На „Телеграм“ се шират интимни фотографии

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од black-angel, 26 јануари 2020.

  1. hellocity

    hellocity Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    3.097
    Допаѓања:
    6.692
    Пол:
    Женски
    Ма какви рандом бре девојко машки сликаат голи женски скришно со кои имаат секс како се облекуваат или пресоблечуваат во соба, машките деца овде на овие простори мн си даваат за право, дефинитивно..
     
    На Осе, SashaFierce, Konfetka и 4 други им се допаѓа ова.
  2. Limpan

    Limpan Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 декември 2020
    Пораки:
    1.156
    Допаѓања:
    3.818
    Пол:
    Женски
    Да таквите се психопати невидени. Прееска и на вестите даваа за овие монструми
     
  3. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.590
    Допаѓања:
    63.034
    Пол:
    Женски
    За ова за гуша лани се фативме со некои членки. Ме убедуваа дека не требало да праќаат ако не сакаат да се најдат во некоја таква група, дека нив ете на пример немало никојпат такво нешто да им се случи. А сите забораваат дека и ние сме биле тинејџери со зовриени хормони, ама немало тогаш смартфони за да ни ги овековечуваат грешките. А сме ги правеле како тинејџери, сме грешеле полно пати. Само среќа кога грешевме немаше докази.

    Да, се согласувам дека најубаво е да се воспитуваат девојчињата да не веруваат апсолутно никому со слика од својата интима, ама ние само за ова се расправавме. Никако не ги напаѓаа говеда што можат татковци да им бидат, мајки што имаат ќерки а пишуваа секакви гадотии и погани зборови кон жртвите и мајкини синчиња што не се криви, крива е курвата што праќала.

    Во цел свет казниво со закон е дистрибуција на детска порнографија, кај нас никој не се потресе тоа што 70-80% од сликите на почеток беа деца. Е после веќе почнаа сечии слики да се ставаат, до тој степен што исфрустрирани малокурести створења што не се повеќе со девојки со кои биле ја испласираа сета нивна интима и кажуваа во кои пози се работеле, што правеле итн итн. Имаше девојка што се пожали дека даден е нејзин број од некој кој го одбила и дека по цел ден и ѕвонат сељачишта да ја замараат со гадотии. Знаете што имаше под нејзината објава во коментари? Можам да ги најдам, не ми е тешко. До ден денес памтам некои од имињата на тие гадовите што коментираа, е до толку бев исфрустрирана тогаш.

    Можеби ќе дочекам некој ден пред да скинам конци цела вина да се фрла кон педофили, манијаци, сељаци кои дистрибуираат голи слики од девојки кои им верувале, нема да има посреќна од мене.
     
    На Harper, Idedemja, sparklie и 40 други им се допаѓа ова.
  4. Limpan

    Limpan Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 декември 2020
    Пораки:
    1.156
    Допаѓања:
    3.818
    Пол:
    Женски
    Се надевам ќе дочекам и јас и ќе бидам пресреќна тие хиени да ја добијата зсдлужената казна
     
    На mode-kristina и KateKane им се допаѓа ова.
  5. DiCaprio

    DiCaprio Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 септември 2019
    Пораки:
    530
    Допаѓања:
    1.971
    Пол:
    Машки
    Телеграм е регистрирана во Лондон, и политиката на телеграм е дека буквално не споделува никакви информации со никакви органи од владите во светот, ниту со интерпол ниту со никој буквално. За терористички напад во франција не даваа информации за корисниците, ако прашувате дали е до толку, да до толку е.
    Така да од аспект на информации тие имаат податоци за сите корисници, но немаат мислам податоци за содржината на пораките бидејќи користат end-to-end encryption, освен ако не е поинаку и имаат дополнително вграден код кој собира податоци.

    Но постојат многу други начини за да се дојде како до членовите така и до содржините, ама тоа треба да го решаваат сектор за компјутерски криминал.

    Прашањето не е дали можат, туку зошто сеуште не ги откриле и спровеле одговорните. Не сум правник, ама сигурен сум постојат правни акти и одредби врз кои може тоа да се спроведе.
     
    На Naked Gun, azelea, Tajnaotrovna и 2 други им се допаѓа ова.
  6. Bezimenka90

    Bezimenka90 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.845
    Допаѓања:
    17.744
    Пол:
    Женски
    Сигурно нема сами да се казнат. Бараме од психопати и педофили да се самоказнуваат. Сите се напикани во групите.
     
    На IM.TMKQ, tinka-mace, mode-kristina и 2 други им се допаѓа ова.
  7. DiCaprio

    DiCaprio Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 септември 2019
    Пораки:
    530
    Допаѓања:
    1.971
    Пол:
    Машки
    Јас искрено сакам да се надевам дека некој во мвр има 2 грама мозок, стварно.
     
    На Idedemja, oblace1, lovestoneddd и 10 други им се допаѓа ова.
  8. mode-kristina

    mode-kristina Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2014
    Пораки:
    1.155
    Допаѓања:
    4.093
    Пол:
    Женски
    Паметам една членка што напишала дека ако ќерка и` е снимана без да знае, ќе ја поддржела, ама ако таа сама праќала слики, тогаш сто стапа ќе удрела, еден ќе броела. За една девојка што изјавила дека се нашла таму, а не пратила такви фотографии, истата таа искоментирала „Што се сликала со заводлива фаца, како ние сме нормални на сликите?“ Тука не само што имаме двојна виктимизација, туку и величење на „воспитната“ мерка на која не сакам ни името да и` го споменам.

    Од коментарите, несомнено е дека сите до еден беа со обвинување на жртвите и дека ниеден не го впери прстот кон манијаците, а многумина дури и ги поддржуваа. Најголем впечаток (гнасен, секако) ми остави еден од жена, на сликата видов дека е млада жена, мајка на две ќеркички, којшто гласеше вака „Што си барала во јавна куќа?“ Т.е. не куќа, туку кујча имаше напишано.

    Ако се случи ова последното, нема да бидам среќна, туку ќе скокам од радост најмалку една година. Но, мислам дека тоа ќе се случи за најмалку 50 години. Зошто? Затоа што имаме жени/девојки што плукаат по феминизмот (многумина не знаат што реално претставува), а се лутат кога ги етикетираат. И такви што веруваат дека „сами си го барале“.
     
    На Idedemja, Осе, SashaFierce и 18 други им се допаѓа ова.
  9. Tiptip

    Tiptip Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 август 2015
    Пораки:
    46
    Допаѓања:
    34
    Пол:
    Женски
    Здраво дечки,
    Немам коментар за цела ситуација. Дојде 21 век, дојдоа телефоните.. и светот стана гадно место за живеење без слобода и приватност. И да се блокира апликацијата тоа нема да запре ради нашиот малоумен менталите. Кога ние стигневме ова да го видиме, не знам за нашите идни деца што иде. Треба да се организираме, најпрво секако и нашите идни деца да му дадиме соодветно воспитани, но без разлика во оваа ситуација колку и да си невин ќе бидеш случајно жртва. Според мене треба да се организираат реклами не мора 3 минути, нека се 1минута со која ќе пренесеме порака за внивање што се споделува на социалните мрежи, кои се прифаќаат за пријатели. Ова го имаше на инста, ама треба и да е на телевизија. Треба да презиме нешто ние сами, бидејќи ако чекаме на оние од горе што сигурно 100% се и они дел од овој нечесен свет ништо нема да се постигне.

    Бев во ситуација каде бившиот бараше да пратам такви слики како што сака машката душа и тоа беше година дена, односно кога почна и муабетот со ова. Му раскинав и му реков "и да си ми маж нема да ти пратам". Но не е во тоа веќе сега кога имаш апликација за соблекување. Ќе ти симне слика од фб и ќе ја среди по негова волја. Затоа мислам дека треба да преземиме нешто. Не колку за нас (препативме) колку за идните генерации.
     
    На Осе, mode-kristina, azelea и 4 други им се допаѓа ова.
  10. Mikha4

    Mikha4 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2018
    Пораки:
    1.899
    Допаѓања:
    6.268
    Сакам да верувам дека овие појави се од недостаток на образование, а не недостаток на емпатија кон жртвите и резонирање на ситуацијата каква што е. И што да се очекува од жени на кои прва грижа им е "што ли ќе помислат комшиите", наместо добросостојбата на најблиските, потенцијални жртви. Ќе оди во црква за да биде видена, дома сите икони наредени, а најредовни по гатачки и бајачки. Таман работа да научи нешто околу ментално здравје. Овој народ е дотолку дезориентиран и има проблеми со приоритетите, тоа е чудо. Колку ли само девојчиња се кријат повеќе од домашните отколку од самите предатори. А колку ли предатори се чувствуваат посилни затоа што се свесни во какво окружување живееме и тие се во предност.
    Истиве женички не се свесни дека сами ги втурнуваат сопствените деца во ваков пекол. Се кладам дека сите дури ги гледаат вестите потајно се надеваат и си се уверуваат дека нивните ќерки и синови не се дел од тие групи, затоа што сериозен разговор за било што поврзано околу сексот и реперкусии кои произлегуваат од него со сопственото дете е табу тема.
     
    На Idedemja, Осе, SashaFierce и 12 други им се допаѓа ова.
  11. SugarHoney

    SugarHoney Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2019
    Пораки:
    535
    Допаѓања:
    1.510
    Пол:
    Женски
    Да сериознам сум. Телеграм користи end to end енкрипција. Пораките кои ги праќаш ти на телеграм може да ги прочита само оној за кој се наменети. Не се складираат никаде податоците и слично. End to end е цела една нова технологија. Не им може ништо ниту светска сила, за тоа Телеграм е баниран во Русија.
    Телеграм нема увид врз она што пишуваат и праќаат корисниците, како што има фб, инстаграм и слични мрежи кои служат на службите. Не се разбирам многу во технологии и ИТ но да имаа моќ одамна ќе беа срушени и биткоин и телеграм и слични проекти основани со исти или слични мотиви..
     
    На Naked Gun му/ѝ се допаѓа ова.
  12. mode-kristina

    mode-kristina Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2014
    Пораки:
    1.155
    Допаѓања:
    4.093
    Пол:
    Женски
    Најтрагично е што млади девојки/жени имаат вакви страшни сфаќања. Помлади од моја генерација (1999 година сум) имаат такви сфаќања. Сум видела и луѓе со титули што имаат такви сфаќања, а и образованието ни е на незавидно ниво.

    За гатачките, бајачките и сличните на нив потполно се согласувам. Ако се советуваш со стручно лице, сигурно си ненормален, ама затоа постојат бајачките!

    На предаторите им е всадено во глава дека се посилни од нас и дека сме само предмети, а не луѓе. Родителите кога ќе видат на телевизија дека има сцени со бакнување, или им ги кријат очите на децата, или менуваат канал. Сексуална едукација? Никако!
     
    На Annath, Bezimenka90, noteforself и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. hellocity

    hellocity Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    3.097
    Допаѓања:
    6.692
    Пол:
    Женски
    Свако чудо за три дана, тажна држава во која се заштитени насилниците на тој примитивен начин бидејќи им е оправдано поради биологии некои смешни, а жртвите нека спасуваат глава. Лани ова мина како апа драпа, и не не се криви машките туку женските што ги подржуваат им им се приклучуваат во ругањето и омразата кон женскиот пол.
     
    На raww, Annath, Summerbaby и 6 други им се допаѓа ова.
  14. Ambrosia

    Ambrosia Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 август 2020
    Пораки:
    169
    Допаѓања:
    1.799
    Пол:
    Женски
    Едно девојче пријавило дека се нашло во групата, и тоа слика нејзина од Фејсбук.
    Чисто се сомневам дека гениталиите ги пласирала на фб.
    Значи не треба одма напаѓање - ама што мајка барала гола да се слика.
    После ако објавиш јавно, веста на порталите ќе биде: таа и таа се нашла во групата Јавна соба.
    И коментарите што ќе следат знаете какви ќе бидат.
    Па шетај со наведната глава цел живот, знаејќи го нашиот менталитет.
    Знаете што и рекле од МВР?
    ,,Има многу такви групи".
    Толку.
    Ништо чудно пола од идиотиве да се во групата. Само како не им е срам да речат дека имало многу такви групи, колку што знам, тие се тие што треба да го спречат постоењето на таквите групи.
    Нели ги знаат дел од членовите во групата, па зошто против нив нема некоја кривична? Screenshots има милион од разговорите, девојчиња има еден куп што се нашле во групата.
    А и чим бараат нивни броеви, значи им звонат или пишуваат на Вибер, па нели може преку телефон да ги лоцираат? Уствари не, Не Е оВа НиШтО за дотолку да се замараат.
    А 10-15 души да ги објават јавно, да ги пикнат по затвори, не верувам дека пак толку ќе е активна групата, не оти ќе се опаметат, туку од страв.
    Ама со болни мозоци никогаш не се знае.
    А и зошто не го банираат Телеграм и од кај нас чим гледаат што се случува?
    Или русите поглупи се од нас.
    Да ти се плукнам во државата.

    И за крај: 20210127_004811.jpg
     
    Последна измена: 27 јануари 2021
    На Harper, Idedemja, LadyLollypop и 32 други им се допаѓа ова.
  15. Ugly Duckling

    Ugly Duckling Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 август 2018
    Пораки:
    3.617
    Допаѓања:
    43.294
    Пол:
    Женски
    Дали можиме ние да преземиме нешто и ако да, што? Јас немам идеја, ама мора да им се најди крајот.

    Некоја невладина која работи на случајот? Се видело од државните институции колку можат да се справат.
     
    На mode-kristina и Limpan им се допаѓа ова.
  16. Limpan

    Limpan Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 декември 2020
    Пораки:
    1.156
    Допаѓања:
    3.818
    Пол:
    Женски
    Meduzaplatform се занимава со такви раб , најди ѓи на инстаграм
     
    На Ugly Duckling му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Tiptip

    Tiptip Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 август 2015
    Пораки:
    46
    Допаѓања:
    34
    Пол:
    Женски
    Да ги сопраме е не возможно и да ги казнат тоа ќе биде мининално и само ќе се вртиме во круг. Мораме ние да организамраме некоја акција, по градови да се организира нешто. Не протест туку да покажиме дека секој кој што минал низ пеколот јавна соба декс има на кој да се потпре.
     
    На Bezimenka90, Limpan и Ugly Duckling им се допаѓа ова.
  18. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.161
    Допаѓања:
    49.396
    Пол:
    Женски
    На форумов се немав уклучено месец дена можда.
    Да не видев кај дарковлогс на стори немаше да знам дека пак ја активирале.
    Ќе пробам утре пак да копам како прошли пат.Може ќе најдам нешто.Само прво треба да ме стави некој во групата за да видам админи кои се.
    Значи аман од неизживеаниов народ.
    П.С активни сте биле дур ме немаше.Волку нотификации во живот не сум имала на фемина
    4E505722-B61F-4D13-BFD6-C2D7D1B81AB9.jpeg
     
    На cresa-jagoda, sunshinebabe, Tajnaotrovna и 4 други им се допаѓа ова.
  19. edna_malecka

    edna_malecka Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2018
    Пораки:
    3.894
    Допаѓања:
    14.706
    Пол:
    Женски
    Ауу, ќе ми биде страв слики од матура да ви поделаам. :worried:
    Колку заебано да неможеш со некој селфиња да размениш ако се запознаваш преку нет.|(
    Јаоој. :o

    Хахахахаааа кои глупости ги изнапипав погоре.


    Шала на страна, како можам да дознаам дали некој ме има постирано? Само инста користам јас, повеќето ми се истакнати сториња со нормални селфиња. И не ме следи ништо сумлово..:^)


    Фалеше, врати се.:hug:
     
    На Feminka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.161
    Допаѓања:
    49.396
    Пол:
    Женски
    Ќе бидам поактивна
    Ми требаше малце одмор од форумов.А и многу читав во темана за корона и нервози ми се ствараа.
    Ме ставија во групата иначе.
    Ќе пробам да видам утре што како.
    А ќе бидам поактивна од викендов натака.
    И вие ми фалевте :l: :l:
     
    На fana, GrimTheReaper, cresa-jagoda и 3 други им се допаѓа ова.