@Biljarkata Може ќе им текне тогаш што прават, друго е кога ќе видат некој свој таму и читаат коментари од типот... "оваа се лупа кај стигне..."какви ц**ки... и разни коментари, јер за свое боли...
Што да се очекува од овие, не разговараат за квантна физика сигурно. Колку што знам педофилот од Прилеп за случајот со девојчината што тренирале џудо од пред неколку дена бил дел од нив. Нема потреба од дополнителен коментар. Само да се изјаснам дека не ги напаѓам јавно бранителите од 2001год, немам ни право да ги напаѓам.
Aбе ако сака некоја и гола ќе се слика, тоа не е оправдување да шириш приватни информации и број на девојката. Вистина е дека е ризик да постираш јавно слики, ама тоа не ги оправдува постапките на тие манијаци. Не викам дека е океј некоја да се слика гола, ама тоа е нејзина одлука, и никој нема за право да објавува нејзин број, без нејзина дозвола, и такви зборови да упатува кон неа, па и сликата да и ја споделува. Срамота е што уште постои групата. Луѓе со таков менталитет ќе силуваат некое девојче, ама изгледа се чека да се дојде до тој степен, за да се преземе нешто.
Јавна соба е уствари онлајн верзија на маса пред селска кооперација кај шо се собрани куп запечени инцели и по цел ден коментираат која е курва, која носела минич, кој која ја наводно ја "поминал", која какви цицки имала... Времињата се менуваат, но менталитетот си останува простачки и примитивен, се менува само начинот на кој се врши тоа селско трачарење и жигосување. Во меѓувреме, сосема е нормално женети мажи да праќаат дик пикс или да пуштаат селски фори во обид да ебнат нешто на страна, па кога ќе им ги објават јавно тие провидни фори, они се јадните жртви, а таа што ги објавила е вештерката која сака да им го уништи бракот и на која не им е гајле за нивната трудна жена, па се регрутираат куп мажишта во одбрана на wanna be јебото со пораки за поддршка izdrzi brat nikoj nisto ne ti moze, hehe na droljata i se ebelo sama si go bara ljubomorne duse mogu da ga puse hhh Добродошли на брдовитом Балкану, каде што мажите се или ебачишта и фраери, или невини изманипулирани жртви, а жените курви или исфрустрирани феминистки...без разлика на ситуацијата, улогите се тие.
Викаш? Јас мислам такви дебили немаат до толку мозок. Ако си ја видат ќерката, сестрата таму, може само да ја истепаат и избркаат од дома. Не дека ќе престанат да бидат повраќаници од луѓе.
Цк, немаат текнувало. Најубо самите да се најдат во иста позиција. И не дека ќе им текне, ама можеби ќе го доживеат чувството.
Aбе и Полска и Аргентина се вукојебини шта се тиче права на жена, ама пред неколку месеци им се случија најмасовните протести досега. Во Полска најмасовен протест беше кога сакаа да го забранат абортусот. Ако ни зоврие (а ни врие богами) може експлозија да се случи. Прегневни се еден куп жени, значи не може олку немоќно и незаштитено да се осеќаме, буквално секоја будала приватни информации да може за тебе да споделува, а ти да си принуден телефони да менуваш. Пишав тогаш, нема полошо нешто од жена коа ќе спизди, кога ќе и прекурчи од секојдневен булшит. Ако се организира протест јас секако дека ќе отидам, ден од работа ако треба ќе земам.
На девојката и ѕвонеле на моб, а секој мобилен оператор има инфо за секој број, име, презиме, матичен број, нели не можеш да активираш картичка со број за телефон ако не внесеш свои податоци, зошто не ги најдат со налог од полиција, со име и презиме и тужба на секого посебно? Не сфаќам како може да нема начин кривично да се гонат ако е жртвата полнолетна?
Секогаш е вака, и останува само на ајде. Отсекогаш сме биле ваква држава, се останува на ајде. Џабе ќе биде ако на протестот излезиме јас, ти и уште 20 души тука што разменуваме мислења. Не само за ова, општо за се е така кај нас.
Така е секогаш, башка сега со корона ситуацијава уште полошо ќе биде, наместо поддршка ќе почнат сега ли најдовте пандемија... ќе се собирате и на збор ќе си остане само..
Не се нашла некоја ќерка, сестра роднина на некој од овие "големциве", па да видите како за неколку саати ќе ги најдат сите од групата и експресно ќе биде избришана.
Јасно ми е. Ама некогаш мора да биди, можи и 20 души е подобро од 0. Еве еден куп "инфлуенсери/ки" коментирале кај девојчето што објави видео, можат да допринесат. Над 100 жртви, па и тие 100 имаат семејства. Пандемијата не беше изговор за сите протести на ВМРО, нема ни за ова. Ако сме толку свесни дека ова не е во ред, ќе бидиме свесни и едно растојание да одржиме од 2 метра. Луѓе не знам, ама ова ја преминува секоја граница.