Па ако е за заклучен профил, мојот е таков. Па тоа не ги спречи да ми ѕвонат. Катастрофа! Инаку секоја чест за девојчето што јавно зборува за ова. Само така ќе промениме нешто!
Дали мислиш дека е можно државни службеници и луѓе на високи позиции да се дел од таа група, зад тајни никови? Можеби тоа е причината зошто толку долго време опстојала, и никој не презема ништо конкретно за сузбивање.
еве за девојчето.. Треба родителите прво да поработат на воспитувањето.Знам машки деца превоспитани.. а ова шљамов..
Леле господе со какви луѓе го делиме воздухот За овие треба смртна казна веднаш,таму во тие групите нека си постираат слики од нивни мајки,девојки,сестри да видиме дали ке му биде сеедно Па уште и полицајци имало во групите,тие најголеми психопати во нашево опшество се изгледа. Значи дно дна сме!
Скоро сум сигурна дека не само полицајци туку и многу побитни луѓе има во групава, штом полицијава не се замара. Инаку до сега ќе беше избришана.
Дечки, предложете што и како да преземеме. И навистина тоа да го направиме. Не смее да им се прогледа низ прсти овој пат.
Мислам дека не можат да користат дарк веб и такви ствари, мора процедурално да си оди постапката затоа е потешко. Колку и да е сурово се согласувам дека треба на ист начин да се врати затоа што овде никој не си ја врши работата, дур не се најдат ликовите и не им се извади нивниот веш на виделина нема да престанат, ќе има нови групи и на нови платформи. Во групите има ликови кои како што разбрав и работат во институции, може и тоа е пречка што не се тера работава... Само некој надворешен фактор или суперхерој, па нек пукне скандал
Епа ете тоа е ужасот на виделина, ти како жена постоиш само за да задоволиш еден ваков очаен идиот, твоите чувства и твојот живот не се битни, ти си еден предмет и толку. *** И не, не се некои далечни манијаци и психопати, тие се наши пријатели, роднини и познаници, вашите деца и браќа.Тие се, ама од навика секогаш вината е таму некаде на друго место. Милион обвинувања бидејќи некие девојче објавило слика на инстаграм, милион прашања зошто друго му испратило слика на дечко ѝ ; нула прашања зошто сте израснале бесчувствителни насилници. А како што ве читам тука само ми расте фрустрацијата што ние како жени наместо да очекуваме некаква заштита од институциите кои се наменети за тоа и соодветно решавање на случајов ние треба тука да се надеваме дека на некој од овие нема да му текне така бесрамно и подло да споделува лични податоци и слики(јавно објавени или не), затоа што насилниците се заштитени, жртвите се криви и треба да си го скријат лицето. У ж а с.
Колку имам од контакти во телефон Што се во групата паппапс.. Сите отидоа сеир да пукаат.. Циркус без пари.
Број 1 приоритет на Телеграм е приватноста. Затоа и голем број на терористички организации го користат Телеграм за планирање, пропаганда и слични работи. Сум читала за повеќе терористички напади, каде што Телеграм одбива да даде информации. Ќе звучам можеби грубо, но сериозно мислите дека ќе се замараат за овие 5000 души со мали куриња, што освен на слика, п**ка со голо око не виделе? Плус, ако ви текнува на кога главна вест беше ЈАВНА СОБА по медиумиве, пред една година ако не се лажам, кога овие нашиве власти као демек ги контактирале од Телеграм и за да им испратат броеви и ип адреси од членовите. Никого тие не контактирале, со прст не мрднале, сето тоа беше само да се "заплашат" членовите во групава.
Дали некоја од жртвиве се заангажирала со повеќе од пријава, на пример со добар адвокат, да постигне нешто плус од кревање раменици на мвр? Чисто ме интересира ако некој има лично искуство или на некој близок. Може и во порака да ми пишете ако не сакате јавно.
Толку време се зборува за ова, па не знам колкав психопат треба да си да не сфатиш дека тоа што го правиш е погрешно? Наместо сами да се свестат, тие уште поупорни и уште посамоуверени. И 20 групи да се затворат, џабе, пак простата раја ќе шета меѓу нас.
Згрозена сум од овие монструми.Како бе луѓе МВР да не превземе ништо,очигледно е дека зад сето ова стојат некои 'високи' личности и затоа опстојува,и згора на тоа од МВР велат дека таков бил законот да ако си полнолетна дека они ништо не можеле да превземат.Па каков е овој закон? Како сме заштитени ние тогаш? Затоа и овие хиени се осмелуваат ова да го прават.Зошто некој некому да ја нарушува приватноста на ваков грозен начин,а државава ништо да не превземе? ОВА Е УЖАС.