Од ваков хумор ми се кака. Пардон мај френч. И се поголем впечаток добивам дека само тука на форумот сме нормални останале. На фб жена со жена се напаѓа. Ненормален свет и тоа млади по 20 години. Многу се паметни, а ниеден коментар не и е граматички точен.
Ниту читаат, ниту па се трудат да разберат за што се работи, туку си го користат интернетот како издувен вентил. Кој/а не може да најде работа, кој/а незадоволен од работата, која проблеми со снаа, свекрва и слично, кој се скарал со девојката, кој/а има финансиски, брачни или било какви проблеми...решението е најди рандом објава на нет и истури го целиот гнев на личност што не ја ни познаваш без притоа да имаш било какви последици.
значи сите што сме полнолетни и имаме лични карти не смее да сме жртви според говедово. Ја овие од прв до последен би ги кастрирала сите, и машките и женските. Вакви безмозочни амеби не смеат да се размножуваат!
Случајов е вистински аларм за сите нас. Инволвирани или не, сите добивме животен шамар, шамарчина дека живееме во едно општество со ерозија на морални вредности. Болесници, педофили, безрбетници недозреани. Зборовите кои идеално би ја опишале и доловиле мизеријата на овие тинејџери и чичковци, во мојот речник не постојат. Како жена се чувствувам за никаде. Се чувствувам загрозено, понижено, мизерно и деградирано. Овие олоши се дел од нас, од нашиот народ, од нашата нација. И без разлика на годините на жртвата, малолетна или полнолетна, забрането е шерување и споделување, на било каква интимна содржина без лична согласност. Се надевам дека виновниците ќе одговараат за своите постапки. Многу ми е жал за девојчињата. Вистинска траума, ќе бидат одбележани за цел живот. Сепак, се надевам дека и тие ќе извлечат некаква поука од сето ова.
страшно, страшно... што луѓе се овие бе, што татковци, мајки ке станат. Мене овој коментар исто многу ме изнервира. Болесници.
Овие се толку неинформирани што ја мешаат групава со јавна куќа Цитирам еден коментар ,,Кој ја терал да влезе во јавна соба тоа е како да влегла во јавна куќа исто што си барала тоа си добила ” и тоа коментар од жена
Тие сакаат само да треснат нешто, колку да се кажи. Колку да навредат некој, да истурат отров и фрустрации. Не ни сакаат да се информираат, полесно им е да се прости. Треба вакво нешто да се случи за да се освестиме каков гаден народ има околу нас. Тие 11.000 што биле во собата (според тоа последно што го слушнав на вести) се насекаде околу нас. Дури и оној за кој најмалку се сомневаме можи да испадни манијак/педофил/сексист. Возрасни мажи со жени, деца зеле да коментираат како некоја била к*рва оти се нашла таму без своја волја. И после тие ќе ти воспитуваат младина, ќе имаат право на глас. За стрелање се сите.
Идиотиве со нивните безмозочни коментари само ќе поттикнат жртвите да се повлечат во себе. ПОЦРКАЈТЕ!
Јас уште чекам метеор да падне, ова не е можно. Ми иде и Фејсбук да деактивирам само да не читам глупости.
Наместо да пишуваат за вирусот они пишуваат за девојчињата во коментарите ужас и тоа жени мајки на ќерки. Скријте се некаде бе неиживеани
Абе како прво, половина од тие што коментираат слушнале нешто, ама не разбрале. Појма немаат што значи јавна соба. Што барала во јавна соба, оти она не била таму. Ами па ако сакаш да те ставиме, и после да ни објасниш што си барала. Тоа што кој од кој е попрост и понеписмен е друга работа. А и тоа со бројката на членови стварно ме натера да се замислам какви ли се луѓе има околу мене. Го гледаш едно, но којзнае каков може да биде навистина. Долго време ми беше отворен профилот на инста, пред неколку месеци го затворив и си викам добро е. Ама па, од кај можам да бидам сигурна дека од следачите, пријатели и познаници нема некои кои носат маска и можат да ти наштетат.
Епа така ќе биде кога има глупи коментари дека сами си биле девојкиве криви. И сега на овие дегениве толку им треба за да билдаат его.