Да не ја заборавиме новинарката Мери Јорданова која придонесе овој перверзен настан да излезе на виделина. А таа како по обичај, постојано е мета на неандерталци и добива закани поради своите истражувања.
Значи тој десетиот има право и да ја силува.. пошо била со 9 предходно, па мора да сака и со него.. О боже.....
Кажи ми како да дојдам до карта која води само кон еден правец за никогаш да не се вратам во земјава.
Не знам.. Искрено дали имам среќа па немам вакви особи во близина, па ми е несфатливо... Не можам да го сфатам размислувањево. Карта у неповрат не знам дали има... Мислам дека секаде има вакви и не можеме да избегаме. Некој друг треба да се позамара... Кај нас говор на омраза не смее само спрема јавни личности. Вака рандом, шо е битно... Се напнав што прочитав.
Посакувам барем и мажиштава што легнуваат со повеќе да беа мета на вакви навреди, кога веќе се оди до тоа ниво. Ама тие се "јаки" ако го прават тоа. Е*ати затуцаниот менталитет. Нема лек за овие неандерталци.
А зошто ние женските сме гласни само на форуми анонимно? Да пишуваме и ние коментари како затуцаниве што пишуваат. Вистина е дека ќе не нападнат ама од некаде мора да се почне. Ако ништо друго барем 1 од 50 луѓе можеби ќе ја разбере поентата?
Ништо ние не прајме, ама жените околу нив ги жалам. Нека и' е Госпо на помош на таа што му е партнерка, а Бога ми, и ќерка ако има (некогаш).
Затоа ве молам мајки на синчиња, ко ќе удри вашиот малечок син некое малечко девојче, глејте пак речете, машки деца што да им правиш...
Ах, да го познаваше човекот што го има напишано ова, све ќе ти беше јасно ...тешко е кога природата сурово ќе си поигра со нечиј физички изглед до степен да навреди за цел женски род му се единствена животна радост...и тоа стриктно онлајн...во живо мукла.
Уште едно училиште во Македонија со настава без мобилни телефони https://www.faktor.mk/ushte-edno-uc...wQE39f0GbYbpeLQDAvvieF4YkCN06Hnq6OtYuu_C3azIE Оваа вест е поврзана воопшто со настанов од гнаснава група или така им дојде (на иницијавива од минатата учебна година е наведено..)? "Од следниот месец во сите основни училишта во Ѓорче Петров за време на наставата, учениците и наставниците пред почетокот на часот ќе ги оставаат мобилните телфони во посебни џебови. Дел од џебовите се веќе изготвени, а за секое дете ќе има посебен дел нумериран со број." Фина идеја. Да се прошири и кај средниве школи и белки ќе има некој ефект.
Настанов е стварно страшен. Родителите што ги растат децата во дигиталната ера мора да ги пазат што прават, не само да му пуштат некој цртан на Youtube и кој го засега. Мора постојано да се води сметка, но со помладиве генерации забележувам поголема размазеност. Иако спагам меѓу нив, стварно прави разлика ако некој 5 години помлад од мене е. Јaс кога бев на нивна возраст немав најнов модел iPhone, имав едно шугаво телефонче. Едноставно времиња се сменија и родителите не им е ѓајле што прави синот или ќерката на социјалните мрежи. Стварно ми е жал за девојќите очигледно биле манипулирани и притискани. Али не ја глеам вината до толку во децата отколку во родителите зошто не им воспоставиле морали.
Треба да се направи една група со контра напад на оваа, за секој член поединечно што глумел е*ач во јавната соба, да биде објавен со фацата сите да го знаат и од дома да го сликаат со усраните гаќи, како копа руда во носот. Да фаќаме сеир и ние малку на тоа какви копачи глумат е*ачи. Да ги покажуваме и ние малку со прстот, да се посмееме кој небањат се израдувал на малку голотија. Да го покажеме со прст оној кој се дрзнал да пушти слика од бившата, за наредната да не се заебе. Да им се покаже малку како е да си изложен на јавен срам, покажување со прст и исмевање. Затоа што морално проповедање кај овој профил на личности не помага, разбирате? Касно е за тоа, воспитниот процес поминал. Ич не ме интересира дали се малолетници што штотуку се радуваат на првите ерекции ко млади мајмуни или чичковци неиживеани што ни жената не им се соблака, пошо смрдат ко творови. Секој од нив треба да е исто така изложен на јавен срам, за да не им текне друг пат да се обидат да оцрнат некого. Би ги шамарала сите до еден. И гуските што напаѓаат по фејсбук, наместо да бранат затоа што може утре ќерка им ќе биде изложена на истото... Проверете прво дома каква ви е ситуацијата, да не мажот ви случајно бил дел од таа група. И преиспитајте се со кого живеете и зошто волот би сакал да гледа туѓи слики од цела држава. Или проверете синот да не објавувал слики и преиспитајте се што сте воспитале и израснале. Направете си анализа сами на себе еднаш, за првпат во животот и проценете дали воопшто сте компетентни да отворите уста за некого. Пу бе, ми се згади цело општество. А вие калуѓерки, што не сте пратиле слика никад у живот и што жените се криви по дифолт... Бев во врска 2 години, никогаш немав пратено таква слика од себе. На крајот кога се скаравме и му кажав дека не го сакам повеќе, затоа што не беше до мене кога ми требаше, ме фати за врат. Откако се откачив од него, за да не го оцрнувам дека ме фатил за врат, по пораки ми се закануваше дека ако зборнам нешто ќе објавел мои слики АМА што ги направил додека сум спиела, затоа што други не ни имаше. Така да, не ми зборете дека жените се криви, дека сликите биле на тацна дадени, дека само во кратки врски од 2 месеца не се праќа итн. Ваквите мажи се психопати и некогаш многу вешто го кријат тоа. За жал 7000 души психопати се собрале на едно место и институциите наместо да ги советуваат жртвите да поразговараат со стручни лица за да го надминат ова, нека се позанимаваат со овие 7000 души да ги стрпаат на психијатар и превоспитување. Затоа што без нив, не би имало ни жртви.
А кој мислете дека го пишува ова па се толку нервирате и му давате значање? Мислете дека е некој паметен? Јас мислам дека е обичен глупак што само дреме на форум и игра игрички дома и чека од мама јадење и кревето да му го наместе и од тате пари. Зафанат човек и човек со визии и свои проблеми не се замара дали некоја има со 1 или со 100