На „Телеграм“ се шират интимни фотографии

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од black-angel, 26 јануари 2020.

  1. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.836
    Допаѓања:
    275.007
    Ама ликов што им го води профилот, е за исклучување од единицата ОДМА. И дистанцирање на останатите од него.
     
    На Limpan, Kanya, cresa-jagoda и 2 други им се допаѓа ова.
  2. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.836
    Допаѓања:
    275.007
    Ако сте за протести, јас сум за.
     
    На Idedemja, smooch, WildMk и 32 други им се допаѓа ова.
  3. winnie02

    winnie02 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2021
    Пораки:
    360
    Допаѓања:
    1.948
    Пол:
    Женски

    Ако се добро организира ќе се собере народ, ама АКО. Каде се женските организации? Тука се само за фондовите i quess. КАМПАЊА! Јака! Тоа нека прават, нека го вклучат и девојчето и инфлуенсерите ако треба. Секој би учествувал волонтерски, ако не се бориме и овој пат, можеме само да климаме со глава на патријахатот.
     
    На Idedemja, WildMk, Ivan4e04 и 15 други им се допаѓа ова.
  4. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    4.052
    Допаѓања:
    52.530
    Пол:
    Женски
    Овие па неписмениве дебили што коментираат во групава ко да се некои криминални легенди па не можат никако да ги фатат. Гарант има некој начин да ги намамат да остават личен податок, ама групава треба да се влече со години и девојчиња да живеат во страв за на некој да му текне да реагира.

    Тоа неписмено, не знае реченица да состави, ќе знае да си го зачува идентитетот. Како не бе...
     
    На Idedemja, sparklie, smooch и 27 други им се допаѓа ова.
  5. quattro

    quattro Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    3.347
    Допаѓања:
    8.698
    Пол:
    Машки
    Ако не земиш да се сликаш експилицтно, целосно гол/а па ја праќаш на "верна другарка" па таа ќе ја препрати до 1000 други нема да се дешаваат вакви работи. Бидеќи сликање со свој личен телефон правнички е со умисла при здрав разум, бидеќи никој не те присилува да се соблечиш и да се сликаш, а ако те присилува тогаш МВР треба да реагира.

    А слики како девојката од Кавадарци по бикини за на плажа каде што се прикриени гениталиите(половите органи) мислам дека тука МВР треба да реагира и законот да се дополни бидеќи во вакви случаеви некое друго трето лице со умисла ги злоупотребува.
     
  6. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.510
    Допаѓања:
    191.354
    Реакција на хелсиншки комитет
    Бараме од Јавното обвинителство неодложно и темелно да го расчисти случајот „Јавна соба“, кој претставува кривично дело во кое голем број жени се жртви на родово засновано насилство...
    ...оној кој ќе објави приватни видеа на интернет со порнографска содржина, може да одговара за кривичното дело „Злоупотреба на лични податоци” член 149 од Кривичниот законик, за кој е предвидена парична казна или казна затвор до една година. Доколку на видеата има прикажано малолетник, сторителот кој ја произвел детската порнографија со цел нејзина диструбуција, или ја пренел или ја нудел преку компјутерски систем ќе одговара за „Производство и дистрибуција на детска порнографијa” член 193-а став 3 од Кривичниот законик за кој е превидена казна затвор од најмалку осум години.

    Затвор:!:, за сите без исклучок:swear:
     
    На Idedemja, smooch, WildMk и 32 други им се допаѓа ова.
  7. Kanya

    Kanya Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2015
    Пораки:
    424
    Допаѓања:
    4.509
    Пол:
    Женски
    Затоа и се оградив. А колку што знам Лавови се паравоена единица, не воена и се разрешени после конфликтот. Немаат командант или водач, или како и да се нарекуваат, односно не постојат како единица, туку имаат само профили на нет кои очигледно им ги водат амеби и прават штета на нивното дело и углед.
     
    На WildMk, CameliaMiller, Limpan и 2 други им се допаѓа ова.
  8. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.607
    Допаѓања:
    63.351
    Пол:
    Женски
    Знам. За да се протестира треба да се знае ЗОШТО се протестира, која е ЦЕЛТА на протестот и против КОГО се протестира. Тоа сакав и јас да го кажам, дека има еден куп невладини и се надевам дека ќе успеат да се ангажираат, верувајте не сме толку малку. Само на форумов тек колку луѓе читаат, плус фејсбук, инстаграм, твитер. Треба да се настапи паметно, со барања, со човек/организација што ќе го води протестот. Не бива за ваква сензитивна работа да се вртиме ко гуски во магла без јасно, точно и концизно барање.

    А иначе еден куп мажиња читаат овде да знаете. И да сакаат да научат, да видат како е од женска перспектива, да видат колку револт и болка ствараат кај жените, можат. Има постови кои точно во срж погодуваат и доволно е да имаш барем малку емпатија за да сфатиш дека со таа група можеш ментално здравје да му уништиш некому.

    Лани имав дешавка, баш го побарав мислењето, еве ми го. Уште си стојам зад истово, уште ако ме чита копукот, уште истото му го посакувам. Во спојлер

     
    На smooch, WildMk, Ivan4e04 и 16 други им се допаѓа ова.
  9. raww

    raww Популарен член

    Се зачлени на:
    18 март 2014
    Пораки:
    1.043
    Допаѓања:
    5.918
    Сега да земеме ние женските да се вклучиме во групата и да почнеме да праќаме слики и броеви од машки... може така ќе се свестат малце.
    Зошто секогаш женските да се жртви од вакви манијаци, па уште и кога читам по коментари како сами со го барале:envy:кога машкине објавуваат слики на купаќи тоа не е ништо ама женско ако објавиии ауу види ја внимание сака. Простаци
     
    На Idedemja, WildMk, Ivan4e04 и 15 други им се допаѓа ова.
  10. IM.TMKQ

    IM.TMKQ Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2014
    Пораки:
    4.535
    Допаѓања:
    37.506
    Пол:
    Женски
    Обични слики на плажа за тебе се експлицитни слики?
    Ти како маж ако се сликаш на плажа со голи цицки, верувај ништо нема да ти се случи.
     
    На noteforself, glosipgirl, faye и 6 други им се допаѓа ова.
  11. quattro

    quattro Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    3.347
    Допаѓања:
    8.698
    Пол:
    Машки
    А пред да кажиш без врска нешто и цитираш само еден дел, да прочиташ цел коментар, врати малце погоре и убо си пишува. Цитирај го цел коментар.
     
  12. Ambrosia

    Ambrosia Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 август 2020
    Пораки:
    169
    Допаѓања:
    1.799
    Пол:
    Женски
    Се приклучив во групата само со еден клик на join. Значи апсолутно кој сака може да е член. Не се ,,плашам" за мене, и онака не сум активна по социјални мрежи, чисто ме интересираше што би можело да се направи.
    Баш видов дека има опција репорт, па си реков да се обидеме да се зачлениме доволен број, па да направиме репорт за порнографија (имаше таква опција), може ќе се избриши, само не знам колку треба.
    И после гледам пишуваат дека имало и други групи, праќаат линкови на големо..
    Пратени беа преку 9 000 слики.
    Сега на вести гледам дека и се заканувале на девојка што ги пријавила, мизерни се.
    И јас сум за протест искрено, или да пробаме да преземеме нешто сами. Дури ќутиме и ги жалиме жртвите ништо не правиме. Ќе продолжат.
    И не се секирајте, не треба ни МВР ни ЦИА ни ништо, немаат толку мозок да го скријат идентитетот, со име презиме и слика на профил беа пријавени, убила ме туџа срамота. А на сличето маже од 45+ :puke:
    Секоја од нас може да се најде во групата, закопчана до гуша. Едноставно веќе не е ни битно дали се сликате голи, облечени, насмеани, озбилни.. Веќе не бираат. Се објавуваат имиња,презимиња, адреси, телефонски броеви, пред скоро 7000 души, а бројката од ден на ден се зголемува.
    Иако на почетокот напишав дека не се плашам дека слика моја ќе се најде таму, бидејќи не ни објавувам, ме плаши тоа што и тоа жими едно селфи што го имам поставено ќе биде доволно да бидам малтретирана по телефон, па да ми ја знаат и адресата на живеење.
    Веќе не селектираат што ќе објавуваат.
    Жал ми е женички што викате дека биле криви жртвите што се сликале голи, не се тешете повеќе така. :)
     
    На Idedemja, smooch, WildMk и 28 други им се допаѓа ова.
  13. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    4.052
    Допаѓања:
    52.530
    Пол:
    Женски
    Неточно. Ако пратиш слика на еден човек, тоа не значи дека тој смее да ја препраќа понатаму без дозвола. И не е жртвата крива туку тој што ја препратил сликата.
     
    На Idedemja, smooch, Ivan4e04 и 17 други им се допаѓа ова.
  14. IM.TMKQ

    IM.TMKQ Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2014
    Пораки:
    4.535
    Допаѓања:
    37.506
    Пол:
    Женски
    Прочитав, јасно е што сакаш да кажеш.
     
    На mode-kristina му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.818
    Допаѓања:
    97.395
    Пол:
    Женски
    Прво, не моеш ти да знаеш подобро од жените, како се осеќаат жените.
    Второ, постои нешто што се нарекува victim blaming и тоа го правиш ти.
    Трето, ако јас слика пратам на маж ми, тоа не му дава право да ја споделува со илјадници други, морална обврска има да не ја споделува.
    Четврто, не само што има морална, туку и правна обврска има, односно не смее да споделува пошто не се запнала некоја девојка со пари да наоѓа адвокати, да видиме дали секој може да препраќа кај ќе стигне.
     
    На Idedemja, smooch, Ivan4e04 и 17 други им се допаѓа ова.
  16. winnie02

    winnie02 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2021
    Пораки:
    360
    Допаѓања:
    1.948
    Пол:
    Женски
    Еве ја мојата идеја, ви препорачувам да пишете и ваши замисли што може да помогнат. Само ако очајуваме со дискусии во недоглед нема ништо да се смени.
    Маркетинг агенција добра, која сака да добие boost, нека ја превземе кампањата. Да ангажира профили на лица инфлуенсери во различни возрасти кои ќе споделат своја страна на вознемирување ( да биде искрено и реално, не во стилот на "ме погледна некој накосо" или "ми заѕвони три пати на телефон"), вклучувајќи го секако девојчето кое е главен лик на приказната зошто да не повлечеше таа, немаше да мрднат работиве. Да биде за протест, да се донесе закон или да се сменат членови (овде правници вклучете се да кажете што е потребно), да може лице кое пријавува злоупотреба на негова содржина на јавен простор ( група од повеќе илјади, а не групен чет) да биде заштитено со што тој што го извршил делото казнет. Парично или кривично, било како, КАЗНЕТ. Не премижано, не "не може да се најде идентитетот", зошто може, знаеме дека може. Колку и да мислите дека сме анонимни и овде, се може да се открие од обично лице, а не па од заштитни органи за безбедност. Дополнете ме или дајте свое мислење, само не стапкајте во место.
     
    На Idedemja, noteforself, Lagoon и 6 други им се допаѓа ова.
  17. deskarada

    deskarada Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 декември 2011
    Пораки:
    1.951
    Допаѓања:
    31.489
    Кој како сака ќе се слика и ќе објавува слики на инста, фб, на другарка, дечко, а никој не смее да злоупотребува и да објавува слики во групи кај психопати. Од кога е чудно слика од женско по бикини да се објави? На плажа облечени одиме или?
     
    На Idedemja, smooch, noteforself и 12 други им се допаѓа ова.
  18. mode-kristina

    mode-kristina Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2014
    Пораки:
    1.155
    Допаѓања:
    4.094
    Пол:
    Женски

    И сама да ги пратила тие фотографии, не е виновна. Зошто? Затоа што фотографиите се пратени во доверба. Еве, јас на пример, ќе му пратам фотографија на дечко ми и сакам само тој да ја види. Ако жртвата и` пратила таква фотографија на само една личност, тогаш само таа една личност треба да ја види. И двајца да ја видат е злоупотреба, а не над 5000. Сигурен си дека никој не ги присилува жртвите да се сликаат така? Јас не би рекла. Манијаците без да им побараш праќаат фотографии од нивните полови органи, а и замараат да им пратиш, кажувајќи дека нема никаде да ја пратат. Така што жртвите ни најмалку не се виновни.
     
    На Idedemja, smooch, noteforself и 9 други им се допаѓа ова.
  19. Ugly Duckling

    Ugly Duckling Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 август 2018
    Пораки:
    3.617
    Допаѓања:
    43.295
    Пол:
    Женски
    Ама не му објаснувајте. Нема да ве разбери, само бегаме од темата и шо реално можи да се преземи.
     
    На Idedemja, noteforself, mode-kristina и 8 други им се допаѓа ова.
  20. raww

    raww Популарен член

    Се зачлени на:
    18 март 2014
    Пораки:
    1.043
    Допаѓања:
    5.918
    Како може да се приклучиме во групата?