И јас сум за да се објават со име и презиме сите оние кои споделувале слики, видеа и телефони, иако не може да добијат казна од државата барем да бидат јавно објавени, да се знае што говеда се. Па и оние кои биле чисто за сеир. Само едно не можам да разберам, како е можно државата ништо да не превзема и да ги заштити девојките, зарем тоа не е нарушување на углед? имаат среќа копилјациве што не се родиле малку позападно.
Не можам да опишам колку ми е грозно ова. Пред некое време кога дискутиравме во друга тема, бев нападната од одредени членки дека секој смеел што сака да си стави на своите профили и ќе нема никакви последици. Да, ќе нема, ама ако живееме во нормална држава. Во нашава тешко. Идиотиве имале среќа што се родиле во оваа банана држава па ниту казни, ниту ништо ќе добијат. Само трауми девојчињата. За жал. Не ме чуди ни некои на високи позиции што се да се во групава. Сигурно не се само некои 15-16 годишни напалени средношколци. Колку само немаме доверба во институцииве. И со право. Жално што нема ни кој да те заштити ако ти се случи вакво нешто. Ужасно...
Утопистички би било секој сексуален манијак (човек што препраќа интимни фотографии или било каков порнографски материјал) да го има во некаков регистар. Фино лепо место газда да бара дали девојка завршила во јавна соба, нека бара дали некој господин таму ја објавил. Секако дека утре ако отворам фирма не би сакала таков да ми работи и да вознемирува колешки. Ама чекајте, ова е невозможна мисија, прво да се научиме дека не е убаво ова што го прават, да прекинат да се бранат говедава, па после. Макар што една година подоцна гледам убави и совесни коментари сега за сега тука, лани ми се плачеше. Ако сте со слаб желудник не отворајте во првите страници оти има што да се види.
Баш жива мрза, неспособност и менталитет. Што се' се изнагледав кај жртвите за семејно насилство ќ, не ме чуди и ова што полицијата спие. Кога од МВР ти вика повлечи пријава, кога жена во ЦСР и други институции не ти веруваат и ти велат џабе е, што останува за фб група. Функционерите си имаат девојки за се', секако нема за групата да фаќаат врски да опстои. Еве МВР со апел да се пријавува масовно во врска со Јавна соба. Во државата само медиумски се тера работава. Инаку сите на кои ви велат од полиција џабе ви е, не постапуваат и слично, пријавете веднаш во внатрешна контрола.
Што е до мене, слободно. Ама тоа треба да го побара владата, јас и ти можеме до утре да трубиме да се банира, ама залудно
И што се постигнува со тоа? Пак жена е жртва. Нивните имиња, броеви и фотошопи треба да се објават, придружени со соодветни коментари. Само така после нема да им текне да излезат од пештерата. Зошто не смееш? Како не смееш? А како тие смеат? Ете на пример, во истата таа група, па да видиш колку се јаки Помислив на ова. Покомплицирано е одошто изгледа. Можеби и можеш да банираш апликација,ама кој вика дека на друга нема да си напраат дувло.
Чекај, чекај... А што се споделуваат броеви, фотографии, идентитет на Телеграм во Јавна група легално е? Според кој закон не смееме да ги објавиме јавно на фб?
Епа штом институциите и МВР ги штитат злосторниците, значи дека треба да се оди со видеа во живо на социјалните мрежи (како што постапи Ана) и да се ангажираат адвокати. Па и да се оди до меѓународен суд. Ова не е мала работа.
https://www.instagram.com/tv/CKi6fl8jzJA/?igshid=u4ennp2dxakp Ве молам погледнете го, една од многуте жртви е!
Колку што знам за болдираниот дел, додека живеев на запад, а бидејќи и ден денес работам за и со странци, постои база на податоци каде што може да се проверат дали лицата извршиле некакво кривично дело. И да за сексуалните манијаци постојат законски прописи според кои не би можеле да се вработат на одредени позиции, или во превод до крајот на животот би работеле некоја мизерна работа. И не само што се осудени од државата, туку се строго осудени и од околината, нешто што кај нас е незамисливо, бидејќи живееме во камена доба и мамините мажиња како да не гледаат жени? мислам... треба да си имаат 100 женски, а да се оженат со девица од манастир која ќе ги пере, готви и нозете со косата ќе им ги мие . Колку да знаете какви "родители" ги воспитуваат овие деца, и во каква "држава" живееме. За вториот болдиран дел незнам дали да се навраќам, или ќе се нервирам за некои кои не вредат да се коментираат?
Баш точно, еве од искуство на блиска, на тел ја замараа за да излезат со неа а девојчето јасно има даде до знаење дека несака. Заканите и тел повици продолжија можеби цела година, а од МВР креваа рамена и велеа залудно пријавувате.. Цела среќа што девојчето има супер родители па си го решија случајот така како што треба.
Значи какви коментари се изначитав,срамота! Сами се сликавте и сеа ве објавуваатдемек лошо е да објавиш слика по бикини на инста. Идиоти!
Сето тоа е корумпирано, велат пријавете а кога девојчето пријавило закон немале... Жртвите се откажуваат поради тоа што ништо не се превзема и повеќе на психа им удира. Велат пријавете а прочитав некаде по порталите дека имало уште од предходните случаеви пријави стигнати до кривечен. Од таму за телвизија велат дека немало пријави.....
За да стигне до меѓународен, треба да помине преку локалниот мислам Добро, а што е со законот за сексуално насилство или како веќе и се вика, освен што политичарите си го користат како повод да си ги плукаат противниците? Донесен е законот, што треба да покрива истиот? @WildMk мислам го збореше еднаш
Тогаш треба системско решение, што би рекле, по старски да го решиме проблемот. Не ги знаеме сите, ама тие што ги знаеме, да им го укењаме животот. Па сами ќе цмиздрат и ќе си ги кажат другарчињата.
Најпаметно би било тоа. Направете граѓанска организација, излезете на протест, колективен договор за јавно зборење на социјалните мрежи и сл... Затоа што ако ова не се реши сега, никогаш нема да се реши. Ќе замре неколку месеци и после пак, па пак кукање, плачење на фб/инста...