Како повеќето од вас живеам во Скопје, мојот балкон од балконот на моите комшии е оддалечен едно 5/6 метри. Не ми е потребен незнам каков мобилен за направам добра фотка на комшијата/комшиката, ако не дај боже решила да прошета по долен веш низ својот дом а при тоа да заборави да ја спушти ролетната. Прашање кое ме мачи: Јас сум крива што ја сликам и споделувам или она поседува редуцирано домашно воспитување што шета по дома во долен веш за да се пресоблечи, на пример?! Е сега прашање до оние светињите што рекоа девојките се криви затоа што паметните, поштените, едуцираните и незнам те какви луѓе никогаш не би направиле такви слики. Сигурни сте дека комшијата не шернал некоја ваша слика со долен веш??? На темава, се надевам дека за сите тие 7000 ќе има некакви сакции а посебно за оние кои што прикачиле било каква слика и телефонски број. Огромна подршка до девојчињата.
Јас само посакувам тие најгласните шо ги криват девојчињата да се најдат на некој од порно сајтовите пошто има и сосем нормални профилни слики па фотофопирани
Не ми се верува какви луѓе живеат меѓу нас. Значи какви не коментари имаше.. само на ова направив скриншат. Ова е за девојка која кажува дека голи слики немало од неа, но биле искористени нејзини слики на кои е облечена, а они што не коментираат. Ми се гади од луѓево
Не вреди,само ќе се нервираш,ќе си закачиш на глава некој психопат,малоумен во тиквата. Мвр само е спасот,ама гледам спијат.
Ништо чудно и не знам очекувате да коментира поголем дел Македонскиот народ, онака се назад со размислувања и сфаќања. Само гледаат на навредат некого со цел за да добијат лајкови.
Не заслужуваш ти маж.ХА! Кои критериуми треба да се исполнат за да се ,,заслужи маж" ве молам објаснете ми step by step,дане останам немажена *Во врска со коментарот на постот
https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=3184500231579096&id=478293225533157 Пола од овие не се ни свесни, нит запознаени што е случајов Јавна соба, само колку да се коментира...
Треба да поминеш преку 7 мориња и 7 планини и да се бориш со митски ѕвер, да го победиш и автоматски добиваш почесни заслуги кои те водат до пресветиот и семоќен пениЗ
Баш двојна виктимизација е именувањето жртвите. На говедата во групата им кријат имиња и презимиња, жените со име и презиме на тапет за сајбер булинг ги ставаат. Ужас.
Ќе им го извадам мајчиното млеко низ нос бе.Мислиш ми е страв ако ми се закачи некој психопат? Сум сакала психопат така да имуна сум. Треба да се искоренат тие ама тоа никогаш нема да се деси