ја следеле емисијата, ама искрено не ми е ни грижа. Никогаш нема да оправдувам навредување и исмевање на сметка на нечиј аутфит, а уште повеќе не на сметка на нечиј физички изглед. Од тука мислам дека и започна се'. Храброст демек покажа тој Стефан и зеде да го критикува Сергеј, као демек taste your own medicine. Доволно јасно беше кога му понудија работа, дека целта му била поинаква а принципите всушност и ги нема. Реакции од сите нас требаше да има уште тогаш, наместо да му се зголемува гледаноста и да се прави популарен човек (Сергеј) кој очигледно е сексист (бидејќи речиси никогаш негова мета не беа момци). Многу ми е жал што требаше ситуацијата да ескалира до овој степен, за да се појават реакции. И после се', повторно поголемиот процент разочарувачки.
Гледам некои пишуваат да се паземе да не објавуваме такви слики на социјалните мрежи да се паземе од педофили а пред месец дена девојче од Србија што нема фејзбук ниту инста ни па е провокативно обично девојче беше грабнато од гнида манијак и педофил, нема врска тоа а имаше и случај силувано 2 годишно дете за каква бе облека зборувате и да се паземе?
A ти разбираш ли дека тоа девојче не знае на кого да верува на кого не? Не е зрело, не размислува разумно мисли дека е заљубено и мисли дека е правилно да ја запознава интимата и искушубана овој или на некој друг начин бидејќи никогаш не било седнато од родител и не му било објаснето што има меѓу нозе. Додека на машкиот пол им е нормално да зборуваат hehe ебачиште на тато и да величат 14 годишно момче дека е ебачиште. не е иста ситуација со женскиве. Како никогаш во животот да не си се залетала по нешто и по секоја цена си сакала да го имаш/задржриш. ДЕТЕ СО КОЕ РОДИТЕЛИТЕ НЕ РАЗГОВАРАЛЕ ЗА НЕГОВАТА СЕКСУАЛНОСТ НЕ ЗНАЕ ШТО Е ПРАВИЛНО И ШТО ТРЕБА ДА ПРАВИ.
Пред законот ќе се извади ама ја да го начекам на улица, со првата бектонка ќе му го истурам мозокот, ако е толкава стока. А ако више се вади на ментална нестабилност, нека го пратат во Бардовци и нека му го одземат старателството врз детето. Па пак нека малтретира недужни луѓе ѓубре едно скапано. Не сте свесни колку ми е мило што се дозна кој е. А најсмешно ми е што јас во неделата највеќе се распламтив овде(ваљда вака се вика) да се најде ѓубрето.
Откако ја гледав таа што дебатира дека феминизмот е срање, сватив дека многу жени страдаат од стокхолмски синдром
Дај бе..шо е со луѓево бе. На толку порничи стварно им е до ова доено? Или само сакаат материјал за јадење гомна
На Алфа гледајте. Конечно некој да не ги напаѓа девојките и да зборува за педофилите и предаторите кои треба да се знаат кои се бидејќи можда се наши блиски, пријатели, на гости си ги каниме...