Точно, никој без дозвола не смее да ја препраќа, ама 99% од "верните другари/ки" ги препраќаат. Истото важи и за убиство, имаш убиство со умисла и имаш убиство без умисла (пример во само одбрана). Е тоа го кажувам јас, ако се сликаш ти лично значи го правиш тоа со разум, а ако те пресилува некој тоа е веќе кривично. А слики од плажи каде се сокриани гениталиите и ги злоупотребува истите некое друго трето лице и тоа е кривично дело. И јас целосно ја подржувам девојката од Кавадарци.
Сега на вести кажаа, манијациве од групава биле увреЏени, оти девојката објавила јавно дека била нивна жртва. Пазете они биле навредени...
Добро знаеш што треба да сфатите ти и сите други што го релативизирате ова?? Не може, значи не може кога некој врши дело што е погрешно и од кривичен и од морален аспект, ПРВАТА помисла да биде дека некоја си е крива што постира слики.Немаме приватност на интернет, no shit Sherlock , немаш ни ти, дали тоа значи дека недостатокот на приватност на интернет е оправдување за секоја будала да прави што сака со нас и никој од нив да не биде казнет??? Еве ти друга аналогија, дали ако си заборавил да заклучиш дома и се случи да те ограбат, треба крадците да не идат во затвор пошто се погодило ти да им ја олесниш работата и да ти влезат дома?? Е не можам да опишам колку сум исфрустрирана цел ден од општата глупавост и злоба, ама сега отворив кај Ана на профил и на разни портали и сфатив дека можеби е поголем бројот на луѓе што пружаат коментари на поддршка отколку бројот на оние што ја осудуваат, еве барем малку надеж имам дека сепак има разумни луѓе.
Јас не знам дали се читаш пред да стиснеш испрати или мозок ти е на пауза. Значи според тебе слика земена од ФБ што е јавна е кривично дело, а тие експлицитни испратени приватно што се злоупотребуваат во групине е ок. Сигирно и ти си зачленет таму и праќаш слики, па осеќаш потреба вака да се правдаш. Инаку секогаш пред избори ме замараат организациите на жени од двете партии да се зачленам. Па еве прилика за нив да не бидат само џаболебари и нешто да превземат. Ако чита некој, давам идеја. Нека организираат некој протест. Можеби тогаш навистина ќе ме/не убедат.
Не е туку така за да се организира протест. На тој протест треба да има некој главен (или неколку) што ќе координираат и што во случај на нешто непосакувано или насилни протести, ја превземе одговорноста. Треба добра организација и да се договори што конкретно се бара на тој протест. Бидејќи нели, излегуваш да протестираш за незадоволство, револт и побарувања. Сите тие што се пријавиле за учество на протестот, треба да отидат и да не отстапуваат од бараното и да не го прекинуваат протестот додека барањата не им се исполнат или во случајов, сторителите не се казнети, а законите променети во ваша полза. Треба да се има и план за да протестот биде успешен, треба да се мисли и да се знае што да се прави. А не како старците-патриотишта што дремеа пред Собрание за греана ракија 5 дена и после готово, ,,извини, ладно ми беше". Се додека не го кренете гласот, ќе ви прават вака. Од моја страна како машки пол, поддржувам протест, поддржувам вашиот глас да се чуе и во јавност, бидејќи ова може да и се случи на мојата сестра/мајка/тетка/браручедка.
Член 13 Кривичното дело сторено со умисла кога сторителот бил свесен за своето дело и го сакал неговото извршување или кога бил свесен дека поради неговото сторување или несторување може да настапи штетна последица, но се согласил со нејзиното настапување. (за тие шо се сликаат голи и препраќаат на "верна дружина"). СЛИКИ ОД ПЛАЖИ КАДЕ СЕ ПРИКРИЕНИ ГЕНИТАЛИИТЕ И НЕКОЕ ДРУГО ТРЕТО ЛИЦЕ ГИ ЗЛОУПОТРЕБУВА (КАКО СЛУЧАЈОТ СО ДЕВОЈКАТА ОД КАВАДАРЦИ) Е КРИВИЧНО ДЕЛО, И ЗАКОНОТ ЗА ОВА ТРЕБА ДА СЕ ДОПОЛНИ И Е ВО ПРАВО. Тешко лие да се сфатат две прости реченици?
Дали тоа значи дека ако отидеш дома кај некој што има нож и тој те прободе во стомак ти си крив затоа што си знаел за ножот? Пошто нели, сам си се стаил во таква ситуација, си знаел за можните последици и нема што другиот да одговара.
Јас мислам дека ти не можеш да сфатиш и пробуваш да ни објасниш закони, а ни ти не ги разбираш, Каква умисла, ако јас праќам слика на другарка, тука треба да заврши препраќањето. Ако ја препрати другарката, таа треба да одговара, крај на муабет. Тоа што го објаснуваш ти, не е така како што си го сфатил. Делот "бил свесен за штетната последица ама се согласил" значи дека другарката ми вика Ако ми пратиш, можно е да споделам во јавна соба, и јас и викам Важи, свесна сум за последиците, ама еве ти праќам. А, ако е пратено ВО ДОВЕРБА, не може да е со умисла. Остај го правото на правниците, жити мене.
Ти напишав во порака. Го избришав мислењето бидејќи не знам колку е паметно да напишам јавно, и тука ги има секакви.
Очигледно ти е тешко, пошто не ги разбираш. Прашање за милион денари: Кој сметаш дека е сторителот на кривично дело? Девојката што пратила гола слика на дечко и или тој што ја споделил со пола Македонија? Еден од нив кривично одговара пред закон. Одговорот ќе го утврди твојот капацитет за логичко размислување.
Значи ако не си малолетник, а си прогонуван и јавно шиканиран, плус секојдневно си вознемируван како резултат на тоа, никому ништо. Секој еден манијак може да ти го загрози животот со два клика и една објава и да не одговара.
Што викате ако не се деси ништо да направиме контра група и да ги коментираме од типот “искуство со овој -слика- ?” и одоздоле имаш “ау бегај подалеку тежок сељак” “ќе те трови со глупи вицови” “уште го вози фичото на баба му” се зезам, ова е врвот колку сум спремна да направам контра клан на фраеришТАВА
Девојки, ајде малку фокус на проблемот, остајте го тој со четврт мозок. Како може ова да добие тежина и гласност, да не го закопаат како минатиот пат, без никаква разрешница и ниеден обвинет а камо ли осуден. Да се јави некој во хелсиншки? Еве, друга организација не ми текнува, ама само аман не вовлекувајте партиски мивки, со мивки ништо не се праи освен што се брише патос...
И двајцата. Судот ќе ти одговори: Ти си се согласила на ризикот кој постои пошто ти свој разум го правиш нештото, мислиш дека му веруваш но сепак си свесна дека постои и ризик. И да излезат твоите слики од неговиот телефон без тој да знае, некое трето лице софтверски ги добива, тоа трето лице е криво. А ако му го оставиш телефонот откчучен на секого пример дечкоти го остава неговиот телефон а внатре знае дека има слики, дечкоти си го носи проблемот.